Глоби и други санкции се предвидени за прекршоци во сообраќајот што ќе бидат констатирани со „Безбеден град“, што од вчера почна пробно да функционира во Скопје. Известувањата за сторените прекршоци граѓаните ќе ги добиваат преку СМС-порака на мобилен телефон и на електронска адреса, а рокот за плаќање е осум дена. Само во првите 12 часа од стартот на „Безбеден град“ вчера биле регистрирани 65.000 прекршоци од кои за поминување на црвено ...

Американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху телефонски разговарале за разоружување на палестинското движење Хамас и за демилитаризација на Појасот Газа, како и за можноста за проширување на мировниот договор, соопшти кабинетот на Нетанјаху во Тел Авив. Во соопштението се наведува дека Трамп го поканил Нетанјаху да ја посети Белата куќа „во блиска иднина“. Повикот следи откако Нетанјаху побара помилување од ...

Машинскиот извршен персонал од денеска од 13 часот стапи во бојкот што значи дека вработените ќе доаѓаат на работа, но нема да ги извршуваат работните обврски. Поради бојкотот, во прекин е патничкиот железнички сообраќај, односно возот за Битола не замина а, според најавите, нема да замине ниту возот за Гевгелија. Од Синдикатот на машиновозачи велат дека бојкотот може да потрае бидејќи менаџерскиот тим на претпријатието нема слух за нивните ...

Бруто платата што ја добива почетник судија во Македонија е околу 19.134 евра годишно според извештајот на Советот на Европа, додека во Словенија таа плата е малку поголема од 34.000 евра. Притоа, за БДП во Македонија истиот Извештај вели дека е над 6.600 евра по глава на жител, додека за словенечкиот дека е над 27.000 евра по глава на жител. Со други зборови, платата на судија почетник во Словенија е за отприлика 85 отсто поголема од платата ...

Во судницата во Идризово денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени. Судењето треба да продолжи со произнесување на вина и воведни зборови на одбраната. На минатото рочиште Судот ги прифати приговорите на дел од бранителите дека обвинението интегрирано со листата на докази не е доставена до обвинетите, и информираше дека ќе им биде доставено, а ...

Планот за мир меѓу Русија и Украина може да биде склучен единствено со учество на Киев и европските партнери во преговорите, изјави францускиот претседател Емануел Макрон. – Денес нема завршен план. Во однос на прашањето за териториите, тој може да биде финализиран само од претседателот Зеленски – подвлече Макрон на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател во Париз. Тој додаде дека клучните елементи на идниот договор, како ...

Ние треба сериозно да работиме на она што е базичен проблем во однос на загадувањето, а тоа е загревањето на домаќинствата. И тука веќе имавме неколку средби со претседателот на Владата во однос на гасните централи што планираме да ги правиме во главниот град, изјави вечерва градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој гостуваше во емисијата „Топ тема“ на телевизија „Телма“. Тој се осврна на досега сработеното и на плановите за во ...

Повратот на средства од МојДДВ за третиот квартал не е прекинат, ниту откажан, велат од Управата за јавни приходи. Оттаму посочуваат дека во процесот на исплата кај дел од спецификациите се појавил технички проблем кој бара целосна преработка на истите. – Имено, доколку постои дури и само еден налог каде се појавува корисник со промена на банка или трансакциска сметка, целата пратка системски се враќа и средствата не се исплаќаат кон сите ...

На конгресот во Кавадарци ќе бидат донесени неколку стратешки документи со кои ќе треба да ја моделираме иднината на партијата и нормално како најголема политичка партија во државата, тоа секако ќе има и ефект врз работењето на Владата, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Во вечерашното гостување во емисијата „360 Степени“ на МТВ, Мицкоски истакна дека ова е негов трет мандат, потсетувајќи дека официјално ја презел партијата во ...

Шпанската полиција денеска соопшти дека ја разбила првата позната ќелија во земјата поврзана со американската неонацистичка група „База“ (The Base). Оваа група на белци супрематисти Европската Унија ја има означено како терористичка. Уапсени се три лица, а едно лице, осомничено дека ја предводело групата, е задржано во притвор во покраината Кастељон. За време на акцијата се запленети неколку парчиња оружје и муниција, повеќе од 20 ножеви, ...

Засега ќе нема промени кај министрите во редовите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, рече вечерва премиерот Христијан Мицкоски. Тој во интервјуто за „360 степени“ на МТВ вели дека за нов министер за животна средина и просторно планирање е предложен Мухамед Хоџа, а за нов министер за европски прашања и потпретседател на Владата е предложен Беким Сали. Според Мицкоски, кој денеска до Собранието ги испрати предлозите за нови министри од коалицискиот партнер ...

Од клучно значење е да се обезбеди сигурно финансирање за Украина, согласно договорот од октомврискиот Самит на ЕУ за покривање на финансиските потреби на земјата за следните две години, изјави денеска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас по завршувањето на Советот за надворешни работи на Унијата на ниво на министри за одбрана. – Министрите денеска инсистираа дека треба итно да се договориме за ...

Папата Лав Четиринаесетти денеска упати силен апел за меѓурелигиски дијалог во Либан, пофалувајќи ја земјата како пример за соживот меѓу различни верски заедници. – Во земја погодена од војни и кризи, Либан покажува дека „христијаните, муслиманите, Друзи и многу други можат да живеат заедно и да градат држава обединета со почит и дијалог. Во време кога коегзистенцијата изгледа како далечен сон, народот на Либан, иако припадник на различни ...

Извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР) открива системски недостатоци во имплементацијата на Истанбулската конвенција. Многу од подзаконските акти не се донесени. Државата има формална, но нема суштинска посветеност на проблемот, врзан за заштитата на жените. Ова е заклучокот од денешната јавна расправа посветена на „Имплементацијата на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното ...

Освен во „Димо Хаџи Димов“, во друго училиште во Карпош не се најдени патогени бактерии, соопштија вечерва од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). – На 27 ноември, Агенцијата за храна и ветеринарство заедно со службени лица од ИЈЗ направи вонредна контрола во девет основни училишта во рамките на општина Карпош. Од секое училиште беа земени мостри од храна, како и брисеви од работни површини од кујните во училиштата. По направените анализи во ...

Во прилепската болница „Борка Талески“ за првпат успешно е изведена сложена хируршка интервенција на ‘рбетниот столб, конкретно на лумбалниот сегмент. Ова претставува прва операција на ‘рбет изведена надвор од Скопје и Охрид, што претставува значаен чекор за прилепскиот регион. – Операцијата беше изведена од д-р Игор Мерџановски, во координација со колегите од Клиниката за ТОАРЛИУЦ, тимот од Одделението за ортопедија и трауматологија при ...

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека неговите повеќечасовни разговори со францускиот претседател Емануел Макрон биле фокусирани на изнаоѓање начин за завршување на војната, нагласувајќи дека мирот во Украина мора да биде навистина траен. – Војната мора да заврши што е можно побрзо. Многу зависи од ангажманот на секој лидер. Денеска ќе разговараме и со други лидери – напиша Зеленски во објава на Икс. Зеленски денеска ...

Повеќе прехранбени продукти, како грчкото фета сирење, францускиот рокефор или италијанската пршута досега беа заштитени со нашата европска шема за географско потекло, но од сега ваква пракса ќе биде воведена и за занаетчиските и другите индустриски производи во ЕУ, соопшти портпаролот на Европската комисија за технолошки суверенитет и истражување Тома Рение. – Помислете на италијанското стакло од Мурано, плочките од португалската Мадеира или ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот, каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City), по повод почетокот на пробниот период во кој сторителите на сообраќајни прекршоци ќе добиваат известување за сторениот прекршок. Со последните измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, прекршоците документирани со технички средства – камери, сензори и уреди за снимање – се сметаат за ...

До Собранието е пристигнат предлогот за новите министри од ВРЕДИ, информираа попладнево од кабинетот на претседателот на законодавниот дом Африм Гаши. Новите министри треба да дојдат на местото на Изет Меџити, кој беше прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање до неговиот избор за градоначалник на Општина Чаир, како и на министерот за европски прашања Орхан Муртезани. Поранешниот владин портпарол Мухамед Хоџа е ...

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека московските сили го зазеле селото Клиновје во регионот Донецк во Украина. Информациите не можат да бидат независно потврдени. Во меѓувреме, три лица загинаа, а најмалку осум се ранети во руски ракетен напад врз источноукраинскиот град Днепар, изјави гувернерот на регионот Днепар, Владислав Гајваненко. – Операцијата за спасување е во тек, според прелиминарните податоци, има штета на ...

Премиерот Христијан Мицкоски, министерот за здравство Азир Алиу и шефот на Канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) во нашата држава д-р Аким Али денеска потпишаа петгодишна Стратегија за соработка меѓу Владата и СЗО 2026 – 2030 година. Како што информира Министерството за здравство, на настанот со онлајн вклучување се обратил и директорот на Светската здравствена организација за Европа Ханс Клуге. -Денешниот ден отвора ново ...

Деновите кога на унгарскиот премиер Виктор Орбан му беше потребна дозвола од Берлин за да преземе акција се одамна минато, изјави денеска шефот на унгарската дипломатија и трговија, Петер Сијарто, додавајќи дека Унгарија води политика заснована на национални интереси „која вклучува контакти со Русија“. – Времињата кога Будимпешта мораше да бара дозвола од Берлин се зад нас. На премиерот на Унгарија не му е потребна ничија дозвола, ниту од ...

Директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов гостуваше во Тема на денот на ТВ Сител каде што одговори на повеќе актуелни прашања поврзани со пензиите, нивната исплата и финансиската состојба на Фондот. На прашањето дали има проблем со исплатата на пензиите за ноември, директорот на Фондот Мемов рече дека пензионерите треба да бидат спокојни и дека во буџетот се обезбедени средства за исплата на пензиите. – Буџетот на Фондот за следната 2026 ...

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,1 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 69,5 денари за литар, а на Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) ...

Стапката на слободни работни места во третото тримесечје од годинава изнесува 2,02 проценти, а најголем број слободни работни места, 2.052, има во групата Елементарни занимања, објави денеска Државниот завод за статистика. Во третиот квартал годинава се регистрирани вкупно 10.033 работни места. Од нив, 2.393 се во преработувачката индустрија, 1.830 во Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли, 867 во ...

Лишено е од слобода лицето што му се заканувало на кавадаречкиот градоначалник, и е спроведено во притвор, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. -Во саботата во 18:20 часот во ОВР Кавадарци e задржан Н.Ј.(32) од Кавадарци, кој во 14:25 часот е лишен од слобода на подрачје на СВР Битола, а бил баран по централен распис од ОВР Кавадарци поради основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ казниво по ...

Собранието е отворено за младите и за нови идеи, порача претседателот на Собранието Африм Гаши на свеченото отворање на Волонтерската програма за 2025 година, што денеска се одржа во законодавниот дом. Програмата им овозможува на младите да се запознаат одблиску со работата на Собранието и да стекнат практично искуство во институцијата. Гаши истакна дека визијата од првиот ден на неговиот мандат е Собранието да биде достапно за граѓаните, ...

Градежна механизација при изведување на ископ оштети две доводни цевки на водоводот кој го снабдува Гостивар и околните населби. Од ЈП „Комуналец, претпријатието кое управува со водоводниот систем информираат дека станува збор за голем дефект и не можат да кажат кога ќе се нормализира водоснабдувањето. Првично, станува оштетување на збор за едната главна цевка со дијаметар 500 мм и уште една помошна со 200 мм кои носат вода од изворот на ...

Берлинскиот процес придонесува за подобрување на соработката во рамки на земјите од Западен Балкан во постигнување на стандардите на Унијата и е одлична платформа за поддршка на интеграцијата во ЕУ и уникатен пристап за дијалог и соработка во рамките на самиот Западен Балкан, но тоа не е замена за членство во ЕУ. Нашата Реформска агенда и нашата оценка во постигнувањата на тие обврски е еден голем дел можеби и најкрупниот во оценката за ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
59%
1026
weather icon

Белград

-6ᴼ / -8ᴼ
4.12
63%
1024
weather icon

Загреб

-5ᴼ / -10ᴼ
0.0
82%
1024
weather icon

Софија

-5ᴼ / -5ᴼ
8.75
68%
1026
weather icon

Сараево

-3ᴼ / -3ᴼ
8.02
72%
1022
weather icon

Љубљана

-7ᴼ / -8ᴼ
0.63
89%
1025
weather icon

Атина

7ᴼ / 5ᴼ
4.92
60%
1015
weather icon

Тирана

0ᴼ / 0ᴼ
4.12
47%
1023
weather icon

Подгорица

1ᴼ / 1ᴼ
7.72
32%
1024
weather icon

Букурешт

-6ᴼ / -7ᴼ
3.09
91%
1018
weather icon

Будимпешта

-5ᴼ / -6ᴼ
8.23
67%
1021
weather icon

Истанбул

2ᴼ / 2ᴼ
7.72
93%
1017
Currency

61.5417

Currency

52.8868

Currency

70.8856

Currency

35.3793

Currency

38.0127

Currency

66.0784

Currency

7.5808

Currency

0.66901

Currency

0.33445

Currency

0.52469

Currency

1.224

Currency

0.5855

Рутениум

44946.74

Паладиум

57935.65

Злато

144981.23

Бакар

11.84

Родиум

310254.70

Сребро

2569.43

Платина

72292.89

Калај

44.73

Алуминиум

3.14

Цинк

3.10

Иридиум

169549.30

Кобалт

59.52