Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – декември 2025 година, во однос на периодот јануари – декември 2024 година, се намалил за 3,5 проценти, објави Државниот завод за статистика. Во декември лани, пак, споредено со декември 2024 година, нивниот број е намален за 2,8 проценти. Бројот на работниците во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година, во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 6 проценти, во ...

Големо незадоволство во ЕУ од владеењето на претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен (2) Шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на 22 јануари го преживеа обидот во Европскиот парламент да ѝ се изгласа недоверба, по четврти пат откако таа го презеде кормилото на Европската Унија. Таа се соочи со обиди да биде тргната од позицијата претседателка на ЕК, поврзани со ситуацијата во Појасот Газа и трговската ...

Министри од шесте земји од Западниот Балкан и претставници на Европската комисија денеска ќе одржат состанок во онлајн формат посветен на предизвиците со кои се соочуваат превозниците од регионот при патување и престој во Шенген зоната. Според најавите, на состанокот ќе присуствуваа министри за внатрешни работи, за транспорт и за европски прашања од земјите од Западниот Балкан и претставници на генералните директорати на Европската комисија ...

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека му наложил на својот министер за надворешни работи да води „фер и правични преговори“ со САД. Пезешкијан во објава на „X“ изјави дека му наложил на министерот за надворешни работи Абас Арагчи „да води фер и правични преговори, водени од принципите на достоинство, разумност и целесообразност“, додавајќи: „под услов да постои соодветна средина – таква без закани и неразумни очекувања“. ...

ШЕСТ МИЛИОНИ СТРАНИЦИ УЖАСНИ СВЕДОШТВА, ДОКУМЕНТИ, ВИДЕА… Британскиот лорд Менделсон, избран од премиерот Кир Стармер да биде амбасадор во Вашингтон, е последната жртва на документите за Епштајн, еден од најголемите скандали во модерната историја. Станува збор за над шест милиони страници што се обезбедени во рамките на истрагата на американскиот Оддел за правда за педофилската и сексуална трговија со девојки и жени од покојниот милијардер ...

Работниците и работодавачите треба да го водат дијалогот за минималната плата, а Владата ќе прифати се што тие ќе договорат, рече вечерва министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Во гостување на емисијата „360 степени“ на МРТ, Димитриеска-Кочоска истакна дека платата на ниту еден работник никогаш не е доволна и секогаш треба да биде повисока, но постојат економски правила кои мора да се земат предвид. -Нека седнат да се ...

Двата недовршени објекта кај Ректоратот на УКИМ, чија изградба е стопирана повеќе од десет години, ќе се доградуваат кога ќе биде избран проектант, а потоа и изведувач на градежните работи. Од Министерството за образование и наука велат дека во петокот (30 јанаури) завршил рокот за аплицирање на тендерот за нови проекти за градба, кој МОН го објави на крајот од 2025 врз основа на стручната анализа за состојбата во која се сега недоградените ...

Најстудено утрово е на Попова Шапка -5 степени, во Крива Паланка се измерени -4, во Скопје-Петровец -3. Над нулата е само во Гевгелија со два степена, информира УХМР. На Попова Шапка има и најмногу снег 34 сантиметри, во Крушево снежната покривка е 18, а во Маврови Анови 11 сантиметри. Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ...

Економијата, дигитализацијата и конкретните резултати се во фокусот на посетата, со јасна цел – придобивките од овие активности директно да ги почувствуваат граѓаните, порача од Дубаи министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски кој заедно со претседателката Гордана Силјановска Давкова учествува на Светскиот самит за влади. Во видео-пораката споделена преку неговиот фејсбук профил, Муцунски информира дека ќе оствари ...

Поради магла намалена е видливоста до 50 метри на планинскиот премин Плетвар, соопшти вечерва Јавното претпријатие „Македонијапат“. Оттаму информират дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловоз, а слаби врнежи од снег има на патниот правец Крива Паланка – Деве Баир со задржување на коловоз. Сите патни правци во државата се проодни, на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури ...

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, денеска ги отфрли повиците за создавање европска армија, предупредувајќи дека тоа може да биде „екстремно опасно“. ЕУ разгледува начини да ја обезбеди сопствената безбедност откако САД предупредија дека нејзините приоритети се на друго место. Приказната за европска армија повторно се појави во услови на тензии во НАТО, поради заканите на американскиот ...

Унгарската влада денеска поднесе тужба до Судот на правдата на Европската Унија, барајќи поништување на регулативата РеПовер (RePower) на ЕУ, која има за цел постепено да го укине увозот на руски гас, изјави шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто. Сијарто тврди дека ЕУ ги пречекорила своите овластувања со усвојувањето на регулативата, бидејќи одлуката погрешно била претставена како мерка на трговска политика, а не како санкција, ...

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон се согласи да сведочи пред американскиот Конгрес во истрагата предводена од републиканците за починатиот осуден сексуален престапник Џефри Епштајн, јавија американските медиуми. Телевизијата Си-ен-ен и весникот „Њујорк Тајмс“ објавија дека Клинтон попуштил за да ја избегне заканата од постапка за непочитување на Конгресот, пренесе ДПА. Клинтон претходно одбиваше да сведочи. Поранешниот ...

Македонското Јавно обвинителство е во постојана комуникација со надлежните институции во Србија и веќе има оформено предмет за случајот со заплената на пет тони марихуана, која, според досегашните информации, поминала низ територијата на Македонија. Од Обвинителството информираат дека уште во петокот биле навремено и целосно известени за настанот и без одлагање презеле активности во рамки на своите законски надлежности. Веднаш била ...

Српската полиција уапси во Краљево маж (44) од Македонија под сомнение дека ограбил обложувачници и пошта, соопшти денеска локалната полициска управа. Во соопштението се наведува дека В.Г. е осомничен дека влегол во обложувачници и пошти на територијата на Краљево со фантомка на главата и, со закана со пиштол, одзел повеќе од 700.000 динари. Во станот на осомничениот, полицијата пронашла дел од парите, фантомка и реплика од пиштолот за кој ...

Владата не е против зголемување на минималната плата, туку напротив – нејзината стратешка цел е континуиран раст на сите плати и подобрување на животниот стандард, но исклучиво преку системски, договорени и економски одржливи решенија, порача заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески. Во гостување на емисијата „Став на регионот“ на регионалната телевизија Newsmax Balkans, Ристески истакна дека Владата останува посветена на ...

Мариус Борг Хоиби, најстариот син на норвешката престолонаследничка, принцезата Мете-Марит, вчера повторно е приведен во Осло под сомнение за напад, закана со нож и прекршување на забраната за приближување. Норвешката полиција не го откри идентитетот на жртвата или жртвите. Хоиби е приведен два дена пред утрешното судење за поголем број кривични дела, меѓу кои и силување. Полицијата бара четиридневен притвор за Хоиби „поради опасност дека би ...

Оданочувањето на доходите на граѓаните кои работеле во странство е законска обврска пропишана во Законот за данок на личен доход и не се работи за ретроактивно оданочување, истакна директорката на УЈП, Елена Петрова, по денешната средба во Сојузот на стопански комори на Македонија. Таа појасни дека обврската важела уште во 2020 година, но многумина денес се соочуваат со проблеми при обезбедување на докази за платен данок во странство. Затоа ...

Во наредните еден-два месеца ќе се знае како ќе се реализира проектот за „Чебрен“ и „Галиште“ – дали ќе биде целосно државна инвестиција или ќе се реализира преку јавно-приватно партнерство. Министерката за енергетика Сања Божиновска се согласува со тоа дека најдобро е да биде домашна инвестиција, но вели се работи за голема инвестиција и треба реално да се видат финансиските можности во буџетот. – Се согласувам дека најдобро е проектот да ...

Поранешниот претседател на Русија и актуелен заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев во интервју за повеќе медиуми изјави дека светот станал многу опасно место, но дека Москва не сака глобален конфликт. – Ситуацијата е многу опасна. Изгледа се намалува прагот на болка. Не сме заинтересирани за глобален судир. Не сме луди. Но, не може да се исклучи глобален судир, наведе Медведев за ТАСС, рускиот воен блогер ...

Општина Струга ќе формира комисија која ќе ја утврди почетната цена за продажба на службениот автомобил „Ауди А6“, по што возилото ќе биде понудено на јавна, отворена и транспарентна аукција, соопшти денеска општинската прес-служба. Одлуката за продажба на службеното возило беше првата што градоначалникот Менди Ќура ја потпиша веднаш по превземањето на мандатот. Одобрување за реализација доби и од Советот на Општина Струга. – Општина Струга ...

Промената во светот бара промена во образованието, гледање на реалноста низ очите на новите генерации, рече претседателката Гордана Силјановска-Давкова во своето обраќање на Светскиот самит на лауреати, што денеска се одржува во Дубаи, во пресрет на Светскиот самит на владите. На еминентниот собир, на кој учествуваат околу 150 врвни научници, вклучувајќи нобеловци и лидери на истражувачки институции од целиот свет, Силјановска-Давкова посочи ...

Прилепската компанија „Витаминка“ и оваа година е дел од ISM саемот во Келн, каде што се претставува пред меѓународната стручна и деловна јавност со целокупниот асортиман, продолжувајќи ја традицијата на активно учество на овој престижен саем дванаесет години по ред. Изложувањето на саемот, велат од компанијата, се третира како стратешка платформа за јакнење на извозното присуство, со фокус на продлабочување на постојните партнерства и ...

Малцинската влада на францускиот премиер Себастијан Лекорну денеска се соочува со две гласања за доверба, откако премиерот го протурка буџетот за оваа година низ Националното собрание без конечно гласање. Претставниците на Националното собрание треба денеска доцна попладне да ја започнат расправата за доверба на владата на левиот центар. Не се очекува паѓање на владата. Лекорну ја обезбеди поддршката на социјалистите со отстапки во буџетот. ...

Функционирањето на клубот, неговата внатрешност, издавањето карти при влез, па се до моментот кога избувнал пожарот и кога димот и чадот ја зафатиле преполната дискотека, како и последиците што ги трпат до денес, беа дел од исказите на сведоци во судницата во Идризово на денешното продолжение на судењето за случајот во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Прв сведочеше гостин во дискотеката „Пулс”, којшто во пожарот се здобил со ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе го тужи водителот на доделувањето на Греми наградите, Тревор Ноа, за кого рече дека изнел невистина дека тој и поранешниот американски претседател Бил Клинтон „поминувале време“ на островот на покојниот осуден сексуален престапник Џефри Епстин. -Ноа неточно рече за мене дека Доналд Трамп и Бил Клинтон поминувале време на островот на Епстин. Погрешно! Не можам да зборувам во името на Бил, ...

УНИЦЕФ го поздравува неодамнешното усвојување на измените и дополнувањата на Законот за системот за процена на лицата со попреченост како значаен чекор кон обезбедување секое дете со попреченост да може да ги добие потребната поддршка и можностите за да го достигне својот целосен потенцијал – стои во соопштението, што МИА го пренесе интегрално. Функционален и ефикасен систем за процена на попреченост е важен предуслов преку кој децата и ...

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,77 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 68, а на Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) 67 денари за ...

Екипа од ЈП „Македонија пат“ Подружница Велес е на терен и работи на расчистување на поголем одрон од карпа која падна денеска околу пладне на патот Градско – Велес кај поранешната Хемиска индустрија ХИВ. – Екипата од вработени од ЈП „Македонија пат“ од велешката Подружница излезе на терен со машина скип – багер и веќе работи на расчистување на карпата и оспособување на патот – информира за МИА, Ристе Коџобашиев раководителот на оваа велешка ...

Министерството за здравство денеска ги објави имињата на експертите од странската комисија за истражување на кардиолошки и кардиохируршки операции. – Странската комисија за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции ја сочинуваат тројца врвни експерти од областа, меѓу кои д-р Уголино Ливи, кардиохирург од Италија, со искуство како редовен професор од областа кардиохирургија на Универзитетот во Удине, а бил ангажиран како ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
87%
1027
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
68%
1026
weather icon

Загреб

8ᴼ / 2ᴼ
1.03
67%
1026
weather icon

Софија

7ᴼ / 3ᴼ
3.09
60%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
2.53
80%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.69
68%
1027
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
3.6
68%
1025
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
71%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
76%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 7ᴼ
1.79
54%
1026
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 3ᴼ
3.09
71%
1029
Currency

61.6317

Currency

53.0259

Currency

70.9869

Currency

37.3197

Currency

39.0543

Currency

68.3788

Currency

7.68854

Currency

0.66899

Currency

0.33609

Currency

0.52519

Currency

1.20315

Currency

0.57679

Кобалт

66.14

Злато

166253.76

Калај

50.64

Бакар

11.73

Рутениум

47358.05

Платина

68963.35

Иридиум

231355.22

Паладиум

51794.85

Цинк

3.24

Родиум

372948.66

Алуминиум

3.42

Сребро

2711.59