Со сослушување сведоци и законски застапници на оштетените денеска во судницата во Идризово продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Случајот го води судијката Дијана Груевска Илиевски и се наоѓа во доказна постапка со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството. За денешното рочиште, како што е најавено, треба да бидат сослушани пет сведоци, пренесува МИА. На ...

Рајан Весли Раут (59), човекот кој се обиде да го убие американскиот претседател Доналд Трамп додека играше голф во Јужна Флорида, денеска е осуден на доживотен затвор. На 23 септември 2024 година, Раут беше прогласен за виновен за обид за убиство на тогашниот претседателски кандидат Трамп во голф клубот „Трамп Интернешнл“ во Вест Палм Бич, објави „Ју-Ес тудеј“. За време на инцидентот, агент на Тајната служба го забележал Раут со оружје и ...

Во рамки на работната посета во Вашингтон, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска остварил работни средби во Стејт департментот на САД. Андоновски остварил работна средба со Рас Хедли (Russ Headlee), прв човек на Бирото за Сајбербезбедност и дигитални политики на Стејт департментот на САД. На средбата, како што информираат од Министерството за дигитална трансформација, била потврдена заедничката определба за ...

Од 1,5 до две години ќе бидат потребни за да се донесе конечна одлука во врска со должината на престојот на професионалните возачи од земјите од Западен Балкан во 29 европски земји, изјави денеска претседателот на Бизнис асоцијацијата „Меѓународен транспорт“ Неџо Мандиќ. Тој за Бета изјави дека е задоволен од досегашниот тек на разговорите со претставниците на Европската комисија, бидејќи веднаш по објавувањето на промената во стратегијата на ...

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека присуството на сили на „Коалицијата на подготвените“ на територијата на Украина е „категорично неприфатливо“ и дека Москва ќе ги смета таквите контингенти за легитимна воена цел. Зборувајќи на прес-конференција, Захарова рече дека евентуалното распоредување на западни трупи, кои, според неа, би биле предводени од Велика Британија и Франција, би ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој престојува во работна посета на Вашингтон, денеска се обрати на Форумот за безбедност посветен на темата „Инвестирање од 5 проценти во одбраната и посветеноста кон партнерството со САД“. На настанот учествуваа светски лидери и членови на Конгресот на САД, со фокус на глобалната безбедност и зајакнување на трансатлантската соработка – соопшти собраниската прес служба. Во своето излагање, Гаши ...

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска во 11 часот до Собранието и до сите пратенички групи поднесе Иницијатива за изменување и дополнување на Законот за плата и другите надоместоци на пратениците и другите избрани и именувани лица, барајќи итно и неодложно постапување. Иницијативата е поднесена врз основа на одлука на Претседателството на ССМ од 3 февруари 2026 година и член 71 од Уставот, а со неа се предлага основицата за ...

Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг денеска преку видео повик разговараа за понатамошно зајакнување на соработката меѓу нивните земји. Путин го нарече Си „драг пријател“ и му посака мир и просперитет на народот на Кина, нагласувајќи го пријателскиот однос меѓу двете земји. Рускиот претседател нагласи дека односите меѓу Русија и Кина се развиваат силно и прогресивно во сите области, без оглед на меѓународната ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска се сретнал со кинеската амбасадорка, Џијанг Сјаојан со која размениле мислења за продлабочувањето на пријателските односи меѓу Македонија и Народна Република Кина. -Односите меѓу нашите две земји се темелат на взаемна почит, разбирање и соработка, а во изминатите години тие бележат континуиран развој во различни области, вклучувајќи ја економијата, културата, образованието и инфраструктурата – напиша ...

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска се одржа подготвително рочиште за случајот „Крмзов“, кој се води против десет физички лица, меѓу кои и бизнисменот Ристо Крмзов, како и против 14 правни лица обвинети за даночна измама. Според Обвинителството, незаконските активности се реализирале преку фиктивни договори, манипулации со ДДВ и продажба на недвижности по нереално високи цени, со што од Управата за јавни приходи бил исплатен незаконски ...

Затворање голем број занаетчиски дуќани и отпуштање вработени ќе предизвика зголемувањето на минималната плата на бараните 600 евра, предупреди денеска Занаетчиската комора – Скопје. Според Комората, минималната плата треба да се пресметува во согласност со законот. Ако се зголеми на 600 евра, тоа би значело голем удар поради драстичното покачување на трошоците за придонеси. – Ние не сме против зголемувањето на минималната плата, но тоа ...

Американскиот претприемач Илон Маск стана првиот човек во историјата чие богатство надминува 800 милијарди долари, откако неговата фирма Спејс Икс (SpaceX) ја купи неговата компанија за вештачка интелигенција хАИ (xAI). Форбс проценува дека оваа трансакција, која ја вреднува обединетата компанија на 1,25 трилиони долари, го зголемила богатството на Маск за 84 милијарди долари на рекордни 852 милијарди долари. Пред оваа зделка, Маск ...

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска го помовираше новиот модул за електронска едвиденција за елективни хируршки интервенции во Јавните здравствени установи. Пациентите кои имаат закажано вакви интервенции преку порталот ќе можат да видат кога им е закажана интервенцијата и да видат колку е долга листата на чекање. Министерот за здравство Алиу појасни дека на јавниот портал кој се наоѓа на веб страницата на Министерството, ќе биде ...

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова денеска се обрати на Светскиот самит на владите во Дубаи, како главен говорник на сесија посветена на демографските промени. Говорејќи за падот на бројот на населението, посочи дека нашата држава и регионот се соочуваат со троен притисок: ниска стапка на наталитет, висока емиграција и брзо стареење на населението и ги сподели проекциите, според кои, македонското население може да се намали од ...

Во текот на 2025 година се направени околу 14.000 хируршки интервенции за бенигни и малигни тумори, од кои околу 8.000 се за ин-ситу или суспектен рак, истакна денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски. На прес-конференцијата по повод Светскиот ден за борба против ракот – 4 Февруари, Клековски презентираше податоци за раното откривање, хируршките интервенции и новините во дијагностиката и терапијата. ...

Безбедносните камери на вилата на Здравко Чолиќ на Дедиње го забележале моментот кога двајца непознати мажи вчера точно во пет часот наутро фрлиле рачна бомба кон домот на пејачот, објави хрватски „Индекс“, повикувајќи се на „Телеграф.рс“. За среќа, нема повредени лица, а според неофицијални информации, полицијата веќе располага со видеоснимки на кои се гледа како двајца напаѓачи ѝ приоѓаат на оградата и ја активираат експлозивната направа. ...

Кавадарчанец бил лишен од слобода, а неговото возило му било одземено, затоа што немал положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. – Синоќа во 19 часот, на улица „Методија Џунов Џикот“ во градот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишија од слобода С.Ф., на возраст од 43 години. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген“ со кавадаречки регистарски ознаки, при што било ...

Министерот за здравство, Азир Алиу вели дека во овој момент не може да открие детали во врска со истрагата за петте тони марихуана запленети во Србија, за кои се сомнева дека потекнуваат од Македонија. Како што посочи на денешната прес-конференција, работните групи на Министерството за здравство и Министерството за внатрешни работи интензивно работат на случајот и, како што рече, не би преудицирал кога би имало извештај за овој случај. -Ништо ...

Министерот за здравство, Азир Алиу побарал да се анализираат податоците, кои се поврзани со случајот со испраќање на дел од мозоците на македонски пациенти на американскиот Универзитет „Колумбија“ за научно истражување. Тој истакна дека како ресорно Министерство не се надлежни за истрагата, бидејќи станува збор за истражувачки проект, кој почнал во 1996 година. -За секој проект да биде почнат знаете дека има меморандум потпишан од двете ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска положи цвеќе во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, каде беше централното чествување по повод 154 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Порача уште еднаш да се потсетиме на неговиот лик и дело, да го чествуваме, да се сеќаваме и тоа, како што рече, нека ни биде пример како понатаму треба да ја градиме нашата заедничка татковина Македонија. – Денес го одбележуваме денот на ...

Од 11.30 часот започнат е најавен јавен собир на околу 150 лица од ромска националност поради измените на ЗБСП, на крстосница за с. Ореовец на планински превој Плетвар на магистралниот пат А1 Прилеп- Градско, патниот сообраќај е во прекин во двата правци. На блокадата има поставено возила, гуми и други предмети – соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека културата останува еден од врвните приоритети на Владата и нагласи дека за годинава буџетот е зголемен за половина милијарда денари. -Оваа година имаме зголемен буџет за половина милијарда денари, културата е наш приоритет. Програмата е отприлика негде околу 25 милиони евра, средства којшто ќе бидат распределени во културата – рече во одговор на новинарско прашање за тоа дали се планира поддршка за ...

Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги минатата година поднело вкупно 213 кривични пријави против 443 физички и 160 правни лица до Основното јавно обвинителство и Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Притоа, во 196 случаи е утврдена штета врз Буџетот од 102 милиони денари, соопшти денеска Царинската управа. Како што се наведува во соопштението, бројот на поднесени кривични пријави е зголемен за повеќе ...

Премиерот Христијан Мицкоски очекува новиот државен јавен обвинител, кој треба да биде избран наскоро, да биде заштитник на правото и правдата, како и сите предмети кои биле држени во фиоки да ги истражи и ако нема докази да ги затвори, а доколку има да оформи предмети и да ги достави до судот. -Првото нешто што треба да го направи е сите документи и случаи што се држеа во фиока да ги извади и да ги истражи. Таму каде што нема дело и докази, ...

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска уште еднаш повтори дека Владата ќе го поддржи секој предлог што ќе биде заеднички прифатен и од синдикатите и од работодавачите во однос на минималната плата. Треба да има зголемување и на минималната и на другите плати, но тоа мора да биде постепено, со сигурност и во стабилна економска рамка. – В четврток имаме состанок со синдикатите од УПОЗ, идните денови ќе има и седница на ...

Формализацијата на сивата економија е една од највисоките стратешки определби на Владата и клучен сегмент од реформската агенда, зашто директно влијае врз економскиот раст, стабилноста на јавните финансии и заштитата на работниците. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2024 година во земјава имало околу 694 илјади вработени, од кои приближно 85 илјади биле неформално ангажирани. Тоа е сериозен предизвик кој бара ...

Јавното обвинителство на Македонија информира дека оформило предмет по допрен глас за утврдување на идентитетот и испитување на кривична одговорност кај повеќе лица кои преку коментари на социјалната мрежа Фејсбук упатиле сериозни закани кон новинарот и уредник во Канал 5 Телевизија – Александар Видиновски. -Коментарите биле објавени под видео прилог на новинарот кој се однесува на непрописно паркирани возила пред објектот на Амбасадата на ...

Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги (АВМУ) изразува сериозна загриженост за нападите, омаловажувањата и смртните закани упатени кон новинарот на телевизијата „Канал 5“, Александар Видиновски, по неговата објава на социјалните мрежи во врска со непрописно паркирани возила на тротоарот пред Амбасадата на Република Бугарија во Скопје. Од АВМУ посочуваат дека ваквите постапки претставуваат директен напад врз безбедноста на ...

Во галеријата „Империјал 1“ при Културно-информативниот центар во Скопје, на 5 февруари, со почеток во 18часот и 30 минути, ќе биде отворена изложбата на фотографии „Јадрански минијатури“ на Тончи Станичиќ. Станичиќ (Сплит, 1954) е хрватски фотограф и поранешен дипломат. Дипломирал на Правниот факултет во Сплит во 1977 година, каде што работел како асистент и предавач по кривично право од 1978 до 1992 година. Магистрирал на Правниот факултет ...

ИНСТИТУТОТ „ФЕЈМС“ СО ДВЕ КОНЦЕРТНИ ВЕЧЕРИ ВО СКОПЈЕ Во февруари институтот „Фејмс“ ја претставува својата февруарска концертна серија во Камерната сала на Македонската филхармонија, со две концертни вечери што ги отсликуваат разновидноста и професионалниот фокус на неговите оркестарски едукативни програми. На сцената ќе настапат 30 внимателно селектирани млади европски музичари, како кулминација на интензивна повеќедневна работа со ...

Мвр билтен

27 минути - МИА
weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
3.09
58%
1026
weather icon

Загреб

11ᴼ / 6ᴼ
0.51
59%
1026
weather icon

Софија

8ᴼ / 4ᴼ
4.12
59%
1028
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
2.8
70%
1028
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 5ᴼ
0.74
66%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
3.13
69%
1026
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
81%
1027
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
71%
1027
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
67%
1029
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 2ᴼ
0.51
54%
1027
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
5.14
69%
1029
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Злато

166253.76

Сребро

2711.59

Калај

50.64

Иридиум

231355.22

Рутениум

47358.05

Родиум

372948.66

Платина

68963.35

Кобалт

66.14

Бакар

11.73

Цинк

3.24

Паладиум

51794.85

Алуминиум

3.42