Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Ретинолот е една од најмоќните состојки во негата на кожата, но не е за секого. Ретинолот може значително да ги подобри текстурата на кожата, брчките и акните, но само ако се користи правилно и постепено. Тој не е погоден за чувствителната кожа, бремените жени и луѓето склони кон иритација, бидејќи може да ја влоши состојбата. Најголемите грешки се пречестата употреба и недостигот од СПФ- заштита, што доведува до црвенило и лупење. Ретинолот ...
Мистична Македонија: Музеј под отворено небо Фељтон на „Нова Македонија“ според документарните серии и филмови на продукцијата „Аристон“ и книгата „Mystical Macedonia: An Open Air Museum“, објавена на „Амазон“ од Никола Ристевски, магистер по маркетинг-менаџмент, публицист и продуцент Археоакустични анализи на древниот локалитет во Канда, Македонија – прелиминарни резултати Истражувањето беше извршено на геоглиф, лоциран во месноста Канда, ...
Светските цени на храната во јануари се намалија петти месец по ред, додека глобалните залихи на житни култури се приближија до историскиот максимум, соопшти денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Индексот на цените на храната на ФАО, кој ги следи месечните движења на цените на основните земјоделски производи на светскиот пазар, во јануари изнесуваше во просек 123,9 поени, што е намалување за 0,4 проценти ...
Шефот на руската дипломатијата Сергеј Лавров ја обвини Украина за обидот за атентат на рускиот генерал-полковник Владимир Алексеев, кој денеска беше застрелан во Москва. Според Лавров, атентатот врз Алексеев е обид на украинскиот претседател Володимир Зеленски да го „саботира мировниот процес“ по преговорите во Абу Даби. Алексеев е хоспитализиран во тешка здравствена состојба. Тој е прв заменик-началник на Главната дирекција за разузнавање ...
Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, информираат од Авто – мото сојузот на Македонија. Врнежи од снег се бележат на Попова Шапка, со задржување на снег на коловозот на патниот правец од селото Лисец кон Попова Шапка. Намалена видливост поради појава на магла има на повеќе патни правци и тоа до 80 метри на патот Штип – Неготино кај Серта, до 50 метри во Крушево, до 100 метри на ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски вечерва по завршувањето на Централниот комитет на партијата ги соопшти членовите на Извршниот комитет, и информира дека за нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ е избран Драган Ковачки. Мицкоски во изјава за медиуми истакна дека Централниот комитет донел одлука за избор на нов ИК којшто, како што кажа, „претставува спој меѓу искуството и дел од луѓето кои се веќе дел од претходните ...
Драган Ковачки е новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, а избрани се и членови на Извршниот комитет на партијата, соопшти по завршувањето на седницата на Централниот комитет на партијата претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. ВМРО-ДПМНЕ, рече тој, продолжува по патот на обнова, обединување и подготовка за нови изборни победи со цел подобар живот за сите граѓани. -Денеска заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа ...
Новиот состав на Извршниот комитет (ИК) на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги донесе победите на следните парламентарни, претседателски и локални избори, напиша на својот фејсбук-профил вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. По синоќешниот избор на новиот ИК на партијата, Николоски се заблагодари за довербата што му ја укажа премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. – За ВМРО-ДПМНЕ што победува и ја менува Македонија! ...
Редакциска анализа: Како Брисел ја претвори европската перспектива во геополитичка замка Речиси четири години, Украина е метафора за „длабок воен ров во кој е заглавена западната развојно-одржлива (европска) политика“. Во официјалниот речник на Брисел, на Берлин и сè до доаѓањето на Трамп, исто и на Вашингтон, таа е трианглата на која, како што сметаат тие, „се брани меѓународниот поредок заснован на правила“ (?!). А во реалноста, пак, ...
Следува период на променливо време. Во недела претпладне ќе има локални врнежи од дожд, а на планините во северозападните делови од снег. Врнежи од дожд ќе има и во понеделник кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови, а на планините ќе бидат од снег. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат и дека поради продор на постуден воздух врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Потоа во следните два ...
Во 2025 година, Собранието го посетиле 11.328 посетители, што е досега најголем број посетители по воведување на можноста за организирани посети во 2014 година. Бројот на организирани посети е 239, а најголем дел од нив биле реализирани во месец мај. Како што информира собраниската прес-служба, организираните посети се реализирани со ученици, студенти, граѓански организации, странски делегации, како и самостојно организирани групи на граѓани. ...
Западноевропејците сè повеќе ги ценат европската автономија и вредноста на трансатлантските врски и немаат намера да се откажат од нив за да му угодат на Доналд Трамп, покажува анкетата, што укажува дека мислењето за Соединетите Американски Држави паднало на најниско ниво во последната деценија, откако „ЈуГов“ (YouGov) почна да спроведува вакви анкети. Обидот на американскиот претседател да го преземе Гренланд силно ги сврти Европејците ...
Пациенти болни од рак бараат персонализиран пристап во лекувањето, но, за тоа, велат, потребни се институции кои ќе го поддржат тоа. По повод Светскиот ден на борбата против ракот, тие со порака дека секојдневно се соочуваат со проблеми од недостиг на иновативна терапија до недостиг на палијативна нега. – Иако секој пациент има своја приказна, свој пат на лекување, свој живот, семејство и сè она што се вклучува во целиот тој процес, потребни ...
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи главната расправа за предметот против Раде Трајковски-Штекли и другите обвинети за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги. На денешното рочиште беа презентирани материјални докази, вклучувајќи записници за претрес, потврди за привремено одземени предмети и форензички вештачења за пронајдени наркотични супстанции и биолошки траги. Пред судот беа изведени докази поврзани ...
Денес, на 5 февруари 2026 година, во Културно-информативниот центар во Скопје свечено беше отворена изложбата „Јадрански минијатури“ на реномираниот автор Тончи Станичиќ – дипломат, правник и страстен љубител на фотографијата. Настанот е организиран под покровителство на Амбасадата на Република Хрватска во Република Македонија и ќе трае до 15 февруари, оставајќи простор љубителите на уметноста да се нурнат во светот на светлината и сенките. ...
Дигиталната инфраструктура на македонските претпријатија е фрагментирана и нецелосна, што директно го ограничува развојот на е-трговијата, покажуваат резултатите од анализата за е-трговијата во Западен Балкан за 2025 година. Истражувањето, кое опфатило 1.200 компании од Западен Балкан, по 200 од секоја економија, покажува дека ниту една компанија во земјава не пријавила користење на сите клучни дигитални ресурси, а 23 проценти од фирмите ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Обвинителство поднесе кривична пријава против двајца полицајци, наставничка и пожарникар кои во период од февруари до април 2024 година, заеднички, по претходен договор воспоставиле шема, на начин што организирале и спроведувале постапки за издавање на лични документи (лична карта, пасош и возачка дозвола), а со цел стекнување противправна ...
Декември минатата година бил натпросечно топол и потпросечно врнежлив, покажуваат мерењата и набљудувањата на среднодневните температури и врнежи во метеоролошките станици на Македонија. Споредено со просечните декемвриски средномесечни температури за триесетгодишниот период 1991 – 2020, во 2025 година декемвриска температура била 1,3 степени повисока од просечната на ниво на држава, додека месечната сума на врнежи била 50 отсто од просекот ...
Собраниската Комисија за здравство, со која раководеше претседателката Рашела Мизрахи, денеска го разгледа извештајот за работата на Фондот за здравствено осигрување (ФЗО) за 2024 година и даде зелено светло тој да биде усвоен на пленарна седница на Собранието. Извештајот пред пратениците го образложи директорот на ФЗО, Сашо Клековски, кој на почетокот истакна дека во 2024 година Фондот имал 1.839.537 осигуреници, што е намалување за над ...
Заокруживме уште една значајна посета, што отвора нови можности за продлабочување на политичката, економската и на трговската соработка со Обединетите Арапски Емирати. Продолжуваме со силно темпо и јасен фокус на резултати, чиј бенефит ќе го почувствуваат граѓаните, напиша на својот фејсбук-профил министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Во видеоизјава Муцунски истакнува дека е потпишан меморандум за разбирање, ...
На националниот регистар на прописи (ЕНЕР) се поставени предлозите за новиот закон за високото образование и за законот за квалитет во високото образование, а деновиве ќе биде ставен и Законот за научноистражувачка дејност. Ќе може да се доставуваат коментари и предлози за новите законски решенија, со кои МОН најави реформи во високото образование и во науката. Најзначајните новини денеска на прес-конференција ги соопшти министерката за ...
Владата го прифати барањето на УПОЗ но не во целост, но важно е дека се прифати да се исплаќаат додатоците на плати за работниците во државната управа и правосудството, изјави претседателот на синдикатот Трпе Деановски по денешната средба со премиерот Христијан Мицкоски и владини претставници, – Како што најавуваме минатата година, ќе бидат на неколку години, на 3 рати, по 8 проценти за жал, не по 10. Пак ќе повторам за жал, не ги добивме ...
Татни ескалација во Ормускиот Tеснец Распоредувањето шест високоспецијализирани американски воени авиони „EA-18Г граулер“ на Блискиот Исток претставува јасен сигнал дека Вашингтон влегува во нова фаза на воено позиционирање во регионот. Иако официјално не е најавена конкретна операција, природата на овие летала и начинот на нивното распоредување упатуваат на подготовка за можен директен судир со Иран. Според податоци од следењето летови со ...
САД ги повика своите државјани веднаш да го напуштат Иран поради сериозни безбедносни ризици, тероризам, немири, киднапирање и притворања на американски граѓани. Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека американските државјани во Иран се соочуваат со „висок ризик од незаконско притворање, долготраен притвор, измачување и во поединечни случаи и смртна казна“. Исто така се посочува дека граѓаните сами треба да го организираат ...
Енергетска алармантност во Европа Европскиот енергетски пазар повторно се соочува со притисоци откако ЕУ драстично го намали увозот на руска нафта и гас по ескалацијата на конфликтот во Украина пред четири години. Отстранувањето на рускиот гас од гасоводите го принуди блокот сè повеќе да се потпира на алтернативни извори, пред сè на течен природен гас (ЛНГ) од САД. Како резултат на растечката загриженост околу снабдувањето, европските цени на ...
Повод: Трет научен симпозиум за Преспанските Езера, кој се одржува на Универзитетот „Фан С. Ноли“ во Корча Преспанскиот Регион со своите кристално чисти езера, богати влажни екосистеми и уникатен биодиверзитет одамна се смета за едно од најзначајните природни богатства на Балканот. Денес, како прво прекугранично заштитено подрачје во регионот, Преспанските Езера се не само природна реткост туку и симбол на тоа како државите можат заеднички да ...
Трета рунда преговори во Абу Даби за мирно решение на конфликтот во Украина Во Обединетите Арапски Емирати продолжи втората сесија од трилатералните мирни преговори меѓу Украина, Русија и САД, кои се обидуваат да најдат излез од речиси четиригодишниот конфликт што ја потресе Европа од 2022 година. Состанокот, кој започна на 4 февруари, се одржува под американско посредство, со цел да се постигне дипломатски исход што би го направил ...
Премиерот Христијан Мицкоски попладне ќе се сретне со Синдикатот на УПОЗ. Средбата е закажана за 16:45 часот, а доаѓа откако Мицкоски даде понуда за раст на платите за која УПОЗ рече дека е прифатлива и дополнително ќе се разговара во рамките на синдикалните организации. Претходно, понудата на Владата беше прифатена и од КСС, предводен од Благоја Ралповски. Во изјава за медиумите премиерот рече дека понудата е на маса повеќе од една година и ...
Српската полиција вечера приведе уште едно лице осомничено во случајот со нападот врз семејната куќа на пејачот Здравко Чолиќ во Белград. Станува збор за М.А. (23), кој е осомничен дека му помагач во извршувањето на кривичното дело на С.М., кој беше уапсен вчера. Во вторникот утрото беше фрлена бомба врз куќата на Чолиќ на Дедиње во Белград. Немаше повредени во инцидентот, предизвикана беше само голема материјална штета. Српската полиција ...
ПРЕТСТАВЕН ГОДИШНИОТ ПЛАН ЗА ИЗГРАДБА НА ЕНЕРГЕТСКИ ОБЈЕКТИ ЗА 2026 ГОДИНА Министерката за енергетика Сања Божиновска го претстави Годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2026 година, нагласувајќи дека фокусот на Владата е ставен на зајакнување на енергетската сигурност и забрзување на транзицијата кон одржливи извори на енергија. Според неа, планираните инвестиции имаат цел да обезбедат постабилен и поотпорен енергетски систем, ...