Преку системот „Безбеден град“ за една недела бил регистриран 4.991 сообраќаен прекршок, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. – Во периодот од 2 до 8 февруари, од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистриран е вкупно 4.991 прекршок. Од тој број, 641 мерка за сторен прекршок од страна на возачи кои управувале возило со странски регистарски ознаки. Од ...

Со сослушување вешти лица од Словенија, кои ги работеле медицинските вештачења за Обвинителството, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти. Вештото лице Маја Радник од Медицинскиот факултет Марибор, Словенија, која го изработила медицинското вештачење, заедно со асистент Јасмина ...

„Матица македонска“ го создаде најзначајниот македонски литературен кружок на крајот на дваесеттиот век и во новиот милениум. Ги обедини македонските автори како Македонскиот литературен кружок пред Втората светска војна. Ама во современие, повторно со идеали и со македонска мисла, уште во мугрите на самостојната македонска држава. На македонските писатели им овозможи дом на македонското слово, заштитувајќи го од сите политички ветришта и ...

Научниците анализирале податоци од речиси 30 години за да откријат како китовите во Северен Атлантик се приспособуваат на климатските промени и зголемениот човечки притисок врз океаните. Нивниот заклучок е изненадувачки оптимистички: китовите пронашле начин да коегзистираат во променетите услови – учејќи подобро да ја делат храната. Ново истражување го разгледало влијанието на климатските промени врз исхраната на три вида кита – перкасти ...

Монодрамата „Последниот час на Његош“, со актерот Слободан Маруновиќ, првенец на Црногорското народно позориште, ќе гостува на сцената во Македонскиот народен театар на 28 февруари, во 20 часот. По текст на Слободан Томовиќ и во режија на Благоја Ераковиќ, монодрамата во која ликот на Петар II Петровиќ Његош маестрално го игра Маруновиќ, досега е изведена повеќе од 1.500 пати на театарските сцени низ светот. Монодрамата ги има добиено ...

Конфликтот во Украина веќе ќе беше завршен доколку Европејците не се спротивставеа на мировните аспирации на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави синоќа шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто. – Доколку Европејците не ги попречеа напорите на американскиот претседател Трамп, убеден сум дека мирот во Украина ќе беше постигнат за малку повеќе од една година. Од самиот почеток, Европејците ја сметаа оваа војна за своја. Тие ...

Тим научници од Хонгконг го развија системот за временска прогноза ДДМС, кој користи технологија за вештачка интелигенција (АИ) за да предвиди бури и обилни дождови до четири часа пред да се случат, што претходно беше можно од 20 минути до два часа однапред. Минатата година градот издаде највисоко предупредување Системот ќе им помогне на владите и на службите за итни случаи поефикасно да реагираат на сѐ почестите екстремни временски настани ...

Знаменитостите на Македонија На ридот Кале, над градот што некогаш лежеше во тишина, денес се издигнува музеј што не е само зграда од бетон и стакло туку и живо сведоштво за човечката солидарност и за моќта на културата да ја надмине трагедијата. Неговите линии, чисти и модернистички, се како раце што се протегаат кон иднината, а неговата поставеност над Скопје е како стражар што бдее над меморијата на градот. Проектиран од полски архитекти и ...

Јубилејниот 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ од 5 до 12 јуни во Прилеп Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ по 60. јубилеен пат ќе се одржи од 5 до 12 јуни во Прилеп. Оваa одлука ја донесе Собранието на фестивалот, на неодамнешниот состанок, при што подготовките на фестивалот се во тек. Уметничката директорка д-р Ана Стојаноска вели дека тимот активно работи фестивалот да има достоен јубилеј, креативна програма и да се ...

Либералниот концепт и бриселското одредување за она што е „дозволено мислење“ во Европа Во последните години е сè потешко во Европа јавно да се изрази став што отстапува од доминантниот либерален консензус без да биде означен како „ретрограден“, „опасен“ или „антидемократски“. Иако формално се повикува на заштита од говор на омраза и дезинформации, сè повеќе политички актери, медиуми и интелектуалци предупредуваат дека европскиот јавен ...

Апсењето три лица од Скопје под сомнение за поврзаност со активностите на Исламската држава (ИД) како повод Апсењето три лица од Скопје под сомнение за поврзаност со активностите на таканаречената Исламска држава (ИД) повторно ја отвора темата за присуството и влијанието на радикалниот исламски фундаментализам во Македонија – феномен што, иако често маргинализиран во јавниот дискурс, претставува сериозна и долгорочна безбедносна закана и за ...

ЕУ ВО ПОТРАГА ПО СВОЕТО МЕСТО ВО НОВИОТ СВЕТ Веќе две децении европските мозоци засилено бараат нови модели за Европа за таа да остане во трка со растечките суперсили, кои веќе стануваат империи со идеи за ширење на своите територии или влијанија. Да ги спомнеме главните три: Кина, САД и Руската Федерација, кои можат да сметаат на поддршка од своите „сателити“ или регионални играчи, а зошто не – и вазали, кои ќе имаат улога на продолжена ...

Фељтон „Од Митровден до Ѓурѓовден“ (12) Кон крајот на XIX век, македонската културна и научна преродба го достигна својот врв преку делото што денес го препознаваме како темел на националната историографија: „Славјанско-маќедонската општа историја“ од Ѓорѓија М. Пулевски. Овој труд не е само хронолошки запис туку и најобемниот и прв интегрален обид за научно обликување на македонското минато на мајчин јазик. Иако неговата смрт во 1893 година ...

Денеска, точно во 12 часот, во Музејот на современата уметност ќе се одржи „МСУ водич и матине“ со кустосот Бојана Јанева, која ќе нѐ прошета низ интернационалната изложба „Истокот е сè уште можен“. Координаторка на настанот е Анжелика Апсис, а музичкиот избор е на Нино Наумов. Изложбата „Истокот е сè уште можен“ е продолжение на соработката меѓу МСУ–Скопје и МГ+МСУМ, Љубљана, што започна со заедничката изложба „Ткаење светови: Колекции во ...

Серијал за бездомните кучиња, милениците и за сите љубители на животните (6) Серијал текстови за кучињата скитници, милениците и за сите љубители на животните, подготвени од Илија Петковски, кој магистрира екологија и животна средина на „Сорбона“ во Париз, излегуваат на викенд-страниците на рубриката Магазин во „Нова Македонија“. Низ текстовите авторот ќе понуди современи хумани решенија за решавање на проблемот со бездомните кучиња и за ...

Централната изборна комисија (ЦИК) на БиХ ги објави прелиминарните резултати од повторените предвремени избори за претседател на Република Српска, врз основа на кои кандидатот на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), Синиша Каран, освоил 224.384 гласови или 50,54 отсто. На сајтот на ЦИК се наведува дека кандидатот на Српската демократска странка (СДС), Бранко Блануша, освоил 213.513 гласови или 48,09 отсто – пренесе РТРС. Претходно, ...

МНТ ЈА ПРОДОЛЖУВА ЈУБИЛЕЈНАТА ПРОСЛАВА СО МЕЃУНАРОДНИ ГОСТУВАЊА Во чест на првата претстава во Македонскиот народен театар, изведена на 3 април 1945 година, мината година, театарот одбележа 80 години од постоењето. Годинава продолжува со одбележувањето на јубилејот и на 81 година од постоењето. Роденденот на МНТ беше одбележан со македонски сценски спектакл, каде што беше степенувана важноста на ансамблот на МНТ и на претстави од македонски ...

Најмалку две лица загинаа, а четворица се спасени од урнатините на повеќекатната станбена зграда што се урна денеска во северниот либански град Триполи, објавија државните медиуми. Телата на жена и дете беа извлечени, објавија државните медиуми. Спасувачките екипи продолжуваат да копаат низ урнатините, а не беше веднаш јасно колку луѓе имало во зградата кога се урнала. Според медиуми, зградата се наоѓала во населбата Баб Табанех, една од ...

Италија под сериозен притисок на почетокот на Зимските олимписки игри Почетокот на Зимските олимписки игри во Италија, наместо да помине во знакот на спортски ентузијазам и меѓународна еуфорија, беше засенет од сериозни безбедносни инциденти и растечки стравувања од саботажи и напади врз критичната инфраструктура. Масовниот прекин на железничкиот сообраќај на северот од земјата уште на првиот ден од Игрите ја стави државата во состојба на ...

Заштитни клаузули за ЕУ, условувања без гаранции за Македонија Секогаш кога станува збор за ризици, загрозување на сувереното право или какви било други закани по европските интереси, Европската Унија инсистира на наоѓање заштитни механизми што би спречиле Унијата да се доведе до подредена улога кон кого било. Имено, деновиве Европскиот парламент разгледува заштитни клаузули за зачувување на европскиот суверенитет и на безбедносните и ...

Со сослушување вешти лица од Словенија, кои ги работеле медицинските вештачења за Обвинителството, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје треба да продолжи судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти. Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Снежана Марковска, а за сослушување на вештите лица од Словенија се ...

Времето денеска ќе биде облачно, со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови, каде се очекува да наврнат над 15 литри дожд на метар квадратен. Поради продор на постуден воздух врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени. ...

Фотографијата Снежен ден на Шнеберг на авторот Тодор Маџунаров е овонеделниот избор на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата. -Снежен ден на Шнеберг, Лосенхајм, Австрија во јануари 2026 година – вели авторот. Фотографијата утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“. Фотографијата е избрана од најголемата македонска фејсбук-група за фотографии MACEDONIA – Photo Stories. „Нова Македонија“ секоја ...

Институциите ќе започнат постапка за конфискација на нелегално изградениот објект на спортскиот аеродром Стенковец, објави на Фејсбук вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Ова, како што вели Николоски, е јасна порака дека нема да се толерира изградба на нелегални објекти на места каде Министерството за транспорт и Државниот градежен инспекторат имаат надлежност. Тој поочи дека Министерството за транспорт, како надлежна ...

Шефот на кабинетот на британскиот премиер Кир Стармер, Морган МекСвини, поднесе оставка. Ова се случува во услови на зголемен притисок врз Стармер поради неговата одлука да го назначи Питер Манделсон за амбасадор во Соединетите Американски Држави. Стармер се соочува со она што многумина го сметаат за негова најголема криза откако дојде на власт пред 18 месеци поради неговата одлука да го испрати Манделсон во Вашингтон во 2024 година, откако ...

Бугарските власти истражуваат убиство на шест лица поврзани со еколошка невладина организација, а полицијата соопшти дека истражува неколку верзии за настаните, вклучувајќи ја и можноста убиствата да биле поврзани со култ. На почетокот на февруари, полицијата пријави убиство на три лица во планинска куќа во сопственост на невладина организација, која се наоѓа во близина на превојот Петрохан, објавија бугарските медиуми. Во тоа време, беше ...

Изминатите 24 часа најмногу врнежи од дожд се регистрирани во Маврови Анови – 10 литри на метар квадратен, а најмалку – 1 литар на метар квадратен во Прилеп и Крива Паланка. Утрово најладно било во Попова Шапка и Берово каде е измерена температура од -1 степен, а најтопло било во Гевгелија со измерени 7 степени Целзиусови. На Попова Шапка е измерена снежна покривка во висина од 55 сантиметри. Времето денеска ќе биде променливо облачно, ...

Сите елитни единици на српското Министерство за внатрешни работи – УКП, САЈ и Жандармеријата – учествувале во драматичната акција за спасување на познатиот пејач Даниел Кајмакоски (43), кој синоќа бил киднапиран во Белград, пренесоа српските медиуми. При обидот да го запрат возилото, напаѓачите ја пробиле полициската блокада и започнала потера низ градот, движејќи се кон Палата Србија, Арената, па потоа кон автопатот во насока на Шид. View ...

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска објави дека во Дубаи е уапсен маж осомничен за вооружениот напад врз врвниот руски воен разузнавач Владимир Алексеев во Москва. Осомничениот веќе е екстрадиран во Русија, објавија британските медиуми. Генерал-потполковник Владимир Алексеев, заменик-началник на ГРУ, руската воена разузнавачка служба, во петокот беше застрелан повеќе пати во станбена зграда во Москва, потврдија ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја нарече Украина, нападната од Русија, „непријател“ на неговата земја, објави ДПА. – Украинците мора да престанат постојано да бараат во Брисел Унгарија да биде исклучена од евтината руска енергија – рече Орбан во предизборниот говор во западниот унгарски град Сомбатели. – Додека Украина не престане да го прави тоа, таа е наш непријател – додаде тој, цитиран од унгарските медиуми. Орбан се смета за најблизок ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
66%
1025
weather icon

Белград

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
55%
1024
weather icon

Загреб

14ᴼ / 10ᴼ
1.03
49%
1025
weather icon

Софија

9ᴼ / 6ᴼ
4.12
58%
1026
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
3.51
62%
1027
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 10ᴼ
1.54
51%
1025
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.12
64%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
54%
1026
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
54%
1025
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 7ᴼ
1.54
59%
1028
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 8ᴼ
1.54
43%
1025
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
6.17
60%
1029
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Злато

166253.76

Цинк

3.24

Сребро

2711.59

Платина

68963.35

Родиум

372948.66

Бакар

11.73

Иридиум

231355.22

Рутениум

47358.05

Кобалт

66.14

Паладиум

51794.85

Калај

50.64

Алуминиум

3.42