Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на фејсбук-страницата објави дека Скопје е чисто и проодно од снегот и оти службите обезбедиле непречено одвивање на сообраќајот. – Скопје – чисто и проодно! Со навремена и организирана реакција градските служби од раните утрински часови интервенираа ефикасно на сите клучни булевари и улици под надлежност на Град Скопје. Со употреба на повеќе од 300 тони сол обезбедивме безбедно и непречено одвивање ...
На превојот Плетвар нема никакви проблеми со снегот и сообраќајот се одвива без застој за сите видови возила. Екипите го одржуваат патот и се подготвени за секакви временски промени. – Во утринските часови до 10 часот имавме забрана за тешките товарни возила. Сега превојот е прооден за сите видови возила. Со механизацијата го исчистивме снегот и го посипавме коловозот и не остана снег на него. Ја следиме ситуацијата. Попладнето се најавени ...
Во рамки на 81. пленарна седница, пратениците денеска ја прифатија потребата за измени и дополнувања на Законот за внатрешни работи и на Законот за полиција, по скратена постапка, со коишто се овозможува организациска промена односно трансформација на Секторот за внатрешни работи Скопје во Оддел за внатрешни работи – Скопје и се предвидува дополнување со нова работна позиција – началник на Одделот за внатрешни работи – Скопје. Измените и ...
Шпанскиот синдикат на машиновозачи (СЕМАФ) денеска најави генерален штрајк во железничкиот сообраќај во Шпанија по несреќите на возовите во Каталонија и Андалузија во кои загинаа најмалку 43 лица, а повеќе десетици се повредени. – Ќе повикаме на генерален штрајк во целиот сектор за да се загарантира безбедноста и довербата во железничката мрежа, соопшти „СЕМАФ“ без да го наведе точниот датум на штрајкот. Во Каталонија, автономна покраина со ...
Едно лице загина, а 37 други беа повредени во несреќа со приградски воз во североисточниот регион Каталонија на Шпанија вчера, само два дена по смртоносната железничка несреќа на југот на земјата во која загинаа најмалку 42 лица. Регионалните служби за итни случаи соопштија дека жртвата е машиновозачот. Сликите објавени од локалните медиуми покажуваат дека предниот дел од возот е тешко оштетен. Агенцијата за цивилна заштита на Каталонија на ...
Белата куќа синоќа објави список со 365 успеси на американскиот претседател Доналд Трамп кои тој ги постигна во текот на првата година од преземањето на вториот мандат, меѓу кои се истакнуваат неговите посреднички напори за решавање на војната во Украина. Во соопштението објавено на веб-страницата на Белата куќа се наведува дека точно пред една година Трамп се вратил на должноста претседател за да го обнови просперитетот, да ја обезбеди ...
Собраниската Комисија за одбрана и безбедност ја проследи на натамошна постапка во Собранието Предлог одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија. Како што се вели во образложението, кризната состојба на дел на територијата на државата се продолжува до 30 јуни 2026 година. Владата во 2024 година донесе одлука за воведување на ...
Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 до два денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,46 отсто. Согласно одлуката на РКЕ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат ...
Нема веќе доживотни функции и недопирливи позиции, управните одбори се сведуваат на три члена, а статусот в.д. станува исклучок строго временски и правно ограничен, рече денеска министерот за јавната администрација Горан Минчев, презентирајќи го Предлог-законот за високите раководители на органите на државната управа и фондовите. На јавна дебата за Предлог-законот, Минчев напомена дека со предвиденото решение прв пат се воспоставува ...
Реномираниот стоматолошки центар „Д-р Баткоски“ стана првиот имплант тренинг центар во Европа за доктори од Виетнам и Израел, лиценциран од израелска компанија „Ditron Dental“. Како еден од светските лидери во имплантологијата, оваа биомедицинска компанија е фокусирана на истражување, развој и производство на врвни компоненти за дентална реставрација. Главен застапник на „Ditron Dental“ на македонскиот пазар е токму стоматолошкиот центар од ...
Сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење – информира Министерството за транспорт. Како што посочуваат екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за ...
По исклучителниот успех и големиот интерес што го предизвика со своето прво појавување во култната емисија „На работ на науката“ (Na rubu znanosti), и одличното претставување на Македонија во епизодата „Мистична Македонија“, истражувачот и публицист Никола Ристевски е единствениот Македонец кој по втор пат гостува во емисијата која се емитува веќе 24 години. Оваа недела, тој и водителот Крешимир Мишак отвораат една интригантна тема што ги ...
Македонија во старите книги, патописи, карти, мапи, документи и весници (2) Во тишината на големите европски библиотеки се зачувани илјадници страници испишани со мастило што одамна избледело. Тоа се дневниците на луѓето што пред векови се осмелиле да тргнат на пат кон „мистериозниот Исток“ на Европа. За нив, Македонија не била само географски поим или дел од тогашната Османлиска Империја туку претставувала земја што е жив музеј, сцена каде ...
Сириската армија денеска прогласи нов четиридневен прекин на огнот со курдските сили. Сириските демократски сили (СДФ) сè уште не одговориле на предлогот на сириската армија. Објавувањето на привременото прекин на огнот уследи откако СДФ денеска се повлекоа од кампот Ах Хол во покраината Хасака, североисточна Сирија, во кој се сместени илјадници луѓе поврзани со Исламска држава. Во кампот Ах Хол живеат претежно жени и деца кои се членови на ...
Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните да патуваат внимателно во текот на денешниот ден, ако тоа е неопходно, со доволно гориво во резервоарите и со соодветна зимска опрема за возилата на повисоките места и планинските превои бидејќи е можно да се формираат навеви од снег и патните правци во одреден временски период да бидат непроодни на повисоките делници. – Потсетуваме дека луѓето што живеат на повисоките места навремено да се ...
Грција: Криминал од невидени размери на штета на граѓаните што управувале со возила на територијата на нашиот јужен сосед Во денешниот број на нашиот весник пишувавме за конкретните зголемувања на трошоците за патарини во Србија и Грција. Поскапувањето кај нашиот јужен сосед достигнува 20 отсто и сегашните цени прават голема разлика, особено за македонските туристи што патуваат на некои од тамошните летувалишта. Но очигледно ова нема да биде ...
Бугарскиот претседател поднесе оставка на функцијата Оставката на претседателот на Бугарија, Румен Радев, е поднесена до Уставниот суд и шефот на државата го очекува неговото изјаснување, потврдија од прес-секретаријатот на претседателот за бугарските медиуми. Радев ја соопшти својата одлука завчера во обраќање во кое објави дека последен пат им се обраќа на граѓаните како претседател на земјата. Во своето емотивно обраќање, Радев побара ...
Сите патни правци се проодни и сообраќајот се одвива непречено по влажни коловози. Онаму каде што паѓа снег континуирано се чисти со координирани активности на ЈП „Македонијапат“ во соработка со Министерството за транспорт. Како што информираат од Министерството за транспорт, екипите на ЈП „Македонијапат“ се целосно екипирани и со цела механизација и работна сила на терен вршат континуирано чистење на државните патишта. Се препорачува ...
Знаменитостите на Македонија Црквата „Свети Јован Крстител“, во народот позната и како „Маркова меана“, претставува мала, но мошне значајна средновековна христијанска црква, сместена на јужниот излез од Велес, во дворот на некогашната крзнара и фабрика за обувки „Димко Митрев“. Изградена е на карпа веднаш над десниот брег на реката Вардар, на стотина метри јужно од вливот на реката Тополка и северно од манастирот „Свети Димитриј“. Со својата ...
Соочени со зимските услови и снежните врнежи, Град Скопје навремено и одговорно ги презема сите неопходни мерки за обезбедување безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Екипите на Град Скопје уште од раните утрински часови се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на улиците и булеварите под градска надлежност, со 24-часовна активност и координација на кризниот штаб – информираат од Град Скопје. Градоначалникот на Град ...
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова во Охрид го организираше традиционалниот годишен прием за претставниците на дипломатскиот кор, при што ја истакна важноста на културната, економската, спортската и научната, покрај традиционалната дипломатија. Според претседателката, дипломатијата не е само збир на протоколарни активности, туку докажан цивилизациски механизам којшто успева истовремено да урива ѕидови и да гради мостови. – Вие, ...
Течење на носот, кивање, чешање и губење на чувството за мирис се само некои од проблемите што можат да се појават како резултат на долготрајната употреба на спрејови за нос. Фармацевтите препорачуваат да не се користат спрејови повеќе од седум дена континуирано. Зимата е во полн ек, а со неа доаѓаат и настинки, алергии и затнат нос – па затоа многумина посегнуваат по назални деконгестиви што се продаваат без рецепт. Без разлика дали содржат ...
Балканскиот наркокартел има длабоки „врски“ со Венецуела Транскрипти од пораките од апликацијата Скај, која ја користеле криминални групи низ целиот свет, укажуваат на контакти на балканските кланови со доставувачи на дрога од Венецуела, пишува хрватскиот портал „Индекс“. Една од пораките споменува купување три тона кокаин од лице означено како Покровител. Одлуката за набавка на дополнително количество дрога, според истражните досиеја, е ...
Албанија нема милијарда евра за да влезе во Одборот за мир за појасот Газа Албанскиот премиерот Еди Рама реагираше на Икс во врска со информациите во дел од медиумите, кои објавија дека Албанија ќе плати милијарда евра за да учествува во Одборот за мир за Појасот Газа на американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи ги како неточни и водени од политички цели. – Некои тврдења во медиумите дека Албанија ќе плати милијарда евра за влез во ...
Ракот на белите дробови е 24 пати почест кај пушачите на цигари, а двојно помалку, 12 пати почест кај пасивните пушачи, односно непосредните жртви на активните пушачи, изјави Милан Ристески за МИА, клинички онколог, кого го прашавме околу најавениот закон против пушење. -Колку никотинот е штетен, и тоа внесен во организмот во било која форма: инхалиран, преку цигара или луле, или џвакан, или пак трансдермално налепен на кожата? За среќа, во ...
Ниските температури и сезонските навики го зголемуваат крвниот притисок, особено кај постарите лица – студот ги стеснува крвните садови, срцето посилно пумпа крв, а намалената физичка активност и покалоричната храна придонесуваат за дополнителен товар на кардиоваскуларниот систем. Континуираната контрола и превенција се клучни во зима – редовното мерење на крвниот притисок, здравата исхрана, умерената физичка активност и заштитата од студот ...
Знаменитостите на Македонија Празникот Водици, познат и како Богојавление, претставува еден од најзначајните православни празници во Македонија и има длабока врска со културната меморија на македонскиот народ. Тој не е само религиозен чин туку живо сведоштво за вековната духовност, заедништво и идентитет што се пренесува од генерација на генерација. Водици го одбележува крштевањето на Исус Христос во реката Јордан, моментот кога се јавува ...
Уште една корупциска афера во ЕУ што Брисел сака да ја забошоти Она што деновиве се случи во Европскиот парламент (ЕП) не е рутинска политика. Според повеќе аналитичари и некои медиуми, во ЕП се случија „намерно прикривање и опасен сигнал дека моќта во Брисел можеби веќе ја штити корупцијата наместо да се соочува со неа“. Вака новинарката истражувачка Никита Капур од „Декоуд“ (Decode) почна да ја открива својата приказна во врска со најновата ...
Македонија на американската листа на земји на кои од денеска (21 јануари) ќе им престане обработката на апликациите за иселенички визи Без оглед што Македонија и САД повеќе од три децении негуваат блиски и пријателски односи, што во 2009 година резултираше со потпишување Декларација за стратешко партнерство, која се надгради со потпишување на Стратешки дијалог во 2024/2025 година како рамка за поинтензивна соработка, јавноста беше изненадена ...
СОБИР ВО ДАВОС ПО 56. ПАТ Америка на чело со претседателот Доналд Трамп и на внатрешен и на надворешен план е дојдена до точка од која нема враќање. Контурите на новиот светски поредок се гледаат и сега на светската јавност ѝ се дава можност, историска можност, секојдневно во живо и со слика да ги гледа конфронтациите не само на ривалите туку и на сојузниците. Особено на некогаш прокламираното цврсто евроатлантско партнерство, кое никогаш не ...