При инспекциски надзори на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) кај 23 правни субјекти кои вршат трговија на мало со тутун и производи од тутун, кај 16 правни субјекти биле затекнати количини на тутунски производи за кои тие не поседувале документи за набавка од добавувач и ги немале потребните ознаки – акцизни марки. Како што соопшти ДПИ, контролите биле извршени на 17 и 18 ноември на територија на Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево и Струга. – ...

Уште еден случај за затруено дете во Куманово, евидентира СВР Куманово. Станува збор за четиригодишно дете, кое испило повеќе таблети. Од кумановската општа болница укажуваат дека по пружената помош детето е стабилизирано и е транспортирано во Клиника во Скопје. – Ноќеска во 04:05 часот во СВР Куманово е пријавено дека во Ургентен центар Куманово за укажување на лекарска помош е донесено четиригодишно дете од Куманово, кое во домот испило ...

Високи функционери на Пентагон пристигнаа во Украина за да „разговараат за напорите за ставање крај на војната“ со Русија, соопшти американската војска. Украинската премиерка Јулија Свириденко соопшти дека се сретнала со секретарот на американската армија, Ден Дрискол, во Украина. – Оваа посета им дава важна можност на високите воени претставници што го придружуваат секретарот да ја проценат ситуацијата на терен и од прва рака да ги видат ...

Во судир на брз и патнички воз утрово во јужниот дел на Чешка повредени се 45 луѓе, од кои пет се здобиле со тешки повреди. – Во болница се примени пет потешко повредени лица, изјави портпаролката на болницата во Чешке Будејовице. Сè уште е непозната причината за судирот помеѓу двата патнички воза на пругата Чешке Будејовице – Плзен. Железничкиот сообраќај е во прекин, а на местото на несреќата има осум спасувачки екипи. – Таа пруга не е ...

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Украина не исполнува ниту еден критериум за влез во Европската унија. – Мислам дека на луѓето кои знаат како функционира ЕУ и по кои критериуми земјите стануваат членки, апсолутно им е јасно дека Украина не исполнува ниту еден од поставените критериуми. Таму нема ништо: нема демократија, транспарентен судски систем, антикорупциско законодавство – рече ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека го потпишал законот со кој се одобрува објавувања на сите истражни досиеја за починатиот сексуален предатор Џефри Епштајн. Претходно законот беше усвоен од Конгресот со 427 гласа „за“ и еден „против“ од републиканецот Клеј Хигинс од Лујзијана и од едногласно во Сенатот. Сега федералните обвинители во рок од 30 дена треба да ги објават сите недоверливи документи и записи, како и комуникациите и ...

Министерството за финансии информира дека усвоените измени и дополнувања на Законот за ДДВ нема да влијаат на начинот на кој граѓаните ги преземаат своите пратки од странство, вклучително и оние нарачани преку платформата „Тему“. – Пратките кои граѓаните ги порачуваат од „Тему“ и досега имаа пресметан ДДВ во цената на производот. Истата практика продолжува и по измените на законот – ДДВ ќе остане вкалкулиран во цената на производот, како и ...

Комисијата за селекција на кандидати за претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) што ја формираше собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата го оцени кандидатот Адем Чучуљ од Скопје, дипломиран правник и актуелен генерален секретар на ДКСК, како најуспешен во постапката за избор. Според Комисијата, Чучуљ покажал значајно искуство во спречување на корупцијата и судирот на интереси, како и јасна ...

Сѐ уште формално е активна сметката на Црвениот крст за донации за семејствата на настрадните во Кочани и во моментов на сметката има околку 11 милиони денари, изјави денеска генералниот секретар на Црвениот крст на Македонија, Саит Саити, одговарајќи на новинарско прашање. Саити појасни дека поголеми приливи на сметката не се случуваат. – Тоа што го направивме како Црвен крст ги поделивме сите средства. Во моментов на сметката на Црвениот ...

Девојка од Србија пријавила возач на такси во Скопје за допирање по телото и бакнување. Од Министерството за внатрешни работи попладнево информираат дека таа го пријавила случајот доцна синоќа. – Синоќа во 21:30 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје, 18-годишна девојка од Србија, со привремен престој во Скопје, пријави дека околу 15:15 часот, додека се возела во такси-возило на подрачјето на Гази Баба, такси-возачот ја допирал по ...

По наводите дека студенти запишани на магистерски (постдипломски) студии успеале да се пријават за доделување ваучери од 15.300 денари за купување електронски уреди, иако владиниот проект е наменет за студенти запишани на прв циклус студии, министерката Весна Јаневска денеска рече дека законот е јасен и се однесува на студентите на додипломски студии. – Уште еднаш ќе потсетам дека тоа е акција на Генералниот секретаријат (на Владата). Ние сме ...

Oсновниот суд Куманово денеска издаде наредба за дополнително супервештачење од Клиниката за психијатрија за обвинетата Вангелица Илијевска, која минатата година ги уби својот сопруг и свекор во семејната куќа во Кратово. Одлуката беше донесена по барање на oбвинителството, со образложение дека новото мислење ќе ги отстрани сите евентуални недоречености, пропусти и можни различни правни квалификации произлезени од претходното вештачење ...

Владата не размислува за нов коалициски партнер и очекува поддршка од сите во Парламентот за реформските закони, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Тој не гледа причина пратениците во Парламентот да не поддржат реформски закони и смета дека не треба да има уценување и политиканство. – Навистина не ја гледам ...

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицата Љ.П. и З.А. во својство на управители на правното лице „Тритерол петрол ДООЕЛ Скопје“, како и против самото правно лице, поради сомнение за сторени кривични дела „Фалсификување исправа“ од чл. 378 од Кривичниот Законик и „Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно – приватно ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека е прифатлив процентот од 0,35 отсто од БДП да се одвојува за судиите и обвинителите. Вели дека како држава за правосудниот систем одвојуваме повеќе од 75 проценти од земјите-членки на ЕУ. – Детално периодов го проучувам овој случај, вклучително делот со буџетот којшто се одвојува за судството и за Обвинителството. Дури и Венецијанската комисија има забелешки за ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања за тоа дали граѓаните може да очекуваат фер и правично судење за трагедијата во Кочани, одговори дека исклучува секакво политичко мешање од страна на Владата во процесот. – Не знам дали некогаш во демократска Македонија и пошироко се случило здружно обвинители и судии да нападнат претседател на Влада за кажан збор во демократска држава. Јас тоа го доживеав. Така што не ...

Во штипскиот Апелациски суд денеска со силно полициско обезбедување беа спроведени обвинетите за убиството на турскиот државјанин на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип. Обвинитети се донесени во судот, кој постапувал по жалба на обвинитети за мерката притвор. Од Апелациониот суд во Штип за МИА потврдуваат дека жалбата е разгледана и на обвинетите им продолжува мерката притвор. Инаку на 27 ноември во 9:30 во Основниот суд во Штип е закажано ...

Нов апарат за магнетна резонанца од 1,5 Тесла, два лапораскопски столбови, инструментариум, односно апаратура за користење во салите за трауматологија доби Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“. Вкупната вредност на опремата, која Клиниката ја доби со помош на Владата, е околу 90 милиони денари (1,5 милиони евра). На промовирањето на новата опрема на Клиниката денеска присуствува премиерот Христијан Мицкоски, ...

Над 58.000.000 денари – речиси 1.000.000 евра – чекаат нов сопственик во играта ЛОТО 7 на Државна лотарија. Тоа не е само бројка, туку најголемата премија во моментот понудена во игрите на среќа во Македонија. Секоја комбинација од само 30 денари може да биде можност за нов живот, за нова приказна, за нова реалност. Државна лотарија започна со приредување на игрите на 23 април 2010 година. Првото коло на Ново Лото 7/34 се реализираше на 5 мај ...

На денешното рочиште за случајот „Онкологија 2“ во Основниот кривичен суд Скопје сведочеше пациентка која примала хемотерапија и имунотерапија, опишувајќи како една од терапиите ѝ била дадена надвор од стандардната процедура и без да биде евидентирана во регистарот. Според нејзиниот исказ, деветтиот пат кога дошла на Клиниката, докторот Нино Васев ѝ соопштил дека лекот е во недостиг и дека имаат останато само три шишенца, од кое ѝ дал едно ...

Главниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, денеска соопшти дека во текот на вчерашниот ден и денеска се води предистражна постапка против лица вработени во УЈП, а на некој начин се поврзани со предметот по случајот со пожарот во дискотеката во Кочани. – Јавноста беше запознаена дека се водеше предистражна постапка за лица вработени во Управата за јавни приходи. Денеска се приведени околу десетина лица и во моментов се вршат претреси на лицата ...

Слатките се богати со шеќер и со калории и немаат висока нутритивна вредност, па често се препорачуваат нивни замени што всушност се полоши од слатките. Издвојуваме неколку намирници со кои се избегнува здебелување, како и многу системски болести. Суво овошје: Ако можеби некогаш сте помислиле дека овошјето може да биде полошо од слатките, се лажете. Сувото овошје е полно со шеќер и има доста калории, иако не изгледа така. Гранола: Кога ...

Рударството и металургијата со години се меѓу индустриските гранки што обезбедуваат значаен дел од извозот на Македонија. Често во сенка на други економски теми, статистиката покажува дека рударските компании имаат значајно влијание во формирањето на економската кондиција на Македонија. Мал удел во БДП, силно присуство во индустријата Влијанието е врз главните економски параметри – индустриското производство, девизниот прилив и трговскиот ...

Добри деветмесечни резултати на Групација Триглав, планиран понатамошен профитабилен раст во 2026-та година Групација Триглав повторно ја потврдува подобрената прогноза за годишниот деловен резултат за 2025-та година Претседателот на Управата на Заваровалница Триглав, Андреј Слапар, изјави: „Многу сме задоволни од деловното работење оваа година. Врз основа на тоа, по првото полугодие ја зголемивме прогнозата за годишниот деловен резултат пред ...

Проект „Гласот на револуционерите повторно се слуша“ на „Нова Македонија“ Кочо Солев Рацин во македонската национална меморија останува запаметен како еден од највеликите современи македонски поети, како еден од основоположниците на современата македонска книжевност, како човекот кој ја создаде стихозбирката „Бели мугри“, едно од најзначајните дела во современата македонска поезија. Но Рацин е многу повеќе од поет! Во услови кога ...

Во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје завчера беше промовирана книгата „Кривичен законик – временско важење на казнените одредби и примена на поблаг закон (1996-2026), со коментар“ од м-р Владимир Панчевски. Станува збор за прво стручно авторско дело што има систематизиран пристап кон Кривичниот законик, односно посветено на најзначајниот закон што ги штити државата, граѓанинот и правдата – Кривичниот законик на Република ...

Науката откри нови резултати од истражувања според кои мажите побрзо се заљубуваат. Според истражувањата, утврдено е дека мажите порано ѝ велат на својата партнерка дека ја сакаат – ним им се потребни 88 дена да се заљубат, а на жените 134 дена. Авторката на истражувањето, Мариса Харис, истакна дека на жените им е потребно повеќе време затоа што тие имаат различни потсвесни биолошки стандарди врз основа на кои бараат соодветен партнер и татко ...

Во „Чифте-амам“ при Националната галерија на Македонија е отворена самостојна изложба на ликовниот уметник и редовен професор на Државниот универзитет во Тетово, Сафет Спахиу, со наслов „Пурпурна имагинација“. На изложбата се изложени педесет дела од овој негов последен циклус на слики изработени во комбинирана техника. Изложбата ја отвори директорот на Националната галерија на Македонија, Али Синани, а кустос е Маја Крстевска. Изложбата ќе ...

Во морето од различни препарати, тешко е да се избере мицеларна вода што не содржи метали и опасни конзерванси. Но можете да ја направите и сами! Благодарение на дерматолозите, но и на ѕвездите од шоу-бизнисот, топ моделите и професионалните шминкери, мицеларната вода, препарат за отстранување шминка и нега на лице, последните години стана хит. Името го добила по малите масни молекули (мицели), кои се добиваат од природни шеќери. Едниот крај ...

Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, одржа презентација и јавна расправа за „Правилата за регистрација на учество на пазарот на електрична енергија и уредување на пазарот на билатерални договори“. На настанот беше презентиран и Извештајот за работа на МЕМО за тековната година. Управителот на МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски, истакна дека во тековната година активно се реализираат зацртаните цели на Операторот, кој ...

weather icon

Скопје

-9ᴼ / -9ᴼ
0.51
86%
1026
weather icon

Белград

-3ᴼ / -5ᴼ
1.03
68%
1024
weather icon

Загреб

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
77%
1021
weather icon

Софија

-10ᴼ / -10ᴼ
2.57
79%
1027
weather icon

Сараево

-5ᴼ / -5ᴼ
1.46
82%
1024
weather icon

Љубљана

-1ᴼ / -3ᴼ
1.54
91%
1023
weather icon

Атина

4ᴼ / 2ᴼ
6.71
47%
1023
weather icon

Тирана

0ᴼ / 0ᴼ
3.09
64%
1027
weather icon

Подгорица

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
59%
1027
weather icon

Букурешт

-8ᴼ / -9ᴼ
1.54
93%
1022
weather icon

Будимпешта

-2ᴼ / -4ᴼ
4.12
71%
1020
weather icon

Истанбул

0ᴼ / 0ᴼ
6.69
80%
1021
Currency

61.555

Currency

52.7416

Currency

71.0102

Currency

35.3793

Currency

38.0051

Currency

66.1354

Currency

7.56348

Currency

0.67334

Currency

0.33349

Currency

0.52452

Currency

1.224

Currency

0.5855

Родиум

313469.78

Цинк

3.10

Паладиум

59575.33

Калај

44.71

Иридиум

169549.30

Платина

75300.49

Рутениум

44946.74

Алуминиум

3.14

Злато

147759.41

Кобалт

59.52

Сребро

2703.41

Бакар

12.08