Скопје
-9ᴼ /
-9ᴼ
Во изминатите две недели мобилните царински тимови спречија повеќе обиди за криумчарење различна стока. Како што информираат од Царинката управа на Табановце биле пронајдени два употребувани фотоапарати Сони (SONY) и Канон (CANON), сокриени во автобус на релација Брисел–Скопје, вредни 87.300 денари, со избегнати давачки од 20.864 денари. Во царинската испостава Гевгелија биле откриени 662,4 квадратни метри керамички плочки од Кина кои не ...
Националната установа Ансамбл за народни игри и песни „Танец“ в среда, во 18 часот, во НУ НУБ „Св, Климет Охридски“ во просториите на новата мултимедијална читалница ќе ја промовира својата јубилејна монографија „75 години Танец“ – монографска презентација на архивската граѓа од архивот на НУ Ансамбл за народни игри и песни „Танец“. Ова значајно издание, кое го трасира богатиот пат и наследство на „Танец“ во текот на седум и пол децении, ...
Академија „Балканика Европеана“ вчера ја одржа својата свечена церемонија за доделување на наградата „Јон Карамитру 2025“ во Народниот театар во Битола, на отворањето на „Шекспир фестивал“. Наградата, која Академијата ја доделува во соработка со Романскиот институт за култура, (IRC) е именувана по Јон Карамитру — познатиот романски актер, режисер и прв претседател на академијата. По неговото заминување во вечноста, функцијата претседател на ...
Проширувањето е патување што е важно за сите нас, бидејќи сите ги споделуваме истиот континент, историја, култура и предизвици, порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во видео обраќање на „Форумот за проширување на ЕУ 2025: Заокружување на Унијата, обезбедување на нашата иднина“ што се одржува денеска во Брисел. – Ја гледаме страста на младите луѓе во земјите кандидати за членство, како и во државите членки да ...
Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица, а околу 200 беа повредени започнува утре. Првото рочиште е закажано во 9:30 часот во судницата на КПУ Идризово, со засилени безбедносни мерки и присуство на лекарска екипа. Случајот опфаќа 38 обвинети – 35 физички и три правни лица, а постапката ќе се води со темпо од две рочишта неделно. Судот апелира до медиумите за достоинствено известување без ...
Прилепскиот тутунски комбинат денеска почнува со откуп на тутунот од годинашнава реколта на 34 пунктови, најави вчера министерот за земјоделство Цветан Трипуновски при неговата работна средба во Комбинатот. -Прилепскиот тутунски комбинат е подготвен утре да го почне откупот на тутунот од годинашнава реколта и ќе ги исплаќа тутунарите двапати неделно. Ќе ги преземе договорените околу 2 300 тони тутун – изјави вчера Трипуновски. Министерот ...
Геополитичката спротивставеност меѓу светските сили отвора ново жариште на Карибите Светот повторно гледа во правец на Карибите, како историјата да се враќа на местото каде што некогаш била напишана. Шеесет и три години по Кубанската ракетна криза, тензиите растат, но овој пат Москва не стои во Куба, туку на брегот на Венецуела. Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, ѝ се заблагодари на Русија за нејзината помош во „стабилизирањето на ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека утре ќе отпатува во Турција за да ги обнови разговорите за ставање крај на војната во Украина, која трае повеќе од три и пол години. Тој ќе отпатува во Турција по денешната посета на Шпанија. – Се подготвуваме да ги обновиме преговорите и развивме решенија што ќе им ги понудиме на нашите партнери. За Украина е од огромно значење да се направи сè што е можно за да се стави крај на ...
Од анализата на шефот на француската ЦИА, Никола Лернер, за предизвиците на исламскиот фундаментализам, десет години по терористичките напади во Париз Десет години по нападите во Париз, шефот на Генералниот директорат за надворешна безбедност (ДГСЕ), Никола Лернер, повикува на максимална будност, потсетувајќи во ексклузивно интервју за „Фигаро“ дека „историјата на исламистичкиот тероризам следи циклуси“. Тој притоа предупредува дека „секојпат ...
Љупчо Давчев Ова Скопјево полека прераснува во балканска џез-престолнина. Заслугата за тоа, секако, е на „Скопскиот џез-фестивал“ и на целата таа екипа околу него, но и на сите оние мали клупчиња и групи што свират џез, а можеби најбитната, најголема заслуга му припаѓа на Македонскиот национален џез-оркестар (МНЏО), кој еве веќе еден период неуморно работи и како самостојна група, но и како поддршка на поголеми светски џез-имиња. Секоја чест. ...
Голем пожар избувна синоќа околу 23 часот во облакодерот на хрватскиот весник „Вјесник“ на Славонската авенија во Загреб, кој се шири вертикално и зафати повеќе од катовите и покривната конструкција, поради што во гаснењето се вклучени голем број пожарникари и механизација. Причината за пожарот засега не е позната, а гаснењето и санирањето на последиците се очекува да трае цел ден, јавуваат хрватските медиуми. Пожарот почна од покривот и ...
Приоритет на Министерството за здравство е децентрализација на онколошките услуги во државата, започнавме со клиниките и здравствените институции што имаат соодветни кадри и инфраструктура, изјави министерот за здравство Азир Алиу во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1, стои во соопштението од Министерството за здравство, што МИА го објавува интегрално. – Имаме веќе функционални одделенија во Битола и во Тетово. Во Градска општа ...
Американскиот претседател Доналд Трамп го поздрави одобрувањето на резолуцијата подготвена од САД во Советот за безбедност на ОН, со која се поддржува неговиот мировен план за Газа, оценувајќи го како историски пробив. – Ова ќе влезе во историјата како едно од најголемите одобрувања во Историјата на Обединетите нации, ќе доведе до понатамошен мир низ целиот свет и е момент од вистински историски размери – напиша Трамп на Трут Соушл. Советот ...
Палестинската милитантна група Хамас ја отфрли резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се поддржува мировниот план за Газа на американскиот претседател Доналд Трамп, велејќи дека таа не ги исполнува политичките и хуманитарните барања на Палестинците. – Резолуцијата наметнува механизам за меѓународно старателство врз Појасот Газа, што нашиот народ и неговите фракции го отфрлаат – објави групата на Телеграм. Мировниот план на ...
Суверенизмот ги удира темелите на новиот свет (2) За да се направи не многу опширен, но квалитетен осврт кон суверенизмот, неопходно е да се направи компаративен приод на нешто што е дијаметрално спротивно на суверенизмот: а тоа се либералната идеологија и неолиберализмот. Ние во Македонија долго време се справуваме со либералниот концепт, односно т.н. либерална демократија, со нејзините теории, нејзините програми, нејзините цели, стратегии, ...
Повод: Сто педесет и една година од раѓањето на Крсте Петков Мисирков (18.11.1874 – 26.7.1926 година), прв дел На нашата јавност добро ѝ е познато историското значење на книгата „За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков, посветена на македонската нација, македонскиот јазик и воопшто на македонската историја. Ние Македонците треба да знаеме и да паметиме дека „За македонцките работи“ е наша библиска книга, чија вредност се огледа во ...
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 23-годишник од Волково, бидејќи се обезбедено докази дека извршил други полови дејствија со девојче кое не наполнило 15 години согласно член 188 став 5 од Кривичниот законик. – Во временскиот период од мај до јули годинава, обвинетиот во својот дом принудувал петгодишно девојче на полови дејствија и и се заканувал дека не смее да му кажува за тоа на нејзиниот татко – ...
Сите компании би биле погодени доколку пукне балонот со вештачката интелигенција, изјави за Би-би-си Њуз шефот на Алфабет – матичната компанија на Гугл. Во ексклузивно интервју за Би-би-си Њуз, Сундар Пичаи рече дека иако растот на инвестициите во вештачката интелигенција (ВИ) бил „екстраординарен момент“, во сегашниот бум на ВИ има одредена „ирационалност“. Ова доаѓа во време кога во Силициумската Долина и пошироко постојат стравувања од ...
Во Македонија моментално ги реализираме најкрупните капитални проекти во изградба на патната и железничката инфраструктура на главните транспортни коридори 8 и 10. Имаме визија преку развој на инфраструктурата да придонесеме за регионален развој, за економска стабилизација и брз и сигурен транспорт кон Централна и Југоисточна Европа, истакна денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата на Економскиот ...
Дали Вреди ќе добие еден член повеќе или ќе остане со шестмина во Владата, е дел од преговорите меѓу владините партнери, вели министерот за здравство Азир Алиу вечерва во интервју за „360 степени“ на МРТ 1. На прашање за можна ротација на ресори, Алиу додава дека одлуката ќе зависи од лидерите на политичките партии. Прашан можно ли е Беким Сали да биде нов ресорен министер, на пример, за европски прашања, на местото на Орхан Муртезани, и од ...
Од вчера официјално започна аплицирањето за набавка на електронски уреди. Студентите ги добиваат ветените 250 евра или 15.300 денари за набавка на електронски уреди, лаптоп, таблет или персонален компјутер, соопшти Владата. Во соопштение утрово владината прес-служба појаснува дека оваа мерка подразбира дека сите студенти до 29 години кои имаат запишано семестар во учебната 2025/2026 на додипломски студии на државните или приватните факултети ...
Пратениците на СДСМ и Коалицијата утре ќе поднесат предлог до Собранието за надзорна расправа и формирање посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата во „Пулс“, објави вечерва претседателот на СДСМ Венко Филипче на својот Фејсбук-профил. Филипче соопштува дека на денешната координација на пратеничката група на СДСМ и раководството на партијата оцениле дека ова се неопходни чекори. – Пратениците на СДСМ и ...
Жителите на Појасот Газа кои беа префрлени во Јужна Африка тврдат дека морале да платат 2.000 долари по лице за да ги извлечат своите семејства од опустошената палестинска енклава. Двајца жители на Газа потврдија за британските медиуми дека биле меѓу групата од 130 Палестинци на кои минатата недела им бил дозволен влез од Јужна Африка откако биле евакуирани со автобус од Појасот Газа и пристигнале со авион во Јоханесбург по слетувањето во ...
Институциите при Министерството за финансии ги почнаа контролите на ИПАРД 2 и ќе се воведат контролни механизми за да се зајакне процесот – изјави министерот за земјоделство Цветан Трипуновски кој денеска беше во Тутунскиот комбинат Прилеп пред почетокот на откупот на тутунот. Владата, посочи, е таа што ги стопира средствата од ИПАРД 3 програмата и таа ќе ја симне блокадата откако ќе завршат проверките. Трипуноски не можеше да прецизира до ...
Поради силен јужен ветер што го зафати скопскиот регион, два авиона се пренасочени да слетаат на приштинскиот аеродром, соопшти вечерва Дирекцијата за заштита и спасување. Од ДЗС информираат дека два други авиона сѐ уште кружат и чекаат инструкции за слетување на Меѓународниот аеродром Скопје. Надлежните ја следат состојбата и апелираат патниците да ги следат информациите од авиопревозниците и од аеродромските служби. Според информациите од ...
Дијана Хрка објави дека го прекинува штрајкот со глад пред собранието на Србија во Белград што траеше 16 денови. – Кога реков дека се оградувам од студентите и граѓаните, ме разбраа погрешно. Се оградив за никој да не штрајкува со мене. Ќе ги повикам студентите и граѓаните на состанок за да се договориме, добив благослов од двајца свештеници да го прекинам штрајкот, од медицинските работници, од децата повик да го прекинам штрајкот со глад. И ...
Вооружени лица нападнаа средно училиште во северозападна Нигерија и киднапираа 25 ученички, убија една вработен и ранија друг, соопшти полицијата. Полицијата соопшти дека девојчињата од интернатот биле земени од нивните соби во 4 часот утринава. Училиштето се наоѓа во Мага, во областа Данко-Васагу во државата Кеби, пренесуваат американските медиуми. Портпаролот на полицијата, Нафиу Абубакар Котаркоши, изјави дека напаѓачите биле вооружени со ...
Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се зголемува за половина денар – одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,23 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 75,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за ...
Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Пехчево денеска реализираше две интервенции на територијата на општината, соопштија од друштвото. Првата интервенција, како што информираат пехчевските пожарникари, била во селото Чифлик, по добиен повик околу 15 часот. – На терен интервенираа тројца пожарникари со едно возило, при што пожарот беше локализиран и спречено е неговото ширење – информираа од ДПД Пехчево. Втората интервенција се случила ...
Сопствениците на најбројните бензински пумпи во Србија, по Нафтената индустрија на Србија (НИС), денеска објавија дека ќе има доволно гориво до 1 декември, а потоа, доколку рафинеријата во Панчево, што работи како дел од НИС, престане да преработува нафта поради санкции, снабдувањето на потрошувачите ќе биде неизвесно. НИС објавија дека доколку протокот на сурова нафта не се обезбеди до тој датум, ќе ја прекинат испораката на нафтени ...