Британските вооружени сили извршија ретка операција во каналот Ламанш, пресретнувајќи танкер што, според Лондон, припаѓа на руската „флота во сенка“. Операцијата за која британскиот премиер Кир Стармер изјави дека лично ја нарачал доби пофалба и од претседателот на Украина Володимир Зеленски. Снимките објавени од британското Министерство за одбрана покажуваат вооружени маринци како од хеликоптер се спуштаат со јажиња на палубата на танкерот ...
Британски маринци денеска пресретнаа танкер кој наводно ѝ припаѓа на таканаречената руска „флота во сенка“ во каналот Ламанш, објави британскиот премиер Кир Стармер. На маринците во операцијата им се придружиле и офицери од Националната агенција за борба против криминалот (НЦА), поддржани од Кралските воздухопловни сили (РАФ). Ова е прва таква операција на британските вооружени сили, вели Стармер. Министерството за одбрана соопшти дека ...

