Посетата на шефот на германската дипломатија на земјава претставува јасна потврда за силната германска поддршка на европската перспектива на регионот и уште еднаш ја потврдува важноста што Германија ѝ ја придава на регионот на Западен Балкан, а особено на нашата држава. Ова го истакнал министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на средбата со министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Јохан ...

Вчера во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје беше промовирана книгата „Кривичен законик – временско важење на казнените одредби и примена на поблаг закон (1996-2026), со коментар“ од м-р Владимир Панчевски. Станува збор за прво стручно авторско дело што има систематизиран пристап кон Кривичниот законик, односно посветено на најзначајниот закон што ги штити државата, граѓанинот и правдата – Кривичниот законик на Република ...

Различни аршини и реакции на актуелен Брисел за практиките на издавање државјанства на Балканот Државјанството и пасошот одамна престанале да бидат само правни категории. Тие одамна се ставени во функција на докажување културна врска и се инструмент за политичко влијание. Во современиот свет, тие се и економски ресурси што државите ги користат за да ги остварат своите интереси, да привлечат капитал, да изградат дипломатски мостови или да ...

Со решителноста на младите да бидат вклучени во процесот на европска интеграција ќе се одлучува европската иднина на Западен Балкан, а не во Брисел, беше оценето денеска на конференцијата „Млади од Западен Балкан и ЕУ“. Регионалната академија за развој на демократијата, во соработка со партнерски организации од Западен Балкан, организира дводневна регионална конференција (19-19 ноември) – „Млади од Западен Балкан и Европската унија: ...

Собирањето податоци од различни извори за сексуалната експлоатација и злоупотреба на децата се клучни за обликување подобри политики за превенција и спречување на ваквите појави и повикување на одговорност на сторителите на овие дела – порача генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе. – Многу држави се уште собираат само основни податоци за кривичната правда или не успеваат да ги користат соодветно. Фактите и бројките не смеат да ...

Премиерот Христијан Мицкоски го повтори ставот за добивање гаранции на патот на земјава кон ЕУ, со цел да нема нови условувања од страна на Бугарија. Вели дека оваа ситуација е наследена од претходната влада и според него, катастрофално водените политики не можат преку ноќ да се исправат. -Кога некогаш на меѓународна сцена се прават исклучоци, тогаш тие можат да испровоцираат поголеми катастрофи кои потоа ќе се повикуваат на тие исклучоци. Во ...

Премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во „Топ тема“ на „ТВ Телма“ се осврна на работата на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, потенцирајќи дека ниту тој лично ниту јавноста не е задоволна од неговата работа и логичен слет на настани би било негова смена. -Кога разговараме и кога ви велам дека не сум задоволен лично јас, но и јавноста од работата на јавниот обвинител, тогаш логичен след на настани после така јавно искажан збор е ...

Не се размислува за зголемување на старосната граница за пензионирање – потврди вечерва премиерот Христијан Мицкоски, додавајќи дека има можност во некои сектори за доброволно продолжување на работниот стаж, како во високото образование на пример. Мицкоски рече дека се прават анализи за реформи во неколку сектори. – Анализираме неколку модели, во неколку делови од општеството – здравствениот, социјалата, апсолутно како дел од социјалата би го ...

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва во „Топ тема“ на „Телма телевизија“ говорејќи на тема судство и обвинителство истакна дека судиите во земјава бараат судски буџет далеку над европскиот просек, дури 75 отсто повеќе, но, вели, кои резултати ги покажале судиите за да го добиваат тој буџет, и затоа не гледа причина за зголемување на таа сума. -Ако зборуваме за буџетот една анализа да презентирам за македонските граѓани. Ова е европски ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски вечерва изјави дека лично смета оти судскиот процес за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани мора да се одвива без политичко влијание, но предупредува дека има одредени политички партии кои, како што вели, се обидуваат да ја злоупотребат маката на оние што ги загубија своите најмили. – Лично мислам дека мора така да биде, не може да биде поинаку. Е сега има тука одредени политички ...

Прилепската болница „Борка Талески“ потрошила средства без почитување на релевантната законска регулатива, особено во спроведувањето на јавните набавки со неправилности во благајничкото работење, односно при располагање со средствата во готово, утврдил Државниот завод за ревизија со ревизијата направена за 2024 година. Државниот завод во извештајот изразил неповолни мислења во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и ...

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска во изјава за медиумите истакна дека тие ќе ги прифаќаат барањата на СДСМ и Левица за надзорна расправа и Анкетна комисија за трагедијата во Кочани, но, како што рече, да биде проширена и со другите трагедии. – Ние соопштивме дека треба прво да почекаме да заврши судењето, па потоа да влеземе во ваква операција. Но, со пглед на тоа дека вчера и СДСМ и Левица укажаа дека ќе поднесат такво ...

Владата секогаш ќе стои во заштита на македонскиот јазик, идентитет и историја, порача денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во одговор на прашање од пратеникот Реџеп Исмаил за заклучоците од работата на Мешовитата комисија за образовни историски прашања со Бугарија. Муцунски во одговорот рече дека можеби е случајност „координираниот напад кон него од бугарскиот копретседавач со Комисијата Ангел ...

Делови од глобалната Интернет мрежа денеска не работат или работат со чести прекини поради технички проблем во Клаудфлер (Cloudflare). Посетителите на веб-страниците пријавуваат грешка која укажува дека проблемите на Клаудфлер значат дека страницата не може да се отвори. Клаудфлер е клучна компанија за интернет инфраструктура која обезбедува услуги како што се мрежа за испорака на содржина (CDN), заштита од DDoS напади и подобрување на ...

Во Собранието денеска почна со работа Комисијата за селекција на кандидатите за избор на претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата во состав на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. За претседател на ДКСК пријавени се 10 кандидати. Претседателот на Комисијата, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски информира дека в петок ќе биде свикана седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) го финализираше Планот за реконструкција на згради кои ги користат лицата од јавниот сектор на државно ниво за периодот 2025–2028 – документ кој поставува јасна, тригодишна рамка за најобемната енергетска обнова на институции во земјата досега. Планот веќе е усвоен од Владата, по процес на усогласување со вкупно 33 институции, информираат од ресорното министерство. – Овој ...

Канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска го поздрави мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Појасот Газа, откако Советот за безбедност на ОН усвои резолуција со која се поддржува планот на Трамп. – Веруваме дека планот на претседателот Трамп ќе донесе мир и просперитет бидејќи нагласува целосна демилитаризација, разоружување и дерадикализација на Газа. Израел им подава рака на мир и просперитет на ...

Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп изјави дека е подготвен да изврши напади во територијата на Мексико доколку е потребно за да се спречи криумчарењето нелегални наркотици во САД. – Дали би наредил напади на Мексико за да ја запреме дрогата? За мене тоа е во ред. Што и да е неопходно за да ја запреме дрогата. Го набљудував Мексико Сити за време на викендот. Таму има сериозни проблеми – рече претседателот на САД вчера ...

Бројот на жртвите од неодамнешниот пожар во Домот за пензионери во Тузла се искачи на 17, откако во изминатите 24 часа починаа уште две лица. Станува збор за две кориснички на Домот кои беа хоспитализирани во Универзитетско-клиничкиот центар Тузла (УКЦ). – Во моментов во УКЦ на хоспитализација се двајца пациенти на Клиниката за интерни болести – соопштено е од тузланскиот УКЦ, пренесува сараевскиот портал „Кликс“. Од Обвинителството на ...

Светот во овој момент мора навистина длабински да се подготви за промените кои следуваат, а ние да направиме максимален напор да ги мобилизираме сите наши сили, сè што можеме да искористиме за да имаме квалитативен, повисок одговор на она што ќе ни се случи во блиска иднина – огромна промена во профилот на работната сила, бран на технолошки иновации, изјави Антони Пешев, извршен директор на Стопанската комора на Македонија која денеска ...

Кон крајот на месецов ќе почне јавна расправа за неколку закони кои се изработени од телото што МОН го формираше за реформи во високото образоание. Како што соопшти денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, нацрт-верзиите се готови, но поради изборите и, како што рече, за да не се сфати тоа како притисок, не биле ставени на ЕНЕР или на јавна дискусија. -Телото за реформи во високото образование интензивно работеше целата ...

Во Тутунскиот комбинат Прилеп започна откупот на тутунот од годинашната реколта. Отворени се 34 откупни пунктови со 37 ваги. Во откупниот пункт во градот преземени се незначителни количества тутун. Динамиката на откупот, вели директорот Александар Алексовски, ќе се зголемува во наредните денови. – Се надевам дека тутунарите ќе бидат задоволни од проценката и од исплатата на тутунот што ќе се врши двапати неделно. Тутунски комбинат е подготвен ...

Општина Аеродром информира дека воведува мерка за целосно ослободување од комуналии за сите млади до 35 години што го градат, го доградуваат или го надградуваат својот прв дом. Со оваа мерка, што се однесува за делот од комуналиите во надлежност на Општина Аеродром, како што информираат од општината, младите добиваат значително финансиско олеснување и силна поддршка при нивниот животен чекор кон обезбедување сопствен дом. Мерката беше ...

Унгарија го квалификува како нелегално решението на ЕУ за укинување на увозот на руска енергија Советот на Европската Унија минатиот месец одобри план за прекин на увозот на руски гас до 2028 година. Мерките бараат краткорочните договори да завршат во рок од шест месеци, а сите преостанати испораки на цевководи и течен природен гас (ЛНГ) да завршат до крајот на 2027 година. Неколку земји од ЕУ, вклучувајќи ги Унгарија и Словачка, го ...

Есенските економски проекции на Европската комисија, кои што се објавени вчера, се јасен сигнал дека се движиме во позитивна насока, оценува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Во објава на Фејсбук таа наведува дека проекцијата за раст на македонската економија е зголемена за 2025 и 2026 година, што, како што вели, е потврда за стабилноста, издржливоста и довербата во нашите економски политики. Таа нагласува оти во ...

Поради интензивни врнежи од дожд во делови од Западна Македонија, особено во Полошкиот регион и Општина Тетово, забележани се проблеми со апсорпцијата на атмосферските и фекалните канализации во урбаните делови на градот, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Ова, како што велат, довело до задржување и создавање водени површини под подвозниците и надвозниците. Од ЦУК апелираат за зголемена внимателност при движење низ улиците ...

Ако косата почне да опаѓа во бранови, со промени на кожата или расположението, вашето тело можеби ви испраќа порака дека е време да ги проверите хормоните. Опаѓањето на косата е проблем што ги зафаќа и жените и мажите, но причините не се секогаш исти. Додека стресот, лошата исхрана и неадекватната нега се чести виновници, сè повеќе стручњаци предупредуваат дека зад засиленото губење на косата често стојат – хормонски промени. Ендокринологот ...

За првпат во Македонија, во рамките на Меѓународниот натпревар „Пијано клавиш“, се организира избор на Млад пијанист на годината на Македонија за 2025. Овој настан, според м-р Светлана Димитриевска, раководител на одделот за пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ и еден од организаторите на натпреварот, ќе донесе нова свежина на полето на музичката култура и уметност, ќе биде поттик за сите млади пијанистички надежи, како и мотив за успеси и ...

Цените во земјоделството во октомври 2025 година во однос на октомври 2024 година се намалиле за 3,2 отсто кај растителното производство, а се зголемиле за 3,7 проценти кај добиточното производство, информира Државниот завод за статстика. Анализите покажуваат дека цените во земјоделството во октомври 2025 година, споредени со цените во октомври 2024 година, бележат намалување кај аутпутот, а зголемување кај инпутот. – Цените во ...

Динамиката на процесите на дигиталната трансформација, нивниот опфат и значењето за граѓаните Апликацијата м.Услуги ќе им овозможи на граѓаните електронски пристап до лична карта и возачка дозвола, а целта е сите јавни услуги да станат достапни онлајн. Тоа го истакна министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Министерот укажа дека веќе има готова тест-верзија на м.Услуги, со над две илјади симнувања во првите 24 часа, но се ...

weather icon

Скопје

-9ᴼ / -9ᴼ
1.03
86%
1026
weather icon

Белград

-3ᴼ / -4ᴼ
1.54
76%
1023
weather icon

Загреб

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
76%
1020
weather icon

Софија

-9ᴼ / -9ᴼ
2.06
79%
1027
weather icon

Сараево

-6ᴼ / -6ᴼ
1.42
83%
1023
weather icon

Љубљана

-3ᴼ / -3ᴼ
2.57
92%
1022
weather icon

Атина

5ᴼ / 2ᴼ
5.36
46%
1023
weather icon

Тирана

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
74%
1027
weather icon

Подгорица

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
69%
1027
weather icon

Букурешт

-7ᴼ / -10ᴼ
2.24
87%
1023
weather icon

Будимпешта

-3ᴼ / -4ᴼ
2.57
71%
1020
weather icon

Истанбул

0ᴼ / 0ᴼ
6.69
64%
1022
Currency

61.555

Currency

52.7416

Currency

71.0102

Currency

35.3793

Currency

38.0051

Currency

66.1354

Currency

7.56348

Currency

0.67334

Currency

0.33349

Currency

0.52452

Currency

1.224

Currency

0.5855

Цинк

3.10

Рутениум

44946.74

Бакар

12.08

Родиум

313469.78

Кобалт

59.52

Калај

44.71

Сребро

2703.41

Злато

147759.41

Платина

75300.49

Алуминиум

3.14

Иридиум

169549.30

Паладиум

59575.33