На денешната редовна седница на Управниот одбор на ЗЕЛС беа разгледани актуелните предизвици со кои се соочуваат општините, при што беа донесени повеќе значајни одлуки во интерес на граѓаните и локалната самоуправа, информираат од Град Скопје. Како една од клучните мерки, Управниот одбор донел одлука за формирање кризен противпожарен штаб при ЗЕЛС, со цел поефикасна координација меѓу општините и институциите во справувањето со евентуални ...

СОС Детско село и Мото клуб „Вепар“ го одбележаа Меѓународниот ден на семејството со мото дефиле што испрати хумана порака за поддршка на децата и младите без родителска грижа. По повод 15 мај – Меѓународниот ден на семејството, СОС Детско село и Мото клуб „Вепар“ организираа мото дефиле низ Скопје, испраќајќи порака за важноста на семејството во развојот на секое дете. Дефилето започна од Градскиот парк, со учество на повеќе од 100 ...

Шпекулациите за можното враќање на Мануел Нојер во германската репрезентација пред Светското првенство беа главна тема во локалните медиуми во последните денови, а сега пристигна потврда од добро информирани извори. Според познатиот германски спортски новинар Флоријан Плетенберг, селекторот Јулијан Нагелсман донел одлука да ја врати легендата на Баерн во националниот тим. Плетенберг тврди дека Нагелсман му се јавил на Оливер Бауман и му ...

Антонио Конте ќе го напушти Наполи по две години, во кои му ја донесе на клубот четвртата титула во италијанското првенство во историјата, пишува „Скај Италија“. Се очекува клубот официјално да го потврди збогувањето со тренерот на последниот домашен натпревар од сезоната на стадионот „Диего Армандо Марадона“. Информацијата дека Конте заминува, иако има важечки договор до летото 2027 година, доби големо внимание во јавноста. Според ...

Екипите на ФК Силекс и ФК Шкендија утре од 20 часот на Националната арена „Тодор Проески“ ќе се соочат во финалето од Купот на Македонија, натпревар кој ќе го даде последниот трофеј сезонава и место на европската сцена. За Силекс ова е можност успешната сезона да ја круниса со трофеј, откако шампионатот го заврши на четвртата позиција. Тренерот Александар Васоски очекува тежок и неизвесен дуел против искусниот состав на Шкендија. „За нас ...

Рубен Аморим е првиот кандидат да го замени Жозе Мурињо на клупата на Бенфика, пишуваат португалските медиуми. Поранешниот играч на великанот од Лисабон моментално е надвор од терените откако беше отпуштен од Манчестер Јунајтед оваа сезона. Се очекува двете страни брзо да постигнат договор. Аморим играше за Бенфика од 2008 до 2017 година. Интересно е што Аморим забележа брилијантни резултати како тренер на градскиот ривал Спортинг. Во ...

Петтото издание на фестивалот за млади таленти „ВИВАЛДИЈАДА 2026“ ќе се одржи на 7 јуни 2026 година во Националната опера и балет во Скопје, со почеток во 20:00 часот, во организација на уметничкиот центар „ПОЛИФОНИЈА“. „ВИВАЛДИЈАДА“ е уникатен проект-фестивал чија главна цел е промоција на македонската култура и уметност, во синергија со европското музичко наследство. Фокусот е насочен кон младите инструменталисти кои преку работилници и ...

Покрај Захара, Анџелина Џоли и Бред Пит имаат уште пет деца, близнаците Вивиен и Нокс, ќерката Шајло, како и синовите Пакс и Медокс. Ќерката на холивудските ѕвезди Анџелина Џоли и Бред Пит, Захара Џоли, ги заврши студиите по психологија на престижниот колеџ Спелман во Атланта, а вниманието на јавноста го привлече моментот кога беше претставена без презимето на нејзиниот татко за време на церемонијата на дипломирање. Дваесет и едногодишната ...

Полицијата уапси косовски државјанин кој возел со 203 километри на час на место каде дозволената брзина е 120 километри на час. Според информациите на МВР, вчера вечер, на автопат А1 кај клучка Смоквица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода косовскиот државјанин Б.Т.(30). „При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Б.Т. управувал патничко возило „ауди а6“ со косовски ...

Утрово во 01:45 часот во СВР Скопје, Н.Ш.(41) од с.Кондово, скопско, пријавил дека на 18.05.2026 околу 21:30 часот пред неговиот дом Б.И.(18) физички го нападнал, го удрил со кундак од пиштол и му нанел повреда. Според пријавеното, претходно во текот на денот неговата малолетна ќерка имала расправија со друга малолетничка. Откако забележал дека во наведеното време Б.И. со уште едно лице ја држат неговата ќерка за врат, се обидел да ги ...

Синоќа во 19:15 часот во СВР Скопје, О.С.(45) од Скопје пријавил дека околу 14:30 часот во средно училиште на подрачјето на Карпош, неговата 17-годишна ќерка била физички нападната од нејзин соученик. Тој според пријавеното подолг период психички ја малтретирал. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Синоќа во 19:15 часот во СВР Скопје, О.С.(45) од Скопје пријавил дека околу 14:30 часот во средно училиште ...

Вчера околу 15:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Јурумлери, скопско, на крстосница од регионален пат Скопје-Велес и општински пат с.Јурумлери-с.Долно Лисиче се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И.(44) од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од М.П.(33)од с.Идризово, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, ...

Преставникот на руската државна дума од регионот Новосибирск и член на Комунистичката партија на Руската Федерација, Ренат Сулејманов, изјави дека Русија мора „што поскоро да ја заврши специјалната воена операција во Украина“, бидејќи руската економија „нема да преживее долгорочна специјална воена операција“. Сулејманов го изјави ова во интервју за порталот од Новосибирск, Континент Сибири. Според него, дури 40 проценти од федералниот буџет ...

Германија внимателно ја следи посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Кина, но во Берлин не очекуваат дека тоа ќе донесе фундаментална промена во односите меѓу Москва и Пекинг, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц. На заедничката прес-конференција со швајцарскиот претседател Ги Пармелин во Берлин, тој рече дека германските власти го анализираат не само престојот на Путин во Пекинг, туку и пораките претходно разменети за време ...

Воен авион на НАТО денес собори дрон во Естонија, за кој се верува дека е лансиран од Украина, изјави естонскиот министер за одбрана Хано Певкур. Во интервју за порталот „Делфи њуз“, Певкур потсети дека ова е последното во низата повреди на воздушниот простор во земјите што граничат со Русија, објавува Ројтерс. Од март, неколку украински воени дронови залутаа во воздушниот простор на земјите-членки на НАТО: Финска, Латвија, Литванија и ...

„Вреди“ на дело докажува дека политиката ја разбира единствено како обврска за носење решенија, а не како платформа за празни зборови и бескрајни ветувања. Нашата мисија е јасна, институционално да ги исправиме неправдите кои со децении беа наталожувани како последица на половични решенија и политички пазарења од минатото, истакнуваат од оваа партија. „Студентите и младите генерации се нашето најголемо богатство и нивна обврска е да учат, да ...

Во населбата Црниче, Општина Кисела Вода, започна со работа новиот Едукативно-терапевтски центар „Ајнштајн“. Овој центар нуди нова, современа и специјализирана социјална услуга, наменета за индивидуална работа со деца и млади со различни развојни и интелектуални тешкотии, специфични тешкотии во учењето и говорно-јазични потешкотии. Центарот ќе нуди секојдневна поддршка, преку логопедски и дефектолошки третмани. Услугата е целосно бесплатна, ...

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска учествуваше на редовниот состанок на Воениот комитет на НАТО во формат на началници на Генералштабови на земјите членки на НАТО и партнерските држави, кој се одржа во седиштето на Алијансата во Брисел, Кралството Белгија. На состанокот, со кој претседаваше претседателот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Џузепе Каво Драгоне, се дискутираше за актуелната ...

Според СДСМ, ВМРО-OКГ, како што велат, продолжува со своето тотално лицемерие. „Слават Ден на Европа, а се против ЕУ. Прават антиевропска кампања, а слават Ден на Европа. Работат за руски интереси, а слават ЕУ која воведе санкции против Русија. Слават НАТО, а беа против Преспанскиот договор и влезот во НАТО. Правеа се да не влеземе во Алијансата, а сега велат дека е „феноменална работа“. На крајот слават и Ден на државноста на државата која ...

Претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Жаклина Пешевска, денеска, оствари средба со д-р Аким Али, претставник на СЗО во Република Северна Македонија, на која се разговараше за продолжување на соработката во борбата против насилството врз жените и девојчињата и за јакнење на институционалниот одговор. Во разговорот беше истакната важната улога на Комисијата, која има одржано надзорна расправа, вклучително и ...

Граѓаните добија уште едно јавно и многу јасно признание од организираната криминална група на Христијан и ВМРО, а тоа е дека во владата врие од луѓе со бугарски пасоши. Одбија да го прифатат предлог-законот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, со кој премиерот, вицепремиерите, министрите и членовите на Владата не би можеле да имаат двојни државјанства, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Тој вели дека не го поддржале предлогот ...

Со одржувањето на 11-от Форум на Јадранско-јонската иницијатива (AII) и Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион (EUSAIR), што се одржа во Скопје, државата успешно го заокружи своето едногодишно претседателство со AII/EUSAIR за периодот 2025–2026 година, информираат од МНР. Форумот, кој обедини високи претставници на владите, европските институции, регионалните организации, академската заедница, граѓанскиот сектор и младите, ...

Најостро реагирам на обидот, полагањето на правосудниот испит да се претвори во поле за политички притисок и етничка конфронтација. Правосудниот испит не е прашање на политика, туку прашање на стручност, професионалност и почитување на правниот поредок на државата. Обидите да се прикаже законската обврска за познавање на македонскиот јазик како дискриминација се опасна манипулација со јавноста и директен удар врз уставниот поредок, реагира ...

Тешка срамота е во што се претвори некогаш важната СДС. Од партија што барем глумеше сериозност, денес остана политичка група што држи прес-конференции како да е комбинација од театар на апсурд и ефтина претстава, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ, Венко Филипче. „Порелевантни се информациите за временска прогноза отколку пресовите на лидерот на СДС. Следно е да излезе со драматична конференција за ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање порача дека наместо креирање поделби и отворање вештачки теми, Мицкоски треба да одговори зошто не ги става Бугарите и другите малцинства во Уставот и зошто не ги продолжува преговорите со Европската Унија. „Зошто не ги става Бугарите во Уставот и другите малцинства и да ги почне преговорите со Европска Унија? Каков е ризикот од Уставните измени? Од што тој се плаши? ...

Изјавата на ВМРО- ДПМНЕ дека Владата бара „законско решение“ за полагањето на правосудниот испит, кое наводно ќе било во согласност со Уставот и препораките на Венецијанската комисија, претставува уште еден обид за заобиколување и саботирање на Законот за употреба на јазиците, оценуваат во ДУИ. Проблемот, како што велат, не е во недостаток на законско решение. Според ДУИ, решението веќе постои во самиот Закон за употреба на јазиците, ...

„Македонија предолго живееше со страв да не навреди некого ако се сака себеси“, рече министерот за култура и туризам Зоран Љутков на одбележувањето на 150-годишнината од Разловечкото востание во с. Разловци. На свеченоста по повод јубилејот, министерот истакна дека Разловци претставува „највисок пантеон на македонскиот опстој“ и симбол на непокорот што, како што рече, „никој не успеал да го замолчи“. Во своето обраќање, нагласи дека ...

Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска одржа седница со единствена точка на дневниот ред – Јавна расправа за претставување на кандидатите кои ги исполнуваат условите по Огласот за избор на член на Судскиот совет. Претседателот на Комисијата, Ѓорѓија Сајкоски, пред почетокот на претставувањето на кандидатите информираше дека седум од вкупно десет пријавени кандидати ги исполнуваат законските услови предвидени во огласот. На ...

Семејните и личните интереси на обвинителите Коларевиќ и Абази, ги амнестираше осомничените блиски до СДС и ДУИ за случајот „Мазут“ вреден 167 милиони евра, вели Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Не беа доволни извештаите на ДЗР, не беа доволни докази од МВР, не беше доволно тоа што се труеше народот, но доволно беше за Коларевиќ и Абази, некој од врхушките на СДС и ДУИ, да им соопшти дека треба да се прекине со обвинителската постапка. ...

Јувентус по натпреварот со Фиорентина (0:2), по кој „старата дама“ речиси остана без шанси да се пласира во Лигата на шампионите следната сезона, реши парично да ги казни капитенот Мануел Локатели и напаѓачот Душан Влаховиќ. Атмосферата во тимот од Торино ескалираше целосно, па нервозата од теренот се пренесе и на односите меѓу соиграчите. За време на натпреварот, имаше и вербален конфликт меѓу Душан Влаховиќ и Мануел Локатели, што ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
0.21
49%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
1.76
92%
1015
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
2.22
84%
1014
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
1.47
50%
1015
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
5.62
72%
1013
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
0.45
87%
1014
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
0.45
61%
1014
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.16
56%
1014
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.56
58%
1014
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 18ᴼ
4.92
76%
1011
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 16ᴼ
2.68
55%
1014
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
2.97
62%
1013
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Сребро

2186.28

Алуминиум

3.54

Родиум

257205.97

Калај

53.60

Кобалт

45.39

Паладиум

40767.15

Иридиум

253540.09

Злато

135639.33

Бакар

13.01

Платина

55170.68

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00