Францускиот претседател, Емануел Макрон, повика на построга регулација на криптовалутите за да се спречи тие да станат „нов Див Запад“ што би можеле да го искористат криминалци и терористи. Макрон ги даде забелешките на конференцијата „Нема пари за терор“ за финансирање на тероризам, што се одржа во француското Министерство за финансии во Париз. „Нема одржлив, мирен свет, нема регулација и нема финансиска стабилност за нашите земји ако ...

Започна доградбата на ООУ „Јоаким Крчоски“ во Ѓорче Петров. Се очекува проектот да заврши за една година. На означувањето на почетокот на градежните активности присуствуваше премиерот, Христијан Мицкоски, заедно со градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски и претставници на училиштето. Проектот има особено значење, бидејќи се реализира во година кога училиштето одбележува 80 години постоење и воспитно-образовна дејност ...

Во заедничката изјава по самитот во Пекинг, кинескиот претседател Ши Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин остро ја осудија американската нуклеарна политика и планираниот ракетен одбранбен систем „Golden Dome“ на претседателот Доналд Трамп, оценувајќи го како закана за глобалната стабилност. Тие, исто така, го критикуваа Вашингтон за истекувањето на последниот нуклеарен договор во февруари, откако Трамп не одговори на рускиот предлог ...

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) обвини дека премиерот Христијан Мицкоски и министерот за правда Игор Филков, намерно го кочат процесот за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски од Унгарија. Од партијата прават паралела со актуелните случувања во Будимпешта, каде што новиот унгарски премиер Петер Маѓар открива детали за бегството на полски министер кој имаше заштита од Виктор Орбан, а сега преку Србија пребегал во ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на проектот Градски воз кој од 1 септември започнува со изградбата на првата линија и што тоа ќе значи тоа за Скопје, изјави: „Тоа ќе значи нов еколошки транспорт за голем дел граѓани коишто имаат дневна рутина да се движат кон центарот на градот на потегот од Зелениково преку Драчево, Лисиче, Аеродром до Транспортен центар. Бидејќи во текот на зимските месеци, ...

ВМРО-ОКГ и Христијан Мицкоски за само две години ја задолжија Македонија со 2,3 милијарди евра. Вкупниот државен долг веќе достигна 11 милијарди евра, а сега сакаат нови кредити за нови тендери плус уште 260 милиони евра кои ќе ги враќаат нашите деца, велат од СДСМ. „Овие пари не се за развој на државата – тие се за нови тендери на организираната криминална група. Не даваме нови задолжувања. Нема да ни ги претворите децата и внуците во ...

Премиерот, Христијан Мицкоски, кажа дека следната недела ќе има средба со вицепремиерот, Арбен Фетаи, за кој многу медиуми пишуваат дека не се појавува на работа. Мицкоски не одговори дали Фетаи доаѓа на работа и зема плата, но потврди дека тој уште е вработен во Владата. „Вицепремиерот Арбен Фетаи и јас следната недела ќе имаме состанок. После тој состанок многу работи ќе бидат појасни. Официјално тој е потпретседател на Владата за добро ...

Американецот со македонски пасош, кошаркар на Панатинаикос, Ти-Џеј Шортц, е цел на Хапоел Тел Авив. „Израел Хајом“, тврди дека Хапоел сака да го доведе Шортс бидејќи верува дека мали се шансите да ја добие трката за потписот на плејмејкерот на Валенсија, Жан Монтеро. Монтеро, репрезентативец на Доминиканската Република е член на идеалната петорка на Евролигата, како и МВП на четвртфиналето од плејофот. 22-годишникот веќе ја изрази својата ...

Премиерот, Христијан Мицкоски, даде краток коментар во врска со аферата за шпионажа во кабинетот на претседателката, Гордана Сиљановска – Давкова. Тој кусо рече дека станува збор за „глодари“ и за „шпионски талог во општеството“. Мицкоски го спомена и шефот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази, за кој рече дека шири паника во јавноста. „Тоа се шпионски талог на општеството, структури од минатото коишто ...

Советот на јавни обвинители предводен од Башким Бесими, роднина на поранешниот функционер на ДУИ и поранешен министер за финансии, Фатмир Бесими, се стави во одбрана на обвинителите Абази и Коларевиќ за случајот „Мазут’’ вреден 167 милиони евра, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков. „Советот на јавни обвинители не смогна сили да излезе од политичкото мочуриште со кое владее ДУИ, односно Али Ахмети и неговите партнери. Наместо да ...

Новото задолжување од 260 милиони евра кое Владата на Христијан Мицкоски се обидува да го претстави како „финансиски успех“, всушност е уште еден доказ дека државната каса е испразнета од расипничко, нетранспарентно и неодговорно работење, обвинија од Левица. Од партијата велат дека „додека министерката за финансии зборува за доверба на меѓународните пазари, граѓаните треба да знаат дека ова не е евтин кредит, туку скапо комерцијално ...

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, вчера им рече на Американците дека војната на претседателот Доналд Трамп против Иран нема да стане „вечна“, користејќи брифинг во Белата куќа за да ги одбрани политиките на Трамп, додека шпекулациите за неговиот потенцијален наследник се интензивираат. Заменувајќи ја портпаролката Каролина Ливит, која е на породилно отсуство, Венс помина речиси еден час одговарајќи на прашања од новинарите со умерен тон ...

Австралиската поп-ѕвезда Кајли Миног во новиот документарен филм на Нетфликс откри дека во 2021 година по вторпат ѝ бил дијагностициран рак на дојка, но дека овој пат одлучила својата борба да ја води далеку од очите на јавноста. Во триделната документарна серија насловена „Кајли“, 57-годишната пејачка детално зборува за причините за ваквата одлука, која значително се разликувала од нејзиното прво, јавно соочување со болеста во 2005 година. ...

Европската Унија од денес воведува нови правила за дигиталните платформи за краткорочно изнајмување сместувачки капацитети, во обид да воведе поголем ред и транспарентност во сектор кој силно порасна во последните години, но во исто време го зголеми притисокот врз домувањето и локалната инфраструктура во бројни туристички дестинации. Ова е Регулативата (ЕУ) 2024/1028, која Европскиот парламент и Советот ја усвоија по месеци преговори за ...

ВМРО организира граѓани на Македонија за митинг во поддршка на Вучиќ што претставува срамно мешање во внатрешните работи на друга држава, велат од СДСМ. „Како што месеци наназад предупредувавме дека Вучиќ управува со Македонија, сега ВМРО директно организира граѓани на Македонија за контра-митинг во Белград во поддршка на Александар Вучиќ. На плакатот што го шират низ Македонија јасно се гледа: собирање и поаѓање на митингот пред српскиот ...

Некои луѓе изгледаат ладни, смирени и недопирливи, но зад тоа честопати кријат многу повеќе емоции отколку што покажуваат. На одредени хороскопски знаци им е особено тешко да признаат дека нешто ги повредило, па затоа претпочитаат да се преправаат дека се рамнодушни отколку да покажат колку работите навистина ги погодуваат. Иако може да изгледаат емоционално затворени за другите, тие често анализираат секој збор и ситуација внатре. Според ...

Ким зборуваше за здравствените предизвици со кои се соочуваат жените над 40 години и откри како се грижи за своето здравје. Ким Кардашијан е исклучително посветена на своето здравје во последниве години, но една навика ѝ станува сè потешко да се откаже. Иако е позната по промоцијата на разни здравствени производи и превентивни прегледи, како што се скенирања на целото тело, таа сега призна дека земањето дури 35 различни додатоци во исхраната ...

На Кајли Џенер не ѝ треба многу за да започне нов тренд. Овој пат, едноставниот реп беше доволно за да експлодира ТикТок. Без комплициран стил и екстравагантни додатоци, таа привлече внимание со строго залижан реп. Риалити ѕвездата се појави со овој минималистички изглед на натпреварот на Њујорк Никс, а токму оваа фризура сега започна дебата на социјалните мрежи. @hannahburbs Miss Kylie J does it again #hairstyle #kyliejenner #slickback ♬ ...

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција веќе подолг период нема повратна информација од Министерството за внатрешни работи во врска со сомнежите за оддавање службени тајни и можни шпионски активности во Кабинетот на претседателката, Гордана Сиљановска-Давкова. Како што се наведува, обвинителството ја започнало постапката на 18 декември 2025 година, веднаш по добивањето на известувањето од Секторот за ...

Арсенал ја обезбеди титулата едно коло пред крајот на Премиер лигата. Но, тоа не значи дека во последното коло, кое на програмата е во недела, нема да има неизвесни и важни дуели. На теренот, Арсенал ќе ја слави титулата на „Слехрст Парк“ против Кристал Палас. Овој натпревар ќе биде ревијален, Арсенал е шампион, а Кристал Палас сигурно нема да запне бидејќи три дена подоцна ги очекува финалето, во Конференциската лига, против Рајо Ваљекано. ...

Кети Пери еднаш призна дека се плашела од тоа како фановите ќе реагираат на нејзиното вистинско име. Името по кое целиот свет ја познава е всушност сценско име, а пејачката, родена како Кетрин Елизабет Хадсон, го избрала за да се дистанцира од тешкото детство. Пејачката пораснала со исклучително религиозни родители, двајцата пентекостални пастори, и зборувала за тој период како за нешто од кое чувствувала потреба да избега. Како што објасни ...

Иако релативно малку луѓе надвор од Кина знаат за него, најнаселениот град во светот би можел да биде кинескиот град Гуангжу, кој, според некои проценки, има дури 73 милиони жители. Според Енциклопедија Британика, Гуангжу, главниот град на кинеската покраина Гуангжу, е најнаселената урбана област на планетата. Благодарение на својата стратешка локација, со векови е еден од најважните трговски центри во Кина и важна точка за средба со ...

САД „немаат моментални планови“ Русија да го преземе високо збогатениот ураниум на Иран како дел од договорот за завршување на војната, изјави вчера американскиот потпретседател Џ.Д. Венс пред новинарите во Белата куќа. Неговата изјава следеше по медиумските извештаи и понудата на рускиот претседател Владимир Путин да посредува во иранската нуклеарна криза, објави „Киев Индепендент“. Порано овој месец, Путин, сојузник на Техеран, понуди ...

Европската унија денеска постигна договор за примена на трговскиот договор со Соединетите Американски Држави. Преговарачите од Европскиот парламент, Советот на ЕУ и Европската комисија договорија компромисно решение по повеќе од пет часа интензивни разговори за законодавството со кое се спроведува договорот постигнат минатото лето. Според одредбите на овој договор, Унијата се согласи да ги укине царините за американските индустриски и за ...

Илјадници луѓе во Калифорнија беа принудени да ги напуштат своите домови поради шумски пожар кој уништи повеќе од 1.300 хектари, или речиси 526 хектари, објави Анадолија. SEEN FROM SPACE: NOAA Satellites captured two massive wildfires erupting from Southern California this week. The Sandy Fire and the Santa Rosa Island Fire have scorched more than 1,300 acres and nearly 17,000 acres as crews battle the flames. pic.twitter.com/l6naDPfygs — ...

Директорот на кошаркарската секција на Фенербахче, Џем Џиричи, откри дека и Тејлен Хортон-Такер и Тарик Биберовиќ ќе го носат дресот на европскиот шампион и следната година. „Хортон-Такер се заљуби во клубот, ќе продолжи со нас следната сезона“, изјави Џиричи за „Спортс Диџитале“. Тој зборуваше и за Тарик Биберовиќ, за кого во претходните месеци се шпекулираше дека би можел да се пресели во НБА. „Во моментов нема ништо конкретно од НБА. ...

Општина Чаир го претставува „Културно лето на Чаир 2026“, едномесечна програма со културни, уметнички, спортски и забавни активности за сите генерации. Од 1 до 30 јуни, Чаршијата и повеќе локации на територијата на општината ќе се претворат во центри на културата, традицијата, музиката и креативноста, преку низа активности кои имаат за цел збогатување на јавниот живот и промоција на културните вредности. „Културно лето на Чаир 2026“ ...

„Од општина која некогаш беше пример за спортот и здравиот развој на младите, Аеродром денес е пример за негрижа и целосно запоставување на условите за спортување во општината. Негрижата на градоначалниците од ВМРО-ОКГ во Аеродром, која трае веќе со години, придонесе сликата денес за спортските игралишта да биде очајна“, кажа Марјан Јовановски од СДСМ. „Кошеви без обрачи, голови без стативи, руинирани и неосветлени терени се само дел од ...

УЕФА Европа Лигата за натпреварувачката 2025/26 година дојде до крајот. Натпреварувањето започна пред десет месеци, за титулата ќе се борат Фрајбург и Астон Вила. Двата тима влегоа во натпреварувањето во главната фаза, во која клубот од Бирмингем беше далеку поуспешен, забележувајќи седум триумфи со единствениот неуспех против Го Ахед Иглс, кои славеа дома со резултат од 2:1. Од друга страна, Фрајбург ја заврши глвната фаза на седмата ...

Руското Министерство за одбрана објави дека вооружените сили започнале нуклеарна воена вежба, која вклучува заедничка подготовка со Белорусија. Во исто време, белоруското Министерство за одбрана го потврди почетокот на обуката за распоредување на тактичко нуклеарно оружје, која се спроведува во соработка со Москва. Руското министерство во соопштението наведе дека вежбата вклучувала постигнување на „највисоко ниво на борбена готовност“. ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
0.21
49%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 16ᴼ
1.76
92%
1015
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
2.22
85%
1014
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
1.47
50%
1014
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
5.62
73%
1013
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
0.45
87%
1014
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
0.45
61%
1014
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.16
56%
1014
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.56
58%
1014
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 18ᴼ
4.92
79%
1011
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
2.24
52%
1014
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
2.97
62%
1013
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Бакар

13.01

Цинк

0.00

Сребро

2186.28

Родиум

257205.97

Калај

53.60

Алуминиум

3.54

Рутениум

48965.59

Паладиум

40767.15

Платина

55170.68

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Злато

135639.33