Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Манчестер Сити го декласираше Ливерпул со 4:0 на „Етихад“ и се пласираше во полуфиналето на англискиот ФА Куп. Натпреварот го одбележа фантастичниот Ерлинг Халанд, кој постигна хет-трик, додека трагичар на натпреварот беше Мохамед Салах, кој, меѓу другото, промаши пенал. Тоа беше еднонасочна игра во која Ливерпул претрпе еден од најтешките порази во сезоната, пишува „Скај Спортс“. Откако Халанд ја најави катастрофата на гостите со два гола ...
ГРК Охрид и втор пат го совлада Олимпијакос и се пласираше во полуфиналето на ЕХФ Европскиот Куп. Во реваншот, Охрид го победи грчкиот тим со 25:24. Охриѓани имаа контрола во текот на целиот натпревар и не дозволија изненадување, со постојано водство и сигурна игра пред домашната публика. До победата, Охрид го предводеше Анте Иванковиќ со осум гола, додека голманот Кристијан Пилиповиќ се истакна со 10 одбрани. Во полуфиналето, Охрид за ...
Фудбалерите на Мајорка направија големо изненадување и го победија Реал Мадрид во натпреварот од 30-то коло на шпанската Ла Лига. Натпреварот на стадионот Мајорка на Балеарските Острови заврши со резултат 2:1 (1:0). Мајорка поведе против „кралскиот клуб“ во 41-та минута, а гол постигна Морланес. Долго време тој резултат беше на сила, се чинеше дека домаќинот ќе победи, но во 88-та минута, повратникот во тимот на Реалм Едер Милитао успеа да ...
Израел се подготвува за напади врз иранските енергетски постројки, но чека одобрение од Вашингтон, изјави висок израелски одбранбен функционер, пренесува Ројтерс. Според истиот извор, доколку биде добиено „зелено светло“, нападите би можеле да се случат веќе во текот на следната недела. Оваа најава доаѓа во моментот кога американскиот претседател Доналд Трамп му постави ултиматум од 48 часа на Иран, со што дополнително се заостри ситуацијата ...
Израел изврши напади врз ирански петрохемиски постројки, потврди израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пренесува Си-Ен-Ен. Нападите уследија откако иранските власти известија дека во саботата биле погодени повеќе петрохемиски компании во југозападната покраина Хузестан. „Ви ветив дека ќе продолжиме со кршење на терористичкиот режим во Техеран и токму тоа го правиме“, изјави Нетанјаху. Тој додаде дека Израел веќе уништил 70 отсто од ...
Соединетите Американски Држави имаат клучна предност во потрагата по исчезнатиот член на екипажот на урнатиот борбен авион Ф-15Е во Иран, изјави безбедносниот аналитичар Ари Арамеш за „Скај њуз“. „Во моментов во Иран е ноќ, а тоа е добра вест“, изјави Арамеш. Тој објасни дека ноќните услови значително ги намалуваат способностите на иранските сили за пребарување на теренот, додека американските специјални единици се далеку посупериорни во ...
Следната фаза од американската воена кампања против Иран ќе потроши речиси цел арсенал на „невидливи“ крстосувачки ракети од типот „ЈАССМ-ЕР“, кои итно се повлекуваат од залихите наменети за други региони, пренесува Блумберг. Наредбата за повлекување на овие ракети од Пацификот е издадена кон крајот на март. Проектилите од американските бази, вклучително и оние на територијата на САД, се преместуваат во базите на Централната команда или во ...
Украина се нуди како безбедносен партнер во напорите за повторно отворање на Ормутскиот теснец, откако Иран практично ја блокираше пловидбата по оваа клучна светска енергетска рута. Претседателот Володимир Зеленски понуди помош во форма на вооружување проверено во борба и оперативно искуство, истакнувајќи го успехот на Украина во одржувањето на извозот преку Црното Море и покрај руската блокада, пишува „Киев Индепендент“. „Ќе направиме сè ...
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска имаше средба со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Мохамед бин Зајед ал Нахјан, во рамките на третата и последна етапа од нејзината турнеја низ Заливот во екот на регионалната војна. Според соопштението од кабинетот на италијанската премиерка, состанокот бил фокусиран на изгледите за прекин на непријателствата и условите потребни за стабилизација. Клучен акцент бил ставен на потребата ...
Смената на началникот на Генералштабот на американската копнена војска, генералот Ренди Џорџ, и на генералот Дејвид Ходни, ги изненади воените лидери и предизвика длабока загриженост меѓу одбранбените функционери. Се поставуваат прашања за последиците од оваа одлука врз војната во Иран, како и врз долгорочниот план за воведување нови технологии и тактики во војската, пишува Аксиос. Изненадна чистка во воениот врв Џорџ и Ходни се последните ...
Транспортен хеликоптер на американската војска, модел „CH-47F Chinook“, е тешко оштетен во кампот Бјуринг во Кувајт, во напад за кој се претпоставува дека е изведен со ирански камиказа-дрон. Во инцидентот нема повредени. Фотографиите од терен покажуваат сериозни оштетувања на кабината на пилотите, како и на предниот дел од роторот и лопатките. Според видливата штета, хеликоптерот најверојатно бил директно погоден или експлозијата се случила ...
Иранските власти тврдат дека припадници на номадски племиња во планинските предели на земјата нападнале два американски хеликоптери од типот „Блек хок“, пренесува Би-Би-Си. Според официјалното соопштение на Иранската револуционерна гарда, нападот го извршиле номади од провинцијата Кохгилује и Бојер-Ахмад, како и припадници на племето Бахтијари. Се наведува дека тие успешно погодиле два хеликоптери во тешко пристапни планински подрачја, на ...
На автопатот „Пријателство“ кај Градско полицијата пресече транспорт на дрога и заплени околу 65 килограми марихуана. Акцијата била спроведена на 3 април од страна на полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, во координација со специјалната единица „Тигар“, преку оперативно-тактичка мерка „заседа“. Кај наплатната рампа Стоби, полицијата забележала сомнително движење на патничко возило „сеат ...
Сенаторот од Јужна Каролина, Линдзи Греам, изјави дека разговарал со Трамп и дека по телефонскиот повик е убеден дека претседателот ќе ја оствари својата закана да ги нападне иранските електрани ако не постигнат договор или не го отворат повторно Ормутскиот теснец. „Откако разговарав со претседателот Трамп утрово, целосно сум убеден дека тој ќе употреби огромна воена сила против режимот ако продолжат да го попречуваат Ормутскиот теснец и ...
Иран вчера употреби нов систем за воздушна одбрана за да собори американски борбени авиони, соопшти денес Централната оперативна команда на иранската армија „Хатам ал-Анбија“, објави „Ројтерс“. Портпаролот на командата изјави дека земјата „дефинитивно ќе постигне целосна контрола“ над својот воздушен простор, според иранските државни медиуми. Ирански оган собори американски двоседен авион Ф-15Е, потврдија официјални лица од двете земји, ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, оваа недела изјави дека новото раководство на Иран е „помалку радикално и многу поразумно“ и дека се случила промена на режимот во земјата. Трамп посочи дека претходниот режим е „уништен и опустошен“, а сегашниот состав на власта е „сосема поинаков“ од кој било досегашен. „Значи, јас би го сметал тоа за промена на режимот“, рече тој. Сепак, аналитичарите и експертите за Блискиот Исток предупредуваат ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави нова закана кон Иран, на платформата Трут соушл, истакнувајќи дека Техеран има уште 48 часа пред да „стигне пеколот“. „Се сеќавате кога им дадовме на Иран десет дена да постигне договор или да го отвори Ормутскиот теснец? Времето истекува – уште 48 часа пред пеколот да се излее врз нив. Слава му на Бога!“, напиша Трамп. Серија на ултиматуми Во последните денови, Трамп повеќепати јавно ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници на целата територија на државата лишиле од слобода 15 возачи поради безобѕирно управување возило. Од нив 10 лица возеле без возачка дозвола во Скопје, на регионалниот пат Скопје – Тетово, кај клучката за с. Групчин, во Гостивар, Кочани и Кичево. Четворица возачи управувале возило под дејство на алкохол во Скопје, Кавадарци и Македонска ...
Министерството за внатрешни работи информира дека во последното деноноќие се лишени од слобода четири лица за семејно насилство, а регистрирани се вкупно седум пријави во Куманово, Тетово, Скопје и Кичево. „На 03.04.2026 во 10:15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.М. (32) од кумановско поради тоа што подолг временски период физички ја малтретирал неговата сопруга и и се заканувал. На 03.04.2026 во 21:26 часот ...
Иран денеска дозволи поминување на бродови кои превезуваат хуманитарна и основна стока низ Ормутскиот теснец, објави иранската полуслужбена агенција Тасним, повикувајќи се на допис од Канцеларијата за развој на трговијата при Министерството за земјоделство. Според директивата, која има поддршка од владата и вооружените сили, бродовите што превезуваат основни прехранбени продукти и сточна храна можат да поминуваат низ теснецот, но со одредени ...
Соочен со закана од американска копнена операција, Иран одговори со засилување на одбраната околу својот најважен нафтен терминал на островот Харг, со закани за напади на поширок спектар цели во Персискиот Залив и со покренување масовна кампања за регрутација, која потсетува на војната со Ирак во осумдесеттите години, објави Вол Стрит Журнал. Подготовки за копнен конфликт Овие потези следеа откако претседателот Доналд Трамп нареди испраќање ...
Дубаи, кој минатата година го посетиле речиси 19,6 милиони странски туристи и важеше за една од најпосетените дестинации во светот, сега се соочува со сериозен пад на туризмот поради војната меѓу САД, Израел и Иран, пишува BBC. Наместо полни ресторани и жива атмосфера, изминатиот месец многу угостителски објекти останале празни. Наташа Сидерис, која ја води угостителска групација, вели дека промената била нагла и драстична. Нејзиниот бизнис, ...
Инклузивен настан со лица со интелектуална попреченост ќе се одржи вечерва, со почеток во 19:00 часот, во Центарот за култура Ѓорче Петров. Како што информираат од Театар Пи, ма настанот ќе има поставка на фотографии и музички концерт на кој ќе настапуваат лица со интелектуална попреченост од ЦПЛИП Порака Скопје заедно со професионални музичари: Виктор Танасковски- гитара, Иван Трајковски- пиано, Драгана Марковиќ-виолина, Диана Маркоска – ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција порача дека со денешната најава на премиерот Мицкоски за намалување на акцизата, владата призна дека СДСМ бил во право, но предоцна се реагира. Филипче посочи дека доколку се прифателе мерките на СДСМ навреме, немало да има големо поскапување на цените на горивата и на храната. „Се поставува прашањето зошто сега, и кој досега ја плати разликата во цените. Се знае, разликата во ...
Министерството за финансии прави анализи да немаат ДДВ сите основни прехранбени производи кои сега се со 5 проценти ДДВ, најави премиерот Мицкоски. Тој очекува инфлацијата во март да се движи помеѓу 4 и 5%. Оцени дека глобалната криза поради војната на Блискиот Исток ќе има продолжено дејство. „Мора да се подготвиме за тешка година, но како и да е тука сме да ги следиме сите овие работи и да реагираме врз основа на приоритетите. Треба да се ...
Во основното училиште „Гоце Делчев“ во општина Илинден се доградува нов објект со 10 училници кој ќе овозможи да се воведе едносменска настава, концепт кој го промовира Владата, а го прифаќаат сé поголем број општини во државата. Увид во градежните работи денес извршија премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и градоначалникот Александар Георгиевски. „Честитки до општината за оваа инвестиција што ќе ...
Владата утре на вонредна седница повторно ќе носи мерки против поскапувањето на горивата. Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска кажа дека се исполнети условите за намалување на акцизите. Според него, акцизата за дизелот ќе се намали за 4 денари по литар, а за бензините за 2 денара по литар. „Берзата за нафтата се затвори во четвртокот заради велигденските преазници и нашите калкулации покажуваат дека дизелот требаше да поскапи некаде околу ...
Војната на САД со Иран влегува во нова, потешка фаза откако два американски борбени авиони беа соборени над иранска територија. Иако овие инциденти не значат дека Иран е израмнет со САД во воената моќ, тие покажуваат колку војна каде страните имаат многу различни воени сили и можности, може да биде ризична. Американската јавност веќе е скептична за оправданоста на конфликтот. Преценети тврдења на Трамп и Хегсет Претседателот Доналд Трамп и ...
Астронаутите на мисијата Aртемис II ќе имаат богато и внимателно планирано мени од 189 различни јадења, прилагодено на нивните вкусови, нутритивните потреби и ограничувањата на вселенскиот брод, објави НАСА. На менито се најде сè, од зеленчук киш, брокула а’ла гратен и макарони со сирење, до манго салата и брускет од говедско месо. Тие исто така ќе имаат 58 тортиљи, кои се практични за јадење во микрогравитација и создаваат многу помалку ...
Францускиот брод „Криби“, под знаме на Малта, помина низ Ормутскиот теснец користејќи таканаречен „сигурен коридор“ во ирански води. Иран ги пренасочува бродовите од стандардната трговска рута кон север, околу островот Ларак, за да може Револуционерната гарда да ги прегледа визуелно. Овој коридор е наречен и „техеранска наплатна станица“. Податоците покажуваат дека „Криби“ имал активен систем за следење додека бил во ирански води, а по ...