Вчера во 15:00 часот на улица „Беличица“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода 20-годишниот С.М. од Шуто Оризари, Скопје, со привремен престој во Гостивар. Тој бил баран по потерница врз осноа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување на казна затвор во траење од една година и четири месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“. Исто така, тој се сомничи и за други кривични дела „тешка ...

Полскиот претседател Карол Навроцки му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата одлука да испрати дополнителни американски војници во Полска. Благодарноста дојде откако Трамп изјави дека САД ќе испратат уште 5.000 војници, наведувајќи го како причина неговиот однос со Навроцки. „Добрите сојузи се оние засновани на соработка, меѓусебно почитување и посветеност на заедничката безбедност“, напиша Навроцки во објава ...

По минатогодишниот огромен успех и одличната атмосфера, Скопје се подготвува за второто издание на Croatia Osiguruvanje Business Run 5K, еден од најмасовните корпоративни спортски настани во земјата. Трката ќе се одржи на 4 јуни (четврток), со почеток од 18:00 часот, а стартната позиција повторно ќе биде на кејот на реката Вардар, пред болницата Acibadem Sistina и Premium Sport Center. Овој уникатен тим-билдинг настан под отворено небо нуди ...

Хари Мегваер е „шокиран и скршен“ откако селекторот, Томас Тухел го изостави од составот на Англија за Светското првенство. Фудбалерот се огласи на социјалните мрежи , по што неговата мајка Зои упати остра критика кон Тухел. Англискиот селектор денес ќе го објави конечниот список од 26 играчи, а заедно со Магвајр, на СП нема да бидат Фил Фоден од Манчестер Сити и Кол Палмер од Челзи, односно Трент Александер-Арнолд од Реал Мадрид, Морган ...

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД ќе испратат дополнителни 5.000 војници во Полска. Врз основа на успешниот избор на сегашниот претседател на Полска, Карол Навроцки, кого гордо го поддржував, и нашиот однос со него, со задоволство објавувам дека САД ќе испратат дополнителни 5.000 војници во Полска“, напиша Трамп вчера на мрежата Truth Social, пренесуваат агенциите. Како што објави АП, ова предизвика конфузија по ...

Денес политичката иронија го достигна врвот. Бујар Ахмети, внук на Али Ахмети, кој бил заменик-член во комисијата за полагање на правосудниот испит, испит што се одржува само на македонски јазик, беше забележан на протестот на студентите кои бараа можност истиот испит да го полагаат и на албански јазик, истакнуваат од „Вреди“. Затоа, како што додаваат, се поставува прашањето, против кого протестира Бујар Ахмети? „Против самиот себе, како ...

Во сообраќајна несреќа на скопската обиколница загина оперскиот првенец и баритон, Ристе Велков. „Со неизмерна тага и неверување ја примивме веста за трагичната смрт на првенецот на Македонската опера и балет, баритонот Ристе Велков, кој го загуби животот во сообраќајна несреќа. Македонската оперска сцена изгуби исклучителен уметник, врвен интерпретатор и човек, чиј глас, уметност и сценско присуство оставија длабока трага во Македонската ...

Сезоната во Лига Европа заврши со доминација на Астон Вила. Астон Вила во финалето во Истанбул го победи Фрајбург (3:0), во натпревар што, меѓу другите, го одбележа Морган Роџерс со гол и асистенција. Офанзивниот играч од средниот ред на тимот од Бирмингем беше прогласен за најдобар играч на сезоната во Лига Европа од страна на УЕФА. Во 15 натпревари оваа сезона, Роџерс постигна три гола и забележа пет асистенции. На последните четири ...

Баритонот и првенец на Националната опера и балет Ристе Велков и неговиот син Адам загинаа во стравичната сообраќајна несреќа на скопската обиколница. Во несреќата настрадаа уште две лица, 20-годишник од Скопје и уште едно лице чиј идентитет засега е непознат. Сообраќајната несреќа се случи вчера вечер околу 23 часот на скопската обиколница, кога возач на камион изгубил контрола над возилото и со него преминал преку металната ограда во ...

Кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригез го обвини американскиот државен секретар Марко Рубио за провоцирање воена агресија против Куба и лажно претставување на таа земја како држава спонзор на тероризмот. „Државниот секретар на САД повторно лаже за да поттикне воена агресија што би довело до пролевање кубанска и американска крв“, рече Родригез, според Ројтерс. Тој рече дека Куба не претставува никаква закана за безбедноста ...

„Банкарскиот систем во регионот е со значително подобрени показатели и поголема отпорност во споредба со периодот пред пандемијата, но силниот кредитен раст и растот на цените на недвижностите наметнуваат засилена претпазливост и потребно е постојано следење на ризиците“, порача вицегувернерката на Народната банка Ана Митреска. Овие пораки беа упатени на 24 состанок на Работната група за монетарна политика во Централна и Источна Европа, ...

Португалскиот тренер Жорж Жесус ќе го напушти Ал Наср ова лето откако го водеше клубот до титулата во лигата на Саудиска Арабија. Жесус, кога пристигна во Саудиска Арабија, си постави јасна цел – да не остане долго и да го освои првенството. И тоа го исполни. Со вчерашниот триумф над Дамак, Ал Наср ја освои својата 11-та титула, прва од 2019 година. „Го прифатив овој предизвик само затоа што сакав да му помогнам на Кристијано Роналдо да ...

Државниот секретар во Министерството за култура и туризам, Марија С. Ѓоргова, вчера, во пријатна и конструктивна атмосфера, оствари средба со Грегоар Жислер, директор на Францускиот културен институт во Скопје. На средбата, Ѓоргова и Жислер ги потврдија досегашната одлична соработка и традиционално пријателските односи меѓу двете земји, како и заедничката подготвеност за нивно натамошно продлабочување. Во фокус на разговорот беа идните ...

Кремљ ги засили напорите за забрзување на падот на германскиот канцелар Фридрих Мерц, чија популарност во земјата опаѓа, и за зајакнување на растечките проруски сили на германската крајна десница, пишува бриселскиот портал „Политико“. Рускиот претседател Владимир Путин се обидува да го поткопа Мерц, еден од најголемите поддржувачи на Украина и затоа е еден од неговите главни стратешки противници, и го удира кога е најслаб, со кампањи за ...

Екипите на Корисничкиот енерго центар на Електродистрибуција во Штип, во координација со специјализираниот Тим за откривање на неовластено користење на електрична енергија, открија случај на кражба на електрична енергија во сервис за возила на улица Железничка во Штип, известија од Електродистрибуција. Нелегалното користење на електрична енергија е утврдено дека се одвивало во периодот од јануари до почеток на мај 2026 година. Како што ...

Актерката Ева Лонгорија буквално блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал и на 52-годишна возраст покажа зошто е сè уште најомилената и најсекси „очајна домаќинка“. View this post on Instagram A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria) Таа се појави во среда на свечената вечера и за оваа пригода избра елегантен црно-бел фустан кој, благодарение на кројот, го насочи целото внимание кон бујното деколте на познатата ...

Министрите за надворешни работи на НАТО ќе продолжат со консултациите во петок во шведскиот пристанишен град Хелсингборг, а разговорите ќе се фокусираат на зајакнување на европските воени капацитети. Американскиот државен секретар Марко Рубио, за кого се очекува да се придружи на состанокот, ги повтори критиките од европските сојузници пред да замине за Шведска во четврток. Во американската администрација постои гнев поради одбивањето на ...

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека не реагира на, како што рече, брборењата што доаѓаат од Киев, вклучително и изјавите на украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави РИА Новости, повикувајќи се на видео објавено на Телеграм каналот „Пул Первого“. „Не реагирам на никаков начин на брборењата што доаѓаат од Киев, вклучително и на Зеленски. Во овој случај, се обидувам да сочувствувам со него. Војната е во тек, сè ...

„Каква широка влада? Кој зборувал за влада и коалиција? Јасно кажав – поддршка за европските интеграции и реформите. Да влеземе во тендер коалицијата на Мицкоски? Од каде некому му падна на памет таква идеја?“, пишува претседателот на СДСМ, Венко Филипче на социјалните мрежи. Каква широка влада? Кој зборувал за влада и коалиција? Јасно кажав – поддршка за европските интеграции и реформите. Да влеземе во тендер коалицијата на Мицкоски? Од ...

Лучано Спалети е подготвен да поднесе оставка на тренерската ункција во Јувентус, доколку клубот не успее да се квалификува за Лигата на шампионите, и покрај тоа што потпиша нов договор до летото 2028 година пред само неколку недели. Сензационалната вест ја објавува торинскиот весник „Ла Стампа“, а ја објавува и „Фудбал Италија“. Спалети дојде во Јувентус на 30 октомври минатата година, но наводно има тензии во клубот меѓу него и директорот ...

Селекторот на Норвешка, Сале Солбакен, објави со кои сили репрезентацијата се враќа на најголемата светска фудбалска смотра. Норвежаните, за многумина фаворити од сенка, по 28 години повроно се дел од Мундијалот. Во видеото со кое е објавен спискот, зборуваше и кралот Харалд V. „Верувам дека имаме силен тим. Овој состав постигна одлични резултати во подолг период. Станавме член на Лигата на нации А, ги поминавме квалификациите без пораз. ...

Доналд Трамп помладиот, најстариот син на американскиот претседател, ќе се ожени со Бетина Андерсон, позната личност од Палм Бич, овој викенд. Според две лица запознаени со плановите, церемонијата ќе се одржи на мал остров на Бахамите, а списокот на гости е намерно сведен на помалку од 50 луѓе за да биде настанот што е можно поинтимен. Не се очекува претседателот Доналд Трамп да биде меѓу гостите, објави Си-Ен-Ен. Трамп: Ќе се обидам да ...

Општина Центар го реализираше настанот „Носталгија за корзо-сеќавање за едно убаво време“, вечер исполнета со музика, игра, емоции и спомени што го вратија шармот на некогашно Скопје. Настанот започна со симболично корзо низ централното градско подрачје, а продолжи со игранка во ООУ „Димитар Миладинов“, каде граѓаните повторно ја почувствуваа атмосферата на незаборавните скопски прошетки и вечерите исполнети со музика и танцување. Во ...

Шерон Стоун (68) повторно беше ѕвезда на Канскиот филмски фестивал, но овој пат во значително поинаква облека и комплетен стајлинг. View this post on Instagram A post shared by Sophie Couture (@sophiecouture) Од појавувањето на легендарната Шерон Стоун на црвениот тепих очекуваме ништо помалку од моден спектакл. Таа ја оправда титулата кралица на модата пред неколку дена, кога се појави на Канскиот филмски фестивал во прекрасна тоалета и ...

„Македонија нема и не смее да биде повторно жртва на политиките на Венко Филипче и неговиот ментор Зоран Заев, кои заради личен спас и амнестија се подготвени повторно да водат политики на сервилност и да ги распродаваат државните интереси. Венко Филипче знае и му е јасно дека без поддршка од надвор и без слугување на туѓи интереси и агенди нема политичка иднина во Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Венко Филипче знае дека има катастрофален ...

Од петок до недела, во ОАКА арена, во Атина, ќе се одигра завршниот турнир во Евролигата. Овогодинешниот турнир носи историска промена – за прв пат во модерната ера, нема да има натпревар за трето место на Фајналфорот, па целиот фокус ќе биде насочен исклучиво кон полуфиналните битки и големото финале. Бранителот на титулата Фенербахче и грчкиот гигант Олимпијакос ќе го отворат Завршниот турнир од 17:00 часот, додека најтрофејниот европски ...

Њујорк Никс ги победија Кливленд Кавалирс со 109:93 во вториот натпревар од Источното финале. Во првиот натпревар имаше многу драма, а Џејлен Брансон беше херој по продолжението, во вториот Никс лесно ги победија Кавалирс со двоцифрена разлика. Момците од Охајо се држеа во првиот дел, Никс водеа со 53:49 на полувремето. На почетокот на третата четвртина, тие го израмнија резултатот на 53:53, а потоа следуваше тројка на Џејлен Брансон, со ...

Македонската музичка сцена од денес е побогата за уште една нова, возбудлива, а неочекувана соработка – Пајак, Јован Јованов и Елвир Мекиќ ја промовираа песната „Делириум“. „Делириум“ е само увертира за долгоочекуваниот концерт на Јован и Елвир во Скопје, кој ќе се одржи на 6 јуни во арената „Борис Трајковски“, а на кој Пајак е најавен како еден од специјалните гости. Песната е работена со добропознатиот и реномиран тим, кој работи на ...

Вчера во 23:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница на Град Скопје, помеѓу надвозник Визбегово и клучка Мирковци, 76-годишниот Б.Б. од Косово, управувајќи товарно возило – влекач „ман“ со полуприколка со косовски национални ознаки, изгубил контрола над возилото и со него преминал преку металната ограда во спротивната насока на автопатот при што се судрил со патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од ...

Вселенското летало Psyche на НАСА, кое е на мисија до редок метален астероид, неодамна направи стратешки прелет покрај Марс, снимајќи ретки погледи на Црвената планета. Вселенското летало се приближи до Марс под голем агол, обезбедувајќи уникатен поглед на планетата во облик на полумесечина. Неговата крајна цел е да стигне до астероидот во 2029 година за да го мапира и да истражи дали некогаш бил јадро на древна протопланета, објавува CNN. ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
67%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
1.11
92%
1014
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
2.19
89%
1014
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
0.65
74%
1014
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.79
94%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
0.89
87%
1014
weather icon

Атина

22ᴼ / 19ᴼ
0.89
70%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.91
70%
1014
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.86
61%
1014
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
1.34
83%
1010
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
2.24
61%
1013
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
2.05
92%
1013
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Калај

53.60

Платина

55170.68

Кобалт

45.39

Паладиум

40767.15

Бакар

13.01

Родиум

257205.97

Рутениум

48965.59

Злато

135639.33

Сребро

2186.28

Алуминиум

3.54

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00