Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Бруно Фернандеш, играч од средниот ред и капитен на Манчестер Јунајтед, е избран за најдобар играч на Премиер лигата во сезоната 2025-2026. Со осум гола и 20 асистенции, Португалецот ги предводеше „Црвените ѓаволи“ до третото место во Премиер лигата и место во Лигата на шампионите, што е голем подвиг со оглед на просечните резултати на тимот во првиот дел од сезоната. Со 20 асистенции, Фернандеш го израмни рекордот во Премиер лигата во една ...
Три лица завршија во полициска станица по инцидент што се случил во светиниколското село Горобинци, каде најпрво дошло до физичка пресметка, а потоа бил нападнат и полициски службеник. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 22 мај 2026 година околу 00:30 часот, полициски службеници од ОВР Свети Николе ги привеле О.Н.(57) и Б.Ц.(58), двајцата од село Горобинци, поради нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна ...
Џорџ Расел беше најбрз во спринт трката возена во рамките на Големата награда на Канада. Британецот кој стартуваше од пол-позицијата, ја забележа втората победа во спринт трките сезонава, има и еден триумф во главните трки. Расел во Монтреал победи пред Ландо Норис од Мекларен и тимскиот колега Андреа Кими Антонели. Зад нив се пласираа Оскар Пјастри, Шарл Леклер, Луис Хамилтон, Макс Ферстапен и Арвид Линдблад. Спринтот во Монтреал донесе ...
Петгодишно дете од пехчевското село Црник се здобило со тешки телесни повреди откако во него удрил електричен тротинет управуван од 12-годишен малолетник. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 22 мај 2026 година околу 11:00 часот во ОВР Берово. Несреќата се случила во село Црник, кога малолетникот, управувајќи електричен тротинет, удрил во петгодишното дете од истото село. Повреденото дете било ...
Саша Обрадовиќ повеќе не е тренер на кошаркарите на Црвена звезда. Како што објави „Меридијан спорт“, тимот ќе го води Милан Томиќ до крајот на сезоната, на Фајналфор турнирот на КЛС во Ниш (29-31 мај). Како што се додава, по разговорите меѓу клубот и тренерот, донесена е одлука двете страни да се разделат и да се стави крај на епизодата што заврши со освојување на Купот „Радивој Кораќ“. Томиќ ги освои титулите во АБА и во српското ...
Триесет дневен притвор доби 76-годишниот возач на камион кој беше дел од сообраќајната несреќа на скопската обиколница, а во која четири лица го загубија животот. Од скопскиот Кривичен суд велат дека мерката е определена доцна синоќа, поради опасност од бегство и можност за повторување на кривичното дело. Вчера од Јавното обвинителство информираа дека возачот на камионот, кој е косовски државјанин, е осомничен за кривичното дело тешки дела ...
EMSC попладнево првично објави информација за земјотрес во североисточниот дел на Македонија, во близина на Куманово. Според прелиминарните податоци на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, потресот бил регистриран околу 17:41 часот по локално време, на околу 10 километри североисточно од Куманово. Во моментот на првата објава магнитудата сè уште не била утврдена, по што подоцна беше објавено дека земјотресот бил со јачина од 3.5 ...
Во тек е процедурата за усвојување нова стратегија за сексуално и репродуктивно здравје за периодот 2026 – 2030, придружена со акциски план за имплементација 2026 – 2028 година, соопштија попладнево од Министерството за здравство. Стратегијата била изработена со поддршка од Канцеларијата на СЗО – Скопје, Канцеларијата на УНФПА – Скопје, како и со МАГО, со учество и на граѓански организации кои работат на областа, како и здравствени ...
Ноќеска околу 03:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Скендербег Кастриоти“ во населбата Драчево избувнал пожар во патничко возило форд фокус со скопски регистарски ознаки. Според информациите од полицијата, возилото било сопственост на Ќ.А.(22) од Скопје. На местото интервенирала екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, која го изгаснала пожарот. Во инцидентот нема повредени лица, а полициски екипи извршиле ...
Експлозијата се случи вчера во 19:29 часот по локално време, а 247 работници работеа во рудникот, кој го управува групацијата Тонгџоу, во времето на несреќата. Стотици спасувачи се испратени на местото на настанот. Снимките од државните медиуми покажуваат медицински екипи кои носат носилки, а амбулантни возила се видливи во позадина. Според извештаите, повеќе од 100 лица се однесени во болница, а спасувачките операции сè уште се во тек на ...
Нов бран на нестабилност попладнево предизвика невреме со силен пороен дожд и засилен ветер во повеќе делови на државата. Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер (над 50 km/h). Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Метеоролозите ...
Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на територија на целата држава лишиле од слобода 18 возачи поради безобѕирно управување со возило, информираше Министерството за внатрешни работи. Според МВР, 12 лица управувале возило без возачка дозвола, од кои пет биле малолетници. Четворица возачи биле затекнати под дејство на алкохол, а уште двајца управувале возило и без дозвола и под дејство на алкохол. Во Скопје, две малолетни ...
Полициски службеници вчера лишиле две лица од Скопје кои се фатени крадејќи пари од простории на правно лице, соопшти Министерството за внатрешни работи. -Вчера околу 04:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода П.П.(29) и Р.Ѓ.(20), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека претходно со употреба на физичка сила и погоден алат одзеле сеф со пари од простории на правно лице за брз трансфер на пари на ...
Наставникот по ликовно образование Стефан Поповски од Битола тврди дека цела учебна година одел на работа, држел настава, пишувал оценки и водел е-дневник, без притоа да знае дека уште во јануари 2025 година формално му бил прекинат работниот однос. Како што објави порталот „Апла“, Поповски бил ангажиран во три училишта за да оформи полн фонд часови, а во подрачното училиште во Горно Оризари при ООУ „Тодор Ангелевски“ Битола одржувал по ...
Министерството за внатрешни работи информираше дека во последното деноноќие биле регистрирани вкупно пет случаи на семејно насилство, а три лица биле лишени од слобода по пријави за физички напади и закани во семејството. Според информациите од МВР, во СВР Скопје синоќа околу 22:25 часот, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 21:00 часот, во семејниот дом во скопско, по претходна расправија била физички нападната од нејзиниот ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати официјално писмо до лидерите на Европската Унија, во кое го оцени германскиот предлог за доделување „асоцијативно“ членство на Украина како „неправедно“, бидејќи со тоа Киев би останал без право на глас во блокот. Претходно, германскиот канцелар Фридрих Мерц, исто така во писмо до европските лидери, предложи Украина да добие нов статус на „асоцијативен член“ на ЕУ. Тоа би им овозможило на ...
Министерството за финансии одзеде дозвола за работа на едно од поголемите финансиски друштва на пазарот, откако со вонреден надзор спроведен по пријава од граѓанин биле утврдени сериозни повреди на законски обврски. МФ информира дека надзорот утврдил грубо прекршување на законските прописи, постапување спротивно на правилата за заштита на корисниците и практики со кои директно биле доведени во ризик граѓаните – корисници на финансиски ...
Демократска унија за интеграција денеска објави нови информации поврзани со директорот на НОМАГАС, Недим Рама, оценувајќи дека случајот отвора сериозни прашања за потеклото на капиталот и имотот. Од ДУИ посочуваат дека компанијата ЛИНЕ ЛТД ДОО Скопје е во сопственост на Недим Рама и, како што наведуваат, партискиот донатор на ВЛЕН, Анид Шазивари. Според партијата, фирмата е регистрирана за изнајмување автомобили и се наоѓа на официјалната ...
Пет години ВМРО-ДПМНЕ ги манипулира скопјани со ветувања за „еко автобуси“, „модерен транспорт“ и „бесплатен јавен превоз“, обвинија од Левица во соопштение. Од партијата велат дека, и покрај најавите на Данела Арсовска, Христијан Мицкоски и Орце Ѓорѓиевски, Скопје и натаму нема нови автобуси, а состојбата со јавниот превоз е сè полоша. Во соопштението се наведува дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ во претходниот мандат го блокирале Советот на ...
Американскиот Центар за контрола и превенција на болести воведе нови итни мерки поради актуелната епидемија на ебола во Африка и ширењето на опасниот Бундибуџо сој, за кој засега нема одобрена вакцина ниту лек. Според новата привремена уредба, на лицата со постојан престој во САД ќе им биде забранет влез во земјата до средината на јуни доколку во последните 21 ден престојувале во Демократска Република Конго, Уганда или Јужен Судан. ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во честитката по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите истакна дека треба да сме горди како единствената држава во којашто Власите се уставен етнички ентитет, рамноправен со другите и еднаков во уживањето на индивидуалните и колективни права. -Почитувани сограѓани Власи, Вие припаѓате на древната духовна лоза на балкански народи, чие историско опстојување не е врзано за моќ и граници, туку за ...
Околу 40.000 жители во американската сојузна држава Калифорнија добија наредба за итна евакуација од своите домови поради големо истекување на опасна хемиско супстанца, која може да предизвика експлозија и да формира отровен облак над густо населено подрачје. Инцидентот се случи во населено место во округот Оринџ, во јужните предградија на Лос Анџелес, каде што попуштил резервоар со капацитет од 26.000 литри во кој имало метилметакрилат – ...
Марко Ѓорѓиевски, Петар Миланов, Адам Велков и неговиот татко, оперскиот баритон Ристе Велков, се четирите жртви во стравичната сообраќајна несреќа што ноќеска се случи на скопската обиколница кај клучката Мирковци. Животите на Марко, Петар и Адам згаснаа на само 20 години, додека Ристе Велков загина на 51-годишна возраст. Од младите момчиња се простија и од гимназијата „Никола Карев“, каде тие пред две години матурирале завршувајќи го ...
Матурската вечер во Цазин во Босна и Херцеговина, која се одржа на 16 мај, се претвори во инцидент. За време на прославата во II Средно училиште Цазин, дошло до жестока расправија, а потоа и физичка пресметка меѓу две мајки. Според присутните, конфликтот се случил поради туркање за најдобра можна позиција покрај црвениот тепих за да се фотографираат матурантите. Според очевидци, ситуацијата брзо ескалирала од вербален конфликт во физички. ...
ДУИ сè уште не може да се помири со новата политичка реалност и со губењето на поддршката кај Албанците. Во недостаток на резултати и доверба од граѓаните, оваа партија избра напади, пропаганда и етикетирања кон секој политички противник, се вели во денешното соопштение на Влен. „Нападите кон медиумите, анкетите и јавноста јасно го покажуваат растечката нервоза во редовите на ДУИ поради континуираниот пад на поддршката. Албанците веќе ...
Кошаркарите на Оклахома славеа на гостински терен против Сан Антонио (123:108) и сега водат со 2-1 во финалната серија од Западната конференција. Спарс го започнаа натпреварот со урагански, со серија од 15:0, но актуелниот шампион направи пресврт на почетокот на втората четвртина и ја задржа таа предност до полувремето. Во текот на третата четвртина, водството на Тандер стана двоцифрено, а триумфот беше убедлив на крајот. Оклахома беше без ...
Панатинаикос се раздели со Рафаел Бенитез по разочарувачката сезона во која клубот не успеа да ги постигне своите цели. Искусниот 66-годишен стручњак го предводеше Панатинаикос во вкупно 41 натпревар и оствари учинок од 20 победи, 11 нерешени и 10 порази, со просек од 1,73 освоени поени по натпревар. Атинскиот гигант ја заврши сезоната на четвртото место во плејофот од грчкото првенство, додека во националниот Куп беше елиминиран во ...
Претседателот на САД Доналд Трамп соопшти дека нема да присуствува на претстојната свадба на својот најстар син Доналд Трамп Помладиот со Бетина Андерсон, истакната претставничка на високото општество од Палм Бијч, поради итни државни обврски во Вашингтон. „Иако многу сакав да бидам покрај мојот син Дон Помладиот и најновиот член на семејството Трамп, неговата идна сопруга Бетина, околностите поврзани со управувањето на земјата и мојата ...
Најмалку 90 лица го загубија животот по експлозија на гас во рудник за јаглен во северна Кина, објавија денеска државните медиуми. Спасувачките екипи сè уште интензивно трагаат по деветмина рудари кои се водат како исчезнати, наведува државната новинска агенција Синхуа. Експлозијата се случила во синоќа во рудникот за јаглен Лиушенју во округот Чинјуан во Шанси, една од најсиромашните кинески провинции, а во моментот на катастрофалниот ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер (над 50 километри на час). На повеќе места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 60 километри на час) и услови за појава на град, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од ...