Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Италијанскиот тренер Антонио Конте потврди дека го напушта Наполи. Конте ги предводеше наполитанците две сезони. Конте се споменува во медиумите како прв кандидат да ја преземе италијанската репрезентација, која веќе ја водеше од 2014 до 2016 година. 56-годишениот тренер, заедно со претседателот на клубот Аурелио де Лаурентис, одржа прес-конференција по последниот натпревар на Наполи во сезоната и победата против Удинезе. „Пред еден месец ...
Нема да има промена во квалификацискиот систем за пласман на ЕУРО 2028. Националните селекции ќе бидат поделени во 12 групи, секоја група ќе содржи четири или пет национални селекции. Победниците (12) и осумте најдобри второпласирани одат на Европското првенство. Домаќините на првенството Англија, Република Ирска, Шкотска и Велс ќе учествуваат во квалификациската групна фаза, но ќе бидат во посебни групи. Две места на завршниот турнир се ...
Кинескиот претседател Шји Џјинпинг за време на средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ во Пекинг изјави дека Кина и Србија треба да ја продлабочат меѓусебната доверба и да ја прошират соработката за понатамошно зајакнување на нивното стратешко партнерство. Според соопштението од кинеското Министерство за надворешни работи, Шји рекол дека двете земји треба да ги интензивираат размените, да ја зајакнат практичната соработка и да се ...
Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, го објави списокот на играчи за Светското првенство. На спиското нема ниту еден играч на Реал Мадрид. Селекторот ги вклучи повредените напаѓачи Ламин Јамал и Нико Вилијамс во тимот, бидејќи очекува тие да се рехабилитраат до почетокот на Светското првенство, кое ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико. За прв пат Шпанија на големо натпреварување оди без играчи на Реал. ...
Русија денес ги предупреди жителите на Киев, вклучувајќи го дипломатскиот персонал и претставниците на меѓународните организации, да го напуштат украинскиот главен град „што е можно поскоро“ и да ги избегнуваат воените и административните објекти. Руското Министерство за надворешни работи објави на Телеграм дека Русија ќе изврши „систематски напади“ врз објекти поврзани со воено-индустрискиот комплекс на Украина во Киев по она што го опиша ...
Денес измерени 16 степени на Попова Шапка, 20 во Крушево, 21 во Маврови Анови, 22 Лазарополе, 24 во Охрид, Претор, 25 во Берово, Битола, Прилеп, 27 во Крива Паланка, 28 во Тетово, 29 степени се измерени во Штип, Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Виница, 30 степени биле измерени во Кавадарци, Скопје-Петровец, Велес и 31 степен во Демир Капија и Гевгелија. Според најавите од УХМР до крајот на денот ќе се задржи променливо облачно време со услови за ...
Актерската икона Џоан Колинс, која неодамна го прослави својот 93-ти роденден, ја откри тајната на својот завиден младешки изглед. Таа ја припишува својата виталност и изглед не на скапите третмани, туку на комбинацијата од „многу добри гени“, „совршено“ ментално здравје и одлука да се држи подалеку од козметички корекции, пишува „Дејли Меил“. Генетиката и менталната сила како основа Колинс нагласува дека нејзиното наследство игра клучна ...
Вчера во ОВР Неготино, било пријавено дека околу 14:00 часот на крстосница од улица „Климентова“ и улица „Дојранска“ во Неготино, 16-годишник од Неготино, управувајќи електричен тротинет паднал на патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 16-годишникот, констатирани во Општа болница Кавадарци. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Неготино. ...
Вчера во 12:40 часот во тетовско село, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Ш.А. (36) од истото село. Претходно, во 12:00 часот во просториите на Одделението за криминалистичка полиција Тетово, неговата 57- годишна мајка, пријавила дека во нивниот семеен дом, Ш.А. и се заканувал со нож. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок. Истиот ден во 02:10 часот во ...
Редот и законот вратени во Тетово со владеењето на Билал Касами станаа трн во око за ДУИ, оценуваат во „Вреди“ Тие што сакаа да го претворат Тетово во пашалак на Дака Давидовиќ, човек на американската црна листа, и ја оставија општината со долг од 24.000.000 евра, не можат да сфатат како Билал Касами го трансформираше Тетово за само еден мандат, истовремено намалувајќи го долгот. Во времето на ДУИ, не можеше да се изгради Стадионот на ...
Рускиот претседател Владимир Путин и кралот на Бахреин, Хамад бин Иса ал-Калифа, денес телефонски разговараа за решавање на конфликтот на Блискиот Исток, односно кризата во Иран, соопшти Кремљ. „Беше нагласена потребата од брзо политичко и дипломатско решение за кризата околу Иран, земајќи ги предвид интересите на сите земји во регионот“, се наведува во соопштението што го пренесе РИА Новости. За време на разговорот, Путин и Ал Калифа ја ...
Синоќа во 12:25 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во с.Зајас, кичевско, на локален пат за „Нова населба“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ф.Џ. (32) од с.Горно Строгомиште, кичевско и електричен тротинет, управуван од 15-годишник од с.Зајас. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицински центар Кичево. За настанот е известен ...
Жена од Штип настрадала од експлозија на бојлер во викендица во Пехчевско. Тешко е повредена. Имено, вчера во 18:35 часот во ОВР Берово од Итната медицинска помош Пехчево било пријавено дека во викенд куќа во туристичката населба „Равна река“, атар на Пехчево, во сопственост на З.В. од Пехчево, при експлозија на електричен бојлер со тешки телесни повреди се здобила 42-годишната В.М. од Штип, констатирани во Клиничка болница Штип. За ...
Вчера во 15:50 часот во ЈЗУ УК „Гинекологија и акушерство“ при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода 38-годишната С.К. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од установата во 13:40 часот дека кај нив била донесена малолетната ќерка на С.К. со породилни болки. Со таткото на малолетничката Б.К.(38) извршен е службен разговор и известен е јавен обвинител. Полицијата соопшти ...
Синоќа во 20:08 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека настанал пожар во една од халите на фабрика за текстил во Радовиш, во која биле сместени машини и репроматеријали. По интервенција на Територијалните противпожарни единици од Радовиш и Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и инспектор за пожари. Извршен е увид од екипа на ОВР Радовиш. ...
Утрово во 01:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода О.А.(21), А.Ф.Е.(21), Т.А.Б.(22) и А.И.О.(24), сите од Турција. Полицијата постапила постапувајќи по пријава дека на 24.05.2026 околу 19:55 часот на подрачјето на Центар, по претходна расправија околу сообраќајот, прво со нивното возило „ауди“ удриле во моторот на Ф.М. (20) од Скопје, додека извршувал работни задачи како доставувач, а потоа и физички го ...
Дванаесет возрасни лица и две деца се повредени откако трамвај излета од шините на улица во Белград, пишува порталот „N1“. Единаесет од повредените се пренесени во Ургентниот центар, едно лице во Клиничката болница Звездара, додека две деца се пренесени во болницата Тиршова, според Одделот за итни случаи. Според досегашните информации, тројца од повредените се здобиле со сериозни повреди, вклучувајќи контузии и скршеници. Несреќата се ...
Финскиот претседател Александар Стуб изјави дека би бил подготвен да ја претставува Европската Унија во евентуалните мировни преговори со Русија, доколку од него се побара таква улога. Во интервју за финскиот јавен сервис „Yle“, Стуб, одговарајќи на прашањето дали би прифатил да биде европски претставник во разговорите за прекин на војната во Украина, рече дека ова е едно од прашањата на кои, како што изјави, не може да се одговори ...
Политичката партија Левица изразува како што велат од таму, сериозна загриженост поради отсуството на официјален и јасно образложен став од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во однос на нон-пејперот на германскиот канцелар Фридрих Мерц околу исходот на пристапувањето на Република Македонија во ЕУ. Во услови, кога, како што посочуваат од Левица, се отвораат суштински прашања за идниот европски статус на Македонија, ...
Градското сообраќајно претпријатие „Белград“ (ГСП) се огласи по несреќата со трамвајот кој излетал од шините утрово во Белград. Трамвајот КТ4, сообраќал на линија број 5 и излетал од шините, пренесуваат српските медиуми. Вкупно 15 лица се повредени, објави Првото основно обвинителство во Белград, а според службите за итни случаи, меѓу повредените имало две деца, кои биле пренесени во болница. Како што истакнуваат, трамвајот удрил во блиска ...
Специјалниот пратеник на Румен Радев, Венко Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија поради неговите антимакедонски ставови, кажа на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Филипче, вели тој, е соработник со Виктор Стојанов кој се залага за промоција на бугарскиот идентитет, историја и култура во Македонија. „Неговите јавни настапи се насочени ...
Граѓаните добро знаат дека Мицкоски кога клечеше и молеше за власт ветуваше враќање на името, промена на преговарачката и укинување на Преспанскиот договор, истакна на прес-конференција Симона Цветановски, членка на Извршниот одбор на СДСМ. „Ги излажа граѓаните. Му пропадна лажниот патриотизам, пола влада му е со бугарски пасоши. А што ветуваше Христијан Мицкоски за економијата? Ветуваше дека „ќе биде многу подобро“, ветуваше подобар ...
Додека граѓаните на Куманово живеат во хаос од урбанизација и масовно се иселуваат– блиските луѓе на Максим Димитриевски очигледно доживуваат вистински бизнис-бум, реагираат од Левица. Левица открива нов скандал. „Од вкупно 48 прифатени иницијативи за поставување фотоволтаични централи, дури 16 се поврзани со фирмата „Солар Енерџи Груп“, во сопственост на Добрин Петрушевски и Драган Митевски – кум на Максим Димитриевски. Тоа значи дека една ...
Едно лице е однесено во болница, а околу 20 лица пријавиле дека се чувствуваат лошо откако еден маж наводно испрскал непозната супстанца во близина на комерцијална зграда во деловниот кварт Гинза во Токио, соопшти полицијата. Итен повик за „остра миризба“ во трговскиот комплекс „Гинза Сикс“ е упатен околу пладне по локално време, пренесува Кјодо. Според извештаите, се чини дека мажот веќе го напуштил местото на настанот, а полицијата го ...
Франција е потресена од голем скандал со злоупотреба на деца, откако училишните надзорници во десетици државни градинки и основни училишта беа испитани за насилство, сексуална злоупотреба и силување. Полицијата во Париз истражува повеќе од 100 пријави за наводна злоупотреба, физичко насилство и силување на деца на возраст од само три години. Обвинителството потврди дека случаите се однесуваат на однесувањето на училишните надзорници за време ...
Тешка несреќа се случи денес во Белград, кога трамвај излета од шините и удри во зграда. Во несреќата има повредени, но засега не се познати повеќе детали. Според првите информации од местото на настанот, трамвајот излетал од шините под сè уште неразјаснети околности, по што удрил во зграда до патот, пренесуваат тамошните медиуми. Sieh dir diesen Beitrag auf Instagram an Ein Beitrag geteilt von Nova.rs (@nova.rs_portal) Силниот судир ...
Со концерт на камерниот ансамбл „Консонанс“, кој вчеравечер се одржа во престижниот амбиент на „Хорти Салустијани“, свечено беше заокружено годинашното чествување на сесловенските просветители во Рим, во рамки на традиционалната манифестација „Македонија во чест на Св. Кирил“. Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој е дел од државно-црковната делегација, во своето обраќање истакна дека делото на светите браќа Кирил и Методиј ...
Случајот со Артан Груби се одолговлекува, додека граѓаните чекаат одговор. Човекот кој со години беше живата архива на ДУИ, човекот што знае каде се потписите, договорите, пазарите и аферите на старата власт, сè уште не се соочува со институционален епилог, истакнуваат од „Вреди.“ „Артан Груби, заедно со бегалецот Перпарим Бајрами, се сомничи за злоупотреби во вредност од 8 милиони евра во случајот „Државна лотарија“. Ова, како што додаваат ...
„Ние секоjдневно прашуваме, повеќе од месец дена зошто се уште не се испратени документите за екстрадиција на Груевски? Месец дена нема одговор. Поминаа две недели откако Петер Маѓар е веќе нов премиер на Унгарија. Што се случува со документите? Кога ќе бидат испратени“, прашуваат од СДСМ. Како што додаваат, повеќе од еден месец молк и избегнување одговори, јавноста конечно заслужува конечно да дознае: „Дали Христијан Мицкоски и Игор Филков ...
Цените на нафтата паднаа, додека азиските акции пораснаа во понеделникот со надеж дека може да се постигне договор меѓу САД и Иран за повторно отворање на Ормускиот теснец. Цената на суровата нафта „Брент“ од Северното Море и американската сурова нафта од Западен Тексас „Интермедијар“ паднаа за речиси пет проценти, на 99,41 и 92,49 долари за барел. САД и Иран се приближуваат до постигнување договор што би ставил крај на војната што беснее ...