Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Правичната и соодветна застапеност не е подарок, туку уставно право гарантирано уште од 2001 година, соопштија од „Влен“. Оттаму посочуваат дека законот за ова прашање требало да биде донесен уште во 2003 година, но, како што велат, со години бил оставен настрана и користен за пропаганда, без да се реши суштински. По одлуката на Уставниот суд од 9 октомври 2024 година, со која падна балансерот како алатка, од „Влен“ оценуваат дека станало ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до припадниците на ромската заедница по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април. „Почитувани сограѓани Роми, Нека ви е и нека ни е честит 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите. Искрено посакувам да го одбележите овој ден во добро здравје, радост и среќа. Вие, Ромите, историски и културно сте неразделен дел од македонската држава и општество. Слободата, гордоста и заедништвото се ...
Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, верува дека неговиот тим може да го надмине минусот против Баерн и да се пласира во полуфиналето, во Лигата на шампионите. Реал, синоќа во Мадрид загуби од Баерн со 1:2. Реваншот во Минхен се игра наредната среда. – Мислам дека ова е пораз што можевме да го избегнеме со малку повеќе среќа. Направивме две грешки во додавањето на топката што требаше да ги избегнеме, а против тимови каков што е Баерн, ...
И додека успешно го балансира својот живот како претприемач и млада актерка во подем, Сидни Свини секогаш наоѓа време да ги почасти своите бројни обожаватели со жешки фотографии на интернет. Зачудувачката убавица неодамна објави компилација од фотографии на Инстаграм, а оние на кои се гледа нејзиното тело во секси долна облека го привлекоа вниманието. View this post on Instagram A post shared by Sydney Sweeney (@sydney_sweeney) На една од ...
Актерката Зендаја синоќа присуствуваше на премиерата на третата сезона од серијата „Еуфорија“ и се појави во уникатен моден аутфит. За оваа пригода, таа избра долг сатенски црн фустан, кој ги истакнуваше нејзините рамена и витката фигура. Фустанот има и дел што се влече зад неа, а од друга страна, фустанот е целосно отворен на задниот дел. View this post on Instagram A post shared by Deadline (@deadline) Зендаја го комплетираше својот ...
Северна Кореја денеска испали повеќе балистички ракети кон морето покрај нејзиниот источен брег, соопшти војската на Јужна Кореја, еден ден откако беше забележано уште едно лансирање, што дополнително ги намали надежите на Сеул за намалување на тензиите. Заедничкиот штаб на Јужна Кореја (JCS) соопшти дека неидентификуваните проектили биле лансирани околу 8:50 часот наутро од област во близина на Вонсан на источниот брег на Северна Кореја. ...
Глобалните цени на нафтата нагло паднаа, а берзите пораснаа откако САД и Иран постигнаа условен двонеделен договор за прекин на огнот и повторно отворање на Ормускиот теснец, пренесе „Би-Би-Си“. Цената на „брент“ нафтата падна за околу 13% на 94,8 долари по барел, додека американската нафта се намали за повеќе од 15%. Сепак, цените остануваат повисоки од периодот пред конфликтот. Пазарите реагираа позитивно – берзите во Азија забележаа ...
Бранителот на титулата во НБА лигата, Оклахома, среде Лос Анџелес ги декласира Лејкерси со 123.87. ЛА Лејкерс без Дончиќ, Леброн Џејмс, Ривс и Смарт, немаа никакви шанси против најдобриот тим во лигата. Шеј Гилџис-Александер постигна 25 поени и имаше осум асистенции за околу 28 минути на паркетот, повторно немаше потреба да се мачи, ова е шести триумф по ред за шампионот. Холмгрен додаде дабл-дабл, 15 поени и 10 скока, Ајзеа Џо постигна ...
Маја Гловер, ќерка на пилотот Виктор Гловер, кој е дел од мисијата „Артемис 2“, стана вистинска сензација на интернет поради победничкиот танц што му го посвети на својот татко. Да потсетиме дека мисијата „Артемис 2“, организирана од американската вселенска агенција НАСА, претставува голема пресвртница за човештвото, но и за цивилизацијата. Астронаутите на мисијата: Виктор Гловер, Рид Вајсман, Кристина Кох и Џереми Хансен се првите луѓе што ...
Јужна Кореја ја користи индустријата за убавина како економска и политичка стратегија, комбинирајќи поп-култура, иновации и државна поддршка, пренесе Дојче веле. K-Beauty се однесува на корејската нега на кожа и шминка, која стана глобален тренд. По успехот со K-pop, филмови и технологија, оваа индустрија е новата алатка на „мека моќ“. Социјалните мрежи како TikTok и Instagram играат клучна улога во ширењето на трендовите, додека ѕвездите ...
Австралискиот премиер Ентони Албанезе го поздрави примирјето на Блискиот Исток, посредувано од САД, Израел и Иран, но ја критикуваше реториката на американскиот претседател Доналд Трамп. Договорот за примирје дојде по неколку недели зголемени тензии што се закануваа да го ескалираат конфликтот, објави Ројтерс. Трамп се согласи на двонеделното примирје помалку од два часа пред да истече ултиматумот што му го даде на Техеран за повторно ...
Во рамки на работната посета на Вашингтон и втората сесија на Стратешкиот дијалог, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски оствари билатерална средба со заменик-државниот секретар Кристофер Ландау. Средбата ја потврди силната и растечка соработка меѓу Соединетите Американски Држави и Северна Македонија и ја истакна заедничката посветеност на двете земји кон регионалната стабилност, економската соработка, развојот на енергетскиот ...
Принцот Хари и Меган Маркл со години живеат далеку од влијанието на кралското семејство и Велика Британија, а се сместија во својот нов живот во Монтесито, каде што уживаат во семејна идила со нивниот син Арчи и ќерката Лилибет. Иако поранешната војвотка од Сасекс не споделува често фотографии на кои е вклучено нејзиното семејство, таа прави исклучок за празниците, а сега покажа како го прославиле Велигден. Серија снимки од дворот на кои се ...
Пилотите на ист лет не јадат ист оброк – и тоа не е случајно, туку безбедносна мерка. Причината е да се намали ризикот од труење со храна. Доколку и двајцата пилоти консумираат иста храна која е расипана или контаминирана, постои опасност истовремено да станат неспособни за работа. View this post on Instagram A post shared by Cockpit King (@cockpitkingofficial) Затоа, капетанот и копилотот јадат различни оброци, а во некои случаи и во ...
Иран и Оман планираат да наплаќаат транзитни такси за бродовите што минуваат низ Ормускиот теснец за време на двонеделното примирје, објави полуофицијалната иранска новинска агенција Тасним. Собраните средства ќе бидат наменети за реконструкција, соопшти Тасним. Си-Ен-Ен контактираше со Министерството за надворешни работи на Оман за коментар. Теснецот е практично затворен од почетокот на војната, а податоците за следење на бродовите ...
Коосновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, ќе сведочи пред Конгресот на САД за неговата врска со осудениот педофил Џефри Епстин. Сослушувањето е дел од истрагата за починатиот финансиер од страна на Комитетот за надзор на Претставничкиот дом, во која веќе сведочеа голем број познати личности, вклучувајќи ги Бил и Хилари Клинтон, објави „Скај њуз“. Гејтс не е обвинет за никакво кривично дело, а неговиот портпарол рече дека „ја поздравува ...
Во Стопанската комора и формално почна да функционира Групација на овластени увозници на моторни возила, директно подржана и од претседателот на СКСМ Бранко Азески. По неколку неформални работни средби и дискусија за прашања од интерес на нивното заедничко делување, овластените увозници на моторни возила во Македонија ја формализираа и Групацијата при Комората. За претседател е избран Благоја Димитровски од Тојота Авто Центар, а за ...
Кафеавата дефинитивно остана кралица на модата во 2026 година – откако ги освои модните писти во 2025 година, овој софистициран тон продолжува да владее со гардеробите на трендсетерите. Оваа боја зрачи со топлина, луксуз и безвременска елеганција, а кога е во комбинација со пролетни материјали и кроеви, дава моментален „моден“ ефект. Кафеавите тонови се особено популарни, внесувајќи дополнителна текстура и богатство во секој аутфит. А што е ...
Откријте кои цвеќиња носат среќа и благослови во вашиот дом за Велигден и како да ги вклучите во вашиот празничен декор. Велигденските празници секогаш носат со себе посебна топлина, мир и потреба да го направите вашиот дом попријатен и поубав. Покрај традиционалните обичаи и богатата трпеза, цвеќињата имаат посебно место во создавањето празнична атмосфера. Внимателно одбраните цвеќиња не служат само како декорација, туку се верува дека ...
Шампионот во Формула 1, Луис Хамилтон, и ријалити ѕвездата Ким Кардашијан веќе неколку пати ја потврдија својата врска појавувајќи се заедно на големи настани, како што е Супербоул, а потоа беа видени како шетаат низ Токио. Сепак, досега ниту Ким ниту Луис не се огласија, иако не ги негираа ниту гласините. Сега конечно сè е јасно, по којзнае кој пат, но тие сè официјализираа на Инстаграм. Хамилтон објави видео во кое може да се види како ...
Кина, најголемиот трговски партнер на Иран, го повика Техеран да најде начин да постигне прекин на огнот со САД, изјавија двајца функционери запознаени со разговорите. Кинеските функционери се во контакт со Иранците за да ги охрабрат да се согласат на прекин на огнот, изјавија изворите, кои сакаа да останат анонимни бидејќи не се овластени јавно да коментираат за дипломатски прашања, објави Асошиејтед Прес. Еден од функционерите рече дека ...
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, го поздрави објавувањето на двонеделниот прекин на огнот меѓу САД и Иран. Во соопштението, неговиот портпарол рече дека Гутереш ги повика сите страни во конфликтот на Блискиот Исток да го почитуваат меѓународното право и условите на прекинот на огнот со цел да се отвори патот за траен и сеопфатен мир во регионот. Гутереш, исто така, изрази „искрена благодарност“ до Пакистан и ...
Српскиот пејач Саша Ковачевиќ и неговата свршеница Зорана Тасовац, со која е во љубов повеќе од десет години и со која се сврши по нивната јубилејна годишнина, го очекуваат своето прво заедничко дете. Ова ќе биде второ дете за убавата Зорана, која пејачот ја запроси во октомври минатата година, бидејќи претходно беше во брак со Богдан Срејовиќ, со кого ја има ќерката Искра. View this post on Instagram A post shared by Sasa Kovacevic ...
Актерката Дакота Џонсон (36) повеќе не ја крие својата љубов кон Такер Пилсбери (28), попознат под уметничкото име „Rol Model“. Dakota Johnson and Role Model are still going strong … making their romance known by smooching each other while out in Los Angeles Friday night! (🎥 Backgrid) See more: https://t.co/uTpM1txIpY pic.twitter.com/cbkStoq8vS — TMZ (@TMZ) April 5, 2026 Двојката е видена неколку пати низ градот, а последниот пат ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја поздрави двонеделната пауза во нападите врз Иран како „одличен ден за светскиот мир“. Во објава на социјалната мрежа Truth Social, тој рече дека Иран „водел доволно војни“ и дека „доаѓаат многу позитивни потези“. Трамп, исто така, објави дека САД ќе учествуваат во обезбедувањето на поморскиот сообраќај низ Ормускиот теснец, клучен глобален пат што Иран во голема мера го затвори за време на конфликтот. ...
Марс, планетата на борбата и акцијата, влегува во огнениот Овен на 9 април. Ова ќе донесе голема движечка енергија на три хороскопски знаци. Моќна енергетска промена се случува оваа недела кога Марс влегува во Овен на 9 април. Ова особено ќе влијае на овие три хороскопски знаци: Овен, Лав и Стрелец. Тие ќе добијат голема енергија што ги принудува да дејствуваат веднаш, честопати без страв, но и без трпение. Марс во Овен е на своето место, ...
Познато е дека жолто обоени јајца тешко се добиваат, но постои природна опција што можете да ја користите за да добиете златно-жолта боја. Влеговме во последната недела пред Велигден, Страсна седмица, и нè очекува најубавото нешто – традиционално боење јајца на Велики четврток. Покрај разните совети и методи на социјалните мрежи, повеќето луѓе секогаш претпочитаат да посегнат по природни варијанти на боење јајца. Жолтите, маслинестите и ...
Вчера Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со СВР Струмица, како и припадници на ЕБР и САЕ „Тигар“, во координација со јавен обвинител при ОЈО ГОКК спроведоа координирана полициска операција со цел сузбивање на организирана криминална група која делувала на повеќе локации на територијата на РС Македонија, инволвирана во организирање, набавка, продажба и пуштање во промет на наркотична дрога. По преземените ...
„Некогаш најфотографираното катче во срцето на Скопје, создадено во 70-тите години од минатиот век, овој препознатлив симбол на чистота и убавина, ‘Лотосов цвет’, денес повторно блеска“, објави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „По години на запуштеност и заборав, фонтаната е целосно обновена, просторот е уреден, поставена е нова урбана опрема и модерно осветлување. Ова е враќање на едно чувство, на едно место што обединува ...
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат: · во периодот од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од село Блаце, општина Чучер Сандево; · во периодот од 08:30 до 15:00 часот, корисниците Катланово, Стари Лозја кај Фазанерија, Тотинци, општина Петровец; · во периодот од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од село Бадар, општина Петровец; · во периодот од 08:30 до ...