Млад полицаец сакал да го спаси сопствениот брат од плаќање казна за незаконско паркирање. Тој излажал дека возилото на брат му е на МВР за да не плати казна. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до обвинителството Битола поднесе кривична пријава против И.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службената положба и овластување“. И.Д., на работно место ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, предлага референдум за членството на Македонија во Европската унија. Тој вели дека граѓаните треба сами да одлучат дали сакаат да ја плаќаат цената за, како што рече, криминалните политики на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. „Вчера го слушнавме Христијан Мицкоски, рече: ‘Нема повеќе отстапки за влез во Европската Унија, подготвени сме да ја платиме цената’. Се поставуваат две прашања: кои се тие отстапки ...

Уставните измени не се последниот услов, Бугарија има пошироки барања кон Македонија, а Филипче е спремен да ги поддржи, вели Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. „Очигледно е дека единствениот кој безрезервно им верува на пораките на Румен Радев дека уставните измени се последната пречка на патот кон Европската Унија е токму специјалниот бугарски пратеник во Македонија, Венко Филипче. Премиерот на Бугарија, Румен Радев излегува во јавноста и ...

Пет тинејџери се удавија во отворени води во Велика Британија и Ирска за време на овонеделниот незапаметен мајски топлотен бран. Кралската национална институција за спасување (RNLI) веднаш издаде сериозно предупредување за големиот ризик од капење во отворени води. Овие трагедии доаѓаат по пет дена со необично топло време, при што во вторникот беше забележан најтоплиот мајски ден во историјата на земјата. Дванаесетгодишно момче го загуби ...

Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците кои од својата плата ги даваат за чланарина, обвини Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Тој вели додека во Македонија велел дека се мали платите и дека се борел за поголеми плати, дека граѓаните живееле во сиромаштија и мизерија, Трпе Деаноски во Црна Гора се луксузирал на трошок на неговите синдикалци. „Трпе Деаноски, ...

Вест Хем Јунајтед поминува низ агонијата по преселбата во Чемпионшип дивизијата. И покрај ова, челниците на клубот од Источен Лондон нема да преземат радикални потези. Португалскиот тренер Нуно Еспирито Санто нема да биде отпуштен и ќе остане на истата позиција следната сезона. На крајот од минатиот септември, тој потпиша тригодишен договор, кој останува на сила и покрај неуспехот. Иако речиси целата сезона ја помина на чело на стручниот ...

Најмалку 31 лице загина, а 40 се повредени во силните израелски воздушни напади врз јужниот и источниот дел на Либан. Оваа ескалација доаѓа по предупредувањето од Израел дека ги засилува своите воени операции, и покрај формално соопштениот прекин на огнот. Според либанското Министерство за здравство, жртвите се последица на нападите извршени во текот на вчерашниот ден. Либанските власти соопштија дека Израел извршил напади на повеќе локации ...

Украина има шест месеци да ја преземе иницијативата на бојното поле од Русија и да ја зајакне својата позиција за идните мировни преговори, изјави за „Ројтерс“ висок украински командант. Тој предвидува дека по повеќе од четири години војна, „пресвртница“ во конфликтот е неизбежна. Руските сили, кои постепено напредуваа од почетокот на инвазијата во февруари 2022 година, го забавија своето напредување оваа година, додека украинската војска ...

Во рамки на националната кампања под мотото „Органдонорството ѝ дава највисока смисла на човечноста!”, д-р Никола Ѓорѓиевски, директор на Универзитетската клиника за нефрологија потстетува на важноста на солидарноста при чинот на дарување органи. -Сите заедно треба да бидеме солидарни и хумани и да го поддржиме органдонорството како најхуман чин што помага на многу животи и на многу пациенти, коишто имаат потреба од донирање органи. Затоа, ...

Адам Сендлер се појави на премиерата на филмот „Office Romance“ за да ја поддржи сопругата Џеки Сендлер, која глуми во филмот. Сепак, тој не привлече најголемо внимание поради неговото пристигнување на црвениот тепих, туку поради неговата облека, која набрзо започна дискусија на социјалните мрежи. Актерот пристигна во портокалов дуксер со качулка, сини тренерки и патики, а погледнете како изгледаше во видеото подолу. Многумина на социјалните ...

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, обвини дека вицепремиерот Иван Стоилковиќ, отворено работи за кинеска и руска агенда со цел блокирање на европскиот пат на Македонија. „Најблискиот соработник на Мицкоски и втор човек во владата, отворено повикува на стратешка соработка со Кина. По години застапување на српски и руски интереси, сега Стоилковиќ стратешки удри и на стратешкиот партнер на Македонија – Соединетите Американски Држави. Сè ...

Поранешниот напаѓач на ПСЖ, Одсон Едуар, откри дека ја одбил шансата да го претставува Хаити на претстојното Светско првенство иако ќе му бил загарантиран настап на најголемата фудбалска сцена. Напаѓачот објасни дека ја донел одлуката од, како што вели, принципиелни причини, бидејќи не сака да ги „прескокне“ играчите кои ги поминале комплетните квалификации. „Не чувствував дека е исправно да играм на ова Светско првенство. Играчите се бореа ...

Летото е пред врата, а со него доаѓа и нов тренд кај костимите за капење кој сигурно ќе привлече големо внимание. За разлика од претходните години кога доминираа микро бикини и модели со исечоци кои откриваат премногу, оваа сезона хит се костимите за капење со здолниште. Овој разигран и малку ретро модел носи доза на женственост и живост, но без претерана разголеност. Романтичен стил за љубителите на винтиџ естетика Доколку претпочитате ...

Рози О’Донел направи фејслифтинг, иако претходно тврдеше дека никогаш нема да ги промени цртите на лицето. 64-годишната водителка и комичарка откри на социјалните мрежи дека во јануари направила длабок фејслифтинг на долниот дел од телото, процедура за која потрошила, како што рекла, „повеќе пари отколку за кој било автомобил што некогаш го купила“. „Тоа е последица на мојата привилегирана позиција во овој свет“, продолжи таа. „И ми се чини ...

Полицијата утре од 08 часот, на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид ќе спроведува вежбовно гаѓање со боева муниција. Пред почетокот на вежбовните активности, ќе бидат преземени соодветни безбедносни активности со теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето, со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони. Медицинско обезбедување на боевото гаѓање ќе вршат екипи на ЈЗУ „Здравствен дом“ Охрид. СВР Охрид ...

Барселона бара нов напаѓач по емотивното заминување на Роберт Левандовски, а спортскиот директор Деко веќе ги направи првите чекори. На сите во Барселона им е јасно дека со оглед на финасиската ситуација, невозможен е трансферот на Хулијан Алварез. Атлетико за Аргентинецот бара 150 милиони евра, во кеш. Според шпанските медиуми, Деко отпатувал во Лондон за да се сретне со менаџерот на напаѓачот на Челзи, Жоао Педро. Според шпанските ...

Јуни носи многу финансиски пресврти, но и можности за заработка преку дополнителна работа. Месецот ќе биде клучен за одлуки поврзани со инвестиции, долгови и деловни преговори. ♈ Овен Повеќе шанси за заработка, но и поголема желба за трошење на непотребни работи. Можни се неочекувани трошоци за куќата или автомобилот. Крајот на месецот носи хонорарна работа, а ситуацијата ќе се подобри кога ќе ја контролирате импулсивноста. ♉ Бик Парите ...

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, го посети иновативниот центар на компанијата Mint Future Factory во градот Џиаксинг, Кина. Таму, заедно со домаќините, беше пречекан од роботи кои зборуваа на српски јазик, а потоа го заиграа Моравачкото оро. Вучиќ ги сподели своите впечатоци од посетата на Инстаграм. View this post on Instagram A post shared by Aleksandar Vučić (@buducnostsrbijeav) „Во импресивниот центар за иновации Минт, видовме ...

Легендарниот Аргентинец Анхел Ди Марија во интервју за Би-Би-Си изјави дека Луј ван Гал го натерал да го мрази Манчестер Јунајтед и животот на „Олд Трафорд“. Ди Марија истакна дека Луј ван Гал секогаш секогаш му ги потенцирал лошите работи, никогаш не го истакнал она шшто било добро во играта на Ди Марија. „Сè започна многу добро. Потоа започнаа проблемите со Ван Гал и сè се распадна“, вели Ди Марија. Кај како Гал, Ди Марија играше на ...

Градот Скопје и Министерството за култура и туризам денес потпишаа Меморандум за соработка со цел унапредување на културата, туризмот и културно-туристичката понуда на главниот град. „Меморандумот, потпишан од градоначалникот на Град Скопје и министерот за култура и туризам Зоран Љутков, претставува важен чекор во подготовките за ‘Скопје 2028 – Европска престолнина на културата’ и има за цел посилна институционална координација во развојот и ...

Еден од симболите на шампионската генерација на Лестер во сезоната 2015/16, голманот Каспер Шмајхел ја заврши својата професионална кариера откако сериозна повреда на рамото го принуди да донесе конечна одлука. Искусниот дански голман, кој моментално игра за Селтик, не можеше да игра во последните месеци поради проблеми со рамото, а по консултациите со лекарите, стана јасно дека пензионирањето ен најдобрата опција. Во емотивно обраќање до ...

Вчеравечер во македонскиот КИЦ во Загреб бројната публика имаше можност да се запознае со делата на четворица современи македонски уметници — Ѓорѓе Јовановиќ, Јасмина Главинче, Владимир Лукаш и Вук Митевски — кои преку цртеж, слика, графика, илустрација и анимациски имагинариум ги истражуваат внатрешните пејзажи, личните состојби, сеќавањата и фрагментите на современото искуство. На отварањето на изложбата „Mind(e)scapes“ на Асоцијацијата за ...

Гувернерот на Севастопол објави дека воздушната одбрана на рускиот окупиран кримски град соборила повеќе од 20 украински дронови рано утрово, додавајќи дека Киев користел и ракети „Storm Shadow“. Михаил Развожаев објави на „Телеграм“ дека засега нема информации за жртви и дека неколку згради се оштетени во нападот, вклучувајќи ја регионалната канцеларија на централната банка и осумкатна станбена зграда. Ракетите „Storm Shadow“ се ...

Поранешниот ас на Челзи и Англија, Френк Лампард, е прогласен за менаџер на годината од страна на Здружението на менаџери на лигата (LMA), откако го врати Ковентри Сити во Премиер лигата за прв пат од сезоната 2000/2001. „Небесно сините“ на Лампард ја освоија Чемпионшип лигата со дури 11 бода предност пред Ипсвич Таун и се вратија во елитата по 25 години. Престижната награда, позната како наградата „Сер Алекс Фергусон“, му ја додели ...

Бројот на случаи заразени со хантавирус поврзани со крузерот каде што започна епидемијата се искачи на 13, изјави денес шефот на Светската здравствена организација (СЗО). „Шпанија пријави нов случај на инфекција кај патниците во карантин, со што вкупниот број на случаи се зголеми на 13“, напиша шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, во објава на социјалните мрежи. Меѓу нив има три лица кои починале, но нема нови смртни случаи од 2 мај, ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на Собранието, Африм Гаши, упатија честитки до граѓаните од исламска вероисповед по повод големиот муслимански празник Курбан бајрам. Сиљановска-Давкова упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаи, членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и до сите верници, посакувајќи им празникот да го поминат во ...

Со изведбата на грандиозната опера „Набуко“ од Џузепе Верди, на 31 мај со почеток во 20.00 часот, на сцената на Националната опера и балет свечено ќе биде затворено 54. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“. Операта ќе биде изведена под диригентската палка на гостинот од Аргентина, Јерухам Шаровски, во режија на Ренато Бонајуто (Италија). Сценографијата и костимографијата се на Флавио Арбети и Артемио Кабаси (Италија), кореограф е ...

Наместо чипс и индустриски обработени грицки што обично нудат само празни калории и чувство на надуеност, ние ви претставуваме алтернатива, грицки што ќе ја задоволат вашата желба за грицкање без вина. Сите знаеме како оди. Седнувате да гледате филм навечер, а раката автоматски ви оди кон кеса со чипс или мрсни пуканки. Додека филмот завршува, кесата е веќе празна, а вие се чувствувате виновни бидејќи знаете што сте му направиле на вашето ...

Со овации, трчање во три круга околу бината и силен емотивен прием од белградската публика, македонската кантавторка Дина Јашари го одбележа настапот на платото пред Музејот на Југославија во Белград, како дел од 9. издание на манифестацијата „Leto u MuzeYU“ по повод Денот на младоста. Настапот се одржа точно една година по објавувањето на нејзиниот деби-албум „Растенија без корен“, а Дина симболично го одбележа моментот со трчање три круга ...

Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, донесе одлука која го привлече вниманието на локалната јавност во последните денови. Италијанскиот тренер, по три години го врати Нејмар во репрезентацијата за претстојното Светско првенство. Враќањето на Нејмар отвори и дебата за култната „десетка“, односно кој ќе го ноди овој број на грбот. На почетокот се чинеше дека легендарниот напаѓач ќе остане без бројот што го следеше низ целата негова ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.27
65%
1014
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
1.5
90%
1013
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
1.45
93%
1014
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
0.47
65%
1014
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
5.75
57%
1011
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
1.39
92%
1013
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
0.89
67%
1015
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.85
69%
1015
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.89
60%
1015
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 18ᴼ
1.34
66%
1010
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
1.34
55%
1013
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
1.41
67%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Кобалт

45.39

Злато

135639.33

Рутениум

48965.59

Родиум

257205.97

Цинк

0.00

Калај

53.60

Паладиум

40767.15

Иридиум

253540.09

Бакар

13.01

Платина

55170.68

Сребро

2186.28

Алуминиум

3.54