Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска изврши увид на терен на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, заедно со деканот на Градежниот факултет, инспекциските служби на Општина Центар и стручни лица, каде се спроведуваат итни мерки за обезбедување и стабилизација на просторот по евидентираното свлечиште на земјиштето во непосредна близина на градежен зафат, информираат од општината. Согласно ...

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески денес оствари работна средба со повеќе винарии-членки на Здружението „Вина од Македонија“ . Ристески пред компаниите презентираше дел од тековните активности на Министерството за економија и труд насочени кон подобрување на бизнис-климата и обезбедување конкретна поддршка за компаниите. – Препознавајќи го винарството како гранка која има стратешко економско значење за државата, ...

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница за пратенички прашања истакна дека во Законот за правична застапеност не се важни процентите, туку квалитетот и затоа очекува поддршка од сите пратеници и посочи дека државата се гради кога се поддржуваме едни со други, додека во однос на правосудниот испит вели дека секој има право да го користи својот мајчин јазик, но некој се обидува да создава етнички конфликт каде што го нема и со тоа се ...

Роналд Куман, селектор на холандската фудбалска репрезентација, го објави списокот на играчи за претстојното Светско првенство. Опоравениот Мемфис Депај е на списокот, додека најголемо изненадување е отсуството на играчот на Ливерпул, Џереми Фримпонг. Депај беше еден од тројцата играчи кои неодамна се опоравија од повреди, а Куман ги стави на спиското за планетарната смотра. 32-годишниот напаѓач, кој игра за бразилскиот Коринтијанс, е ...

Утрово во 01:48 часот во СВР Скопје е пријавено дека во куќа, сопственост на С.К.(45), а во која живеела и нејзината мајка М.В.(85) во населба Пинтија во Скопје, настанал пожар. Од повредите здобиени во пожарот, починала М.В., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Пожарот е изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а во текот на денот ќе биде извршен увид, соопшти полицијата. Утрово во 01:48 часот во СВР ...

Во СВР Скопје ноќеска во 00:05 било пријавено дека околу 23:40 часот на подрачјето на Шуто Оризари, во двор од куќа на Д.А.(47) од Скопје настанал пожар, при што гореле картони кои ги собирал за продавање за стара хартија. Сопственикот со соседите Џ.А.(23) и Р.А.(23) почнале да го гасат пожарот. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил целосно изгаснат, а поради вдишување на чад Џ.А. и Р.А. биле пренесени во Комплексот ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска се обрати на отворањето на 4. Форум за културна дипломатија „Скопје 2026“, што се одржува на тема „Од крстопати кон поврзувања: Културната дипломатија и иднината на глобалниот дијалог“. Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека во современиот свет влијанието на една држава не се мери само според нејзината големина, економска или воена моќ, туку и преку ...

Албино биволите се ретки во Бангладеш, каде што повеќето говеда се со темна боја, поради што овој примерок особено отскокнуваше за време на врвот на сезоната за продажба на стока за Бајрам, иако токму неговиот прекар најверојатно му го спаси животот. Реткиот албино бивол во Бангладеш, прозван со прекарот „Доналд Трамп“, е спасен од жртвување за Курбан бајрам по интервенција на владата во последен момент, потврди во средата официјален ...

Жена за која постои сомнение дека е заразена со ебола е хоспитализирана во Горна Австрија откако била примена во болница со симптоми карактеристични за оваа опасна болест. Пациентката се вратила од Уганда само два дена претходно, каде што неодамна се регистрирани случаи на инфекција, поради што австриските здравствени власти веднаш реагирале и ја ставиле во строга изолација, објавува австрискиот „Хојте“. Првиот примерок од крв покажал ...

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, упати критики до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека води поданичка политика на штета на македонските национални интереси. Според Манасиевски, Филипче е подготвен да оди дотаму што прво би спровел уставни измени, а потоа би прифатил редефинирање на историјата и идентитетот, нарекувајќи го „специјален бугарски пратеник на Румен Радев“. Портпаролот на владејачката партија истакна ...

Музичката легенда Сер Пол Макартни во интервју за „ББС Радио 2“ откри помалку позната приказна за тоа како групата „Битлси“ (The Beatles) го добила своето име, признавајќи дека сè настанало поради едно големо недоразбирање. Тој објасни дека со Џон Ленон биле огромни обожаватели на групата на Бади Холи, „Крикетс“ (The Crickets), чие име целосно погрешно го проtolкувале, мислејќи дека има двојно значење – и за инсектот (штурец) и за истоимениот ...

Европската унија нема да назначи свој специјален претставник за преговори со Русија до понатамошно известување, а засега, наместо да избира личност, ќе се фокусира на стратешко прашање, пишува агенцијата ДПА повикувајќи се на изјави на високи претставници и дипломати на ЕУ. Високата претставничка на ЕУ, Каја Калас, и водечките членови на Унијата сметаат дека таков чекор засега нема да има смисла, изјавија овие извори на маргините од ...

Здравствените власти ќе ги зајакнат услугите за откажување од пушење, најави денес министерот за здравство Азир Алиу во рамки на одбележување на Светскиот ден без тутун 2026 година. Министерот најави дека ќе почнат координирани активности на сите институции кои можат да придонесат за откажување од пушењето. „Во соработка со Светската здравствена организација (СЗО), Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Центрите за јавно здравје, локалната ...

Во последните неколку дена, од Милан доаѓаат две приказни за хаос во клубот. Едната вклучува физичка пресметка меѓу Златан Ибрахимовиќ и Макс Алегри, поголема ескалација на тепачката спречил спортскиот директор Игли Таре, а втората е шокантно тврдење дека клубот се надевал дека нема да успее во борбата за Лигата на шампионите. Иако веќе некое време се шпекулира за големи тензии меѓу тренерот Алегри и специјалниот советник Ибрахимовиќ, ...

Европската комесарка за проширување Марта Кос изјави дека Унијата мора да го промени системот за пристапување за да одговори на потребите на Украина. Кос оцени за денешниот „Фајненшл тајмс“ дека Брисел мора да биде иновативен, но исто така нагласи дека без оглед на евентуалната реформа на процесот на проширување, нема отстапка кога станува збор за основните принципи и стандарди поврзани со владеењето на правото, независноста на судството и ...

Со присуство на повеќе министри во технички мандат и со асистенција на полицијата од регионот Север, косовските власти утрово ги презедоа просториите на железничката станица во Звечан, во близина на комплексот „Трепча“. Притоа, од објектот беше отстранета таблата на кирилица и беше поставена нова на латиница, како и косовско знаме – и сето тоа на првиот ден од официјалната предизборна кампања за вонредните парламентарни избори во Косово. ...

Портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција упати повик до Владата за распишување референдум. Како што изјави Кузеска, Владата на Мицкоски признала дека нема пари ниту за организирање референдум, обвинувајќи дека пари има само за, како што рече, криминалната група на ВМРО-ДПМНЕ и нивните тендери, додека нема за повисоки плати, минимална плата од 600 евра, мерки и субвенции за ...

Чистењето на кујната изгледа едноставно, но изборот на алатки, крпа или сунѓер, може значително да влијае на хигиената, ефикасноста и количината на бактерии што остануваат на површините. Иако многумина остануваат верни на домашните навики, експертите за чистење и дизајн на кујни истакнуваат дека обете решенија имаат свои јасни предности, но и ограничувања. Крпи за садови Крпите најчесто се препорачуваат за бришење на кујнски површини како ...

Актерката Хана Мури (36), најпозната по улогите на Гили во „Игра на тронови“ (Game of Thrones) и Кеси во серијата „Скинс“ (Skins), стави крај на својата актерска кариера и порача дека е среќна што веќе не е дел од тој свет. Мури, која со години е надвор од рефлекторите на јавноста, во своите мемоари со наслов „The Make-Believe: A Memoir of Magic and Madness“ ја откри вистинската причина за повлекувањето од Холивуд. Таа признава дека била ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ѝ се обрати на српската јавност од Шангај, каде што се наоѓа во официјална државна посета на Кина. По средбата со кинескиот претседател Ши Џинпинг и со претставници на 29 компании, Вучиќ најави потпишување на повеќе десетици договори за продлабочување на стратешкото партнерство и најави големи економски инвестиции за градовите Шид и Зрењанин во текот на јуни. Тој истакна дека српската економија во ...

Преговорите меѓу Душан Влаховиќ и Јувентус околу потпишувањето на нов договор се одолговлекуваат, но фудбалерот сè повеќе губи интерес да остане во Торино, пишува „Газета дело Спорт“. Извршниот директор на Јувентус, Дамиен Комоли, призна дека поради пропуштениот пласман во Лигата на шампионите, во клубот ќе има повеќе заминувања ова лето од планираното, а се чини дека српскиот репрезентативец е на врвот на таа листа. Во февруари и март, ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 36-годишниот Р.Б. од Струга под сомнение за сторено кривично дело „затајување“. Пријавениот се товари дека на 28 декември минатата година неовластено присвоил патничко моторно возило. Автомобилот бил во сопственост на струшки автосервис каде што Р.Б. бил вработен. Тој претходно имал полномошно од сопственикот на сервисот за привремено користење на ...

Директорот на руската служба за надворешно разузнавање, Сергеј Наришкин, денес изјави дека НАТО се подготвува за голем вооружен конфликт на Исток и дека Велика Британија, „злиот и циничен гениј на Европа“, ги охрабрува своите европски партнери да се судрат со Русија. Наришкин, на Првиот меѓународен форум за безбедност што се одржа под покровителство на Советот за безбедност на Русија, рече дека „НАТО де факто се подготвува за голем вооружен ...

Полицијата од Дебар синоќа во 22:10 часот ја приведе 40-годишната С.Р. од дебарско село поради лажно пријавување кривично дело. Таа претходно во полициската станица лажно пријавила дека била жртва на семејно насилство, тврдејќи дека била физички нападната од нејзиниот сопруг. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека приведената се товари по член 366 од Кривичниот законик за лажно пријавување на кривично дело. По целосно ...

Зголемувањето на глобалните температури би можело да ги прошири областите погодни за живеење на комарците и да го зголеми ризикот од ширење на вирусот „чикунгуња“ низ целиот свет, според нова студија објавена во научното списание „Frontiers in Cellular and Infection Microbiology“. „Бидејќи овој комарец е потолерантен на постудени услови, затоплувањето би можело да му овозможи да колонизира области кои претходно биле премногу ладни“, објасни ...

Познатата пејачка и актерка Џенифер Лопез, минува низ емотивни моменти додека се подготвува за голема животна пресвртница – заминувањето на нејзините 18-годишни близнаци од дома. Лопез не успеа да ги задржи солзите зборувајќи за тоа дека нејзините деца, Еме и Макс, се подготвуваат за факултет и за преселба од семејниот дом, пишува „Дејли мејл“. За време на гостувањето во емисијата кај Џими Кимел, Лопез беше видно трогната додека зборуваше за ...

Поранешната прва дама на Соединетите Американски Држави, Џил Бајден, напиша книга за своето време во Белата куќа, „Поглед од источното крило: мемоари“, во која, меѓу другото, наведува дека била „исплашена“ кога го гледала својот сопруг, поранешниот претседател на САД, Џо Бајден за време на дебатата во 2024 година, бидејќи изгледало како да има мозочен удар. „Не бев ужасната, туку исплашена, бидејќи никогаш не сум го видела Џо ваков ниту ...

Јордански државјанин е уапсен под сомнение дека извршил измама, откако истражните органи утврдиле дека ја украл банкарската картичка на познатиот актер Џони Деп и преку неа потрошил повеќе од 600.000 евра. Познатиот актер наводно воопшто не забележал дека од неговата сметка повеќе од две години исчезнуваат огромни суми пари, сè додека матичната банка не ги означила трансакциите како сомнителни. Истражителите успеале да ги лоцираат ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.М.(60) од Делчево. Тој се сомничи за сторено кривичното дело „предизвикување на општа опасност“. Имено, на 07.04.2026 на место викано „Тафрачко маало“ во с.Бигла, делчевско, пријавениот намерно предизвикал шумски пожар, во кој биле оштетени површини на девет сопственици на катастарски парцели во с.Бигла, соопшти полицијата. Надворешната канцеларија ...

Европа брзо старее. Најновите податоци од Евростат за 2025 година покажуваат дека разликата помеѓу најмладите и најстарите европски земји е речиси 15 години, што покажува колку изразени се демографските промени низ целиот континент. Средната возраст е возраста што го дели населението на два еднакви дела. Картата на Евростат покажува дека во Македонија населението е со просечна старост од 42,1 години, во Србија 45,4 години, што е повисоко од ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
66%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
2.06
91%
1013
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
2.25
77%
1014
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
0.85
69%
1014
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
3.7
91%
1012
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 15ᴼ
1.39
70%
1013
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
0.45
66%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.16
72%
1015
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.96
61%
1015
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
3.58
71%
1012
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
0.89
56%
1012
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
1.82
100%
1014
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97

Бакар

13.01

Алуминиум

3.54

Сребро

2186.28

Платина

55170.68

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Злато

135639.33

Калај

53.60

Паладиум

40767.15