Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Воздушниот сообраќај на аеродромот во Минхен утрово беше привремено прекинат поради сомнеж за појава на дрон во близина на пистите, по што беше спроведена безбедносна проверка со засилено полициско присуство. Според информациите, двајца пилоти нешто по 9 часот пријавиле можен дрон во близина на аеродромот. По пријавата, во координација со германската контрола на летање, надлежните служби донеле одлука привремено да ги затворат пистите. ...
Новиот тренер на Наполи, Масимилијано Алегри, сака да го донесе Душан Влаховиќ и да го направи централна фигура во нападот, во проект што треба да означи почеток на нова ера на стадионот „Диего Армандо Марадона“. Според италијанските медиуми, раководството на клубот веќе интензивно работи на реализација на овој трансфер. Во клубот се свесни, дека доаѓањето на српскиот репрезентативец би бил еден од најголемите потези во Серија А ова лето. ...
Возачот на Априлија, Марко Беcеки, го постави најбрзиот круг во квалификациите за Големата награда на Италија на автодромот Муџело. Италијанецот ја запре штоперицата на 1:43.921, што беше доволно за пол-позиција. Вистинска еуфорија владееше во боксот на Априлија, и тоа со добра причина. Втората позиција на стартната линија ја зазеде Раул Фернандес, возач на Трекхаус, тим кој користи мотор на Априлија, додека Хорхе Мартин е на третото место. ...
Украински дронови во текот на ноќта погодиле танкер во руското пристаниште Таганрог и складиште за нафта во градот Армавир, соопштија регионалните власти во Ростовската и Краснодарската област на југот на Русија. Гувернерот на Ростовската област, Јуриј Сљусар, изјави дека пожарите на танкерот и во пристаништето Таганрог, град со околу 240.000 жители, биле изгаснати и дека нема пријавено истекување на нафта. Според него, две лица се ...
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, обвини дека премиерот Мицкоски знаел за унгарското државјанство на Груевски. Таа истакна дека со месеци СДСМ укажувала оти Груевски има државјанства и патни документи од други држави, но според неа, Мицкоски свесно ги игнорирал тие информации и изнесувал неточни тврдења пред јавноста. „Мицкоски го знаел тоа цело време и свесно ги лажел граѓаните. Како и за се друго, како што лажеше за враќање на ...
Сè е подготвено за големото финале на Лигата на шампионите, во кое ПСЖ и Арсенал ќе се сретнат на „Пушкаш Арена“, во Будимпешта, во борбата за титулата европски шампион. Сепак, увертирата во спектаклот беше жестока, во текот на ноќта во центарот на унгарската престолнина, се судрија навивачите на двата клуба. Навивачите на Арсенал и ПСЖ имаа „блиска средба“ на улиците на Будимпешта, по што настана целосен хаос. На видеата што кружат на ...
Атлетико Мадрид имаше саркастичен коментар за Барселона на својот официјален профил на социјалната мрежа „X“. Тие објавија три иронични предлози за трансфер за Ламин Јамал, Педри Гонзалез и Рафиња, како одговор на интересот на каталонскиот клуб за Хулијан Алварез и наводната понуда што Атлетико негира дека некогаш ја добил. Сериозна позадина на хумористичните објави Иако пораките беа напишани со опуштен и хумористичен тон, тие се навистина ...
Петмина мажи се извлечени на сигурно од поплавената пештера во Лаос, додека за уште двајца селани сè уште се трага, соопштија спасувачките екипи. Се претпоставува дека тие влегле во пештерата одделно од групата што веќе е пронајдена. Според информациите, меѓународните спасувачки тимови во провинцијата Ксајсомбун продолжуваат со интензивна операција. Приоритет се испумпување на водата, доставување храна и лекови и проценка дали заробените ...
„Пушкаш Арена“ во Будимпешта ќе биде местото на последната битка во европскиот фудбал оваа сезона, а во неа Пари Сен Жермен ќе се обиде да го одбрани тронот на кој Арсенал сака да седне за прв пат во својата историја. „Светците“ му покажаа на светот минатата сезона дека ако имате големите ѕвезди не гарантираа и голема титула. Меси, Мбапе, Нејмар, Ибрахимовиќ, Серхио Рамос, Дејвид Бекам поминаа низ „Паркот на принцовите“, но никој од нив не ...
Австриската криминалистичка разузнавачка служба нуди награда од 20.000 евра за информации што би помогнале во лоцирање и апсење на Рaдоје Звицер, за кого се смета дека е еден од водачите на „кланот Кавач“, објави Европол. Според соопштението, наградата ќе биде распределена доколку има повеќе дојави, во зависност од релевантноста на доставените информации. Европол прецизира дека од правото на награда се исклучени лица кои се должни да ...
Цените на нафтата бележат пад од околу два отсто и се спуштија на најниските нивоа во последните шест недели, по објавите за можен договор за продолжување на примирјето меѓу Соединетите Американски Држави и Иран. Меѓународната референтна нафта „Брент“ се движи околу 91 долар за барел, додека американската сурова нафта „WTI“ е на ниво од околу 87 долари за барел, пренесува „Трејдинг економикс“. Двете видови на нафта се на пат да забележат ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп одбрала неколку нуклеарни стартап компании кои би можеле да добијат пристап до залихи на плутониум од воен квалитет, наследен од периодот на Студената војна, пренесува Франс 24. Планот предвидува дел од опасниот материјал да се пренамени во гориво за мали модуларни реактори, но веќе предизвикува сериозна загриженост кај експертите за неширење на нуклеарно оружје. Според извештајот, ...
Само уште еден ден останува, уште утре, и доаѓа 1 јуни до кога Мицкоски вети дека целосно ќе ги исполни сите точки од Реформската агенда и обврските за продолжување на европскиот пат на државата, велат од СДСМ. „Уште еден ден до уште едно неисполнето ветување на Мицкоски, до уште една потврдена лага. Реформи нема, нема ниту документи за екстрадиција на Никола Груевски и негово враќање во затвор. Го има само Стоилковиќ и Кина, кој стратешки ...
Министерството за здравство продолжува со интензивна реализација на стратешките капитални проекти кои ќе ја трансформираат здравствената инфраструктура во целата земја. Овие активности беа детално презентирани на 10-тиот состанок на секторската работна група за здравство. „Нашата визија е многу јасна, а тоа е достапно и квалитетно здравство за сите граѓани, дигитално поврзан систем и силна примарна здравствена заштита. Инвестицијата во ...
Специјализирани нуркачи денеска ја продолжуваат исклучително сложената спасувачка операција за извлекување на четворица мажи кои сè уште се заробени во поплавена пештера во Лаос. Едно лице било успешно извлечено вчера, но четворица остануваат внатре, додека за уште двајца се трага, пренесува Си-Ен-Ен. Спасувањето се одвива во екстремно тешки услови и зависи од повеќе фактори, меѓу кои и временските прилики. Првата спасена личност е ...
Високи функционери на Пентагон составуваат листи на припадници на американските вооружени сили кои би можеле да добијат можност следниот месец да присуствуваат на УФЦ борба во Белата куќа, чиј домаќин ќе биде претседателот Доналд Трамп, пренесува Си-Ен-Ен. Но, според интерни насоки во кои увид имал Си-Ен-Ен, билети ќе добијат само војници кои ги исполнуваат строгите стандарди за физичка форма. Во една од интерните пораки испратени до ...
Американскиот Конгрес работи на нов предлог-закон кој предвидува досега невидено ниво на интеграција меѓу американската и израелската војска, потег што дел од аналитичарите го оценуваат како контроверзен и потенцијално проблематичен, пренесува онлајн новинарската платформа „Responsible Statecraft“. Предлогот е вграден во Законот за одобрување на националната одбрана (NDAA) за 2027 година, чија верзија е објавена од Претставничкиот дом. ...
Бакингемската палата уште пред шест години добила архива со илјадници електронски пораки кои укажуваат дека Ендрју Маунтбатен-Виндзор делел доверливи владини информации додека бил трговски изасланик, откриваат судски документи објавени во Велика Британија. Според Би-би-си, архива од околу 30.000 електронски пораки, поврзани со негови финансиски и деловни активности, била доставена до Лорд Чембрленот – највисокиот функционер во Кралското ...
Американскиот претседател Доналд Трамп е во одлична здравствена состојба, се наведува во извештајот од неговиот лекар кој го објави Белата куќа по неодамнешниот медицински преглед. Според документот, кај 79-годишниот претседател се забележани благи отечени потколеници и благи модринки на рацете, но лекарите оценуваат дека неговата општа здравствена состојба останува стабилна и добра. „Одлично здравје и нормални функции“ Во извештајот на д-р ...
Браизилскиот вундеркинд, Жаоа Фонсека, приреди сензација на Роланд Гарос, со победата над Новак Ѓоковиќ во третото коло. 19-годишниот славеше по неверојатна борба која траеше пет часа и со пресврт, откако ги загуби првите два сета (4:6, 4:6, 3:6, 5:7, 4:6). Новак Ѓоковиќ, втор пат во кариерата загуби мел на грен слем турнир по водство од 2:0 во сетови. Во 2010 година, исто така на Ролан Гарос, загуби од актуелниот австриски селектор Јирген ...
Пред 30.000 навивачи на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“, во Сараево, Македонија одигра 0:0 со Босна и Херцеговина. По овој натпревар, БииХ се сели во САД каде ќе учествува на Мундијалот. Во спектакуларен амбиент, недостасуваа само голови. Шнси имаше… Веќе во 4-та минута, Хамед Баждар, мајсторски му ја остави топката со пета на Алајбеговиќ, кој со одлично соло се ослободи од неколку македонски играчи, а потоа ја погоди пречката. БиХ целосно ...
Атлетико Мадрид на необичен начин одлучи да одговори на сè шпекулациите, околу евентуалниот трансфер на нивниот играч Хулијан Алварез во Барселона. Клубот објави серија саркастични пораки на социјалните мрежи, јасно насочени кон медиумите. Бизарна понуда за Јамал Се чини дека клубот е фрустриран од гласините дека трансферот на Аргентинецот е завршен, па затоа се огласија на социјалната мрежа „X “со неколку објави. Сè започна со пораката: ...
Ентони Гордон го стави својот потпис на договорот со Барселона. Гордон потпиша договор до 2031 година. Гордон им се обрати на навивачите и јавноста на шпански. „Сакав да научам шпански затоа што знаев дека ќе играм за Барселона, верувале или не, го замислував тоа уште од дете. Имав физиотерапеут во Њукасл со кого разговарав на шпански“, рече тој. „Освоив само еден трофеј со Њукасл, има оган во мене, сакам да победувам тука. Сон е да се ...
Реал Мадрид можеби во моментов нема претседател, но се чини дека одлуката правецот во кој ќе се движи клубот во иднина е донесена. Враќањето на тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, се најавува со недели, а сега тој договор е правно формализиран, пишува „Атлетик“. Иако Португалецот има договор со Бенфика за уште една година, а клаузулата за отштета од само три милиони евра истече на 25 мај, најновите информации велат дека неговото доаѓање во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп одржа состанок со својот тим за национална безбедност на кој, според неговите претходни најави, требаше да биде донесена конечна одлука во врска со Иран и можниот договор меѓу Вашингтон и Техеран. Иако состанокот во Кризната соба на Белата куќа траел околу два часа, по неговото завршување не беше објавена никаква официјална одлука, што дополнително ја зголеми неизвесноста околу идните односи меѓу двете ...
Тројца латвиски алпинисти загинаа, а еден е во критична состојба, откако паднале за време на искачување на планината Мекинли во Националниот парк и резерват Денали на Алјаска, соопштија американските власти и Латвиската алпинистичка федерација. Несреќата се случила во средата, кога четворица членови на седумчлена експедиција паднале во близина на превојот Денали, на околу 640 метри под врвот на планината Мекинли, највисокиот врв во Северна ...
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет ги повика азиските сојузници на САД значително да ги зголемат трошоците за одбрана со цел да се спротивстават на растечката воена моќ на Кина и да спречат нејзина доминација во регионот. Говорејќи на безбедносниот форум „Шангри-Ла дијалог“ во Сингапур, еден од најзначајните собири на министри за одбрана, воени претставници и дипломати во Азија, Хегсет предупреди дека постои „оправдана загриженост“ ...
Во израелски воздушни напади врз три градови во регионот Тир на југот на Либан загинаа 11 лица, меѓу кои спасувач и сириски државјанин, додека осум лица се повредени, соопшти либанското Министерство за здравство. Нападите доаѓаат во услови на зголемена ескалација меѓу Израел и Хезболах, и покрај, како што тврди Бејрут, постоечкото примирје кое е на сила од 17 април. Либан: „Сериозно кршење на хуманитарното право“ Либанското Министерство за ...
Денеска нѐ очекува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Според Управата за хидрометеоролошки работи, ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, а во источните делови од земјата повремено и засилен. Утринските температури ќе се движат од 4 до 14 степени, додека дневните ќе достигнат од 24 до 31 степен. Во главниот град ќе преовладува сончево време со мала облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. ...
Рускиот претседател, Владимир Путин, денес изјави дека Ерменија треба што е можно поскоро да одлучи дали сака да се приклучи на Европската унија или да остане во Евроазиската економска унија, додавајќи дека верува оти е невозможно да се усогласат двете опции. „Самиот премиер Пашинјан рече дека смета дека е исправно да се одржи референдум за ова прашање, за тоа каде треба да биде Ерменија: во Евроазиската унија или во Европската унија. Би ...