Белорускиот претседател Александар Лукашенко ги отфрли тврдењата од Киев дека Украина идентификувала околу 500 потенцијални воени цели во Белорусија, нарекувајќи ги таквите најави „обични бесмислици“ и празна реторика. На маргините на самитот на Евроазиската економска унија во Астана, Лукашенко упати директно предупредување до украинските власти дека секој евентуален напад врз неговата земја драстично ќе го промени карактерот на војната. ...

Американската војска соопшти дека нејзините сили со проект застрелале и погодиле машински оддел на трговски брод кој се обидел да ја пробие поморската блокада на иранските пристаништа. Според информациите од Централната команда на САД, товарниот брод „Lian Star“, кој плови под знамето на Гамбија, во текот на ноќта игнорирал повеќе од 20 официјални предупредувања додека се приближувал кон иранскиот брег. Овој сериозен инцидент се случува во ...

Владата на денешната седница донесе одлука за продолжување на мерката за намалување на акцизите за 2 денари на нафтените деривати до 15 јуни. Истовремено, како резултат на директните преговори со најголемиот домашен снабдувач „ОКТА“, обезбеден е дополнителен попуст од 2 денари по литар, кој стапува на сила од утре (понеделник, 1 јуни). Со комбинирањето на овие две мерки, се очекува значително поевтинување на горивата на бензинските пумпи ...

Премиерот на Малта, Роберт Абела, прогласи четврта последователна победа на неговата Лабуристичка партија на парламентарните избори кои се одржаа викендов. Лабуристите успеаја да го задржат водството и да обезбедат нов мандат за управување со земјата. Во своето обраќање по објавувањето на првичните резултати, Абела истакна дека добиената поддршка претставува силен легитимитет за продолжување на нивните политики. Абела повика на национално ...

Вашингтон со месеци стратешки распоредува воени трупи и тешко вооружување во близина на Куба, создавајќи ги сите неопходни услови за евентуален американски воен напад. Според медиумските извештаи, плановите за операцијата се веќе подготвени, а за нивно активирање се чека единствено финалното одобрение од претседателот Доналд Трамп. Оваа воена мобилизација доаѓа во момент кога Куба се соочува со тотален економски колапс, проследен со ...

Полицијата го приведе триесет и петгодишниот И.А. од Росоман, кој се сомничи дека физички нападнал едно лице во угостителски објект, а претходно подолго време упатувал закани кон градоначалникот на општина Росоман преку социјалните мрежи. Инцидентот се случил ноќеска, четириесетина минути по полноќ, кога осомничениот под дејство на алкохол го нарушил јавниот ред и мир. Нарушување на јавниот ред и физички напад Според информациите од ...

Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници на територијата на целата држава лишиле од слобода шестмина возачи поради безобѕирно управување со моторни возила. При засилените акциски контроли, полицијата открила тешки прекршоци, при што тројца од возачите биле под дејство на алкохол, двајца предизвикале сообраќајни незгоди, а регистрирани се и случаи на возење без дозвола и под активна забрана. Најсериозните прекршоци се ...

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните, а особено родителите, дека поради очекуваниот зголемен обем на барања за издавање на „Одобрение за патување во странство за малолетни лица“ (за деца до 14 години), воведено е ново, продолжено работно време на соодветниот шалтер во Скопје. Како и во текот на минатата година, оваа мерка се спроведува со цел ефикасно да се одговори на потребите на граѓаните во пресрет на претстојниот ...

Меѓуградскиот воз помеѓу Прилеп и Битола ќе почне да сообраќа на крајот на јуни или почетокот на јули, а наскоро се очекува да стартува и карго железничкиот сообраќај кон двата града. Ова денеска одговарајќи на новинарско прашање го најави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на Општина Могила, истакнувајќи дека железницата повторно ќе добие значајна улога и во превозот на патници и во ...

Во Општина Могила во тек е значителен инвестициски циклус вреден околу 700.000 евра, преку кој се реализирани и се подготвуваат повеќе инфраструктурни проекти финансирани од општинскиот буџет, државниот буџет и преку програмите на Светска банка. Ова денеска го истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на Општина Могила. „Навистина ми е драго што денеска во Општина Могила ќе посетиме ...

Дали Македонија ќе ги продолжи преговорите со Европската Унија зависи исклучиво од актуелната власт, која очигледно нема желба да го направи тој чекор, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Тој останува на цврстиот став дека внесувањето на Бугарите во Уставот на никаков начин нема да го загрози македонскиот идентитет, јазик или која било друга национална одредница. Во изјава за медиумите пред почетокот на Конгресот на НСДП, лидерот на ...

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со одлична динамика, а првите километри од новата автопатска делница се очекува да бидат готови веќе следната пролет. Ова денеска го истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на Општина Могила, оценувајќи изградбата на автопатот ќе има големо значење за развојот на целиот Пелагониски регион. „Динамиката на изградбата на автопатот ...

Македонија нема да спроведе уставни измени без јасни, цврсти и писмени гаранции во форма на заклучоци од Европската Унија, порача денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. На прес-конференцијата, владејачката партија упати остри критики до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, нарекувајќи го „специјален бугарски пратеник“ и го повика на бугарскиот претседател Румен Радев да му пренесе дека Македонија очекува спроведување на пресудите ...

Кога израелските и американските борбени авиони на 28 февруари годинава извршија заеднички напад врз Иран, американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху славеа „историски одлуки“. Сојузот меѓу двете земји, му порача тогаш Нетанјаху на својот народ, никогаш не бил поцврст. Три месeци подоцна, она што започна како заедничка воена кампања, се чини дека завршува како американски дипломатски процесот во кој ...

Ситуацијата околу нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа, повторно се вжештува по најновиот инцидент за кој Москва и Киев меѓусебно си ја префрлаат вината. Украина категорично ги отфрли обвинувањата на Русија дека извршила напад со дрон врз централата, кој според руските власти предизвикал оштетување на една од зградите во комплексот. Украинското Министерство за надворешни работи излезе со соопштение во кое остро ги осуди, ...

Половина од мандатот на премиерот Христијан Мицкоски поминува без ниту едно остварено ветување во економијата, а народот живее полошо и со помалку пари, обвини Симона Цветановски, членка на Извршниот одбор на СДСМ, на денешната прес-конференција. Според неа, економската политика на Владата доживува целосен дебакл, додека извршната власт се обидува да ја сокрие реалноста преку секојдневна пропаганда и дефокусирање на јавноста. Алармантни ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) откри сериозни манипулации и измами на потрошувачите при спроведување на вонредни инспекциски контроли во поголемите синџири маркети во земјава. Официјалните ветеринари земаа вкупно 91 мостра од млеко, млечни производи и сувомесни производи, од домашно производство и од увоз, со цел да се утврди дали нивниот реален квалитет соодветствува со она што е напишано на декларациите. Засега се комплетирани ...

Д-р Огнен Ивановски, хирург-уролог на Универзитетската клиника за урологија и научен советник на Медицинскиот факултет во Скопје, апелира за подигнување на свесноста за значењето на органодарителството. Видео-обраќањето на д-р Ивановски е во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“. „Сакам да апелирам до целата македонска јавност, до сите етнички заедници, во ...

Фудбалерите на Арсенал не успеаја да ја освојат својата прва титула во Лигата на шампионите, Во драматичното финале, во Будимпешта, ПСЖ беше подобар од нив по изведувањето на пенали со 4:3, откако по 120 минути играша резултатот беше 1:1. И додека Арсенал и сите негови фанови тагуваа, градскиот ривал Челзи им упати жестока провокација на социјалните мрежи. Двократниот европски шампион Челзи објави порака на своите социјални мрежи во која се ...

Израелските воени сили ја презедоа контролата врз стратешки важната планина на југот на Либан, каде што се наоѓа историскиот замок Бофор – утврдување од ерата на Крстоносните војни. Како што соопшти израелската армија, ова го претставува најдлабокиот продор на либанска територија во изминатите повеќе од 25 години. Заземањето на тврдината, лоцирана во близина на градот Набатија, уследи по неколкудневни жестоки борби и воздушни напади врз ...

Јапонскиот министер за одбрана, Шинџиро Коизуми, најостро досега ги отфрли тврдењата на Пекинг дека неговата земја се впушта во „нов милитаризам“, возвраќајќи со жестоки критики за кинеската воена експанзија и недостигот на транспарентност. Говорејќи на последниот ден од безбедносниот самит „Шангри-ла дијалог“ во Сингапур, Коизуми истакна дека токму Кина и нејзиниот „огромен арсенал“ на оружје претставуваат сериозна загриженост за ...

Метеор кој се движел со брзина од неколку десетици илјади километри на час предизвика силен тресок и тресење на тлото, кое вчера попладне беше почувствувано ширум американската сојузна држава Масачусетс. Американската вселенска агенција (НАСА) потврди дека над оваа држава, во 14:06 часот по локално време, пролетала огнена топка, односно исклучително сјаен метеор. Според проценките на експертите, тој се движел со брзина од околу 120.000 ...

Владата денеска ќе одржи вонредна онлајн седница на која ќе донесе одлука за делумно продолжување на мерките за цените на горивата. Како што најави вчера премиерот Христијан Мицкоски, досегашната повластена стапка на ДДВ за бензините од 10% ќе се врати на редовните 18%, но граѓаните и натаму ќе добиваат поддршка преку акцизите. Намалените акцизи за два денари за литар, кои важат и за бензините и за дизелот, ќе останат во сила. Дополнително, ...

Белгиецот Кевин де Брујне изјави дека е добро за него што Антонио Конте повеќе не е тренер на Наполи. Де Брујне не ги оправда очекувањата во својата прва сезона во клубот во подножјето на Везув. Поради повредата на коленото, отсуствуваше три месеци, одигра само 21 натпревар во сите натпреварувања, постигна пет гола и имаше четири асистенции. Тој верува дека тренерот Конте е одговорен што не покжал повеќе повеќе. „Дали сум среќен што си ...

Во текот на изминатата ноќ, украинската војска изврши масовен напад со беспилотни летала врз рафинеријата за нафта во рускиот град Саратов, јавуваат руските медиумски канали на платформата Телеграм. Нападот, кој според извештаите на „Киев Индепендент“ траел во текот на целата ноќ со повеќе бранови дронови, предизвика големи пожари во индустрискиот комплекс. Фотографиите и видеоснимките споделени од локалното население на социјалните мрежи ...

Инцидентите на прославата на титулата, на ПСЖ, во Париз, продолжија и во текот на ноќта. Низ Франција се уапсени 400 лица. Илјадници полицајци се распоредени за да ги спречат немирите што го нарушија сообраќајот во Париз. Беа запалени факели и огномет, додека неколку полицајци беа повредени во пресметките со хулиганите. Полицијата испука солзавец за да ги растера луѓето во центарот на градот. Ова е втора победа по ред за ПСЖ во Лигата на ...

Владата денеска ќе одржи вонредна онлајн седница на која ќе донесе одлука за делумно продолжување на мерките за цените на горивата. Како што најави вчера премиерот Христијан Мицкоски, досегашната повластена стапка на ДДВ за бензините од 10% ќе се врати на редовните 18%, но граѓаните и натаму ќе добиваат поддршка преку акцизите. Намалените акцизи за два денари за литар, кои важат и за бензините и за дизелот, ќе останат во сила. Дополнително, ...

Сан Антонио Спарс ги победија Оклахома Сити Тандер со 111:103, ја освоија титулата во Западната конференција и се пласираа во големото финал во НБА лигата. Виктор Вембањама беше прогласен за МВП на финалната серија. Виктор Вембањама и Сан Антонио Спарс го отворија финалето на Западната конференција со победа во Оклахома Сити, а серијата ја завршија на ист начин. Вембањама постигна 22 поени (7/15 од поле) со 7 скока, Џулијан Шампањ постигна ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во следните два дена ќе престојува во официјална посета на Париз, Франција, каде што ќе учествува на Парискиот сајбер самит (Paris Cyber Summit 2026), еден од најзначајните меѓународни форуми посветени на сајбер безбедноста, вештачката интелигенција и дигиталната трансформација. Програмата на самитот е фокусирана на стратешки дискусии за актуелните безбедносни предизвици во ...

Чешка веројатно нема да успее да ја исполни целта на НАТО за зголемување на одбранбениот буџет на два отсто од бруто-домашниот производ (БДП) за оваа година, изјави премиерот Андреј Бабиш во интервју објавено денеска. Наследството од претходната влада како пречка Премиерот Бабиш во изјава за „Фајненшл тајмс“ истакна дека неговиот кабинет ќе направи сè што е во нивна моќ за да го исполни даденото ветување, но посочи дека земјата во моментов ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.39
47%
1012
weather icon

Белград

17ᴼ / 17ᴼ
6.39
94%
1012
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
3.88
90%
1012
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
1.0
64%
1012
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
4.31
53%
1009
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 18ᴼ
2.23
100%
1009
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
3.58
69%
1014
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
0.68
64%
1014
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
1.34
60%
1014
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
5.81
55%
1010
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
3.58
45%
1011
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 21ᴼ
1.78
61%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Кобалт

45.39

Паладиум

40767.15

Родиум

257205.97

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.54

Бакар

13.01

Калај

53.60

Сребро

2186.28

Злато

135639.33

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Платина

55170.68