Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Алесандра Амбросио неодамна позираше со својата миленичка за насловната страница на списанието „Bazzar“, а фотографиите беа објавени и на мрежите. Сега сите коментираат за изгледот на нејзината ќерка. View this post on Instagram A post shared by Harper's Bazaar Brasil (@bazaarbr) Алесандра Амбросио се смета за една од најубавите модели, карактеризирана со специфична бразилска убавина. Таа краси бројни модни ревии и не е тајна дека, покрај ...
Иако многумина сè уште го прескокнуваат во својата дневна рутина, тоа може да биде тајната за експресивни очи и ефектот на „буден“ изглед, дури и без многу шминка. Сепак, важно е само правилно да се користи. Виткачот за трепки е дизајниран да ги витка природните трепки нагоре и најчесто е направен од метал и силиконска подлога што нежно ги притиска трепките за да им даде подигната форма. Резултатот се подолги и подефинирани трепки, а очите ...
Кина испрати тим медицински експерти во Демократска Република Конго за да помогне во контролирањето на тековната епидемија на ебола, која Светската здравствена организација (СЗО) ја прогласи за меѓународна криза во јавното здравство. Според кинеската државна агенција Ксинхуа, експертскиот тим го напушти Пекинг утрово и ќе соработува со кинескиот медицински персонал кој веќе е во Конго, како и со локалните здравствени и епидемиолошки служби. ...
Променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, кој повремено во западните делови ќе надминува брзина од 60 km/h, известува УХМР. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Времето во наредните денови До крајот ...
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улиците Натанаил Кучевишки, Петар Манџуков и Александар Урдаревски, општина Бутел; – во периодот од 10.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците Петар Манџуков и Благоја Вујов, општина Ѓорче Петров; – во периодот од 12.00 до 14.00 часот, корисниците од улиците Хо Ши Мин, Бутелска и Софре Марковски, општина ...
Силен земјотрес го погоди брегот на италијанскиот регион Калабрија во 0:12 часот наутро и беше почувствуван дури до Неапол, објави новинската агенција ANSA. Епицентарот на земјотресот беше во Тиренското Море, во близина на градот Козенца, околу 240 километри југоисточно од Неапол. #Earthquake (#terremoto) possibly felt 43 sec ago in #Italy. Felt it? Tell us via: 📱https://t.co/QMSpuj6Z2H 🌐https://t.co/AXvOM7I4Th 🖥https://t.co/wPtMW5ND1t ⚠ ...
Русија изврши масовен воздушен напад врз Украина синоќа. Ракети и беспилотни летала погодија многу градови, првенствено Киев. Според официјални лица, најмалку девет лица беа убиени, а 89 повредени низ целата земја. Украинската престолнина беше најтешко погодена од руските сили, пишува Киев Индепендент. Брутален напад врз Киев Првата експлозија во украинската престолнина се слушна околу 1:30 часот по локално време, непосредно пред воздушниот ...
Фудбалската репрезентација на Македонија, во Истанбул, доживеа тежок пораз од Турција (4:0). На „Шукур Сарачоглу“ стадионот, избраниците на Гоце Седлоски беа во подредена положба во текот на целиот натпревар. Во еден момент впачатокот беше дека Турците играат со половина од силите.. Во првиот напад, Узун ја погоди гредата од голот на Димитриевски, а минута подоцна Кокчу го постигна првиот гол. Она што не успеа во првата, Узун го направи во ...
Шефот на Кабинетот на претседателот на Украина, Кирило Буданов, денес изјави дека постојат реални основи за прекин на борбите пред зимата, но дека не е исклучено Русија да ги напушти овие договори во последната точка од преговорите. Тој потврди дека украинскиот лидер Володимир Зеленски рекол дека постои можност за преговори со Русија и дека дал инструкции со цел што поскоро да се заврши војната, пренесува „Униан“. „И потврдувам дека ова е, ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави дека разговарал по телефон со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и дека Израел нема да испрати војници во Бејрут. Трамп: Нема војници во Бејрут „Имав продуктивен разговор со израелскиот премиер Биби Нетанјаху и нема да има војници што одат во Бејрут, а оние што беа на пат веќе се вратија“, напиша Трамп на својата мрежа „Truth Social“, пренесуваат светските медиуми. Тој, исто така, рече на ...
Македонската репрезентативка и член на ВК Енерџи, Дуња Иванова, оствари историски успех на третата рунда од HERO UCI Marathon World Cup, која викендов се одржа во Натурленд, Андора, обезбедувајќи директна квалификација за Светското првенство во планински велосипедизам Маратон (XCM), кое годинава ќе се одржи во Италија. Иванова го освои 20. место во најсилната меѓународна конкуренција, што според правилата на UCI носи директен пласман на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран не го контактирал во врска со медиумските извештаи за прекин на мировните преговори, објави „NBC News“. „Тоа е очекувано, бидејќи тие се подобри преговарачи од борци“, рече Трамп во кратко интервју. „Тоа не значи дека ќе почнеме да фрламе бомби на сите страни. Блокадата останува на сила“, додаде тој, истакнувајќи дека верува дека има „премногу разговори“ и дека „молчењето би било многу ...
По повод оставката на Арбен Фетаи од функцијата заменик-претседател на Владата задолжен за добро владеење, од „Вреди“, како што велат, изразуваат благодарност за неговиот досегашен ангажман, коректност и придонес. „Во извршувањето на оваа одговорна функција, Фетаи покажа сериозност, професионалност и посветеност кон принципите на добро владеење, отчетност и институционална одговорност. Ја почитуваме неговата одлука и истовремено му се ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање за оставката на вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, потенцира, дека истата ќе биде архивирана утре, и потсети дека во јуни ќе има реконструкцијата на Владата. „Jас неколку пати во минатото зборував дека ние разговаравме. Господинот Фетаи поднесе оставка денеска, таа ќе биде архивирана утре. Така што, како што знаете, во јуни нè очекува реконструкција на Владата, ...
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој е на турнеја низ Балканот, денес во Сараево изјави дека посветеноста на Европската Унија (ЕУ) кон Западен Балкан е реална, како и можноста за проширување на ЕУ. „Почетокот на изготвувањето на пристапниот договор на Црна Гора е доказ за тоа. БиХ мора да ја заврши потребната работа. Дали ќе ја заврши потребната работа за да ја сподели истата иднина во ЕУ? Вие сте само на неколку чекори од ...
Американската армија објави дека бомбардирала радари и беспилотни летала во Иран откако Техеран соборил американски дрон за време на викендот. Потоа Иран објави дека испукал ракети кон американски војници во Кувајт, а американските власти тврдат дека ги собориле тие ирански ракети. Централната воена команда на САД изјави дека во саботата и неделата, американската војска извршила напади околу иранскиот град Герук и островот Квешм и дека ...
Обемот на стратешките резерви на нафта на Соединетите Американски Држави падна на најниско ниво во последните две години, откако официјален Вашингтон беше принуден да отвори складишта за да го ублажи глобалниот дефицит предизвикан од конфликтот со Иран. Министерството за енергетика на Соединетите Американски Држави (EIA) објави дека залихите на нафта и нафтени деривати во стратешките резервоари моментално изнесуваат 1,584 милијарди барели, и ...
Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и Канцеларијата на Генералниот обвинител на Република Португалија потпишаа Меморандум за соработка во повеќе клучни области од заеднички интерес. Меморандумот во Лисабон го потпиша Генералниот обвинител на Република Португалија Амадеу Гера, додека од македонска страна во Скопје свој потпис стави Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески. Денеска, при посетата на ...
Силно невреме проследено со ветер, грмотевици и силен дожд го погоди подрачјето на Параќин, Крушевац и Чачак попладнево. Силни налети на ветер и интензивни грмотевици беа регистрирани во селото Својново во близина на Параќин. Бурата го зафати и Крушевац и неговата околина. Sieh dir diesen Beitrag auf Instagram an Ein Beitrag geteilt von 192.RS (@192_rs) „Силна бура го погоди Крушевац и околината, да ве потсетиме, пред само еден час беше ...
На 1 јуни 2026 година, во Вилнус, се одржаа политички консултации меѓу делегации на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија и Министерството за надворешни работи на Република Литванија, предводени од заменик-министерот Зоран Димитровски и заменик-министерот Сигитас Миткуш. Во духот на традиционално добрите и пријателски односи меѓу двете земји, соговорниците ја потврдија заедничката ...
Рускиот претседател Владимир Путин и ерменскиот премиер Никол Пашинјан денес разговараа по телефон, во услови на зголемени тензии меѓу Москва и Ереван. Пред парламентарните избори во Ерменија на 7 јуни, двајцата лидери договорија средба во живо за да се обидат да ги решат постојните несогласувања, пишува агенцијата ДПА. Путин е особено незадоволен од аспирациите на Ерменија за членство во Европската Унија. Пашинјан, фаворит во предизборните ...
Вицепремерот за добро владеење Арбен Фетаи преку социјалните мрежи соопшти дека на премиерот Христијан Мицкоски му ја доставил неговата оставка од функцијата. Фетаи објави дека одлуката била донесена внимателно и произлегува од неговото убедување дека во актуелните околности тоа е најправилен и најдостоинствен чекор. „Драги пријатели и сограѓани, Денес ја поднесов мојата оставка од функцијата вицепремиер задолжен за добро управување до ...
Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа се обрати на отворањето на Македонскиот енергетски форум 2026, кој годинава се одржува како официјален партнерски настан на иницијативата „Road to COP31“. Во своето обраќање, Хоџа истакна дека енергетската безбедност и климатската отпорност денес се тесно поврзани предизвици и нагласи дека форумот претставува важна платформа за отворање на клучните прашања и за изнаоѓање ...
По израелскиот напад врз Либан, Иран се закани дека ќе „активира други фронтови“, вклучувајќи го и теснецот Баб ел-Мандеб. Тоа е стратешки важен поморски премин, чие затворање би имало далекусежни последици за целата светска трговија, пишува „Скај њуз“. Клучна точка на светската трговија Теснецот Баб ел-Мандеб, чие име на арапски значи „Портата на солзите“ поради историски опасните услови за навигација, го поврзува Црвеното Море со Арапското ...
Министерот за надворешни работи на Норвешка, Еспен Барт Еиде, денес изјави дека земјата го преиспитува својот однос со Европската Унија поради променетите глобални околности и растечкото влијание на политиките на Соединетите Американски Држави и Кина, додека притисокот за започнување нова дебата за можно членство во блокот се зголемува по двата неуспешни референдуми. Тој изјави дека околностите значително се промениле од 1994 година и дека ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска учествуваше на тркалезна маса во Францускиот сенат, во рамки на Парис Сајбер Самит 2026, посветена на градењето сајбер капацитети во земјите од Западен Балкан во услови на постојани и комплексни закани. Настанот, кој се одржа во Палатата Луксембург во Париз, ги собра претставниците на земјите од регионот, француските партнери и претставници на Western Balkans Cyber Capacity ...
Силно невреме што зафати делови од БиХ и Сараево во текот на попладнето искрши дрвја, а едно падна врз такси во близина на автобуската станица во Сараево. Таксистот, кој беше во возилото, не беше повреден. Тој за „Аваз“ изјави дека дрвото можело да го убие. „Пред околу два месеци, пишавме до надлежните за да се ослободиме од дрвјата што се надвиснуваат врз такси станицата на автобуската станица, но никој не направи ниту пет проценти и дојде ...
Во периодот од 01.05.2026 до 31.05.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 28.494 прекршоци, информираат од МВР. Од вкупниот број на регистрирани прекршоци, најголемиот број, како што посочуваат, се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 27.360, регистрирани се 833 прекршоци за управување на возило со измината важност на ...
Преговарачкиот тим на Иран ја суспендира размената на пораки со САД преку посредници поради израелските напади во Либан, објави иранската новинска агенција „Тасним“. Преговарачкиот тим на Иран ќе ги суспендира „преговорите и размената на текстови преку посредници“, соопшти агенцијата. „Тасним“ наведува дека ситуацијата во Либан била клучна за прекинот на огнот, што значи дека „тој прекин на огнот е прекршен на сите фронтови, вклучително и ...
Владата на предлог на Министерството за финансии, на последната седница, ја усвои Стратегијата за управување со јавниот долг 2027–2029, со изгледи до 2031 година. Со Стратегијата се потврдува определбата за одговорно и внимателно управување со јавните финансии, одржување стабилно ниво на јавниот долг и обезбедување средства за реализација на развојните проекти. Стратегијата предвидува постепено стабилизирање и намалување на јавниот долг, кој ...