„Во 2020 година ВМРО-ДПМНЕ организираше протести против поскапување од 7,4%. Тогаш народот беше ограбен, Регулаторна беше виновна, власта беше неспособна, Беслимовски земаше 120.000 ден плата, а секој денар плус на сметката беше доказ дека системот работи против граѓаните. Една година подоцна, Мицкоски уште погласно ветуваше како „еминентен“ енергетичар ќе обезбеди поевтина струја, модернизација на РЕК Битола и Осломеј, ќе се продолжел ...

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, испрати јасна порака за иднината на Винисиус Жуниор, нагласувајќи дека клубот нема да му застане на патот доколку Бразилецот одлучи да го напушти „Сантијаго Бернабеу“. Шпекулациите за трансфер стануваат сè погласни бидејќи преговорите за нов долгорочен договор во шпанската престолнина продолжуваат да застојуваат, пишува „Goal.com“. Во интервју за „Ел Паис“, Перез јасно стави до знаење дека ...

Џејмс Милнер објави дека ја завршува својата професионална кариера на 40-годишна возраст. Брилијантниот играч од средниот ред е рекордер во Премиер лигата по бројот на одиграни натпревари. Одигра 658 натпревари во најсилната лига во светот. Во кариерата играше за Ливерпул, Манчестер Сити, Лидс, Њукасл, Астон Вила и Брајтон. BREAKING: James Milner has announced his retirement from football after 24 years and the most appearances in Premier ...

На денешен ден пред 100 години е родена познатата американска филмска актерка и фотомодел Мерилин Монро. Родена е во Лос Анџелес како Норма Џин Мортенсон и поголемиот дел од детството го поминала во 12 згрижувачки семејства и сиропиталиште. На возраст од шеснаесет години, се омажила за полицаецот Џејмс Доерти, а набргу потоа почнала да работи во фабриката на компанијата Radioplane, во сопственост на холивудскиот актер Реџиналд Дени. Во ...

Музичарот Род Стјуарт беше принуден да откаже два концерта во Лас Вегас поради здравствени проблеми, само неколку часа пред да излезе пред публиката. 81-годишниот пејач требаше да настапи во петок и сабота како дел од серијата концерти „The Encore Shows“ во салата Колосеум во хотелот Caesars Palace, но настапите беа откажани по препорака на лекар. Како што потврди неговиот претставник за Las Vegas Review-Journal, Род Стјуарт моментално се ...

Филмската ѕвезда Ен Хатавеј откри дека тајно се борела со здравствен проблем 10 години, сè додека не отишла на операција. Зборувајќи во подкастот Popkast, таа рече дека била „легално слепа“ на едното око во текот на триесеттите години. Нејзините проблеми со видот се развиле поради раната појава на катаракта – заматување на природната леќа на окото, што предизвикува заматен вид и други тешкотии. „Ова можеби е премногу информации, но бев ...

Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации (ИФАБ) усвои серија значајни промени во правилата на играта што ќе бидат имплементирани на претстојното Светско првенство. Новитетите вклучуваат проширени овластувања на ВАР технологијата, построги казни за недолично однесување на играчите и цел сет мерки насочени кон намалување на непотребното губење на времето. Целта на промените е да се зголеми ефективното време за играње, побрзо донесување ...

Американските воени сили им помогнаа на десетици трговски бродови да поминат низ блокираниот Ормутски теснец во последните недели, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на американски претставници. Централната команда на САД (Centcom) придружуваше околу 70 трговски бродови низ овој стратешки воден пат во последните три недели, откри еден од претставниците под услов да остане анонимен. Истите извори наведуваат дека повеќето од овие бродови ги ...

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, денес им нареди на војниците да нападнат цели во јужните предградија на либанскиот главен град Бејрут, упориште на Хезболах познато како Дахие. „Откако терористичката група Хезболах постојано го прекршуваше прекинот на огнот во Либан и ги напаѓаше нашите градови и граѓани, премиерот Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац им наредија на ИДФ да нападнат терористички цели во населбата ...

Серијалот на министри за правда од ДУИ не завршува со Блерим Беџети, Аднан Јашари и Валдет Џафери. Сега на ред е Билен Салији, уште еден кадар на ДУИ кој го имаше Министерството за правда во раце, но испитот по правосудство на албански јазик го остави таму каде што го затекна, велат од ВЛЕН. „Билен Салији не се памети по некоја реформа од која некој виде аир. Не се памети по некоја добиена битка за граѓаните, а уште помалку за албанските ...

Силна експлозија, проследена со серија помали, ја потресе областа Салин на Малта, утрово откако експлодираше фабрика за огномет. Fireworks site massive explosion in Malta. Luckily no casualties. pic.twitter.com/FX48M1D295 — RaymondTaboneHokay (@TaboneRaymond) June 1, 2026 Експлозијата во фабриката Лурд на Трик ил-Кади ги оштети блиските згради, а двајца земјоделци, на возраст од 47 и 67 години, кои работеле на блиските полиња, се полесно ...

Информацијата која изминатите денови циркулираше во јавноста, доби официјална потврда, Ибрахима Конате го напушта Ливерпул. И покрај разните шпекулации, Французинот го напушта „Енфилд“ како слободен играч, откако му истече договорот. Тој сакаше да остане, но раководството на клубот очигледно сакаше нешто друго. Врз одлуката влијание имаше и лошата сезона што ја одигра францускиот дефанзивец. Ова е четврто потврдено заминување од клубот по ...

По воздушниот напад врз Кувајт рано утрово, Иран објави пропагандно видео преку своите официјални канали кое, според Техеран, го прикажува моментот на лансирање на балистичките ракети. На самиот почеток на видеото е прикажан крупен план од телото на една од ракетите, на кое јасно се гледа налепница со политичка порака. На неа се гледа американскиот претседател Доналд Трамп, покриен со модринки, како френетично држи телефонска слушалка и моли ...

Управата за јавни приходи ја заврши обработката на даночните биланси за 2025 година, за кои роковите за поднесување истекоа во март 2026 година. Анализата на обработените податоци покажува раст на даночната основа, раст на пресметаниот данок и повисок нето даночен ефект кај данокот на добивка, што укажува на стабилност во наплатата на приходите од данокот на добивка. „Даночен биланс за оданочување на добивка – образец „ДБ” поднесоа 25.506 ...

ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека во тек е последната недела од акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата за задоцнето плаќање. Рокот за искористување на можноста за отплата на долговите на рати без пресметка на камата истекува на 05 јуни. „Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг за потрошена вода (тужен и редовен), да ја искористат можноста за плаќање на рати без пресметана камата. ...

Во периодот од 01 до 07 јуни, на територијата на Општина Гази Баба ќе бидат поставени контејнери за одлагање кабаст отпад. Контејнерите ќе бидат поставени на Триангла, во Маџари, Хиподром и Кирил Петрушевски (Вардариште). Јавното комунално претпријатие „Гази Баба 2007“ апелира до граѓаните кабастиот отпад да се одлага навремено и исклучиво во поставените контејнери, со цел да имаме чиста, уредна и здрава животна средина. Во периодот од 01 ...

Истече рокот што самиот Христијан Мицкоски го постави пред граѓаните, до 1 јуни да ги исполни сите точки од Реформската агенда, велат од СДСМ. „Уште едно ветување на Мицкоски останува не исполнето. Уште една лага на Мицкоски е разобличена, не се исполнети сите точки од Реформската агенда. Христијан Мицкоски дојде на власт со лаги и продолжува да лаже. Ветуваше дека ќе го врати името, дека ќе го укине Преспанскиот договор, дека ќе обезбеди ...

Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, зборуваше за односот со најголемиот ривал Барселона, но и за уште една разочарувачка сезона. Реал не освои трофеј втора сезона по ред, последниот пат тоа се случи кога Пеп Гвардиола ја презеде Барселона, кога од 2008 до 2011 година, „кралскиот клуб“ не успеа да освои трифеј. Цехот го платија двајца тренери, а покрај нив, според претседателот Флорентино Перез, и други се виновни. „Светското ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, сподели на социјалната мрежа Truth Social линк до интервјуто што српскиот претседател Александар Вучиќ го даде за американскиот медиум Breitbart News. Вучиќ изјави за Breitbart News дека Трамп е веројатно најпопуларниот американски политички лидер во Србија во последните години. Тој истакна дека популарноста на Трамп во Србија достигнала астрономски размери пред претседателските избори во САД во 2024 ...

Културно информативниот центар – Скопје информира дека на 5 јуни ќе се одржи промоција на книгата „Од Црвенкапа до Џинџуџе“ од универзитетската професорка и книжевна критичарка Весна Мојсова – Чепишевска, во издание на издавачката куќа „Панили“. Промоцијата е закажана со почеток во 19:00 часот во Салон – Империјал 2. Книгата ќе биде претставена преку разговор меѓу авторката и Елена Ѓорѓиовска, која под менторство на Мојсова-Чепишевска ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во официјална посета на Република Словачка. Утре, 02 јуни, во Братислава, претседателката Сиљановска-Давкова ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од претседателот на Република Словачка, Петер Пелегрини. Предвидено е претседателите да одржат тет-а-тет средба, по што следи пленарен состанок на македонската и словачката делегација. Сиљановска-Давкова ќе оствари ...

Фудбалерите на ПСЖ ја одбранија титулата европски шампион откако го победија Арсенал во финалето по изведувањето пенали со 4:3. Натпреварот заврши 1:1 по 120 минути, а головите ги постигнаа Каи Хаверц за Арсенал во шестата минута и Усман Дембеле од пенал во 65-та минута за ПСЖ. Иако голот за израмнување го постигна Дембеле, актуелниот освојувач на Златната топка, а наградата за играч на натпреварот му припадна на Витиња, еден од ...

Под мотото „Придужи се на игралиштето“ вечерва, во КОТУР, започнува третото издание на студентската филмска платформа ХАЈ-ФАЈ. Програмата за третото издание ќе започне со проекции на националната селекција на студентски филмови која брои вкупно 13 филмови. Овој настан е во соработка со фестивалот на музика и филм Ѕирни, и е посветен на запознавање со новата генерација филмаџии од Факултетот за драмски уметности, како и колеги од останати ...

Македонскиот игран филм „Скејтбордингот не е за девојчиња“, во режија на Дина Дума, својот пат го започнува громогласно од срцето на Менхетен – на Tribeca Festival кој ќе се одржи од 3 до 14 јуни. Tribeca Festival важи за еден од најзначајните филмски фестивали во САД, каде еден од основачите е Роберт Де Ниро. Истиот настана како културен одговор на нападите од 11 септември. Препознатлив е по современиот независен филм, нови авторски гласови ...

Хезболах испали десетици ракети и дронови кон северен Израел во текот на викендот, додека израелската армија (ИДФ) објави планови за засилување на својата кампања против организацијата во Либан. Жителите на бројни населби на северот од земјата беа принудени да избегаат во засолништа. Снимките објавени од израелското воено радио во саботата покажаа ракети на Хезболах како паѓаат во морето во близина на плажата во Нахарија, додека испаничените ...

Филипче се додворува на Радев уште пред тој да стане премиер. Филипче почна да зборува за уставни измени и дека мора да се спроведат без гаранции, а тој уште веднаш би го направил истото доколку би имал власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Јасно е дека Филипче го следи моделот на Заев и го носи неговиот политички багаж за да ја задржи фотелјата на Бихаќка. Поради тој модел, беа спроведени последните уставни измени, што доведе до тоа државата да го ...

Фудбалската репрезентација на Бразил ја декласира Панама со 6:2, во подготвителниот натпревар одигран во Рио де Жанеиро. Домашните поведоа практично од првиот напад. Во првата минута, Винисиус Жуниор го искористи додавањето на Касемиро испрати проектил во голот на Панама. Панама се надеваше на подобар резултат кога, во 14-та минута, Амир Муриљо изведе слободен удар, а топката се одби од Матеус Куња го смени правецот и заврши во голот. До ...

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Орелијан Чуамени, за прв пат јавно проговори за инцидентот со соиграчот Федерико Валверде. Чуамени призна дека „нешто се случило“, но исто така нагласи дека целиот инцидент бил „преувеличен“ и дека сега „нема проблеми“ меѓу нив. Реал Мадрид ги казни двајцата играчи со по 500.000 евра откако физички се пресметаа во тренинг кампот на клубот пред околу три недели. Чуамени моментално е со репрезентацијата ...

Пејачката Дуа Липа и холивудскиот актер Калум Тарнер се венчаа вчера на интимна церемонија во Лондон, во присуство на нивните најблиски пријатели и членови на семејството. Според „Дејли Меил“, двојката го кажала своето судбоносно „да“ во градското собрание на Олд Мерилебон на легална церемонија што претходи на раскошна повеќедневна прослава што ја планираат во Сицилија. 29-годишната пејачка се појави во бел костим со шапка и ракавици, ...

Соединетите Американски Држави ја опишаа воената акција во Иран како чин на „самоодбрана“. Според Centcom, целите на нападите биле ирански радарски системи и командни и контролни пунктови за управување со беспилотни летала, лоцирани во градот Горук и на стратешки важниот остров Кешм во Ормутскиот теснец. Американската војска нагласува дека овие напади се директен одговор на „агресивните ирански дејствија“ во регионот. Клучната причина била ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.06
32%
1011
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
3.65
48%
1007
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
3.21
39%
1009
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
1.85
47%
1012
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.3
42%
1010
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 26ᴼ
0.89
52%
1009
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
4.47
57%
1013
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.64
50%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.88
49%
1014
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
5.81
41%
1008
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
61%
1009
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
0.61
57%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Рутениум

48965.59

Бакар

13.01

Иридиум

253540.09

Калај

53.60

Сребро

2186.28

Алуминиум

3.54

Платина

55170.68

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97

Паладиум

40767.15

Цинк

0.00

Злато

135639.33