Арне Слот повеќе не е менаџер на Ливерпул, потврди клубот од „Енфилд“. „Ливерпул може да потврди дека Арне Слот ја напушта позицијата шеф на тренерскиот штаб со непосреден ефект, а процесот на назначување на неговиот наследник е веќе во тек. Од клубот си заминува со титулата шампион на Премиер лигата и со наша најдлабока благодарност и почит за сè што направи“, изјавија од „Енфилд“. Информацијата сигурно не е изненадувачка ако се погледнат ...

Две лица завршија во болница откако вдишале чад при пожар што избувнал во куќа во кумановското село Матејче, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според полицискиот билтен, инцидентот бил пријавен во СВР Куманово вчера во 13:28 часот. Пожарот избувнал во куќа сопственост на М.С., а благодарение на брзата реакција на соседите, огнот бил навреме локализиран и целосно изгаснат. Сепак, поради вдишување на поголемо количество чад, ...

Неколку илјади луѓе се собраа денеска на планинскиот премин Бренер на протест против сè поголемиот патен сообраќај долж еден од најпрометните европски сообраќајни коридори, кој ги поврзува северна и јужна Европа. Демонстрантите во австриското место Матрај ам Бренер носеа транспаренти со натписи „Доста е“ и „Мир во долината“, повикувајќи на итни мерки за намалување на влијанието од товарниот сообраќај врз локалните заедници во алпскиот ...

Во текот на ноќта меѓу петокот и саботата, украински беспилотни летала извршија успешен напад врз воената воздушна база во Таганрог, при што уништија два руски морнарички авиони „Ту-142“ и еден балистички ракетен систем „Искандер“. Веста ја соопшти командантот на Силите за беспилотни системи на Украина, Роберт Бровди, во јавноста познат под прекарот „Маѓар“. Операцијата ја изврши Првиот центар на Силите за беспилотни системи, специјализирана ...

Русија го повлече својот амбасадор од Ерменија на консултации, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Овој потег доаѓа само еден ден откако претседателот Владимир Путин упати остро предупредување до оваа јужнокавкаска земја поради нејзините сè посилни врски со Европската Унија, пренесува The Moscow Times. „Рускиот амбасадор во Република Ерменија, С. Копиркин, е повикан во Москва на консултации поради чекорите што ги презема ...

Истрагата за масовната полициска корупција во Јужноафриканската Република ја закова нацијата пред екраните, која ги следи јавните сослушувања како нова сезона на напната крими-серија. Втората фаза од независната истрага за длабока корупција во полицијата на Јужноафриканската Република е завршена, а нов привремен извештај е доставен до претседателот Сирил Рамафоса. Комисијата ја предводи пензионираниот судија Мбуисели Мадланга, а е формирана ...

Европските земји треба да купуваат француски борбени авиони наместо американски за да можат да имаат корист од новата француска иницијатива за нуклеарно одвраќање, изјави лидерот на француската екстремна десница, Жордан Бардела. „Пред да побараат од Франција да го прошири својот нуклеарен чадор, нашите европски партнери треба да престанат да купуваат американски авиони ‘Ф-35’ и да почнат да купуваат ‘Рафал’“, рече Бардела во интервју за ...

Полицијата синоќа уапси 32-годишен жител на Скопје, кој прво физички нападнал друго лице, а потоа агресивно се однесувал и кон полициските службеници кои дошле да интервенираат. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на подрачјето на општина Шуто Оризари. На 29.05.2026 година во 18:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје го привеле М.Ј. (32) од Скопје. Приведувањето уследило по претходна пријава дека ...

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет упати исклучително остри критики до европските сојузници на Вашингтон, обвинувајќи ги дека „предолго“ ги игнорирале повиците за зајакнување на сопствената одбрана и отворено им порача да се воздржат од „морализирање“. Во своето обраќање на големата безбедносна конференција „Шангри-Ла дијалог“ во Сингапур, Хегсет најави „важни одлуки“ поврзани со безбедноста во Европа. Тој јавно ги пофали азиските ...

Полскиот премиер Доналд Туск упати сериозен апел до Европската Унија и НАТО итно и со крајна сериозност да ги сфатат зборовите и постапките на руските официјални лица, по новите брутални закани кои пристигнаа од поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев. Реакцијата на Туск следува откако воен дрон погоди станбена зграда во романскиот град Галац, по што Медведев, кој сега ја извршува функцијата заменик-претседател на рускиот Совет за ...

Автобус кој превезувал млади спортисти на натпревар во Унгарија, рано утринава излетал од патот, преминал во спротивната коловозна лента и директно се забил во дрво. Во тешката несреќа на местото починал возачот на автобусот, соопшти унгарската полиција. Несреќата се случила околу 5:20 часот наутро по локално време, во близина на местото Хирд во југозападниот дел на Унгарија, информираат од полицијата на Барањската жупанија. Точните причини ...

Украинската армија сè повеќе се потпира на дронови, роботи и далечински управувани системи во борбите против руските сили, создавајќи нов модел на војување кој се одвива без директно присуство на војници на бојното поле, пишува Си-Ен-Ен. Операции со експлозии, напади и извидување на руските позиции сега често се изведуваат од контролни центри под земја, додека на терен дејствуваат автономни или далечински управувани машини. Војна од ...

Премиерот Христијан Мицкоски очекува стабилизирање на цените на нафтените деривати во земјава и најави сериозно поевтинување на дизел горивото за 6 до 6,5 денари по литар. Тој најави дека утре ќе се одржи онлајн седница на Владата на која ќе се разгледуваат мерките за формирање на новите цени, нагласувајќи дека Македонија и понатаму ќе остане држава со убедливо најниски цени на горивата во регионот. Како ќе се формираат новите цени? ...

19-годишен мотоциклист го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи синоќа на една од прометните крстосници во Скопје. Во несреќата учествувале еден автомобил и два мотоцикли, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според полицискиот билтен, несреќата била пријавена во СВР Скопје во 22:21 часот. На крстосницата помеѓу булеварот „Никола Карев“ и улицата „Прохор Пчински“, се судриле патничко возило „ауди а4“ со скопски ...

Добрососедските односи се двонасочна улица и не можете да танцувате сами – или танцувате со партнер или немате партнер. Со оваа порака премиерот Христијан Мицкоски реагираше на изјавата на бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова, која порача дека Македонија треба да бара решенија, а не проблеми и дека Софија нема да отстапи од договорената рамка од 2022 година. Одговарајќи на новинарски прашања, Мицкоски изрази ...

Во рамки на студиската посета во Париз, делегацијата составена од претставници на Министерството за јавна администрација, Центарот за управување со промени, Агенцијата за администрација и Министерството за дигитална трансформација, изминатите денови оствари работни средби со претставници на Директоратот за јавна администрација на Франција (DGAFP), Институтот за јавен менаџмент и економски развој (IGPDE) и Директоратот за дигитални работи ...

Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи во вторник ќе се најде на владина седница, откако денеска во Владата беше заокружен институционалниот и консултативен процес со сите засегнати страни. Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Азир Алиу порачаа дека новото законско решение е резултат на заеднички компромис, чија единствена цел е заштита на јавното здравје и намалување на бројот на ...

Премиерот Христијан Мицкоски очекува стабилизирање на цените на нафтените деривати во земјава и најави сериозно поевтинување на дизел горивото за 6 до 6,5 денари по литар. Тој најави дека утре ќе се одржи онлајн седница на Владата на која ќе се разгледуваат мерките за формирање на новите цени, нагласувајќи дека Македонија и понатаму ќе остане држава со убедливо најниски цени на горивата во регионот. Како ќе се формираат новите цени? ...

Промени на уставот за внесување на Бугарите, без гаранции од ЕУ во форма на заклучоци – нема да има, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. „Сите се сеќаваме дека последните измени на уставот за промена на уставното име, ги направија Филипче и Заев, откако претходно беа убедувани дека тоа е последниот чекор на Македонија и утре дента ние влегуваме во ЕУ. Да ја потсетиме јавноста дека СДС и ДУИ ...

Германската воена морнарица е погодена од се поголем број сомнителни инциденти кои будат аларм во безбедносните кругови. Од почетокот на 2025 година откриени се вкупно десет можни саботажи на воени бродови, а во јавноста сè погласно се поставува прашањето кој стои зад овие координирани напади, пишува Еуроњуз. Последниот во низата инциденти се случи на крајот на февруари годинава во Вилхелмсхавен, кога на фрегатата „Рајнланд-Пфалц“ беше ...

Трпе Деаноски, претседател на УПОЗ и член на претседателството на ССМ преводено од Слободан Трендафилов, организираше спортски игри кои траеле 4 дена во Чањ, Црна Гора и за кои биле потрошени 60.000 евра, кажа денеска на прес-конференција, Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Раководството на ССМ целосно го има изгубено компасот и не живее во реалноста, затоа што Деаноски наместо борба за работниците и заштита на работничките права, ...

Аргентинскиот фудбалер Николас Отаменди (38) потпиша договор со Ривер Плата како слободен агент откако ја напушти Бенфика, објави аргентинскиот клуб. Искусниот 38-годишен стопер, член на репрезентацијата на Аргентина која го освои Светското првенство во 2022 година, потпиша договор до крајот на 2027 година, а ќе се приклучи на тимот по претстојното Светско првенство. Отаменди пристигна во клубот за кој навива уште од детството, по шест ...

Воздушниот сообраќај на аеродромот во Минхен утрово беше привремено прекинат поради сомнеж за појава на дрон во близина на пистите, по што беше спроведена безбедносна проверка со засилено полициско присуство. Според информациите, двајца пилоти нешто по 9 часот пријавиле можен дрон во близина на аеродромот. По пријавата, во координација со германската контрола на летање, надлежните служби донеле одлука привремено да ги затворат пистите. ...

Новиот тренер на Наполи, Масимилијано Алегри, сака да го донесе Душан Влаховиќ и да го направи централна фигура во нападот, во проект што треба да означи почеток на нова ера на стадионот „Диего Армандо Марадона“. Според италијанските медиуми, раководството на клубот веќе интензивно работи на реализација на овој трансфер. Во клубот се свесни, дека доаѓањето на српскиот репрезентативец би бил еден од најголемите потези во Серија А ова лето. ...

Возачот на Априлија, Марко Беcеки, го постави најбрзиот круг во квалификациите за Големата награда на Италија на автодромот Муџело. Италијанецот ја запре штоперицата на 1:43.921, што беше доволно за пол-позиција. Вистинска еуфорија владееше во боксот на Априлија, и тоа со добра причина. Втората позиција на стартната линија ја зазеде Раул Фернандес, возач на Трекхаус, тим кој користи мотор на Априлија, додека Хорхе Мартин е на третото место. ...

Украински дронови во текот на ноќта погодиле танкер во руското пристаниште Таганрог и складиште за нафта во градот Армавир, соопштија регионалните власти во Ростовската и Краснодарската област на југот на Русија. Гувернерот на Ростовската област, Јуриј Сљусар, изјави дека пожарите на танкерот и во пристаништето Таганрог, град со околу 240.000 жители, биле изгаснати и дека нема пријавено истекување на нафта. Според него, две лица се ...

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, обвини дека премиерот Мицкоски знаел за унгарското државјанство на Груевски. Таа истакна дека со месеци СДСМ укажувала оти Груевски има државјанства и патни документи од други држави, но според неа, Мицкоски свесно ги игнорирал тие информации и изнесувал неточни тврдења пред јавноста. „Мицкоски го знаел тоа цело време и свесно ги лажел граѓаните. Како и за се друго, како што лажеше за враќање на ...

Сè е подготвено за големото финале на Лигата на шампионите, во кое ПСЖ и Арсенал ќе се сретнат на „Пушкаш Арена“, во Будимпешта, во борбата за титулата европски шампион. Сепак, увертирата во спектаклот беше жестока, во текот на ноќта во центарот на унгарската престолнина, се судрија навивачите на двата клуба. Навивачите на Арсенал и ПСЖ имаа „блиска средба“ на улиците на Будимпешта, по што настана целосен хаос. На видеата што кружат на ...

Атлетико Мадрид имаше саркастичен коментар за Барселона на својот официјален профил на социјалната мрежа „X“. Тие објавија три иронични предлози за трансфер за Ламин Јамал, Педри Гонзалез и Рафиња, како одговор на интересот на каталонскиот клуб за Хулијан Алварез и наводната понуда што Атлетико негира дека некогаш ја добил. Сериозна позадина на хумористичните објави Иако пораките беа напишани со опуштен и хумористичен тон, тие се навистина ...

Петмина мажи се извлечени на сигурно од поплавената пештера во Лаос, додека за уште двајца селани сè уште се трага, соопштија спасувачките екипи. Се претпоставува дека тие влегле во пештерата одделно од групата што веќе е пронајдена. Според информациите, меѓународните спасувачки тимови во провинцијата Ксајсомбун продолжуваат со интензивна операција. Приоритет се испумпување на водата, доставување храна и лекови и проценка дали заробените ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.39
47%
1012
weather icon

Белград

17ᴼ / 17ᴼ
6.39
94%
1012
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
3.88
90%
1012
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
1.0
64%
1012
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
4.31
53%
1009
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 18ᴼ
2.23
100%
1009
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
3.58
69%
1014
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
0.68
64%
1014
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
1.34
60%
1014
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
5.81
55%
1010
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
3.58
45%
1011
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 21ᴼ
1.78
61%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Родиум

257205.97

Алуминиум

3.54

Сребро

2186.28

Калај

53.60

Цинк

0.00

Паладиум

40767.15

Платина

55170.68

Кобалт

45.39

Бакар

13.01

Злато

135639.33

Рутениум

48965.59

Иридиум

253540.09