Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Иран денеска соопшти дека сè уште не е постигнат договор со Соединетите Американски Држави за прекин на војната, откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека наскоро ќе донесе конечна одлука. „Разговорите продолжуваат, но сè уште не е постигнат конечен договор“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Есмаил Багаи, според државните медиуми. Американскиот претседател објави дека се подготвува да донесе ...
Русија подготвува нов голем напад врз Украина, објави претседателот Володимир Зеленски денес на Телеграм, повикувајќи се на разузнавачки информации. Подоцна во својата вечерна видео порака, Зеленски рече дека украинската страна има „разузнавачки информации дека Русија подготвува нов голем напад“. „Нашите служби реагираат брзо и се подготвени. Воздухопловните сили и другите бранители на воздушниот простор ќе работат 24/7, како што секогаш ...
Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, денеска изјави дека тврдењата за наводни руски беспилотни летала што летаат над Европа се неосновани и дека, како што тврди таа, не се презентирани никакви докази за нив, објави руската агенција РИА Новости. „Сите обвинувања што ги слушаме, особено за беспилотните летала во земјите од Европската Унија, се целосно неосновани, не е презентиран ниту еден факт, ...
Претседателот на Романија, Никушор Дан, изјави од Галац дека рускиот дрон што удри во станбена зграда ја сменил траекторијата откако веројатно бил погоден над украинскиот град Рени. Дан нагласи дека Русија сноси одговорност за инцидентот и рече дека жителите, освен семејството директно погодено од експлозијата, можат да се вратат во своите домови. Тој, исто така, потврди дека две хоспитализирани лица претрпеле полесни повреди и добро се ...
Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит, Медокс, поднесе петиција за официјално отстранување на „Пит“ од неговото презиме. Како што објави TMZ, 24-годишникот поднел документи за законска промена на своето име. Доколку судијата го одобри барањето, неговото целосно име ќе биде Медокс Чиван Џоли, пишува People. Според медиумите, барањето сè уште не е одобрено. Претставникот на Бред Пит изјави за People дека нема да коментира за случајот, ...
Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека Кремљ е подготвен да ги продолжи разговорите со Украина. Во опширни изјави за состојбата на војната, која Москва продолжува да ја нарекува исклучиво „специјална воена операција“, Путин тврдеше дека конфликтот завршува, но одби да даде конкретен временски рок, објави Sky News. Според него, руските сили напредуваат во сите правци на бојното поле. Путин, исто така, рече дека Русија не ја ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави на Truth Social низа услови што Иран, според него, мора да ги прифати во евентуален договор со САД. Тој рече дека Техеран мора да се согласи никогаш да нема нуклеарно оружје и дека Ормускиот теснец мора веднаш да се отвори за непречен бродски сообраќај во двата правци, без никакви такси за премин. „Иран мора да се согласи никогаш да нема нуклеарно оружје или бомба. Ормускиот теснец мора веднаш да се ...
Рускиот претседател, Владимир Путин, го коментираше инцидентот со беспилотното летало кое удри во зграда на романска територија, критикувајќи ги реакциите од Европската Унија и нудејќи спроведување руска истрага под одредени услови. Путин тврди дека Европската Унија автоматски го покажува прстот кон Русија по секој таков инцидент. „Првата реакција во ЕУ на кое било беспилотно летало е да се прогласи за руско, а потоа се покажува дека не е“, ...
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено засилен северозападен ветер, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 30 степени. ...
Унгарскиот премиер, Петер Маѓар, денес потпиша договор со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за деблокирање на речиси сите средства за закрепнување и кохезија наменети за Унгарија. Ова ѝ даде на владата пристап до износот од 16,4 милијарди евра што беше замрзнат за време на претходната влада, пишува Euronews. Фон дер Лајен ја пофали Унгарија за формирањето на владата во рекордно време и за само неколку недели за ...
Австриски суд го осуди 21-годишникот кој призна дека планирал исламистички напад на концертот на Тејлор Свифт во Виена во 2024 година на 15 години затвор, прогласувајќи го за виновен за разни кривични дела, претежно поврзани со тероризам. Беран А., чие презиме не е објавено во согласност со австриските правила за приватност, беше уапсен еден ден пред првиот од трите планирани концерти на американската поп-ѕвезда во австриската престолнина. ...
Грчки државјанин е обвинет во Велика Британија за помагање на странска разузнавачка служба, за која се верува дека е иранска, во активности насочени кон новинари за телевизиската станица „Иран Интернешнл“ со седиште во Лондон, објави „Ројтерс“. Полицијата за борба против тероризмот го идентификуваше како Јоанис Ајдинидис, 46, жител на Минхен. Тој беше уапсен на 16 мај и обвинет според Законот за национална безбедност на Велика Британија. Се ...
Утре, сабота, 30 мај, Општина Кисела Вода и Здружението за унапредување на културно-забавниот живот, екологија и чиста околина „ПОСВЕТЕН ВИКЕНД“ го организираат првиот „Family Day – Football Edition“. Подгответе се за 12 часа забава, спорт и музика во паркот „Шопен“. Програмата започнува точно напладне, во 12:00 часот, со музичка програма и DJ сетови. Додека трае дневното дружење, најмладите ќе можат да се забавуваат во специјално ...
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, испрати остра порака до граѓаните на Европската Унија, тврдејќи дека нивните влади еднострано влегле во војна со Русија. „Граѓани на земјите од ЕУ, мора да разберете дека вашите власти еднострано влегле во војна со Русија. Затоа бидете внимателни и не дозволувајте ништо да ве изненади. Готово е со мирниот сон. И знаете кого да прашате зошто!“, рече Медведев. ...
Градоначалникот Дејан Митески им посака добредојде во Општина Аеродром на учесниците на 12. Меѓународен фолклорен фестивал „Св. Троица“, кој од вечерва до 1 јуни ќе се одржува во Долно Лисиче. На фестивалот, покрај македонските, ќе настапат и млади фолклористи од Чиле, Босна и Херцеговина, Србија и Бугарија. „Фестивалот е одлична можност гостите да ја почувствуваат нашата гостопримливост и со себе да понесат прекрасни спомени од нашиот ...
Единствена Македонија соопшти дека прифаќа референдум за ЕУ, но под услов да има две прашања. „Единствена Македонија внимателно ја следи дебатата со најновиот предлог на СДСМ за референдум за членство во ЕУ. А што може да се очекува од една партија која во основа се бори за одбрана на македонските национални и државни интереси? Единствена Македонија прифаќа нов референдум, но, само и единствено под услов со следните прашања: 1. Дали сте за ...
Постои едно едноставно прашање на кое Блерим Беџети им должи одговор на секој студент, правник и Албанец: што направи во текот на 1058-те дена додека беше министер за правда за правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик? Одговорот е болен, но јасен – ништо, велат од ВЛЕН. „Цели 1058 дена беше на чело на Министерството за правда, со целосни надлежности, целосна моќ и целосна можност да го реши ова прашање. Не го направи тоа. ...
Парламентот на Исланд гласаше за одржување референдум на 29 август за почеток на преговорите за пристапување во ЕУ, поддржувајќи го двостепениот план на владата што би можел да доведе до членство во блокот од 27 земји подоцна оваа деценија. Рејкјавик ги напушти преговорите во 2013 година по четири години разговори кога евроскептична влада ја презеде власта, но растечките трошоци за живот и војната во Украина оттогаш го разгореа интересот за ...
Премиерот, Христијан Мицкоски, присуствуваше на отворање на новиот трговски центар „Mega Shopping Park“ во Гевгелија. „За мене претставува огромна чест и задоволство што денеска можам да присуствувам на овој би рекол прекрасен настан, овде во Гевгелија. Отворањето на овој шопинг-центар којшто е не само додадена вредност за економијата тука во Гевгелија, туку очекувам да прерасне во едно место коешто ќе го посетуваат сите оние коишто ќе ...
Венко Филипче уште еднаш покажува до каде е подготвен да оди за власт, амнестија и моќ, кога се во прашање македонските национални интереси. Прво уставни измени, а потоа редефинирање на историјата и идентитетот, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче не го интересира македонскиот идентитет и интегритет. Тој само сака прифаќање на бугарските позиции и ставање на Македонија во подредена положба, мислејќи дека само така ...
Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, во интервју за Фокус порача дека СДСМ продолжува со старата матрица на политички спинови, обиди за дефокус и конструкции насочени кон дискредитација на политичките конкуренти, наместо соочување со сопствените слабости и внатрешна криза. „Сите овие приказни што периодично се пуштаат во јавноста дека некој бил незадоволен или маргинализиран се дел од старата матрица на ...
Фалбите од собраниска говорница, на Христијан Мицкоски, за економските успеси на Владата, не се реална економска слика, туку игра со статистика и бројки кои граѓаните воопшто не ги чувствуваат во секојдневниот живот, велат од Левица. „Да се фалите со „раст“ на номинален БДП во услови кога државата се задолжува со милијарди евра и кога администрацијата масовно троши буџетски средства во првите квартали, не претставува економски успех, туку ...
Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила во Гевгелија. Според информациите на МВР, вчера во 22:45 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на булевар „Гевгелија” мопед со гевгелиски регистарски ознаки, управувам од 16 годишен малолетник од Гевгелија удрил во пешакот В.С.(57) од Гевгелија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле пешакот и 17 годишен сопатник на моторот од село Моин, ...
Двојните аршини на Трпе Деаноски и синдикалната организација на виделина, од една страна велат живееме во сиромаштија од друга страна 60.000 евра луксуз во Црна Гора, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Наместо ваков настан да биде организиран во домашен туристички центар, со што средствата би останале во македонската економија, Деаноски одлучил синдикалните пари да завршат во странство, во луксузен туристички комплекс на ...
Тринаесетгодишно дете загина во сообраќајна несреќа кај селото Черкези, кумановско. Според информациите на МВР, вчера околу 21:10 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Скопје во село Черкези, кумановско се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Ф.С.(24) од Куманово и електричен тротинет управуван од 13-годишен малолетник од с.Черкези. По ...
Во амфитеатарот при Домот на култура „Илинден“ се одржа 12. издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Св. Троица“, под покровителство на Општина Илинден и во организација на КУД „Гоце Марковски“. Фестивалот започна со свечено дефиле на учесниците, кои придружувани од звуците на зурли и тапани продефилираа од ПООУ „Гоце Делчев“ низ главната улица во н.м Илинден. Настанот беше збогатен со изведба на големо интернационално оро кај кружниот ...
НАТО е подготвен да ја брани секоја педа од својата територија, изјави генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте, откако беспилотно летало удри во станбена зграда во Романија, членка на Алијансата, за време на синоќешниот руски напад врз соседна Украина. „Неодговорното однесување на Русија претставува опасност за сите нас. Синоќа уште еднаш покажа дека последиците од нелегалната агресивна војна на Русија не запираат на границата“, напиша ...
Агенцијата за филм вчера ги донесе одлуките за прифатени проекти по Конкурсот за финансирање на проекти од национален интерес во филмската дејност за 2026 година, за кои се обезбедени 93 милиони денари. Оваа година за прв пат беше воведен модел на презентација на долгометражните филмски проекти, при што апликантите имаа можност директно да ги претстават своите проекти пред стручната комисија, со цел поголема транспарентност и унапредување на ...
Трајче Стојчевски, претседател на СДММ, ја повика владата да распише референдум за членството во Европската унија. „Владата на Мицкоски не може да се вади сo тоа дека нема пари за референдум на кој младите, треба да одлучат за својата иднина. Ние со месеци наназад предупредуваме дека во буџетот нема пари – дека сè е потрошено на криминални тендери за полнење на џебовите на криминалната група ВМРО. Ние младите не прифаќаме таков изговор. Кога ...
Поранешниот македонски премиер, Никола Груевски, кој е во бегство во Будимпешта од 2018 година, добил унгарско државјанство во 2022 година, и тоа му обезбедува заштита од можна екстрадиција во Македонија, објави истражувачкиот портал ВиСквер, повикувајќи се на извори од владата на Унгарија. Порталот пишува дека Груевски добил унгарско државјанство во 2022 година, врз основа на „државен интерес на Унгарија“. Според друг владин извор, се ...