Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Селекторот на турската репрезентација, Виченцо Монтела, по победата над Македонија (4:0) го објави списокот на играчи на кои смета за претстојното Светско првенство. Италијанецот најмногу им верува на фудбалерите од двата најголеми турски клуба Галатасарај и Фенербахче, а тука се и интернационалните ѕвезди како Арда Ѓулер од Реал, Кенан Јилдиз од Јувентус и играчот од средниот ред на Интер, Хакан Чалханоглу. На Светското првенство, Турците ...
Ford одбележува значаен јубилеј со производството на милионитата Ford Puma во фабриката во Крајова, Романија. Ова достигнување претставува важна пресвртница не само за компактниот кросовер, туку и за Ford во Европа. Од своето лансирање, Ford Puma успеа да се наметне како еден од најпопуларните модели во европската автомобилска индустрија. Во 2025 година Puma беше најпродаваниот патнички модел на Ford во Европа, а воедно и најпродаваниот ...
„Уште еден од проектите кои се довршуваат и се пуштаат во функција, во употреба. Нормално дека човек не може да не биде задоволен кога ќе направите нешто добро, корисно за заедницата. Гледате дека веќе има и млади луѓе кои што го користат овој објект“, кажа премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на новиот училишен базен во општина Карпош. „Јас посакувам уште многу вакви проекти во периодот кој што следи да ги отпочнеме и оние кои што ...
Градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во градежните активности за целосна реконструкција на улица „Лисец“ (крак десно) во Горно Лисиче – значаен инфраструктурен проект со кој, после долг период, оваа важна сообраќајница добива нов, современ и функционален изглед. Со реконструкцијата директно се подобруваат безбедноста, инфраструктурата и условите за секојдневно функционирање на жителите. Во рамките на ...
Скандалозна, срамна и понижувачка за секоја жртва на семејно насилство е одлуката за условна казна за бодигардот на Мицкоски. Човекот кој ја претепа сопругата и призна вина за насилство, да добие условна казна е пораз за правдата, навреда за жртвите и јасен доказ дека блискоста до власта носи заштита од одговорност, истакна на прес-конференција Кети Штерјова од СДСМ. Ова, додава таа, е порака дека за криминалната ВМРО, Мицкоски и луѓето ...
Јошко Гвардиол истакнува дека е среќен во Манчестер Сити, но не гарантираше дека ќе остане на „Етихад“ дури и по Светското првенство. Како што е познато, Гвардиол го доведе во прашање својот статус по заминувањето на Пеп Гвардиола. Шпанските медиуми истакнуваат дека Гвардиол е голема желба и на Барселона и на Реал Мадрид и дека се очекува голема битка за неговиот потпис доколку одлучи да си замине. „Постојат разни гласини за сè и сешто. ...
Летото е период кој често носи неочекувани средби, нови можности и настани што нè исфрлаат од нашата дневна рутина. Додека многумина ќе ги поминат месеците што ги очекуваат во нормален ритам, еден хороскопски знак би можел да доживее пресврт што не го планирал или очекувал. Астрологијата покажува дека Водолијата ќе биде најсклона кон изненадувања ова лето што би можеле да го променат текот на наредните месеци. Можност што не може да се ...
Кина и САД минатата недела одржаа „искрени и конструктивни“ разговори за воздушната и поморската безбедност на Хаваи, согласувајќи се дека подобрената комуникација може да ги намали погрешните пресметки и да го зголеми професионализмот, соопшти кинеската морнарица. На состаноците, одржани на 28 и 29 мај, присуствуваа претставници на вооружените сили на двете страни, според соопштението објавено доцна во понеделникот. Во посебно соопштение од ...
Метеоролошките институти на Холандија и Белгија денес издадоа жолти предупредувања поради грмотевици, силен ветер, град и обилни врнежи што би можеле да предизвикаат локални штети и прекини во сообраќајот во текот на денот. Холандскиот метеоролошки институт (KNMI) предупреди дека дождовите што ја погодија земјата во текот на утрото ќе се развијат во посилни грмотевици што ќе се движат од југозапад кон североисток, објавува „NL Times“. Се ...
Нина Добрев ја краси новата модна кампања на брендот „Only Natural Diamonds“ и може да се каже дека никогаш не изгледала подобро. Актерката Нина Добрев стана вистинска сензација на мрежите по раскинувањето на свршувачката. Иако секогаш ги пленеше погледите со својата природна убавина, интернет заедницата одеднаш полуде по нејзиното раскинување со Шон Вајт. View this post on Instagram A post shared by Only Natural Diamonds ...
Научниците предупредија дека тајфунот „Џангми“ се приближува кон Јапонија, носејќи обилни врнежи од дожд и силни ветрови. Откажани се повеќе од 300 летови, а можни се и предупредувања за итна евакуација. Јапонската метеоролошка агенција објави дека тропската бура е лоцирана западно-северозападно од Амами од седум часот утрово, а силните ветрови веќе предизвикаа штета на делови од Окинава и повредија повеќе од десет лица. Се очекува бурата ...
Странски разузнавачки агенции инсталирале шпионски софтвер на паметните телефони на високи руски функционери со цел да ги прислушуваат и шпионираат, објави денес Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ). Податоците се извлечени од паметни телефони со користење на технологиите на американските ИТ компании Fastly и Cloudflare, објавува РИА Новости. „Прислушувањето на телефоните на високи руски функционери со користење на шпионски софтвер ...
Утринската шолја кафе, за многумина неопходен ритуал за будење, може да влијае на мозокот многу подолго отколку што се мисли, дури и во текот на ноќта, нарушувајќи го сонот неколку часа по консумирањето. Научниците предупредуваат дека кофеинот ја менува мозочната активност долго откако ќе помине неговиот стимулирачки ефект, влијаејќи на квалитетот на сонот на начини за кои можеби дури и не сме свесни, пишува „Vice“. Ново истражување, ...
Бројот на потврдени случаи на ебола во Демократска Република Конго надмина 300, со 48 смртни случаи, соопшти Министерството за здравство на земјата. Епидемијата продолжува да се шири и сега зафати 23 здравствени зони во провинциите Итури, Северен Киву и Јужен Киву. Најпогодената провинција е Итури, која со години се бори со безбедносни проблеми. Таму се потврдени повеќе од 260 случаи. Проблеми со дезинформации и недоверба Здравствените ...
Целокупната трговија која транзитира низ Македонија од први јуни се одвива преку Новиот компјутеризиран транзитен систем Фаза 6, со што нашата држава целосно се усогласува со стандардите што се применуваат во Царинската унија на ЕУ. Воведувањето на НКТС Фаза 6 е дел од нашите обврски предвидени со Планот за раст, со што Царинската управа јасно ја потврдува својата посветеност на забрзаната интеграција во единствениот пазар на ЕУ. Со овој ...
Според аналитичарот Иан Бремер, воопшто не вредеше Соединетите Американски Држави да започнат војна во Иран. Иако конфликтот предизвика глобална економска штета, тој сепак верува дека тоа ќе биде непланирано и ќе доведе до неколку позитивни промени – од распадот на ОПЕК до транзицијата кон поодржливи решенија. Бремер, водечкиот светски политички аналитичар, како гостин во емисијата Глобален фокус, наведува дека и Соединетите Американски ...
САД размислуваат за можноста за распоредување нуклеарно оружје во дополнителни европски земји-членки на НАТО, како дел од напорите за зајакнување на безбедносните гаранции за сојузниците во Европа, пишува „Фајненшл тајмс“. Американските претставници покажаа отвореност да размислат за проширување на постојниот систем за споделување нуклеарно оружје, кој моментално вклучува шест европски земји каде што се стационирани авиони способни да носат ...
Чуварот на мрежата на македонската репрезентација, Столе Димитиревски ќе остане во Валенсија. Клубот ја искористил можноста и без преговори го продолжи договорот со Димитриевски до јуни 2028 година. Во договорот на Димитриевски, постоеше клаузула, според која клубот, со одреден надомест кон голманот, еднострано може да го продолжи договорот. Одлуката за клупските челници беше лесна, бидејќи Димитриевски одлично бранеше во вториот дел од ...
Вчера во 17:00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 50-годишниот Т.Џ. од Гостивар. Претходно, по добиена судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом во врска со кривични дела по член 237, 396 и 215 од Кривичниот законик. При претресот, во една од собите била пронајдена облека поврзана со кривично дело „разбојништво“ (член 237), додека на балконот била пронајдена саксија со две стебла од растението канабис. ...
Селекторот на хрватската фудбалска репрезентација, Златко Далиќ, го објави конечниот список на патници за претстојното Светско првенство, на него нема изненадувања во споредба со поширокиот список што беше објавен претходно. Далиќ одлучи да се потпре на докажани сили кои го понесоа товарот во квалификацискиот циклус и подготовките, што значи дека Хрватска патува на Мундијалот во својот најсилен состав. Тимот повторно ќе го предводи ...
Поправките на лансирната рампа на „Блу Ориџин“, оштетена од експлозијата на џиновската ракета „Њу Глен“ за време на тест на моторот минатата недела, „ќе траат долго“, веројатно до 2028 година, изјави администраторот на НАСА, Џаред Исакман, за CNBC. Моќната двостепена ракета „Њу Глен“ експлодираше и еруптираше во огнена топка во четврток додека беше прикачена на лансирната кула за време на рутински статички тест, подготвувајќи се за својот ...
Џамал Мареј нема да биде дел од репрезентацијата на Канада во наредниот период, што значи дека ќе ги пропушти Мундобаскетот и Олимписките игри. Ова веројатно значи крај на кариерата во националниот тим за големата ѕвезда на Канада. Канадскиот селектор Гордон Херберт го објави списокот на играчи на кои смета за претстојните квалификации за Светското првенство во 2027 година, како и за Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година. ...
Бакнежот е многу повеќе од само едноставен допир на усните. Тој содржи емоции, привлечност, нежност и начин да му покажеме на некого она што често не можеме да го изразиме со зборови. Астрологијата долго време ги проучува различните карактеристики на хороскопските знаци, вклучувајќи го и нивниот пристап кон романсата. Додека некои знаци ја изразуваат љубовта со зборови, други се познати по тоа што ги откриваат своите чувства најмногу преку ...
Општина Центар вечерва, со почеток од 20:00 часот во Парк Капиштец, ја одржува првата филмска проекција на македонскиот детски филм „Мали промени – големи разлики“ во рамки на проектот „Патувачко кино“, што ќе трае од 2 до 13 јуни. „Ги поканувам децата и родителите на бесплатно кино под отворено небо. Филмската приказна, реализирана со поддршка на Општина Центар, е специјално наменета за младите и носи поуки за бонтонот, другарството и ...
„Добродојдовте во криминална држава на лажните патриоти на ВМРО – Дизниленд за возрасни. Нема леб, има игри. Нема Европа, ама има базен. Додека тие се капат во пари, граѓаните се дават во проблеми. Додека Реформската агенда официјално умре, а рокот истече со нула реализирани точки, премиерот Христијан Мицкоски свечено отвора нов базен во Карпош“, велат од СДСМ. „Скопје плови во ѓубре од кога Мицкоски го постави Орце за градоначалник. Кај ...
„Деаноски и Трендафилов да не молчат и да кажат дали синдикалните пари завршиле за наградување на привилегирани членови блиски до СДС? Работниците плаќаат членарина за синдикатот да ги штити нивните права, а не за раководството да организира скапи патувања, привилегии и забави за одбрани поединци“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Јавноста заслужува одговор дали навистина биле потрошени околу 60.000 евра од синдикалните средства за спортски игри во ...
Во рамки на МЕФ 2026, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамед Хоџа, оствари билатерална средба со Фатма Варанк, извршна директорка на COP31 и заменик-министерка за животна средина, урбанизација и климатски промени на Република Турција. На средбата беа разменети мислења за актуелните климатски предизвици, енергетската транзиција и подготовките во пресрет на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени – COP31, ...
„После информации за квалитетот на млечните производи, односно, за небезбедната храна која млекарниците ја пуштаат во промет, се добива јасна слика дека корупцијата во надлежните институции, во случајов Агенција за храна и ветеринарство, е длабоко навлезена во системот“, велат од партијата Левица. „Стоматологот Оливер Миланов, по некоја случајност директор на АХВ, е најдиректно одговорен за сѐ што се случува со квалитетот, тоест, што се ...
„Венко Филипче и неговите политички истомисленици мора конечно да разберат дека Македонија повеќе нема да прави отстапки на слепо и нема да потпишува нови понижувања без јасни, цврсти и обврзувачки гаранции“, велат од ВМРО-ДПМНЕ „Македонските граѓани веќе еднаш ја платија цената на погрешните политики на СДС. Под изговор дека државата ќе стане членка на Европската Унија, беше сменето уставното име на Македонија. Наместо ветениот напредок, ...
Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари, потпиша десетгодишен спонзорски договор со кинеската компанија „Ли-Нинг“. Со потпишувањето на договорот, НБА ѕвездата го заврши долгиот процес на преговори што следеше по неговата разделба со „Андер Армур“ во ноември минатата година. Кари во понеделникот објави дека потпишал историски договор со „Ли-Нинг“, кој ќе го прошири неговиот бренд „Кари“ на глобалниот пазар. Соработката ќе вклучува ...