Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Аријана Гранде загрижи многумина кога се појави во новиот музички спот за нејзината песна „Hate That I Made You Love Me“. Обожавателите брзо ги споделија своите први впечатоци на интернет. Поп-ѕвездата Аријана Гранде објави музички спот за нејзината песна „Hate That I Made You Love Me“. Тоа е првиот сингл од нејзиниот нов албум „Petal“, кој треба да излезе на 31 јули. Вниманието на јавноста го привлече Аријана, која во видеото носи жолт ...
Во напад со дрон во источниот украински регион Донецк, во делот контролиран од Русија, загинаа седум лица, а 11 се ранети, објави прорускиот регионален лидер, Денис Пушилин. Во објава на „Телеграм“ тој, рече дека дронот удрил патнички автобус што сообраќал помеѓу Москва и Симферопол на Крим, кој, исто така, е под руска окупација. ❗️ Another Ukraine Terror Attack Targets Passenger Bus, Killing Seven & Injuring 11 In DPR A bus carrying ...
Овој пијалок, кој се пие на празен стомак, 20 минути пред појадок, ја започнува работата на цревата, го забрзува метаболизмот и ги топи масните наслаги. Не е магично стапче кога станува збор за слабеење, но ако го пиете правилно, цревата почнуваат да работат како подмачкан механизам, а по десет дена стомакот изгледа помалку надуен. Трикот не е во лимонот, туку во температурата на водата и во една лажичка што повеќето луѓе ја прескокнуваат. ...
Русија собори 30 дронови над Ленинградската област и продолжува да ги одбива нападите, изјави регионалниот гувернер Александар Дрозденко, додека градоначалникот на Москва пријави 13 дронови кои летале кон Москва. Ленинградската област е дом на клучна инфраструктура за извоз на енергија и голема рафинерија за нафта, а економски форум се одржува во Санкт Петербург од денес до сабота, чиј домаќин, како и во претходните години, е рускиот ...
Кувајтската војска рано во среда соопшти дека нејзината воздушна одбрана пресретнува „непријателски ракетни и беспилотни напади“. Генералштабот на војската во соопштението наведува дека сите експлозии што ги слушнале граѓаните се резултат на системите за воздушна одбрана. „Се повикуваат сите да се придржуваат до безбедносните упатства и упатствата за заштита издадени од надлежните органи“, се додава во соопштението. WATCH: Likely Patriot ...
Американската војска испали ракета „Хелфаер“ кон танкер кој пловеше кон Иран, како дел од блокадата на иранските пристаништа наметната од претседателот Доналд Трамп, кој врши притисок врз Техеран да преговара за мировен договор според неговите услови. Централната команда на американската војска објави видео на кое се гледа како ракетата го погодува танкерот, велејќи дека целта била машинската просторија на танкерот „Лекси“ со знаме на ...
Сирени се огласија во Бахреин во раните утрински часови во среда. Министерството за внатрешни работи на земјата ги повика граѓаните да „останат смирени“ и да побараат засолниште на најблиското безбедно место, објави CNN. Air defense activity seen over Bahrain’s capital of Manama during tonight’s retaliatory ballistic missile attack by Iran. pic.twitter.com/mHgrreSWtO — OSINTdefender (@sentdefender) June 2, 2026 Непосредно пред соопштението ...
Американските сили започнаа напади врз иранскиот остров Кешм, во она што Централната команда на САД (CENTCOM) денес го нарече чин на самоодбрана. Во соопштението се вели дека нападите биле одговор на обидите за напади од страна на Иран низ Блискиот Исток. „Иран лансираше неколку балистички ракети кон своите регионални соседи, но ниту една од нив не успеа да ги погоди своите цели. Две ракети испукани кон Кувајт не ги достигнаа своите цели или ...
Иранската револуционерна гарда ги предупреди САД дека ќе платат „висока цена“ за нарушување на безбедноста на Ормускиот теснец. Предупредувањето дојде по американските напади на островот Кешм, кој се наоѓа во близина на клучната бродска линија. Револуционерната гарда соопшти дека извршила свои ракетни и беспилотни летала како одговор на, како што рече, нападите врз телекомуникациска кула. Целите биле американска воздухопловна база и ...
Заложничката криза во Дортмунд е завршена. Човекот кој пукаше во полицаец во вторник вечерта, а потоа се забарикадира во стан во градскиот округ Хехстен со три од неговите деца, се предаде на полицијата рано утрово околу 3:30 часот, објави Билд. Сторителот е 51-годишен српски државјанин кој ги држел своите три ќерки, на возраст од 7, 10 и 12 години, како заложници. Тој се предаде и беше уапсен без отпор Девојчињата беа неповредени и по ...
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од ул. Боца Иванова, како и магацинот на ЕВН и објектот на автосервис Дон, општина Бутел; – во периодот од 10.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците Душко Поповиќ, Томе Пуре и Боца Иванова, општина Бутел; – во периодот од 12.00 до 14.00 часот, корисниците од улиците Александар Турунџиев и Рокомија, општина ...
Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од југоисточен правец. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен ...
Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска го промовираше новото лого, односно новиот симбол на институцијата, кој беше усвоен од Колегиумот на републичкото обвинителство. „Логотипот е конструиран врз прецизна геометриска структура со цел да се обезбеди визуелна рамнотежа, стабилност и препознатливост во сите формати и апликации. Колорниот систем е составен од темно сина и златна боја. Темно сината ја симболизира ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, рече дека дипломатските размени со Техеран продолжуваат без прекин, што ги побива извештаите за прекин во комуникациите. „Разговорите меѓу нас се во тек“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social, истакнувајќи дека дијалогот се одвивал секојдневно во текот на целата недела. Тој ги нарече извештаите за прекин во комуникациите „лажни и погрешни“. Во врска со исходот од напорите, американскиот ...
Марко Маринковиќ Слаткар објави дека филмот што ќе се снима за него ќе се реализира без парите што му ги додели Агенцијата за филм. Тој вели дека ниту барал, ниту него му се дадени пари. Појаснува дека поддршка добил документарен филм што преку неговиот живот зборува за многу повеќе од него. „Деновиве читам секакви коментари и вести. И повторно гледам колку лесно судиме, а половично знаеме или воопшто не знаеме. Сакам една работа да биде ...
На британскиот пар осуден на десет години затвор во Иран за шпионажа им е одбиена жалбата, потврди нивното семејство. Линдзи и Крег Форман, кои беа уапсени во јануари 2025 година додека беа на патување со мотор низ Иран, сега штрајкуваат со глад во затворот Евин во Техеран. Тие беа осудени во февруари минатата година и од самиот почеток ги негираа обвиненијата за шпионажа, објави Би-Би-Си. Член на нивниот британски правен тим изјави за ...
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, директно му порача на Христијан Мицкоски дека уставните измени се единствениот начин за формално започнување на пристапните преговорите со ЕУ и ништо повеќе, велат од СДСМ. „Еве уште еден јасен доказ за она што СДСМ го повторува месеци наназад. Мицкоски повеќе не смее да им ги мачка очите на граѓаните. ЕУ нема никакви дополнителни услови, нема ниту дополнителни гаранции. Има само еден услов – ...
Хрватска загуби од Белгија (0:2), во првиот подготвителен натпревар пред стартот на Светското првенство. Во Риека, Белгија славеше со головите на Јури Тилеманс во 38-та и Ромелу Лукаку во 96-та минута. Имаше шанси на двете страни, Хрватите можеа барем да израмнат, но Тибо Куртоа остана несовладан. Токму Куртоа го спречи Лука Модриќ на крајот од првото полувреме, да изедначи, со феноменална рефлексна интервенција. Непосредно пред тоа, ...
Нашата позиција е јасна. Остануваме цврсто определени кон европскиот пат. Не бараме привилегии. Не бараме олеснети правила. Не бараме нешто што не им припаѓа и на другите, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, на прес – конференција по средбата со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. „Бараме принципи и нормално кредибилен и предвидлив процес. Бараме процес во кој реформите, трудот, заслугите и исполнетите обврски ќе бидат ...
Швајцарската репрезентација отпатува во Соединетите Американски Држави без еден од своите најважни играчи. На Брил Емболо му беше одбиен влез во земјата. Како што објави Швајцарската фудбалска асоцијација, проблемот се појави со ESTA дозволата за влез во САД, која одеднаш беше подложена на дополнителни проверки. „За жал, Брил Емболо во моментов не може да патува во Соединетите Американски Држави со тимот. Неговата ESTA дозвола беше одобрена ...
Кошаркарот на Ефес, Винсент Поарие, ќе отсуствува девет месеци поради повреда на Ахиловата тетива, потврди клубот. Искусниот 32-годишен француски центар ја претрпе повредата во понеделникот, за време на првиот натпревар од полуфиналната серија на турската Суперлига против Фенербахче. Истанбулскиот клуб наведува дека станува збор за сериозна повреда и дека на Поарие ќе му бидат потребни најмалку осум, а веројатно и цели девет месеци за ...
Шпанскиот кошаркарски тренер, Ибон Наваро, од наредната сезона ќе ја преводи Црвена ѕвезда. „Шпанскиот стручњак и Звезда се договориле за сите детали од претстојната соработка, останува само да се официјализира договорот“, пишува „Меридијан спорт“, кој е дел од компанијата на генералниот спонзор на црвено-белиот тим. Наваро има уште една година од договорот со Уника, па Црвена ѕвезда ќе мора да плати отштета. Шпанските медиуми наведуваат ...
Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, е сè уште жив и „сè повеќе ангажиран на одредено ниво“, иако не се појавил јавно откако беше ранет на почетокот на војната. „Не го видовме јавно и претпоставувам, со оглед на тоа што им се случи на неколку лидери во тој систем, веројатно не е нешто што им се препорачува внатрешно, но со оглед на тоа, мислам дека има индикации дека е сè повеќе ...
Фудбалската економија денес далеку ги надминува границите на спортот, а најдобро платените играчи во светот комбинираат клупски договори, бонуси и глобални маркетинг соработки што им носат нестварни приходи. Листата на десетте најплатени играчи покажува колку високопрофитна станала глобалната фудбалска индустрија. На листата на десетте највредни играчи на Светското првенство, Кристијано Роналдо е убедливо прв, не е изненадување што Меси е ...
Премиерот, Христијан Мицкоски, го пречека претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. „Денеска остварив средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта на која разговаравме за европската перспектива на нашата држава, актуелните предизвици и можностите за продлабочување на соработката со Европската Унија. Во отворен и конструктивен разговор ја потврдивме заедничката заложба за унапредување на реформските процеси, зајакнување ...
Австрија претрпе сериозен удар пред Светското првенство. Кристоф Баумгартнер, 26-годишниот напаѓач на РБ Лајпциг, нема да игра на турнирот, кој се игра во САД, Канада и Мексико. Баумгартнер се повреди вчера, за време на загревањето пред пријателскиот натпревар против Тунис, а дополнителните лекарски прегледи потврдија дека станува збор за сериозна повреда што ќе го спречи да игра на Светското првенство. Ова е тежок удар за австриската ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес го назначи шефот на агенцијата за домување, Бил Пулт, за вршител на должноста директор на националното разузнавање, со што политички лојалист без искуство во националната безбедност го постави на чело на огромната разузнавачка заедница на Америка во време на војна и глобални тензии. Трамп објави на социјалните мрежи дека 38-годишниот Пулт привремено ќе ја замени Тулси Габард, но исто така ќе продолжи ...
Во рамките на официјалната посета на Република Словaчка, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Братислава оствари средба со потпретседателот на Владата на Република Словачка и министер за одбрана, Роберт Калињак. „Вицепремиерот ја реафирмираше силната словачка поддршка на македонскиот евроинтеграциски пат. Според него, ние сме неоправдано предолго во чекалната на ЕУ. Процесот на проширување, смета тој, треба да е заснован ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Братислава оствари тет-а-тет средба со претседателот на Националниот совет на Република Словачка, Рихард Раши. Обајцата ја потврдија заедничката определба за интензивирање на парламентарната соработка меѓу двете земји. Во парламентарната дипломатија препознаваат суштински механизам за размена на искуства, градење доверба и зајакнување на демократските институции. Укажувајќи на нејзиното ...
Франција ја забележа својата најтопла пролет откако започнаа евиденциите во 1900 година. Со просечна температура од 13,8 степени Целзиусови, пролетта 2026 година е најтоплата досега регистрирана“, соопшти метеоролошката служба. Според извештајот, кој го опфаќа периодот од март до мај, оваа бројка ја става пролетта 2026 година пред претходните рекорди поставени во 2011 и 2020 година. Сезоната беше обележана со невообичаено ран и интензивен ...