Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Одговорот на Русија на нападите на украинските вооружени сили ќе биде системски како и досега, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој потсети на изјавата на Министерството за надворешни работи на Русија, во која се наведува дека одговорот на украинските напади ќе биде системски, објави ТАСС. „Всушност, тие веќе се“, изјави Песков пред новинарите кога беше прашан како Русија планира да одговори на нападот на Украина врз Санкт ...
Џефри Епстин систематски ја користел модната индустрија за да ги пронајде своите жртви. Истражувањето на NDR, WDR и SZ открива дека најмалку 19 европски жени се сретнале со сексуалниот престапник на овој начин, пишува „Дојче веле“. Модни скаути ги таргетирале младите жени, кои се надевале на кариера како фото-модели. Се вели дека најмалку пет лица регрутирале млади жени во Европа во име на Џефри Епстин, претставувајќи се како модни скаути. ...
Тамара Тодевска е повторно во фокусот на македонската музичка сцена, овојпат со новиот сингл „Драма квин“, со кој официјално ја отвора вратата кон нејзиниот нов студиски албум „Кукла жива”. Песната е потпишана од Коста Петров и самата Тамара, а аранжманот го потпишува Емин Џијан во соработка со ансамбл од над 50 музичари и хор – звук кој јасно зборува за амбицијата и размерот на проектот. Спотот е снимен во студиото „Takat”, а е во режија ...
Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека Унгарија е подготвена да даде дипломатски придонес во решавањето на конфликтот во Украина и дека би можела да стане место за преговори. „Можеме да обезбедиме дипломатска и хуманитарна помош, а Унгарија би можела да биде и место за преговори“, рече Маѓар во интервју за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЗ). Што се однесува до безбедносните гаранции за Киев, тој истакна дека само ...
Секој артист има момент кога приказната што ја градел досега престанува да биде само негова и станува заедничка со публиката. За Јанг Дади, тој момент доаѓа на 12 септември, во СЦ „Јане Сандански“, со неговиот прв голем солистички концерт во организација на Avalon International Booking. На сцената, Јанг Дади ќе настапи во живо со бенд, со продукција што значително го надградува досегашното концертно искуство и визуелен концепт што ја следи ...
Под влијание на циклонска активност, денес попладне, во текот на ноќта и утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m2), електрични празнења, силен ветер и појава на град. Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди во текот на ...
Вооружените сили на Иран ветија дека ќе ја бранат Исламската револуција „до смрт“ од она што го нарекуваат американска и израелска агресија. Тоа беше кажано во соопштение по повод годишнината од смртта на ајатолахот Рухолах Хомеини, основачот на Исламската Република, објави државната телевизија ИРИБ, според Ал Џезира. Во заедничко соопштение од Генералштабот на вооружените сили и Централната команда на Хатам ал-Анбија се вели дека ...
Бројот на жртви во пожарот што денес зафати зграда во населба во Њу Делхи се искачи на 21, објавија локалните власти. Службеникот на противпожарната служба Абхилаш Малик изјави дека пожарникарите спасиле повеќе од 40 лица од зградата, објави „Индија тајмс“. Пожарот оттогаш е изгаснат, а причината за избувнувањето засега е непозната. At least 10 people were killed after a major fire broke out at a restaurant in Malviya Nagar, New Delhi, ...
Чаби Алонсо и Челзи понудија 50 милиони евра за голманот на Рома, Миле Свилар и добија негативен одговор. Свилар стана еден од клучните играчи во проектот на Џан Пјеро Гасперини, кој ја врати Рома во Лигата на шампионите во претходната сезона. Тие го гледаат како важен играч околу кого сакаат да изградат тим, иако за неговите услуги интерес покажаа неколку врвни европски клубови. Свилар оваа сезона на 21 натпревар не прими гол, што ја ...
Шолјата кафе со која се разбудивте утрово може да влијае на вашиот мозок многу подолго отколку што мислите, дури и во текот на ноќта додека спиете, неколку часа по првата голтка. Според нов преглед на истражувања, кофеинот може да ја промени мозочната активност долго откако ќе помине неговиот ефект на будење, нарушувајќи го квалитетот на сонот на начини за кои можеби дури и не сте свесни. Научниците објавија анализа на 32 студии спроведени ...
Таа носи неколку различни модели со кои ја најави летната сезона, а едноделниот костим за капење веќе си го најде патот до ИТ девојките. Популарната манекенка и инфлуенсерка Бела Хадид редовно поставува нови модни трендови или, од друга страна, се поклонува на оние што штотуку доаѓаат и со тоа им дава популарност, а нејзините обожавателите само чекаат да видат што ќе влезе во светот на ИТ девојките. View this post on Instagram A post shared ...
Бројот на натурализации во Германија достигна рекордно ниво во 2025 година, кога околу 332.500 странци добиле германско државјанство, според податоците од Федералниот завод за статистика на земјата. Ова претставува раст од 14 проценти во споредба со 2024 година и највисоко ниво од почетокот на статистичкото следење во 2000 година, кога бројот на натурализации никогаш не надминал 300.000 годишно, објави „Шпигел“. Поголемиот дел од ...
Вицегувернерката Ана Митреска учествуваше на конференцијата на „Џ. П. Морган“ во Виена, каде што говореше за економските изгледи на Северна Македонија, инфлацијата, финансиската стабилност и предизвиците со кои се соочуваат малите и отворени економии во услови на зголемена светска неизвесност. Осврнувајќи се на економските движења, Митреска посочи дека домашната економија покажува значителна отпорност, и покрај серијата светски шокови во ...
Во чест на празникот на светите рамноапостоли Константин и Елена, денес во општина Илинден свечено беше одбележан патрониот празник на храмот „Св. Константин и Елена“. По тој повод, беше отслужена света архиерејска литургија со која чиноначалствуваше Епископот Дељадровско-Илинденски г. Јоаким. На богослужбата присуствуваше и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, кој со своето присуство ја потврди поддршката на локалната ...
„Член на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, кој ја претепал својата сопруга, доби условна казна откако ја признал вината за стореното дело. Наместо затворска казна, насилникот доби уште една шанса од системот кој со години потфрла во заштитата на жртвите на семејно насилство“, велат од партијата Левица. „Мицкоски неодамна тврдеше дека овој случај бил „доказ дека системот функционира“. Ако ова е функционирање на системот, тогаш ...
Секоја нова тарифа на САД за стоки од Европската Унија, покрај оние договорени минатата година, би била неприфатлива, изјави висок функционер на ЕУ. Тој ги опиша тврдењата на САД дека Унијата не се бори против трговијата со производи направени од принудна работа како „целосно апсурдни“. САД вчера предложија воведување дополнителни тарифи од 10 или 12,5 проценти за увоз од 60 економии, вклучувајќи ја и Европската Унија. Причината е што ...
Европските берзи денес се во пад, при што суровата нафта од типот „Брент“ се искачи на речиси 98 долари за барел, додека пазарите се под притисок поради намерата на САД да воведат нови тарифи за 60 трговски партнери, вклучувајќи ја Европската Унија, Кина и Јапонија. Според податоците од берзата во 9:30 часот наутро, цената на суровата нафта се зголеми за 2,31 процент на 95.906 долари, а на нафтата од типот „Брент“ за 2,01 процент на 97.832 ...
Силно невреме го зафати Задар врне од утрото, а бурата предизвика штети во населбата Мелада. Шахтите пукнаа, паркот Вруљица и околните улици беа поплавени, сообраќајот беше во застој, а еден автомобил падна во шахта, јавува ХРТ. Во населбата Ричине, дрво падна на далновод, а силните ветрови однесоа чадори и канти за ѓубре, а ограда беше откорната на еден дел од Градскиот мост. Државниот хидрометеоролошки завод издаде предупредувања за ...
Посетата на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта е уште една потврда дека Европската Унија ја гледа Македонија како дел од европското семејство, но и потсетник дека напредокот зависи од исполнувањето на обврските што државата веќе ги има преземено, велат од ЛДП. Либерално-демократската партија смета дека крајно време е политичките партии да покажат одговорност и да понудат решенија, наместо да ја одржуваат блокадата на европскиот ...
Иран е подготвен да преговара доколку е потребно, но не верува во никакви ветувања од Соединетите Американски Држави, изјави заменик-претседателот на иранскиот парламент Моџтаба Никзад, како што објави полуофицијалната иранска новинска агенција „Тасним“. „Погрешно е да се тврди дека само се бориме, а не преговараме“, рече Никзад. „Се држиме до црвените линии што ги повлече Врховниот лидер. Доколку е потребно, ќе преговараме, но не им ...
Маурисио Покетино, по завршувањето на Светското првенство, ќе стане нов тренер на Милан. Италијанските медиуми денес потврдија дека Покетино ги прифатил сите услови на Милан, постигнал прелиминарен договор според кој ќе го преземе тимот по Светското првенство со годишена плата од 5.000.000 евра. Покетино испиша историја со Тотенхем, подоцна не се прослави со Пари Сен Жермен и Челзи, а потоа ја прифати понудата да стане селектор на САД. ...
Русија соопшти дека соборила стотици украински дронови над нејзина територија, вклучувајќи околу 60 над Ленинградската област, во напад што се случи во вчера вечерта, токму кога требаше да започне голем економски форум во Санкт Петербург. Александар Беглов, гувернерот на Санкт Петербург, родниот град на рускиот претседател Владимир Путин, потврди дека три области биле цел на нападот и дека неколку лица се повредени, а оштетена е и ...
Маж се забарикадирал во зграда во Бејкерсфилд, Калифорнија, во вторникот и зел непознат број луѓе како заложници по дојавата за закана со бомба. Во зградата во центарот на градот имало неколку луѓе кога полицајците пристигнале на местото на настанот, изјави портпаролката на полицијата Сали Селби, според NBC News. Преговарачите се обидувале мирно да ја решат кризата. BREAKING: The hostage situation remains ongoing at a Chase Bank in ...
Утрово во центарот на Белград беше убиен маж, а за злосторството е осомничен 26-годишник, кој, според српските медиуми, останал на местото на настанот по убиството и ја чекал полицијата. Според српски Телеграф, убиството се случило околу 7 часот наутро во куќа лоцирана зад старата зграда на БИП. Полицијата рано наутро добила пријава за злосторството и веднаш испратила патрола на местото на настанот. Медиуми: Тој им кажал на полицајците дека ...
ФИФА потврди дека ќе користи подобрена полуавтоматска технологија за офсајд на Светското првенство во 2026 година, што треба да го забрза донесувањето одлуки и да ја елиминира една од најголемите фрустрации за навивачите во последните години. Според информациите објавени од новинарот на Би-Би-Си, Дејл Џонсон, помошниците на судиите ќе добијат звучен сигнал во слушалките кога системот ќе открие дека играчот е во офсајд повеќе од десет ...
Кога маж Лав ќе влезе во вашиот живот, на почетокот сè изгледа како филм, но маските паѓаат штом ќе помине првата фаза на фасцинација. Нему не му е потребен партнер за во иднина, туку огледало за да се восхитува на сопствената величина. Вашите емоции му служат исклучиво како редовна храна за неговото его и потврда за неговата апсолутна доминација во врската. Зошто Лавот е најголемиот нарцис во хороскопот? Лавот е знак кој буквално живее од ...
Кина ги повика САД и Иран да го почитуваат прекинот на огнот и да избегнат нова ескалација на конфликтот на Блискиот Исток по последните меѓусебни напади. „Кина е длабоко загрижена за моменталната ситуација“, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, на прес-конференција во Пекинг. Изјавата на Пекинг дојде откако САД објавија дека извршиле напади врз иранскиот остров Кешм како одговор на она што го ...
Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, во периодот од 02 до 07 јуни 2026 година, како членка на Асоцијацијата на европски сообраќајни полиции – ROADPOL, заедно со уште 34 европски земји, учествува во спроведување на зајакнати акциски сообраќајни контроли. Акциските активности се насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои управуваат возила со две тркала, односно мопеди, мотоцикли и е-тротинети како едни ...
На 5 јуни, на големата сцена на HNK (Hrvatsko narodno kazalište) во Загреб ќе се одржи премиерата на „Идеален маж“ според познатата драма на Оскар Вајлд, во режија на еден од најреномираните македонски и европски театарски режисери, Александар Поповски, со музика на истакнатиот македонски композитор и музички автор Кирил Џајковски. Оваа премиера е и ново поглавје во една од најплодните и најуспешни уметнички соработки на Балканот. Поповски и ...
„Македонија не смее повеќе да води политика на потчинување и еднострани отстапки кон Бугарија, како што нудат СДС и Венко Филипче. Билатералните прашања мора да се решаваат врз основа на реципроцитет, меѓусебно почитување и исполнување на обврските од двете страни. Потребен е дијалог а Бугарија да ги исполни своите обврски, Македонија нема да прифаќа нови условувања“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Венко Филипче и СДС повторно ја промовираат истата ...