Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Стартува третата фаза од проектот е-Фактура, во рамки на која Управата за јавни приходи овозможува тестирање на системот е-Фактура преку веб апликација, со цел компаниите да добијат пристап до практична тест околина за електронска размена на фактури. Во првата фаза се тестираше интеграцијата на ЕРП системите на компаниите со системот е-Фактура. Во втората фаза се додадени API сервиси за преземање, прифаќање, одбивање и сторнирање на ...
Преспанскиот Регион претставува вистинска лабораторија на отворено, што јасно го потврдуваат и тековните теренски истражувања на биолошката разновидност кои Македонското еколошко друштво ги спроведува во соработка со локалните заштитени подрачја како дел од проектот „Иницијатива за зелена и сина Преспа“, финансиран од Европската Унија во рамки на програмата „ЕУ за Преспа“. Долж крајбрежјето на Преспанското Езеро е веќе отпочнат мониторингот ...
„ЗНАМ денеска излезе со соопштение во кое вели дека ЕУ интеграцијата мора да се темели на реформи, а не на „нови условувања“. Ова е класична манипулација. Нема нови условувања. Уставните измени се дел од европската преговарачка рамка уште од самиот почеток. Тоа не е „уцена“, туку основен услов за отворање на преговорите – што вчера јасно го потврди и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта“, велат од СДСМ. „Реформи оваа власт не ...
Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека Русија го охрабрила противењето на кандидатурата на Берлин за непостојано место во Советот за безбедност на Обединетите нации, бидејќи Германија не успеала да биде избрана во ова тело за прв пат. „Ја поддржуваме Украина. Русија не сака да види таков глас во Советот за безбедност“, рече Вадефул, објави Ројтерс. Тој изјави дека Москва влијаела на расположението на некои ...
Москва е подготвена да ги продолжи преговорите со Вашингтон што беа започнати на самитот во Анкориџ, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Според неа, двете страни ја имаат секоја можност да го интензивираат дијалогот. На прашањето дали сè уште има простор за руско-американски преговори речиси една година по самитот во Анкориџ, Захарова одговори позитивно, нагласувајќи дека никој, ниту од руска ...
Гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески учествуваше на Регионалниот семинар „Kриптосредства и дигитални пари“, којшто се одржа во Приштина, во организација на Централната банка на Косово, каде што гувернери, претставници на централни банки, регулатори и финансиски експерти од регионот разменија мислења за современите предизвици и можности поврзани со дигитализацијата на финансискиот систем. Во рамките на панел-дискусијата посветена ...
Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис Де ла Фуенте, истакна дека Ламин Јамал ќе биде подготвен за првиот натпревар на Светското првенство. Јамал го пропушти крајот на клупската сезона поради повреда на тетивата, но Де ла Фуенте сепак го вклучи во националниот тим, велејќи дека ќе биде подготвен за првенството. „Доколку, сè биде според планираното Јамал треба да биде подготвен за натпреварот на 15 јуни, но тоа не гарантира ...
Украинската премиерка Јулија Свириденко изјави дека сите земји-членки на ЕУ се согласиле да започнат разговори со Украина и Молдавија за првата група прашања во рамките на нивните преговори за пристапување. Свириденко изјави на мрежата Икс дека ова е важен чекор кон членството на Украина во Европската Унија и рече дека земјата се приближува кон својата стратешка цел. Кипар, кој моментално претседава со Советот на ЕУ, објави дека започнале ...
Четири странски земјоделски работници беа изгорени живи во автомобил во Амендолара вчера, а полицијата уапси двајца осомничени, двајцата Пакистанци. Три од жртвите се авганистански државјани, а четвртиот е од Пакистан. Единствениот преживеан, Авганистанец кој избегал кршејќи прозорец, е клучен сведок во истрагата фокусирана на конфликти околу земјоделски работни места, објавија италијанските медиуми. Пожарот избувнал вчера околу 13 часот во ...
Пораките на Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и најновиот извештај на Вајц усвоен од Европскиот парламент се две силни потврди за она што СДСМ го говори со месеци, велат од опозициската партија. Мицкоски, додаваат од таму, ги лаже граѓаните за европската иднина на Македонија, неговата криминална Влада не испорачува никакви реформи. „Кошта јасно и недвосмислено порача дека уставните измени се единствениот услов за формално ...
Ибрахима Конате (27), како слободен играч го напушти Ливерпул, потпиша четиригодишен договор со Реал. Трансферот, кој лично го реализирал Флорентино Перез, ќе биде потврден по претседателските избори во клубот. Конате, чија вредност е проценета од „Трансфермаркт“ на 45 милиони евра, по пет години реши да го напушти „Енфилд“. Тој им се придружи на „Црвените“ во летото 2021 година од Лајпциг со надомест од 40 милиони евра. Оттогаш, тој стана ...
Дуа Липа се омажи за Калум Тарнер на интимна церемонија во Лондон, што всушност беше само претходница за голема прослава на Сицилија. Пејачката Дуа Липа му рече „да“ на својот избраник, актерот Калум Тарнер, и како и обично, секогаш кога станува збор за неа, прашањето за модата е главна тема, што дури успеа да ја засени и самата свадба. Судејќи според нејзините објави, се очекуваше Дуа да биде контроверзна и доста провокативна, но сепак, ...
Американската воена операција во Иран наречена „Епски бес“ е завршена, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио. Зборувајќи пред Комитетот за надворешни работи на американскиот Сенат, Рубио реагираше на размената на оган меѓу силите на Соединетите Американски Држави и Иран во последните неколку часа, велејќи дека станува збор за „одбранбени даноци“ од американска страна, објавува „NBC News“. „Она што го гледате во извештаите, ...
„Посетата на Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, претставува значајна потврда дека Република Македонија успешно ја спроведува реформската агенда и испорачува конкретни резултати во процесот на европска интеграција“, велат од ЗНАМ. Движењето ЗНАМ за Наша Македонија ја поздравува пораката што произлегува од оваа посета, „дека реформите се препознаени, а напредокот на државата е видлив и признаен од европските институции“. „Тоа е ...
Филипче да престане да работи против македонските национални интереси. Венко Филипче не ги брани македонските позиции и македонските интереси, туку упорно ја застапува агендата која целосно им одговара на официјална Софија и на бугарските интереси, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „И покрај тоа што Македонија се соочува со постојани негирања на својот национален идентитет, јазик и историја, Филипче секојдневно настапува како портпарол на политиките на ...
„Градежништвото останува еден од најсилните двигатели на домашната економија, што јасно го потврдуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика за првиот квартал од 2026 година. Според државната статистика, градежниот сектор во првото тромесечје од оваа година бележи раст од 7,2 проценти во споредба со истиот период минатата година“, соопшти министерот за транспорт Александар Николоски. „Овие бројки претставуваат силен показател ...
Нотингем Форест ја одбиле првичната понуда од Манчестер Сити за нивниот играч од средниот ред Елиот Андерсон. Интересот на Сити за 23-годишниот англиски репрезентативец беше официјално потврден, а се очекува Андерсон да го напушти „Сити Граунд“ ова лето. Минатата недела беше објавено дека играчот повеќе сака да се пресели на „Етихад“ отколку во редовите на градскиот ривал Манчестер Јунајтед. Андерсон зад себе има одлична сезона со Форест, во ...
Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, фудбалер на РБ Лајпциг, Јан Диоманде (19), отворено ја изрази својата симпатија кон ПСЖ и призна дека еден ден би сакал да игра за клубот од „Паркот на принцовите“. Неговите коментари доаѓаат во услови на зголемени шпекулации за неговата иднина по одличната сезона во Бундеслигата. Во разговор со новинарите, Диоманде потврди дека би му било чест да го носи дресот на актуелниот европски шампион. ...
Ирина Шајк е доста активна на социјалните мрежи, каде што нејзините бројни следбеници имаат можност да уживаат во провокативни снимки од познатата манекенка. Познатата руска манекенка, Ирина Шајк, повторно ги излуди сите на социјалните мрежи. Како да не беше доволно нејзиното претходно појавување на Мет Гала, кога се појави речиси гола и го одзеде здивот. View this post on Instagram A post shared by irina shayk (@irinashayk) Овој пат, ...
Повеќе од 30 сеизмички настани се случија ноќеска во Русија покрај брегот на Камчатка откако беше регистриран земјотрес со јачина од 6,0 степени според Рихтеровата скала, објави огранокот на Камчатка на Единствената геофизичка служба на Руската академија на науките. „Земјотрес со јачина од 6,0 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Тихиот Океан на длабочина од 41 километар под морското дно. Во рок од неколку часа, во таа област се ...
Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир, познат по своите цврсти ставови, остро го критикуваше договорот меѓу Израел и Либан, постигнат со посредство на САД, нарекувајќи го „сериозна грешка и пуста фантазија на советниците кои го влечат премиерот во погрешни одлуки“. Министерот тврдеше на социјалните мрежи дека договорот ќе има спротивен ефект. „Хезболах само ќе стане посилен, а Израел, наместо да го порази, ќе го ...
Израелскиот политичар и поранешен генерал Бени Ганц го поздрави договорот меѓу Израел и Либан, постигнат со посредство на САД, велејќи дека тој „може да претставува значаен дипломатски пробив во борбата против Хезболах“. Сепак, Ганц предупреди во објава на социјалната мрежа X дека договорот сè уште не е докажан во пракса. „Вистинскиот тест за овој договор ќе биде на терен. Затоа, израелската војска мора да остане распоредена на либанска ...
Настапот на Ник Паз на Светското првенство е неизвесен поради повредата на коленото здобиена во претпоследниот натпревар од сезоната. Иако на почетокот изгледаше како мала повреда, сомнежите за нејзината вистинска сериозност и потребното време за закрепнување предизвикуваат сè поголема загриженост во аргентинската репрезентација, пишува шпански „АС“. Фудбалерот од средниот ред на Комо сè уште чувствува последици од ударот во коленото што го ...
Најновата комбинација на Кејт Мидлтон остави многумина импресионирани. Иако нејзиниот стил зависи од нејзината кралска титула, таа секогаш наоѓа начин да го разубави строгиот кодекс на облекување. Кејт Мидлтон неодамна присуствуваше на забава по повод 125-годишнината од организацијата „Cancer Research UK“, која ги проучува малигните тумори и им дава поддршка на онколошките пациенти. За таа пригода, принцезата од Велс одлучи да облече ...
Претседателот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ), Дејвид Мекалистер, оцени дека политиката на проширување се вратила на врвот на агендата на Европската Унија, дека Западен Балкан е во срцето на Европа и дека стабилниот регион е од големо значење за цела Европа, како и дека тоа е многу важна инвестиција во мирот, безбедноста и стабилноста. Во интервју за „European Newsroom“ (ENR), од кој е дел и Танјуг, тој рече ...
Кошаркарите на Њујорк славеа во Тексас против Сан Антонио (105:95) и поведоа со 1-0 во финалната серија од НБА лигата. Со 12-та последователна победа во плејофот, Никсите покажаа дека се способни да ја освојат својата прва титула од 1973 година. Фактот дека Спарс имаа +13 во третата четвртина не им пречеше на гостите. Успеаја да се вратат и да го завршат натпреварот со серија од 11:0, со која ги решија сите дилеми околу конечниот победник. ...
Џенифер Лопез покажа во уште една гламурозна креација зошто е една од најдобро облечените познати личности. Во текот на својата успешна кариера, Џенифер Лопез редовно нè воодушевуваше со нови модерни, гламурозни комбинации, но една остана во сеќавање како најзначајна и највпечатлива – фустанот од Версаче со длабоко деколте што го носеше на доделувањето на Греми наградите во 2000 година, а токму овој фустан го инспирираше создавањето на ...
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун повика на „експоненцијално“ проширување на атомскиот арсенал на земјата за време на посетата на нов погон за производство на нуклеарен материјал, објавија државните медиуми. Ким рече дека производствениот капацитет за материјал за нуклеарно оружје се зголемил повеќе од двојно во последните пет години и им нареди на службениците дополнително да го зголемат производството за да се постигнат долгорочните ...
Светската метеоролошка организација (WMO), специјализирана агенција на Обединетите нации, предупредува дека нова фаза од природниот временски модел „Ел Нињо“ би можела да започне за неколку недели, дополнително зголемувајќи ги температурите на планета која веќе е под притисок од климатските промени. Експертите на ОН проценуваат дека феноменот веројатно ќе се зајакне до крајот на годината и ќе предизвика екстремни временски услови низ ...
Најмалку осум лица беа убиени во израелските воздушни напади врз Газа рано утрово, изјави портпарол на Палестинската цивилна одбрана за АФП. Пет лица беа убиени во напад врз станови во северозападниот дел на Газа, а две во напад врз станови во југозападниот дел на Газа. Уште едно лице беше убиено во воздушен напад врз куќа во бегалскиот камп Ал-Шати, западно од градот, изјави портпаролот Махмуд Басал. Најмалку 15 лица беа ранети во ...