Значајна потврда за реформскиот курс на државата и за работата на Министерството за правда дојде од претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој ги поздрави континуираните напори и постигнатиот напредок во спроведувањето на реформската агенда, соопшти Министерството за правда. Од таму велат дека се особено горди на тоа што ЕУ го препознала усвојувањето на патоказите за владеење на правото и реформата на јавната администрација. ...

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските региони ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пристигна во Тиват, каде што ќе учествува на дводневен самит на лидерите на Европската унија и Западен Балкан. Главна тема на состанокот, кој се одржува под слоганот „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“, ќе биде процесот на проширување на Унијата, пишува „Анадолу“. За време на престојот во Црна Гора, се очекува Вучиќ да има голем број важни состаноци. Најавена е заедничка ...

Претседателот на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), Милорад Додик, денеска изјави дека Подгорица направила грешка со забраната за влез на српските граѓани, оценувајќи го тој потег како непотребен и нималку добар. Коментирајќи дека 87 српски државјани се вратени од аеродромот во Тиват, Додик од Санкт Петербург, каде што учествува на Меѓународниот економски форум, изјави дека ги разбира реципрочните мерки преземени од Србија, јавува ...

Француските безбедносни служби наводно ги предупредиле црногорските власти за пристигнувањето на сомнителен чартер лет од Белград, во пресрет на самитот на Европската унија и Западен Балкан, на кој учествува и францускиот претседател Емануел Макрон. Според извештаите, во авионот имало лица поврзани со криминалното опкружување и Српската напредна партија. Француската компанија „Винси“, која управува со аеродромот во Белград, прва добила ...

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка привлече големо внимание на почетокот на Ролан Гарос, и тоа не само со победата против Шпанката Џесика Бузас Манеиро. Покрај убедливата игра, втората тенисерка во светот на теренот Филип-Шатрие се истакна и со скап дизајнерски накит, чија вредност се проценува на околу 88.000 евра, пишува The Sun. Во натпреварот од првото коло, кој го доби со резултат 6:4, 6:2, Сабаленка носеше две ѓердани од дијаманти ...

Позитивните економски параметри, потврдени и од Евростат, им сметаат на СДС, затоа што нивно време граѓаните живееја потешко, економијата стагнираше, инфлацијата рушеше рекорди, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес – конференцијата на Фатмир Битиќи. „Непријатно е да се слуша СДС и нивните првенци како се препелкаат зборувајќи за економија, инфлација, скапотија. Делува како да не сакаат Македонија да се движи на подобро, економијата да се ...

Вивијан Вилсон (22), трансродовата ќерка на Илон Маск со која тој не е во контакт, нагло прекина интервју на црвениот тепих во Ибица, откако доби прашање за нејзиниот татко. Иако манекенката првично била добро расположена, атмосферата се променила кога новинарот ја прашал: „Вашиот татко е најдобар, нели?“. Вилсон збунето одговорила: „Мојот што? Ве молам?“, а откако прашањето било повторено, таа кратко рекла „Во ред“, се свртела и си ...

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) по сопствена иницијатива отвори предмет во врска со наодите содржани во ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР), кои се однесуваат на работењето на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Одлуката е донесена денес на колегиум на Комисијата, во рамките на нивните надлежности утврдени со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси. „Предметот е отворен поради ...

Масовна физичка пресметка го наруши јавниот ред и мир синоќа во скопската општина Шуто Оризари, при што две лица се здобиле со тешки повреди, а дури единаесетмина завршиле во полициска станица. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, инцидентот во СВР Скопје бил пријавен на 03.06.2026 година во 23:04 часот. Според пријавата, во тепачката учествувале повеќе лица. Во пресметката со тешки телесни повреди се здобиле Е.Ј. ...

Денеска во Собранието се одржа јавна расправа за утврдување на предлог-листа од пријавените кандидати по Одлуката за објавување јавен оглас за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. На јавниот оглас беа пријавени вкупно 11 кандидати, од кои осум ги исполнија условите утврдени со огласот. Кандидати кои го поминаа првичниот процес на селекција беа: Миле Стојановски, Јасна Оровчанец-Арангеловиќ, Исмаил Синани, ...

Во текот на 2025 година во државата се склучени вкупно 10.507 бракови, што претставува намалување за 5,1 отсто во споредба со претходната година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Наспроти ова, статистиката бележи нагорен тренд кај прекините на брачните заедници, односно во 2025 година се регистрирани вкупно 2.185 разведени бракови, што е за 8,0 проценти повеќе во однос на 2024 година. Според официјалните ...

Принцезата Лилибет, ќерката на Меган Маркл и принцот Хари, денеска го слави својот петти роденден. По тој повод, Војводката од Сасекс на својот Инстаграм профил сподели две нови фотографии од нејзината ќерка, на кои се гледа карактеристичната црвена коса што ја наследи од својот татко. На едната од фотографиите Лилибет е во прегратките на принцот Хари, додека на втората боса шета низ дворот на нивниот дом во Монтесито, Калифорнија. View ...

Територијалната противпожарна единица на Битола денеска беше модернизирана со теренско противпожарно возило со специјална надградба, цистерна за вода и теренско возило. Оваа опрема ќе овозможи побрза реакција, подобра мобилност на непристапни терени и поефикасно справување со пожари во шумски и рурални средини. Обезбедени се во рамките на проектот „FIREFLY-заедничка прекугранична иновативна заштита и превенција од шумски пожари“, проект кој ...

Фондот за здравствено осигурување на Македонија го презентираше Аналитичкиот извештај „Артропластика на колк и колено во Македонија 2023–2025 година“, кој покажува значително зголемување на бројот на ортопедски интервенции во јавните здравствени установи и подобрен пристап на пациентите до овие здравствени услуги. Според анализата, во текот на 2025 година во јавните здравствени установи биле извршени вкупно 4.044 операции на колк и колено, ...

Денес во Музејот на македонската борба во Скопје се одржа првата јавна расправа посветена на изработката на Националната стратегија за развој на туризмот на Република Северна Македонија за периодот 2027–2032 година. На настанот се обрати министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, кој истакна дека започнувањето на процесот на подготовка на новата Национална стратегија претставува значаен чекор кон создавање современ, одржлив и конкурентен ...

Дигитализацијата, вештачката интелигенција и паметните енергетски системи ќе имаат клучна улога во создавањето сигурен, одржлив и конкурентен енергетски сектор, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на настанот „Дигитализација и иновации за сигурна и одржлива енергетска транзиција“, организиран од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во соработка со Машинскиот факултет – ...

Македонската јавност доби три клучни потврди од највисоко европско ниво за она што опозицијата го говореше со месеци, со што целосно се разобличени манипулациите на премиерот Христијан Мицкоски и владејачката ВМРО-ДПМНЕ, изјави на денешната прес-конференција секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски. Тој посочи дека претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, јасно ставил до знаење дека уставните измени се ...

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на 68-та седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците во Собранието на Република Северна Македонија, на која во прво читање беше разгледан Предлог-законот за правична и соодветна застапеност. Во текот на дискусијата беше истакнато дека начелото на правична и соодветна застапеност е уставна вредност која произлегува од ...

Светското првенство на ФИФА започнува на 11 јуни со натпреварот помеѓу Мексико и Јужна Африка во Мексико Сити. Овогодинешното издание носи сосема нов формат на натпреварувањето. За прв пат во историјата ќе се натпреваруваат 48 репрезентации, што значи рекорден број натпревари – дури 104, во споредба со 64 одиграни на целиот турнир во 2022 година. Вкупно 48 репрезентации ќе бидат поделени во 12 групи од по четири екипи. Двете најдобри екипи ...

Општина Бутел во соработка со Град Скопје започна активности за изградба на пешачка патека и чистење на коритото на река Серава во Бутел 1. „По повеќе од 20 години, се реализира едно од најголемите барања на граѓаните на општина Бутел. Проектот напредува со одлична динамика и предвидува изградба на нова патека во должина од 1590 метри, со ново осветлување, нови клупи и хортикултурно уредување на просторот. Истовремено, ќе се изградат и нови ...

Полицијата поднесе кривична пријава против 29-годишниот А.Љ. од Дебар, поради сомневање дека извршил две тешки кривични дела: „безобѕирно управување со моторно возило“ и „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 29 мај годинава. Пријавениот се движел со голема брзина со своето патничко возило, при што изгубил контрола и предизвикал ...

На настанот Lazarov Awards 2026, компанијата Mozzart уште еднаш ја потврди својата голема општествена одговорност и хуманост со донација од 200.000 денари во СОС Детско Село. На самиот влез гостите ги пречекуваше хуманитарно тркало со различни парични суми, поставено од Mozzart – симбол на надеж и солидарност. Секој присутен имаше можност да го заврти и да придонесе со своја сума, а сите собрани средства се претворија во значајна донација ...

Комесарот на НБА, Адам Силвер, изјави дека очекува НБА Европа да започне од сезоната 2027/2028, објави „ESPN“. „Многу сме блиску до планот што го зацртавме. Се надеваме и очекуваме таа лига во Европа да започне во сезоната 2027/2028. На вистинскиот пат сме. Конечните понуди од заинтересираните франшизи треба да ни бидат доставени кон крајот на јуни. Постои рекорден интерес и сме многу возбудени поради можноста што ја имаме и соработката со ...

Вработена во здравствена установа на подрачјето на скопската општина Центар пријавила во полиција дека била цел на агресивно однесување и закани од страна на нејзината претпоставена колешка, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според полицискиот билтен, вчера во 15:00 часот во СВР Скопје, 49-годишната М.К. од Скопје пријавила дека инцидентот се случил на 27 мај околу 13:40 часот. Според пријавата, во нејзината канцеларија на ...

Валенсија ја искористи опцијата за продолжување на договорот за Столе Димитриевски за уште две сезони, што значи дека македонскот репрезентативец ќе остане во клубот до јуни 2028 година. „Откако се приклучи во 2024 година, Димитриевски, одигра вкупно 33 официјални натпревари носејќи го дресот на Валенсија во Ла Лига и Кралскиот Куп. Неговото искуство и цврстина меѓу стативите придонесоа за конкурентскиот раст на тимот и подобрените ...

Четири лица загинаа во пад на мал спортски авион што се урна денеска претпладне на подрачјето на Цампанож, на административната граница меѓу Пула и општина Медулин, соопшти истарската полиција. Дојавата за несреќата била примена во 11:18 часот, по што на терен веднаш излегле три тима на брза помош, противпожарни единици, полицијата, а ангажирана е и хеликоптерска итна медицинска служба. Директорката на заводот за итна медицинска помош, ...

Жозе Мурињо (63) се враќа во Реал 13 години откако заврши неговиот прв престој во клубот. Легендарниот португалски тренер ја предводи Бенфика, со која има уште една година од договорот. Затоа, Реал мора да му плати отштета на клубот од Лисабон, а клаузулата за отпуштање е дефинирана во договорот на Мурињо со Бенфика. „Реал ја информираше Бенфика дека ќе им исплати 15 милиони евра, што е износот за кој клубот мора да го отпушти. Наведената ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес изјави дека Европската Унија подготвува пакет економска поддршка за Ерменија во почетен износ од 50 милиони евра, откако Русија воведе некои трговски ограничувања за Ерменија. „Денес разговарав со премиерот на Ерменија Никол Пашинјан за неодамнешните руски ограничувања насочени кон Ерменија. Ова не е ништо повеќе од економска принуда и е неприфатливо“, рече Фон дер Лајен, ...

Вчера се одбележа официјалното отворање на новите простории на ЈЗУ Клиника за детски болести- Скопје- Оддел за Психофизиологија, кои изминатиов период беа во фаза на реновирање во објектот Мајчин дом. На овој начин одделот ги прошири своите просторни капацитети, со што значително се унапредуваат условите за работа услугите за децата со развојни тешкотии и нивните семејства. Со проширувањето се овозможува подобра организација на ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
33%
1014
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
0.89
46%
1012
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.78
46%
1011
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.52
40%
1015
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.21
35%
1013
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
0.45
49%
1011
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
1.79
44%
1015
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.54
40%
1016
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.4
38%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
3.13
44%
1012
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
4.02
48%
1011
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.17
65%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Родиум

257205.97

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Паладиум

40767.15

Бакар

13.01

Рутениум

48965.59

Злато

135639.33

Платина

55170.68

Сребро

2186.28

Калај

53.60

Алуминиум

3.54