Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени. Во Скопје, променливо облачно, во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната ...
Премиерот Христијан Мицкоски извести дека имал пријателска и срдечна средба со францускиот претседател Емануел Макрон, во Тиват. „Разговаравме за регионот, за прашањата важни за иднината на нашите граѓани и за европските перспективи, теми на кои долго време работиме. Франција е една од највлијателните држави во Европа, па затоа е важно да се разговара отворено, директно и со јасно изразени очекувања. Нашата цел е да градиме пријателства, да ...
На астронаутите на Меѓународната вселенска станица им е наредено од НАСА да се засолнат во своето вселенско летало и да се подготват за потенцијална евакуација во петок, додека рускиот екипаж се обидува да поправи влошено истекување на воздух во нивниот дел од орбиталната лабораторија, соопшти НАСА, според Ројтерс. Четирите астронаути од мисијата Crew-12 до станицата – двајца американски астронаути, еден француски астронаут и еден руски ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска, заедно со амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Михалис Рокас и постојаниот претставник на програмата за развој на Обединетите нации (УНПД) Армен Григоријан, извршија увид во активностите за воспоставување на граничниот премин „Маркова Нога“, каде во тек е реализацијата на проектот „Гранична станица Преспанско Езеро: Воспоставување на граничен премин меѓу ...
„Сите лаги на Хрисијан Мицкоски паднаа во вода. Иницијативата на германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон за нова динамика на интеграција на Западен Балкан, претставува уште една потврда на она што го говори СДСМ, дека има расположение во ЕУ за прошрување но Македонија мора да ги спроведе реформите и да ги внесе малцинствата во Уставот“, соопшти СДСМ. „’Нашата заедничка цел е да ја комплетираме Унијата како ...
Во рамки на Самитот Европска Унија – Западен Балкан кој се одржа денес во Тиват, Црна Гора, претседателот на владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски даде изјава за медиумите во која оцени дека процесот на проширување на Европската Унија останува жив. „Ова се моменти кога практично Европската унија, односно Европскиот Совете јасно кажува дека процесот на проширување останува жив. Она што е наша задача како Влада е тој ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека во тек е имплементација на ново софтверско решение со кое се врши модернизација и унапредување на процесите за обработка и исплата на правата од социјална и детска заштита во центрите за социјална работа. „Станува збор за значајна реформа чија цел е зголемување на ефикасноста, сигурноста и квалитетот на услугите што ги добиваат граѓаните. Во процесот на техничко ...
Австрија веќе со децении покажува дека водата може да биде еден од најсигурните столбови на енергетската независност. Денес речиси 60 проценти од електричната енергија во земјата се произведуваат од хидроцентрали, а во комбинација со ветерните електрани, сончевата енергија и биомасата, обновливите извори обезбедуваат повеќе од 83 проценти од вкупното производство на електрична енергија. Во австрискиот енергетски систем функционираат околу ...
· Audi Nuvolari ќе биде најбрзото и најмоќното сериско произведено возило во историјата на брендот. · Извршниот директор на Audi, Гернот Делнер: „Со Audi Nuvolari, го забрзуваме технолошкиот напредок, фокусирајќи се на технологија, перформанси и изведба преку тимска работа.“ · Главниот технички директор на Audi, Рувен Мор: „Формула 1 е клучен поттик за брзо и прецизно воведување на иновации на патиштата.„ Со Nuvolari, Audi го претставува ...
Паркот „Ринија“ во Топанско Поле добива нов изглед во рамки на инвестициите на Општина Чаир за уредување и унапредување на јавните простори, соопштија од општината. Во паркот се реализираат активности за подобрување на рекреативните и спортските содржини, создавајќи подобри услови за граѓаните, а особено за децата и младите. „Инвестираме во простори што секоја населба ја прават позелена, пофункционална и поубава за граѓаните“, изјави ...
Министерството за образование и наука со поддршка од Центарот за трансфер на технологии и иновации ИНОФЕИТ при Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје ја унапредува примената на Е-дневникот, соопштија денеска од оваа институција. Во рамки на соработката развиено е напредно софтверско решение во форма на четбот, базирано на RAG (Retrieval-Augmented Generation) архитектура, кое е интегрирано во Е-дневникот и овозможува ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави, по рускиот напад врз фабриката за храна за бебиња во регионот Киев, дека меѓународната заедница мора да изврши притисок врз Русија да ја прекине војната и да премине кон дипломатско решение на конфликтот. Зеленски изјави дека во нападот врз фабриката, која произведува храна за бебиња, загинале четири лица, додека седум лица се повредени. „Русија ја продолжува својата војна против ...
Во текот на мај 2026 година биле пријавени вкупно 191 кривично дело за семејно насилство, соопшти МВР. Ова, според полицијата, претставува зголемување од 70,5% во споредба со истиот месец од претходната година. Најголем дел од кривичните дела биле „телесна повреда“ – 130 и „загрозување на сигурноста“ – 52 кривични дела, додека од потешките кривични дела во овој период извршено било едно убиство на подрачјето на СВР Битола и две тешки ...
ДУИ повеќе од две децении не го донесоа Законот за правична и соодветна застапеност. Вчерашната драма е обид за покривање на сопствениот срам, истакна на прес-конференција „Шабан Ајллајбегу од Вреди“ За првпат, вели тој, правичната и соодветна застапеност станува законско решение. „„Вреди“ после 25 години од Охридскиот рамковен договор законски го решава ова прашање. Не со крпеници, не со импровизации, а уште помалку со алатки што денес ги ...
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват изјави дека Загреб продолжува да инсистира земјите-кандидатки да ги исполнат сите критериуми за полноправно членство во Европската унија. Во исто време, како што рече, Хрватска поддржува иницијативи што би им овозможиле на земјите од регионот постепено да се приближат кон европските институции и политики, објавува „Nova.rs“. Коментарот на Пленковиќ следеше по ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Тиват изјави дека имал средба со европските дипломати, меѓу нив и со германскиот канцелар Фридрих Мерц на која било разговарано за француско-германскиот документ за постепена интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија пред нивното полноправно членство. Мицкоски во изјава за медиумите нагласи дека треба да бидеме трпеливи, бидејќи како што рече, ова се моменти кога ЕУ, односно ...
Српскиот репрезентатиовец, син на тренерот на Црвена звезда, Дејан Станковиќ, Александар, се враќа во Интер по успешната сезона во Клуб Бриж. Талентираниот фудбалер, роден во 2005 година, повторно ќе стане член на миланскиот гигант во трансфер кој ќе се реализира на трајна основа, пишуваат италијанските медиуми. Станковиќ ќе потпише петгодишен договор со Интер, кој ќе го врзе за клубот до летото 2031 година. Враќањето на српскиот ...
Премиерот, Христијан Мицкоски, кој учествува на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват, Црна Гора, имаше средба со францускиот претседател, Емануел Макрон. „Пријателска и срдечна средба со францускиот претседател Емануел Макрон. Разговаравме за регионот, за прашањата важни за иднината на нашите граѓани и за европските перспективи, теми на кои долго време работиме. Франција е една од највлијателните држави во Европа, па затоа е важно да се ...
Баерн Минхен направи голем чекор кон потпишувањето на ѕвездата на Ајнтрахт Франкфурт, Натаниел Браун. Баварците постигнале вербален договор со дефанзивецот. Германскиот репрезентативец стана приоритет за Баерн, кој под водство на тренерот Винсент Компани составува тим за следната сезона, пишува „Goal.com“. Тренерот на Баерн, Компани, лично инсистира на трансферот на 22-годишниот лев бек, кој зад себе има извонредна сезона. Баварците ...
„На вчерашниот состанок, владата донесе многу исклучително важни одлуки“, објави унгарскиот премиер Петер Маѓар. Како што изјави во објава на Фејсбук, Владата на Унгарија одлучи веднаш да го истражи случајот со респираторите купени за стотици милијарди за време на пандемијата на коронавирусот. „Владата ќе го укине сегашниот систем за евалуација на наставниците. Ќе ја разгледаме инвестицијата во железничката линија Будимпешта-Белград. ...
Големата неизвесност околу настапот на Брил Емболао на Светското првенство во 2026 година конечно заврши. Напаѓачот на швајцарската репрезентација доби дозвола за влез во Соединетите Американски Држави и наскоро ќе им се придружи на своите соиграчи во кампот на репрезентацијата во Сан Диего. Фудбалерот на Монако, не замина со сиграчите на почетокот на неделата, бидејќи американските власти одлучија дополнително да ги проверат неговите патни ...
Тринаесетгодишно дете е тешко повредено откако со електричен тротинет удрило во паркиран автомобил во Кичево. Вчера, во 11:15 часот во полиција е пријавено дека на ул.„Рудничка“ во Кичево, електричен тротинет, управуван од 13-годишен малолетник од Кичево, удрил во паркирано патничко возило „опел астра“ со кичевски регистарски ознаки, паркирано од Г.Д.(47) од Кичево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани ...
Четири лица, од кои едниот малолетник, извршиле кражба во угостителски објект во Куманово. Вчера полициски службеници извршија службен разговор со Е.Љ.(22), В.Б.(19), Љ.А.(23) и 17-годишник, сите од Куманово. Тие се сомничат дека, со употреба на сила влегле во угостителски објект на улица „Гоце Делчев“ во Куманово и одзеле поголем број маси и столови. Е.Љ.(22), В.Б.(19), Љ.А.(23) и 17-годишникот во разговорот го признале делото. Одземеното ...
Под мотото СÈ, СÈ, СÈ – НА СÈ, СЕТЕК ја започнува најголемата СЕТЕК Акција СЕТЕК Денови – со најбогатата понуда на производи и попусти до 70% отсто. Љубителите на техниката до 15 јуни 2026 имаат можност да бираат сè што е најново на пазарот, достапно и кај нас, од најпознатите брендови, со најдобри услови и цени. Без разлика дали барате нов телевизор во пресрет на Мундијалот, лаптоп, смартфон, бела техника, опрема за домот или нешто од ...
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија утре, (сабота), ќе биде домаќин на меѓународна конференција на којшто ќе биде промовирана „Скопска иницијатива“, заедничка активност која ги обединува регионалните прогресивни и социјалдемократски сестрински партии за демократски, европски и просперитетен Западен Балкан, информираат од оваа партија. „Скопската иницијатива“ како што појаснуваат, ја покрена претседателот на СДСМ, Венко Филипче со што, ...
Мицкоски го претстави изборот на Македонија во Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации (ЕКОСОК) како „историски успех“ и голема дипломатска победа, оценуваат од СДСМ. Ова, според нив, е класичен пример на PR и пропаганда во отсуство на реални резултати. „ЕКОСОК има 54 членки, а секоја година се бираат 18 нови членки за мандат од три години. Тоа е рутинска процедура во рамките на Обединетите нации, а не некој посебен дипломатски ...
Утре, 6 јуни, поради одржување на ревијална трка со почеток во 17:00 до 18:00 часот од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Имено трката почнува со старт од Порта Македонија, потоа десно долж улицата „Димитрие Чупоски“, десно по улицата „Васил Главинов“, право по булевар „ВМРО“, лево по булевар „Илинден“ до ...
Заменик-министерот за енергетика, рударство и минерални суровини Мирослав Лабудовиќ учествуваше на Енергетскиот форум на Енергетската заедница во Атина, каде што беше дел од панел-дискусиите посветени на интеграцијата на пазарите на електрична енергија и продлабочувањето на енергетската соработка со Европската Унија. Во своето обраќање, Лабудовиќ го презентираше напредокот што Македонија го постигнува во усогласувањето на националното ...
Митото од 2.000 евра за Богац било прво од неколкуте исплати кои требал да ги добие за местениот тендер во Царина вреден 18 милиони денари, изјави Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ. „Од нашите информации добиени од свиркачи, Стефан Богоев митото го договарал во директна комуникација со Александар Спирковски – Џемо, преку вибер конверзација. Џемо кој ја застапувал фирмата која го добила тендерот вреден 18 милиони денари, договорил и финансиски ...
Денес се навршуваат 25 години од смртта на нашите херои Влатко Миленковски, Благојче Силјановски и Пеце Матичевски, воени резервисти, припадници на баталјонот на Воената полиција од Битолскиот корпус во конфликтот од 2001 година. Пред споменикот на загинатите бранители „Ангел“ кај Саат кулата и споменикот кај поранешната касарна „Стив Наумов“, им беше оддадена почит на прерано загинатите бранители. Свежо цвеќе во име на градоначалникот на ...