Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Папат Лав, во моќниот говор со кој започна еднонеделната посета на Шпанија во саботата, ги повика светските лидери да избегнуваат делење на гласачите со „стерилни поедноставувања“ за да добијат популарност и ги повика да ги слушаат светските повици за мир. Лав, кој неодамна го налути американскиот претседател Доналд Трамп критикувајќи ги неговите антиимиграциски политики и војната во Иран, ќе се сретне со бездомници во Мадрид и на Канарските ...
Израелската армија денеска нареди итна евакуација на сите жители на пет градови и села во јужен Либан, јави ДПА. Портпаролот на армијата Авичаи Адраех рече дека жителите треба веднаш да ги напуштат своите домови за своја безбедност и да се преселат северно од реката Сахрани. Секој што останува во близина на борците на Хезболах, нивната опрема или муниција ги става во опасност нивните животи, објави тој на X. Како основа за дејствијата на ...
Седумдесет и осумгодишна жена од Скопје се здобила со тешки телесни повреди откако била удрена од автомобил на улицата „Атанас Митрев“ во Скопје. Како што информира МВР, несреќата се случила вчера околу 19 часот, кога патничко возило опел вектра со охридски регистарски ознаки, управувано од 24-годишниот Д.В. од Скопје, удрило во пешакот С.О. (78) од Скопје. Повредената била пренесена во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде што ѝ биле ...
Пожар избувнал на полу-приколка од товарно возило на регионалниот пат Валандово–Струмица, на делницата меѓу селото Костурино и Струмица. Според информациите од МВР, полу-приколката била влечена од влекач ман со бугарски национални ознаки, управуван од Б.М. (28) од беровското село Русиново. На местото интервенирала Територијалната противпожарна единица Струмица, која успешно го изгаснала пожарот. Во инцидентот нема повредени лица, а увид е ...
Триесет и двегодишна жена се здобила со тешки повреди откако во неа удрил електричен тротинет на улицата „Илинденска“ во Тетово. Според информациите од МВР, несреќата се случила вчера околу 10 часот, кога електричен тротинет управуван од 16-годишен малолетник од тетовското село Лисец удрил во И.Ѓ. (32) од селото Непроштено. Повредената најпрво била пренесена во Клиничката болница во Тетово, а поради сериозноста на повредите била ...
Полициски службеници од СВР Велес вчера го привеле 49-годишниот Р.М. од Велес, по инцидент во здравствена установа во градот. Како што информира МВР, тој во установата го нарушил јавниот ред и мир со непристојно однесување и не постапувал по наредбите на полициските службеници кои вршеле службени дејствија на лице место. При преземените мерки било утврдено дека е под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,59 промили во крвта. Лицето ...
Во раните утрински часови во Скопје избувнал пожар кој зафатил два паркирани автомобили во подрачјето на општина Аеродром. Според информациите од МВР, на 06.06.2026 околу 02:53 часот било пријавено дека е опожарено патничко возило ауди со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.И. (56) од Скопје, кое претходно го управувал А.И. (28) од Скопје. Од пожарот било зафатено и друго патничко возило ауди, исто така со скопски регистарски ...
Триесет и деветгодишен маж од Битола се здобил со тешки телесни повреди откако паднал од мопед на локален пат во село Обедник, општина Демир Хисар. Како што информира МВР, несреќата се случила вчера околу 18:20 часот, кога Б.Ј. (39) управувајќи мопед со битолски регистарски ознаки изгубил контрола и паднал на коловозот. Повредите биле констатирани во Клиничката болница Битола. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола. ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 21 возач за безобѕирно управување возило, од кои 13 возеле без возачка дозвола, седуммина под дејство на алкохол и еден со забрана за управување возило, информираат од Министерството за внатрешни работи. Од вкупно 13 кои возеле без возачка дозвола петмина се во Скопје, двајца во тетовско и по еден во Македонска Каменица, Куманово, ...
Првото психолошко советувалиште за деца и адолесценти денес беше отворено во Институтот за јавно здравје во Скопје, во присуство на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за здравство, Азир Алиу и директорката на Институтот, Марија Андоновска. Советувалиштето од понеделник ќе биде во функција, а услугата ќе биде достапна и преку системот „Мој Термин“. „Од денес започнуваме со нов пристап кон менталното здравје на децата и ...
Во одделни полициски акции спроведени во текот на изминатото деноноќие, полицијата приведе седум лица во Скопје, Тетово и Битола, кај кои биле пронајдени наркотични средства. Во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода шест лица на возраст од 23 до 30 години, од Скопје, Велес и Куманово. При извршените прегледи кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, грутчеста и прашкаста материја. Во ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека украинските дронови синоќа погодиле складиште за нафта во рускиот регион Краснодар и воена база во близина на Санкт Петербург. Тој на платформата Икс објави дека акцијата е дел од украинскиот одговор на руските напади. Русија мора да ја заврши војната и да ги запре нападите врз човечки животи. Секоја неправда извршена против Украина ќе добие фер одговор, истакна Зеленски. ...
Движењето ЗНАМ оцени дека јавноста заслужува одговори поради, како што наведува, спротивставените изјави на поранешниот претседател Стево Пендаровски и поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, поврзани со наводни разговори за враќањето на Никола Груевски во земјата во периодот на обезбедување мнозинство за уставните измени. Од партијата посочуваат дека Пендаровски во телевизиско интервју зборувал за сценарија во кои се ...
Во овие две години откако сум претседател на Владата пораките од Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват беа најсилни а тоа е дека процесот на проширување не е завршен. Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц дадоа силен мотив да продолжиме во делот на реформите, да испорачуваме, врз основа на методот на заслуга, а не врз основа на билатерални прашања и тоа беше неколку пати потенцирано на самиот самит, изјави ...
ВМРО-ДПМНЕ обвини за наводни нерегуларности при доделување тендер во Царинската управа вреден 18 милиони денари и побара одговори од поранешниот функционер на СДСМ, Стефан Богоев. Според партијата, првичната сума од 110.000 денари била дел од наводно договорен надомест за тендерот за хигиенски услуги. Во соопштението се тврди дека лице познато како „Џемо од Прилеп“ посредувало за фирма која требало да го добие тендерот, користејќи влијание ...
Тројца луѓе загинаа, а најмалку 13 се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи на булевар во софиската населба Челопечене, откако автомобил кој, според истрагата, учествувал во нелегална улична трка, со брзина поголема од 150 километри на час, удрил во автобус на градската линија 119 и го превртел на страна. Според бугарското обвинителство, двајцата возачи кои се осомничени дека се тркале по сообраќајницата се сметаат за директно ...
Политичката партија Левица обвини за сериозни злоупотреби и неправилности во работењето на Академијата за судии и јавни обвинители, повикувајќи се на последниот ревизорски извештај на Државниот завод за ревизија. Според партијата, извештајот отвора прашања за функционирањето на институцијата која треба да ги обучува идните судии и јавни обвинители, имајќи ги предвид утврдените неправилности поврзани со трошењето на јавни средства. Од Левица ...
Во Институтот за јавно здравје денеска беше отворено психолошко советувалиште за деца и адолесценти, прво од ваков вид во државата, кое ќе обезбедува стручна поддршка за деца, тинејџери, родители и наставници преку системот „Мој термин“, соопшти директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска. Како што истакна Андоновска, отворањето на советувалиштето е дел од пошироките активности за унапредување на здравствените услуги и ...
МВР информира дека вчера во 13 часот, на улицата „Беличица“ во Гостивар, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар сопреле мопед со гостиварски регистарски ознаки, управуван од Ф.Т.(76) од Гостивар. „При контролата било утврдено дека лицето нема возачка дозвола, по што е лишено од слобода согласно член 297-а од Кривичниот законик. Мопедот е одземен и по документирање на случајот ќе следува ...
Во Кочани денеска ќе се одржи 45-тиот Марш за ангелите. Почетокот на маршот е закажан за 18 часот и 5 минути часот во Паркот на револуцијата, од каде учесниците ќе се движат кон трговскиот центар, УЈП, МВР, Основниот суд и ќе завршат кај спортската сала „Кочански ангели“. Организаторите информираат дека маршот ќе се одвива мирно и достоинствено, во чест на 63-те ангели, за повредените и за семејствата кои секојдневно се соочуваат со болката ...
Украина официјално ѝ се извини на Грција поради украински поморски дрон кој минатиот месец беше пронајден во близина на островот Лефкада, оценувајќи дека инцидентот е последица на околностите создадени од руската инвазија врз Украина. Во објава на социјалните мрежи, портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Хеорхиј Тихиј, изрази жалење за инцидентот и нагласи дека Киев високо го цени пријателството со Грција и поддршката ...
Министерството за надворешни работи во Манама ги осуди новите ирански напади врз Бахреин и Кувајт. – Оваа очигледна агресија е јасно кршење на суверенитетот на двете земји, се наведува во соопштението на бахреинското МНР. Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) синоќа, како одговор на американските напади, истрела балистички ракети врз военовоздухопловната база „Али ал Салем“ во Кувајт, каде има стационирано и американски војници и врз ...
Речиси десет илјади граѓани побарале самоисклучување од учество во игри на среќа откако во август 2025 година во Хрватска беше воспоставен Регистар на исклучени играчи, кој им овозможува на лицата со проблеми со коцкање да се забранат од сите приредувачи на игри на среќа во земјата. Податоците на Хрватскиот завод за јавно здравје покажуваат дека до 25 мај во регистарот се запишани 9.615 граѓани, при што речиси 90 отсто од барањата се ...
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче, на денешната меѓународна конференција на која беше промовирана „Скопската иницијатива“, повика на обединување на прогресивните сили од регионот во заедничка борба против национализмот, популизмот, организираниот криминал и антиевропските политики. Во своето воведно обраќање, Филипче порача дека Западен Балкан се наоѓа пред историска можност да го заврши процесот на европска интеграција, но и ...
ВМРО-ДПМНЕ во соопштение наведува дека Македонија во изминатиот период бележи значајни резултати на меѓународен план, оценувајќи дека станува збор за напредок во работата на Владата во делот на дипломатијата и европските интеграции. Од партијата посочуваат дека претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, при неодамнешната посета на Скопје ја потврдил оценката за напредок во исполнувањето на Реформската агенда. Како дел од тоа, се ...
Францускиот репрезентативец Килијан Мбапе (27) одигра индивидуално одлична сезона за Реал Мадрид. Тој беше најдобар стрелец во Лигата на шампионите и во Шпанското првенство, но Реал не освои ниту еден трофеј минатата сезона. Пред Светското првенство, тој даде интервју за „Сораре“, во кое зборуваше за бројни теми. Една од нив беше споредбата помеѓу Лионел Меси и Кристијано Роналдо. „Играв со Меси и против Роналдо. Кристијано е мојот идол, но ...
Фудбалската репрезентација на Парагвај ги заврши подготовките за Светското првенство со убедлива победа, но прославата беше засенета од загриженоста за повреда на клучениот играч, Хулио Енсисо. На последниот тест пред Мундијалот, Парагвај ја победи Никарагва со 4:0 во пријателски натпревар, а навивачите им приредија спектакуларно збогување. Paraguay got quite the send off in their friendly vs. Nicaragua before leaving for the World Cup ...
Седуммесечно бебе загина, а неговите родители се повредени откако израелската армија синоќа отворила оган врз нивното возило на окупираниот Западен Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство. Израелските војници отвориле оган јужно од градот Хеброн, тврдејќи дека возилото со зголемена брзина се движело кон нив.израел Семејството патувало од Витлеем до Хеброн. Израелската армија соопшти дека започнала истрага за инцидентот. ...
САД одобрија приближно 38 милиони долари дополнително финансирање на борбата против еболата, со што директната американска помош изнесува над 200 милиони долари, соопшти синоќа Стејт департментот. Во соопштението се наведува дека американскиот Центар за контрола и превенција на болести ќе соработува со властите во Демократска Република Конго и во Уганда, за да се обезбеди „брз и сеопфатен одговор“ на епидемијата на ебола. Според Светска ...
Ултрас групите на Милан ги повика другите навивачи да „се подготват за уникатен протест“ против сопственикот на клубот, Грио Кардинале. „Ќе биде долго лето, а најлошото допрва доаѓа“, порачаа тие во повикот до навивачите. Милан не успеа да избори место во Лигата на шампионите за следната сезона и тоа дополнително ги налути навивачите. Ултрасите претходно организираа протести барајќи од клубот да го отпушти извршниот директор Џорџо Фурлани. ...