Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Иран денес предупреди дека секоја нова закана од САД ќе биде дочекана со „силен и разорно“ одговор, откако Вашингтон ги објави најстрогите санкции досега насочени кон понатамошно ослабување на иранскиот режим. Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, изјави дека деталите за новите мерки ќе бидат објавени во понеделник. Тој ги објави „најстрогите санкции во историјата“ и рече дека САД ќе се обидат економски да го изолираат Иран, ...
Министерството за правда на Турција побара израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да биде ставен на меѓународната листа на барани лица под обвинение за геноцид, објави денес турскиот министер за правда Акин Гурлек. Според него, потребната документација поврзана со барањето е доставена до Министерството за внатрешни работи и Министерството за надворешни работи на Турција. Постапката се однесува на нападот во меѓународни води врз активистите ...
Маж вооружен со меч повреди неколку лица во средно училиште во Фагерста во централна Шведска, соопштија локалните власти. „Примен е телефонски повик во врска со инцидент што е опасен по живот во училиште во Фагерста. Полицијата пристигна на местото на настанот и едно лице е приведено“, соопшти полицијата. Suède: plusieurs personnes blessées à coups d'épée dans un lycée, un suspect interpellé pic.twitter.com/y5W3alHj9k — BFM (@BFMTV) August ...
Центарот за управување со кризи информира дека до 13:00 часот регистрирани се вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои 6 се активни, 1 е под контрола, а 3 се изгаснати. Активни пожари – 6: Општина Прилеп: во атарот на село Чаниште, на кракот кон селата Крушевица, Лопатица и Дуње, како и на кракот кон Црна Река, гори ниска вегетација. Општина Студеничани: на потегот село Моране – село Вртекица – село Рамни Габер, пожарот зафаќа мешана ...
Два проекти во продукција на „Сестри и брат Митевски“ се во фокусот на годинашното издание на Сараевскиот филмски фестивал. „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума се натпреварува за „Срцето на Сараево“ за најдобар игран филм, додека серијата „Мала Југославија“ на Теона Стругар Митевска и Соња Просенц ја освои Female Voices CineLink Award, награда за развој во вредност од 20.000 евра. „Скејтбордингот не е за девојчиња“, вториот ...
Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ во своето 17-то издание беше отворен на 20 август во Куршумли ан со традиционалниот поздрав со кромид в рака од екипата кон публиката, која објектот Куршумли ан го исполни до последно место. Пред почетокот на филмската програма се обратија Сара Ферро и Дарко Набаков во име на целата екипа на „МакеДокс“. „Од 20 до 27 август повторно сме заедно под мотото „Само сонот е стварност“. Можеби ...
Здравствените власти денес препорачаа дезинфекција на септичките јами како индивидуална мерка што жителите на подрачјата со прогласена епидемија на западнонилска трека можат да ја преземат. Во моментов во земјава нема таблета со која можат да го направат тоа, но министерот за здравство, Сашо Клековски, вели дека во следниот период ќе работат на тоа да се донесе и кај нас. „Една од работите што недостасува, што ја лоциравме во моментот и што ...
Принцот Хари и шест други познати личности добија наредба да му платат на издавачот на „Дејли Меил“ 9,54 милиони фунти (околу 11 милиони евра) откако го загубија спорот за приватност на Високиот суд. Меѓу тужителите се Сер Елтон Џон и актерката Лиз Харли, објавува BBC. Седумте тужители мора да ја платат сумата до 28 август. Ова е само почетна исплата, а вкупните судски трошоци што би можеле да ги направат би можеле да достигнат 34,5 милиони ...
СДСМ е подготвен за избори кога и да се одржат, со тим, добра програма и конкретен план за иднината на државата, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарски прашања. Тој најави дека веќе во текот на септември СДСМ ќе го претстави Мастер планот за Македонија, со што граѓаните ќе можат јасно да ја видат понудата на партијата. „Го кажав тоа неколку пати до сега, секогаш сме подготвени. И со тим, и со добра програма, ...
ВМРО – ДПМНЕ бара враќање на стариот ценовник на ПОЦ. „Не стивнуваат реакциите на граѓаните за новите поскапувања на паркингот за жителите на Општина Центар. Герасимовски ја одби иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за враќање на старите цени со небулозни оправданија. Објаснувањето дека не било до Општината и до Советот, туку до Управниот одбор на ПОЦ, е класична лага, односно срамен обид да се манипулира со центарци. Го потсетуваме градоначалникот ...
Жител од Центар Жупа пукал со пушка кон кучиња и погодил едно од нив. Против него е поднесена кривична пријава. Според информациите на МВР, поднесена е кривична пријава против Ф.И.(68) од селото Долгаш, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“. На 29.05.2026 во 18.30 часот, тој со ловечка пушка пукал кон група од повеќе кучиња скитници во селото, при што усмртил едно од нив. Жител од ...
Полицијата поднесе кривична пријава против 61-годишен маж кој секојдневно сексуално вознемирувал продавачка во тетовско Желино. СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(61) од село Желино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полово вознемирување“. Додека жртвата била на работно место во продажен објект, пријавениот повеќе од еден месец секој ден кога била сама влегувал внатре и ѝ зборувал недолични ...
Свесното жртвување на обвинението за трагедијата во модуларната болница во Тетово претставува повторно жртвување на 14-те настрадани, на нивното достоинство и на болката на нивните најблиски, велат од ВЛЕН. „Али Ахмети и обвинителството раководено од Ислам Абази должат одговор пред јавноста: како е можно по 14 изгубени животи на крајот да излезе дека „виновен“ е кабелот? Овој случај ризикува да остане запаметен како еден од најсрамните ...
Пет години се чуваше по фиока и фаќаше пајажина предметот, како и доказите за модуларната болница, во која изгореа 14 наши сограѓани, а директниот виновник Венко Филипче не беше повикан ниту на разговор, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Толку треба да знаете за нашиот правосуден систем, кој е ставен директно во одбрана на неговите наредбодавци, односно СДС и ДУИ. Предмет во кој живи горат 14 лица, да заврши без истрага е скандал од невидени размери. ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, укажа дека најавената мерка на Владата на ВМРО за нова „кошничка“ нема да донесе никаква реална помош за граѓаните, туку според досегашното искуство, ќе биде уште едно празно ветување и ПР трик, и повторно ќе ги излажат граѓаните. Филипче посочи дека минималната плата е далеку под потребното за нормален живот, луѓето не можат да преживеат во услови кога трошоците за ...
Повеќе од 45 од вкупно 112 поставени столбови на патеката Попова Шапка – Титов Врв се уништени, оштетени или отстранети. Од Организацијата за одржлив развој САТ Скопје велат дека причинета е голема финансиска штета, но последиците би можеле да бидат многу посериозни. „Со големо разочарување ја информираме јавноста дека значителен дел од новопоставената опрема за зимска планинарска маркација на патеката Попова Шапка – Титов Врв, долга ...
Германските власти открија скривалиште за оружје поврзано со руските разузнавачки служби на периферијата на Берлин, објавија денес јавните радиодифузери NDR и WDR. Германската внатрешна разузнавачка служба BfV проценува дека оружјето, пронајдено во шума во близина на главниот град, било скриено за руски шпиони кои би можеле да добијат наредба од Москва да извршат напад, според извештаите. Професионално организираното скривалиште беше ...
Фудбалерот на Челзи, Жоао Педро, ќе потпише нов договор со до 2032 година, со можност за продолжување на соработката за уште две години, објавија британските медиуми. 24-годишниот бразилски напаѓач му се придружи на тимот од „Стемфорд Бриџ“ минатото лето од Брајтон за 55 милиони фунти со дополнителни пет милиони бонуси. „Кога потпиша, клубот соопшти дека договорот траел до 2033 година, но договорот бил до 2032 година со опција за ...
Пет години Мицкоски и неговата криминална група ширеа лаги за мене, ме нарекуваа убиец – обвинителството ја кажа вистината, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче, по одлуката за отфрлање на обвинението за изградбата на модуларните болници. „Вчера обвинителството донесе одлука дека го затвора предметот за набавката на модуларните болници. На почеток сакам да кажам, дека страшно жалам за загубените животи, за луѓето кои таму загинаа и ...
По нешто повеќе од еден месец, здравствените власти ја укинаа епидемијата во Гостивар, прогласена поради загадената вода во градскиот водовод. Министерот за здравство, Сашо Клековски, денес извести дека нема нови случаи на заразени од водоводот. „Денска Центарот за јавно здравје Тетово одлучи да ја прекине состојбата на епидемија во Гостивар. Според нивните епидемиолошки податоци нема веќе случаи на гастроентероколитис, ентероколитис или ...
Барселона постигна договор со Лаутаро Мартинез во врска со потенцијален трансфер од Интер, тврди шпанскиот „Ел Чирингито“. Според нивните информации, каталонскиот клуб има целосен договор со менаџерот на аргентинскиот напаѓач Алехандро Камања, но најважниот дел, договорот со Интер, се уште не е започнат. Барселона се сврте кон Лаутаро откако не успеа да постигне договор со Атлетико Мадрид за трансферот на неговиот сонародник Хулијан ...
Пенелопе Круз се појави на насловната страница на септемвриското издание на шпанскиот „Вог“. Ова е нејзината 16-та насловна страница на списанието, а таа се враќа на него две години по нејзиното последно појавување. Фотографиите се од дуото Шон + Сенг. На црно-белата насловна страница, шпанската актерка и добитничка на Оскар, која е и амбасадор на Шанел, носи фустан украсен со монистра, светки и кристали од есенската колекција на Шанел за ...
Премиерот Христијан Мицкоски, за време на денешната посета на Општина Прилеп, запрашан за споредба на просечната старосна пензија за време на владата на СДСМ и ДУИ и оваа влада, истакна дека на месечно ниво таа се зголемува за 325% повеќе отколку во времето на владеењето на СДСМ и ДУИ. „Гледам како на отворена сцена опозицијата се препелка по она мое интервју дадено на еден национален медиум каде што направив споредба во зголемувањето на ...
Општина Илинден започна со реализација на проектот за пренамена на постојната кујна во детската градинка „Гоце Делчев“, со што ќе се обезбедат дополнителни простории за престој и згрижување на дечињата. По изградбата на новата централна кујна, чија реализација е во завршна фаза, постојниот кујнски простор ќе биде целосно реконструиран и пренаменет во две нови занимални. „Во рамки на градежните активности е предвидена изведба на нови ...
ДУИ ја има изгубено битката со Албанците, изборите ќе го запечатат нивниот крај, велат од ВЛЕН. „Фолирантите од ДУИ, пред да отворат уста за избори, нека кажат зошто по поразот на локалните избори никој кај нив не понесе политичка одговорност. Али Ахмети продолжи да продава магла со старата финта за повлекување, Бујар Османи го изгуби Чаир и остана потпретседател и главен играч за тронот на ДУИ, Бајрам Реџепи го изгуби Тетово и остана во ...
Легендарниот германски фудбалер, Тони Крос, нема дилема, дека престижната „Златна топка“, треба да остане во Париз. Актуелен лауреат е Усман Дембеле, Крос смета дека оваа година, наградата треба да му припадне на Хвича Кварацхелија. „Кваратцхелија е без сомнение број еден во моментов. Тој ја заслужува „Златната топка“, воопшто не се сомневам во тоа“, рече Крос и продолжи. „Минатата сезона, но и на почетокот на оваа, тој е најдобриот ...
Мицкоски: Повеќе од 12 милиони евра се инвестираат во Општина Прилеп за капитални проекти, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, на денешната посета на Општината. „Овие проекти се многу значајни за сите општини во Македонија. Ова што го кажа градоначалникот на Прилеп, но и потпретседателот на Владата и министер за транспорт дека со овие проекти додаваме вредност и го зголемуваме квалитетот на живот е вистина бидејќи имаме повеќе од 1.200 ...
Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со силна динамика, изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски при работната посета во Прилеп. „Изградбата на автопатот Прилеп – Битола оди со одлична динамика. Во текот на летово имаме добри бројки и добра динамика, вчера имавме работен состанок баш тука и очекувам веќе следната година да имаме доста добри вести и за Битола – Прилеп. Крајниот рок ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира одлуката на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал предводено од Ислам Абази да ја запре постапката околу изградбата и поставувањето на модуларните болници без притоа да има кривично гонење на ниту едно правно или физичко лице, истакна: „Треба јавноста да знае дека ова е процес којшто трае веќе 5 години. Процес којшто ...
Фондацијата „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“ ги отвори трите први значајни јавни повици со кои започнува процесот на создавање на официјалната програма на Скопје 2028. Станува збор за повици за доставување проектни предлози, за ангажирање домашни и меѓународни експерти за советодавна и програмска поддршка, како и за избор на независни домашни и меѓународни евалуатори кои ќе учествуваат во оценувањето на проектните предлози, ...