Единицата за брзо распоредување (ЕБР) денеска во Битола одбележа 25 години од своето формирање, со свеченост пред Офицерскиот дом, на која беа истакнати нејзината улога во безбедносниот систем и заложбите за натамошна модернизација и професионално усовршување. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оцени дека ЕБР е еден од најважните оперативни сегменти на македонската полиција и еден од столбовите на безбедносниот систем. „Кога ...

Четириесет и двегодишната А.С. од Скопје е пријавена за исчезната откако на 18 август излегла од домот на својата тетка и не се вратила. Исчезнувањето на 21 август во Полициската станица Центар го пријавила М.М.(60) од Скопје. Таа навела дека нејзината внука, која е лице со здравствени проблеми, го напуштила домот околу 22 часот. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на жената. Четириесет и двегодишната А.С. од Скопје е пријавена за ...

Пожар што денеска околу пладне избувнал во близина на Струмица, меѓу селата Водоча и Баница, брзо се проширил поради силниот ветер и сувата вегетација. Огнената стихија се приближила до домовите, но со брзата интервенција на пожарникарите било спречено ширење на огнот кон куќите и дворовите. Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, изјави дека брзата реакција на струмичките пожарникари, со поддршка од колегите од ...

Шест лица, меѓу кои две малолетни, биле приведени во одделни полициски акции во Скопје, Куманово и Кочани, а против жител на Прилеп е поднесена кривична пријава откако во неговиот дом биле пронајдени стебла канабис. На 21 и 22 август, на различни локации во Скопје, полициски службеници ги лишиле од слобода малолетници на возраст од 13 и 17 години од Скопје, како и Б.С.(19) од Струга. Кај нив биле пронајдени и одземени тврда кафеава материја ...

Поради зголемена опасност од шумски пожари, од утре, 23 август, во одредени шумски подрачја на Халкидики ќе биде забрането движењето на пешаци и возила. Мерката ќе важи од 08:00 до 20:00 часот. Одлуката ја донел заменик-гувернерот на Халкидики, Јоанис Куфидис, согласно со дневната проценка на опасноста од пожари и препораките на надлежните служби. Забраната се однесува на одредени подрачја во општините Касандра, Ситонија и Аристотел. Во ...

Две лица загинаа, а осум се повредени во руски ракетен напад врз Бориспиљ, град во близина на Киев, додека во украинската престолнина престојува германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул. Воздушните сирени се огласиле во Киев за време на настан со ветерани на кој присуствувале Вадефул и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во исто време, Русија извршила напад со балистички ракети врз Бориспиљ, кој се наоѓа на помалку од ...

Денес во 03:47 часот во СВР Скопје, М.Б.(37) од Скопје пријавила дека околу полноќ, на подрачјето на Гази Баба во Скопје, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од М.Б. и М.„Н“, двајцата од населбата Керамидница, скопско. Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот. Денес во 03:47 часот во СВР Скопје, М.Б.(37) од Скопје пријавила дека околу полноќ, на подрачјето на Гази Баба во Скопје, нејзиниот ...

Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје, во соработка со претставници на Дирекцијата за заштита и спасување, денеска спроведоа превентивна активност за заштита од пожари на подрачјето на Полициското одделение Мирковци, во општина Чучер Сандево. Во разговорите со жителите била нагласена важноста од континуирана соработка со надлежните институции и навремено пријавување на несовесно однесување кое може да предизвика ...

Фудбалерите на Хал го победија Манчестер Јунајтед со 2:0 во првото коло од Премиер лигата. Хал ја постигнаа првата победа против Јунајтед во историјата на Премиер лигата. Победата на Хал му ја донесоа централните дефанзивци во првото првото полувреме. Иако Манчестер Јунајтед доминираше во поседот на топката, Хал се бранеше организирано во првото полувреме и се закануваше во транзиција. Јунајтед ја имаше првата голема шанса во 13-та минута, ...

Во земјава е регистриран уште еден смртен случај од западнонилска треска, соопшти денеска директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана. Станува збор за 73-годишен пациент од Долно Лисиче, Скопје, кој имал тешка клиничка слика и сериозни придружни заболувања. Пациентот 22 дена се лекувал на Клиниката за инфективни болести, а од самиот прием бил во многу тешка состојба. Бил сместен на Одделот за интензивно лекување и ставен на ...

Грција ја очекува нов топлотен бран, а температурите во делови од земјата во текот на викендот би можеле да надминат 40 Целзиусови степени и локално да се приближат до 42 степени. Националната опсерваторија во Атина предупреди дека во многу региони жешкото време ќе се задржи најмалку до средината на следната недела. Според прогнозите, максималните дневни температури ќе се движат меѓу 38 и 40 степени, додека на одредени места се очекуваат и ...

Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес синоќа спречила проширување на пожар што избувнал во дневна соба од семејна куќа на улицата „Глигор Прличев“ број 8 во Велес. Како што информираат од ТППЕ Велес, дојавата за пожарот била примена во 19:08 часот, по што веднаш на терен биле упатени едно противпожарно возило и тројца пожарникари. По пристигнувањето на местото на настанот, пожарот бил затекнат во развиена фаза во дневната соба ...

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас и оваа сезона нема да игра за РБ Лајпциг. Еламс, минатата сезона беше на позајмица во Наполи, а оваа ќе ја мине на северот на Италија, во Аталанта. Елиф Елмас, како што пишуваат италијанските медиуми, во Бергамо пристигна на барање на тренерот Маурицио Сари. 26-годишникот го стави потпис на договорот, кој вклучува едногодишна позајмица, со можност Аталанта да го откупи неговиот договор по ...

Запуштената зелена површина на плоштадот „Македонија“, која со години граѓаните ја нарекуваа „ливада“, добива нов изглед. Во тек е целосно хортикултурно уредување на просторот и поставување ново зеленило, информира градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Како што наведува Ѓорѓиевски во објава на Фејсбук, со уредувањето просторот треба да прерасне во мала зелена оаза, која ќе се вклопи во изгледот на централниот градски плоштад. ...

До 13:00 часот попладнево се регистрирани 17 пожари на отворен простор од кои 11 се активни, три се под контрола и три се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во: Општините Студеничани и Зелениково: село Моране – село Вртекица – село Рамни Габер, со крак кон село Палиград и над село Вражале, Општина Зелениково – мешана шума, Општина Студеничани: село Цветово, стариот пат кон село Елово – ниска ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, при денешната посета на Тиквешкиот регион го обвини премиерот Христијан Мицкоски и Владата за, како што рече, „суров и нечовечен однос“ кон лозарите, кои во екот на бербата се соочуваат со ниски откупни цени и зголемени производствени трошоци. „За жал, како и минатата година, истите проблеми, истиот суров и нечовечен однос од страна на премиерот Христијан Мицкоски и целата Влада, министерот за земјоделие ...

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, триумфираше во спринт трката што се возеше во рамките на Големата награда на Холандија, 12-та рунда од овогодинешното првенство во Формула 1. Во Зандворт, Британецот ја забележа својата трета спринт победа во пет трки оваа сезона, со секунда и пол предност во однос на Шарл Леклер во Ферари. На третото скалило на подиумот беше бранителот на титулата Ландо Норис, кој беше повеќе од две секунди зад него. Иако ...

Маж загина во напад на мечка во местото Кристал, во американската сојузна држава Ново Мексико, соопшти Полициската управа на народот Навахо. Пријавата за нападот била примена околу 13 часот, по што полициски службеници од округот Виндоу Рок излегле на терен. Според полицијата, службениците пукале кон мечката, но таа успеала да избега во блиската шума. Подоцна животното било пронајдено и усмртено. „Сочувствуваме со семејството на жртвата во ...

Левица го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека прикажува нереална слика за економската состојба во државата, тврдејќи дека и покрај изјавите за висок економски раст, две минимални плати не се доволни ниту за покривање на минималната синдикална кошничка. Од партијата велат дека Мицкоски ја претставува Македонија како една од водечките економии во регионот, но без, според нив, јасно да наведе на кој регион и на кои споредливи показатели се ...

По усвојувањето на новиот Закон за игрите на среќа, продолжува неговата имплементација со донесување на потребните подзаконски акти. Министерството за финансии го донесе Правилникот за утврдување на репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата за приредување игри на среќа, информира министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Со Правилникот детално се пропишува документацијата со која правните и физичките лица што ќе ...

Триесет и пет полицајци беа повредени, а неколку фудбалски навивачи беа приведени во нередите на синоќешниот натпревар од Купот на Германија меѓу Валдхоф Манхајм и Кајзерслаутерн, соопшти германската полиција. Вкупно 85 лица побарале медицинска помош, а осуммина биле префрлени во болница, пренесува ДПА. Околу 23.500 гледачи го следеа натпреварот на стадионот „Карл-Бенц“ во Манхајм, меѓу кои околу 3.500 гостински навивачи. Атмосферата на ...

Две лица загинаа во пад на ултралесен авион кој вчера попладне исчезнал од радарот над Велебит во Хрватска. Остатоците од леталото и телата на жртвите биле пронајдени синоќа околу 22 часот во тешко пристапен предел на Националниот парк Пакленица. Во големата операција за пребарување учествувале околу 35 припадници на Хрватската планинска спасувачка служба (ХГСС). „Нашите спасувачи преку радио околу 22 часот известија дека стигнале до ...

Пет тинејџери на возраст од 15 до 18 години загинаа во тешка сообраќајна несреќа во Ирска, откако со украден автомобил се возеле во спротивна насока на автопат, додека го снимале своето опасно возење. Несреќата се случила на автопат во округот Килдер, југозападно од Даблин. Петте момчиња биле во украдено БМВ кога се судриле со возило од спротивен правец, во кое се превезувале четири члена на едно семејство. Тие се тешко повредени. Според ...

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ направи значаен чекор напред во зајакнувањето на сајбер-безбедноста на државата. Како резултат на преземените мерки, Македонија се искачи од 59. на 30. место во светот според Националниот индекс за сајбер-безбедност, со 84,17 поени, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, кое МИА го објавува интегрално. Од партијата посочуваат дека Владата донела нов Закон за безбедност на мрежни и информациски системи, ја ...

Скопската полиција синоќа санкционирала 262 возачи во рамки на засилена акциска контрола во сообраќајот, со посебен акцент на мотоцикли, мопеди, трицикли и четирицикли. Од нив, 102 санкции се изречени на возачи на мопеди и мотоцикли, информираат од Министерството за внатрешни работи. Во периодот од 18:00 до 01:00 часот, припадници на Одделението за безбедност на патниот сообраќај и полициските станици од општа надлежност при СВР Скопје ...

Почетокот на новата учебна година носи радост за учениците, но и дополнителни трошоци за семејствата. Со цел да се намали финансискиот товар за родителите, Влен, преку министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, предложи повторно воведување на мерката „училишна кошничка“, со која се предвидуваат попусти до 15 отсто за училишниот прибор, се наведува во соопштението од Влен, кое МИА го објавува интегрално. Во „училишната кошничка“ ќе бидат ...

Додека Христијан Мицкоски секојдневно презентира „весела математика“ дека платите се покачени за 72 отсто, а пензиите за 325 отсто, просечната нето-плата се намали за 1.163 денари, обвинува СДСМ. Државниот завод за статистика објави дека за само еден месец просечната плата се намалила за 1.163 денари, односно за 2,3 отсто, се наведува во соопштението од СДСМ, кое МИА го објавува интегрално. „За падот на животниот стандард на граѓаните не им ...

Најмалку 15 лица загинаа, а 130 се повредени во руски напад со дронови врз трговски центар во украинскиот град Криви Рих, соопштија локалните власти. Меѓу повредените има и 23 деца, а 29 лица се во тешка состојба. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговиот роден град бил нападнат во два бранови. Вториот напад, според него, се случил околу половина час по првиот, во момент кога спасувачките екипи веќе биле на местото на ...

На граничните премини Табановце, за влез и излез од државата, и Богородица, за излез од државата, времето на чекање е од 40 минути до еден час, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Од АМСМ додаваат дека е зголемен и интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини. Возачите се повикуваат на внимателно управување и почитување на сообраќајните правила. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, ...

Ливерпул и Интер го официјализираа трансферот на Куртис Џонс. Играчот од редот за врска е третото засилување кое во Интер пристигнува од Премиер лигата, во актуелниот преоден рок. Претходно актуелниот италијански првак се засили со Џон Стоунс (Манчестер Сити) и Џед Спенс (Тотенхем). „Сите во Ливерпул сакаат да му се заблагодарат на Куртис за неговата посветеност и придонес кон клубот во текот на изминатите 16 години и му посакуваат се ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
0.51
65%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.06
93%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
87%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
65%
1028
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
69%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.09
62%
1032
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / -1ᴼ
0.51
86%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
90%
1029
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76