Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Том Холанд и Зендаја успеаја да ја сокријат својата свадба речиси целосно од јавноста, па дури ни членовите на нивното семејство не откриваат детали за големиот ден. Сепак, таткото на актерот, Доминик Холанд, сега сподели интересна приказна за подарокот што го купил за младенците. На својот Substack, тој напиша за неодамнешното патување во Јапонија и неговата љубов кон квалитетните кујнски ножеви. Таму решил да купи посебен нож за Том и ...
Хулијан Алварез доживеа жесток пречек од навивачите на Атлетико откако изрази желба да го напушти клубот и да и се приклучи на Барселона. Атлетико Мадрид и Виљареал одиграа 2:2 во второто коло од Ла Лига, но резултатот остана во сенка на сè што се случи на стадионот „Метрополитано“ околу Алварез. Аргентинскиот напаѓач за прв пат се соочи со навивачите на Атлетико откако јавно, во текот на Светското првенство, изрази желба да го напушти ...
Во годината, во која беа одбележани четири децении од легендарната „Божја рака“, топката со која беше постигнат еден од најпознатите и најконтроверзните голови во фудбалската историја беше продадена на аукција. Судбината ја спречи првата продажба, кога топката, чија автентичност беше доведена во прашање, не успеа да достигне ниту минимална цена од два милиони евра. Овој пат топката, која заврши во рацете на Тунижанецот, Али Бин Насер во ...
Наместо еднаков третман за сите, Владата прави унгарски монопол на авиосообраќајот со македонски субвенции и се фали со тоа, велат од ЛДП. „Под превезот на фалењето на Владата и ВМРО-ДПМНЕ за „новите 28 авио дестинации“ се крие исклучително опасна состојба во македонскиот авиосообраќај. Наместо слободен пазар, еднакви можности и подобри услови за патување, македонското небо е доведено до класичен монопол на една странска компанија од ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре ќе престојува во посета на Државата Израел. Во рамките на посетата, предвидено е министерот Муцунски да оствари средба и разговори со својот израелски колега, министерот за надворешни работи, Гидеон Саар (Gideon Sa’ar). Во фокусот на разговорите ќе бидат билатералните односи, можностите за нивно натамошно унапредување и продлабочувањето на соработката меѓу ...
Владата на ДПМНЕ повторно остава уште една категорија граѓани на цедило. До Левица стигнуваат дојави од лица со попреченост кои самостојно работат и веќе една година чекаат исплата на средствата што им се должат. Последната исплата била за јули 2025 година, исплатена дури во јануари 2026 година. Оттогаш нема нова исплата, иако луѓето продолжуваат да работат и редовно да ги подмируваат своите обврски. Додека за граѓаните обврските се тековни и ...
Орден „Принцеза Олга“ од прв степен доби пратеничката Славјанка Петровска која вчера учествуваше на Националниот молитвен појадок на Украина, кој се одржа во Киев. Националниот молитвен појадок претставува значаен духовен и дипломатски настан кој ги обединува политичките, верските, граѓанските и меѓународните лидери околу напорите за мир, единство, правда и иднината на Украина. На настанот присуствуваат високи украински претставници, ...
Алехандро Балде сака да ја напушти Барселона, а Манчестер Јунајтед е заинтересиран за неговиот трансфер. Шпанскиот лев бек наводно не е убеден дека има сигурна иднина на Камп Ноу, особено по доаѓањето на Жоао Кансело. Според информации од Шпанија, агентот на Балде, Жорге Мендеш, веќе работи на наоѓање нов клуб, а Манчестер Јунајтед се појавува како сериозна опција. Англискиот клуб бара решение на левата страна, по неуспешниот обид да го ...
52-годишна патничка била касната од скорпија скриена во нејзината јакна на аеродромот во Диселдорф, соопштија пожарникарите. Инцидентот се случил во петокот, а жената пристигнала во Диселдорф од Грција, од островот Кос. Жената била пренесена во болница на лекување. Повикан бил експерт за влекачи од противпожарната служба во Диселдорф, кој ја фатил скорпијата. Експертот утврдил дека станува збор за палестинска жолта скорпија. Тоа е една од ...
Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, не го криеше своето незадоволство откако Оли Воткинс не настапи во тешкиот пораз од 4:0 против Брајтон во неделата и сугерираше дека напаѓачот одбил да игра. Вила имаше проблеми со напаѓачите поради повредите на Брајан Маџ и Тами Абрахам, но Воткинс сепак беше изоставен од составот додека разгледуваше понуда од Саудиски Ал-Хилал. Поради недостаток на напаѓачи, Емери беше принуден да го стави офанзивниот ...
Стотици луѓе се собираат пред планинска колиба во италијанските Доломити. Тие се привлечени не само од панорамскиот поглед, туку и од потрагата по кремаст десерт. Според снимките што кружат на социјалните мрежи, посетителите се собираат пред колибата „Фридрих Август“, која се наоѓа на 2.300 метри надморска височина. Некои од нив, наводно се разбудиле во зори или кампувале преку ноќ за да купат свежо печена крофна. Крофните станаа популарни ...
Денес „пеењето“ на Бујар Османи добива поинакво значење: Артан Груби е пред правдата, а Бујар сè уште го чека моментот да направи чекор кон лидерската позиција во ДУИ, велат од ВЛЕН. „Со месеци Бујар молчи за Груби, иако некогаш двајцата беа на врвот на ДУИ. Денес се однесува како никогаш да немале заедничка политичка историја. Наместо мандатот како министер за надворешни работи да го користи во интерес на државата, Бујар го искористи и за ...
Двата македонски аеродроми од јануари до јули опслужиле 2.414.892 патници, што е 535.697 повеќе од истиот период лани. Реализирани се и 16.280 летови, односно 1.295 повеќе во споредба со 2025 година, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Особено значаен е месец јули, кога и Скопје и Охрид бележат рекордни резултати. Скопскиот аеродром опслужил 408.925 патници, со раст од 29,5%, додека охридскиот 52.544 патници, што е раст од дури 41,2%. Овие резултати ...
Актерката Кира Најтли ги собра симпатиите на публиката кога конечно проговори за родителството, но и за борбите со кои се соочила, за кои толку малку се зборува. Актерката отворено проговори за постпородилната депресија со која се соочила. „Мислам дека не им даваме доволно признание на жените за физичкиот и емоционалниот маратон низ кој минуваат кога стануваат мајки“, рече таа во едно интервју во 2019 година, кога нејзината најстара ќерка ...
Европската комисија денеска одобри дополнителни 6,1 милијарди евра финансиска помош за Украина за купување нови одбранбени системи. Средствата се наменети за воздушна одбрана, ракети, муниција и радари, објави „Ројтерс“. Овој нов пакет помош се надоврзува на претходно одобрените 16 милијарди евра за купување опрема. Од оваа сума, досега се исплатени 8,35 милијарди евра. „Додека Русија ги засилува своите напади, преземаме конкретни акции за ...
Кина започна со повлекување на повеќе од четири милиони возила поради безбедносни проблеми со скриени рачки на вратите. Мерката опфаќа 2,98 милиони автомобили Tesla произведени во Кина, а причината се поплаките дека таквите рачки тешко се наоѓаат и користат во итни ситуации. Покрај Tesla, повлекувањето се однесува и на модели од кинеските производители XPeng, Xiaomi и Geely, пишува BBC. Скриените рачки, популаризирани од извршниот директор ...
Французинот Артур Фис и Американката Коко Гоф, ги освоија титулите во поединечна конкуренција на Мастерсот во Синсинати. Во машка конкуренција, во изминатите три години турнирот го освојуваа Ѓоковиќ, Алкараз и Надал. Фис, со најголемиот успех во кариерата им се приклучи на великаните. Францускиот тенисер, во финалето го победи Американецот Френсис Тијафо со 6:3, 1:6, 6:0. Ова беше првото финале во историјата на Мастерс турнирите во кое ...
Дресот, кој Мајкл Џордан го носел против Јута Џез, ќе стане најскапиот во спортската историја. Во 1998 година, Чикаго Булс ги победија Јута Џез со 4:2 во финалето на НБА и станаа шампиони, а MВП на финалната серија беше Мајкл Џордан. „Неговото Летечко Височество“ одигра неверојатна серија и имаше 24 поени во третиот натпревар кога Чикаго победија со разлика од 42 поени (96:54), и ова сè уште е најубедливата победа во еден натпревар од ...
Денес беше испечатен првиот од двата предвидени броја на списанието за литература, култура и уметност „Современост“ за 2026 година, годината во која се одбележуваат 75 години од неговото основање (1951-2026). Во бројот се вклучени 4 прилози проза, 5 прилози поезија, 1 сценарио, 2 книжевни превода, 2 прилози интерпретации и 3 рецензии. Помеѓу останатите прилози, во бројот се поместени трудовите „Етичките димензии и влијанија на филмската ...
Шпанскиот херој од Светското првенство, Феран Торес, имаше блескаво деби во дресот на актуелниот европски првак, ПСЖ. Напаѓачот со два гола не дозволи пораз на „светците“ на гостувањето во Рен. Натпреварот заврши 2:2. Европскиот шампион губеше со 2:0 во првото полувреме против Рен, откако Шимански постигна прекрасен гол во деветтата минута, а предноста ја зголеми Лепол во 38-та минута. Во тоа прво полувреме, ПСЖ доминираше. Ја имаше ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се сретна во Белград со познатиот холивудски актер Жан-Клод Ван Дам, кој е во Србија за да учествува на Филмскиот фестивал во Ниш. Вучиќ извести за средбата на својот Инстаграм профил. Тој објави дека за него е големо задоволство да биде домаќин на „човек со чии филмови пораснаа генерации и кој ни покажа дека со доволно дисциплина и упорност, понекогаш може да се победи дури и кога сите мислат дека ...
Украинските и финските одбранбени компании потпишаа договори за заеднички развој и производство на дронови во Финска. Беспилотните летала ќе бидат наменети за украинската армија и европскиот пазар. Партнерството вчера го објави украинскиот претседател, Володимир Зеленски, по средбата со финскиот претседател, Александар Стаб, во Киев, каде што разговараа за соработка во одбранбената индустрија, објави „Киев пост“. „Денес правиме уште еден ...
Барселона убедливо победи на гостувањето кај Елче во второто коло од Ла Лига, актуелниот првак победи со 5:0 (2:0). Каталонците поведоа во 14-та минута, кога Рафиња беше прецизен од пенал и им донесе водство на гостите. Елче се обиде да одговори, но Барселона успеа да зададе уште еден удар до крајот на првото полувреме. Во третата минута од судиското продолжение, Рафиња му асистираше на Карим Адејеми, кој ладнокрвно го погоди долниот десен ...
Септемвриската програма на Кинотеката на Македонија обединува дела од македонската продукција, филмови од поширокиот балкански простор, класици на светската кинематографија, неми и класични филмови, како и посебни програмски целини посветени на хрватскиот филм и на филмската и културната традиција. Месецот започнува со „Сведок“ на Митко Панов, драма во која потрагата по сведок на воени злосторства постепено се претвора во сложена приказна за ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес повтори дека неговата земја немала никаква улога во саботажата на гасоводот Северен тек во 2022 година, кој носеше руски гас до Германија, според агенцијата Франс Прес. Германските обвинители заклучија минатиот месец дека експлозиите на гасоводот биле извршени по налог на украинската држава. Обвинението веројатно ќе ги комплицира односите меѓу Киев и Берлин, еден од неговите главни воени ...
Исланд ќе гласа за тоа дали да ги отвори преговорите за членство во ЕУ, а одлуката доаѓа откако заканите на Трамп за преземање на Гренланд дополнително ја интензивираа дебатата за безбедноста и идниот статус на земјата. Претседателот на САД, Доналд Трамп, зборуваше неколку пати претходно оваа година за преземање на Гренланд, а притоа, во неколку наврати погрешно го нарече Исланд. Ова предизвика дополнителна загриженост во земјата со околу ...
Во голем напад со беспилотни летала во текот на ноќта беа погодени повеќе локации во Русија, вклучувајќи ги и логистичките центри на онлајн трговецот на мало „Озон“. Во Краснодар, откако остатоци од беспилотно летало паднаа врз приватен детски центар, две деца беа убиени, додека други девет лица беа повредени, вклучувајќи седум деца, објави локалниот гувернер Венијамин Кондратиев. Тој додаде дека остатоците од беспилотните летала паднале и ...
По 15 години од оригиналот, популарната „Од утро до мрак“ повторно доби нов звук. Песната на ДНК и Магдалена Цветкоска Ена е преработена во ремикс зад кој стои DJ TOSHEVV, заедно со DJ Monarch, DJ Gokshata и DJ Naste. Оригиналната верзија е објавена во 2011 година – музиката и аранжманот се дело на Лазар Цветкоски, додека текстот е на Ена и Панчо. Како што открива за медиумите диџеј Тошев, изборот паднал на оваа песна поради емоцијата што ...
Норвешка ќе продолжи да експлоатира нафта и гас во Баренцовото Море, без оглед на фактот дека Европската Унија поддржува мораториум за арктички извори на енергија. Министерот за енергетика Терје Асланд, исто така, во едно интервју изјави дека Норвешка повеќе не се смета себеси за зелена батерија на Европа, објави „Ројтерс“. По руската инвазија на Украина во 2022 година, Норвешка стана најголемиот снабдувач на природен гас во Европа. Денес, ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Попладне ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во ...