Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
На 22.08.2026 и 23.08.2026 во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода 35-годишниот Е.А. и 36-годишниот Н.Н., двајцата од Велес, поради сомнение дека од домот на 73-годишна велешанка одзеле накит. Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. На 22.08.2026 и 23.08.2026 во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода ...
Вчера околу 20:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од булеварот „АСНОМ“ и сервисните улици кои водат кон хотел Хилтон во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 43-годишната В.М. од Скопје, мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки управуван од Д.М.(26) од Скопје и патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки управувано од А.Б.(40) ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска побара итно ставање во функција на ПЕТ центарот, предупредувајќи дека неговото неработење директно го загрозува здравјето и животот на најтешко болните пациенти со рак. „Само еден ден работеше ПЕТ центарот и сега повторно е надвор од функција“, рече Филипче. Тој посочи дека станува збор за исклучително важна здравствена услуга за онколошките пациенти, од која директно зависи одредувањето на ...
„Филипче на денешната прес-конференција, ги повтори трите постулати на СДС, а тие се ширење на лаги, манипулации и дезинформации. Впрочем, тоа го прави на секое негово појавување во јавноста“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Венко Филипче. „Очигледно е дека Филипче нема допир со реалноста, а тоа е поради неговата дружба со аболицираниот криминалец Заев, на неговата милионска јахта во Грција, кој му диктира што да кажува пред ...
Фудбалскиот клуб Партизан преживува тежки моменти. Во неделата, доживеа чпора од Младост во Лучани (3:1) и по шест рунди во првенството се наоѓа на претпоследното место на табелата. Црно-белите, во првите пет натпревари веќе забележаа три порази. Ден по новиот дебакл во Суперлигата, ФК Партизан излезе со вонредно соопштение. „Во врска со моменталната состојба и резултатите во домашното првенство, се одржа состанок на кој присуствуваа ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,62% во однос на одлуката од 17.8.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 3,795%, кај ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвини дека компаниите во земјава се соочуваат со сериозни проблеми поради неплатениот поврат на ДДВ, при што државата должи близу 200 милиони евра, а дел од компаниите се принудени да затвораат и да отпуштаат работници. „Мицкоски нема ниту еден резултат. Нема никакви резултати во економијата, во образованието, во земјоделството, во социјалата. Едноставно, сè во државата е застанато. Луѓето немаат пари. ...
„Во Македонија граѓаните добиваат сметка за струја секој месец и броилото мора секогаш да им е отчитано секој месец. Кога нема отчитување, фактурата може да биде изработена врз основа на претпоставена потрошувачка, а вистинската состојба да се порамнува подоцна. Значи, ЕВН може да не знае точно колку струја сте потрошиле, но сепак, паушално, по претпоставка, да ви фактурира одреден износ“, велат од партијата Левица. „Токму овој апсурд ДПМНЕ ...
„Kога зборуваме за здравството, зборуваме за нешто што директно го засега секој граѓанин. Затоа определбата на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е да изградиме здравствен систем кој ќе биде модерен, функционален и достапен за сите. Затекнавме здравство со сериозно запуштена инфраструктура, нефункционални установи, недоволна опрема и објекти во кои со години речиси ништо не било инвестирано“, рече Александра Николовска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. ...
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, вели дека Џани Инфантино не траба да заборави дека е Европеец. Дополнително, Чеферин го нарече планот на неговиот колега од ФИФА „полош од Суперлигата“. Порано овој месец, ФИФА го отфрли планот на Инфантино за основање нова подружница, која би управувала со комерцијалните права и правата за билети за сите натпреварувања на ФИФА, при што 21 отсто би биле продадени на приватна инвестициска компанија. ...
Холандија нема да учествува на Евровизија следната година, потврди националната телевизија. Земјата како причина за тоа ги наведува поделбите околу војната во Газа. Тоа, според земјата, го прави натпреварот да не биде неутрален. Извршниот директор на холандскиот радиодифузер AVROTROS, Тако Цимерман, ја објасни одлуката во официјално соопштение. „Неспорно е дека меѓународните конфликти сè повеќе влијаат на натпреварот и ја поткопуваат ...
Сезоната на Девиците започна на 23 август и носи една од најпотребните промени во темпото ова лето. По интензивната сезона на Лав и затемнувањето на сонцето кое покрена големи прашања за идентитетот, врските и идните одлуки, вниманието се префрла на она што дава чувство на сигурност: значајна работа, врски кои не ве исцрпуваат, пари кои можат да се управуваат и секојдневен живот во кој повторно се чувствуваме дека имаме контрола. Оваа ...
Џорџина Родригез наводно официјално ги посвои трите најстари деца на Кристијано Роналдо, само една недела откако двојката се венча. Според португалските медиуми, Родригез ги посвои Кристијано Роналдо Џуниор и близнаците Ева Марија и Матео. Се верува дека целиот процес е спроведен подалеку од очите на јавноста за да се заштити приватноста на семејството. View this post on Instagram A post shared by GUCCI (@gucci) Покрај нив, Роналдо и ...
Поддршката од Министерството за транспорт за општина Струга е повеќе од 5,6 милиони евра во капитални инвестиции во булевари, улици и комунална мрежа, истакна заменик претседателот ан Владата и министер за транспорт Александар Николоски при работната посета на општина Струга. Тој заедно со градоначалникот Менди Ќура извршија увид во изградба на неколку нови улици во градот, проекти што се реализираат со поддршка на Владата преку ...
Поради обвинителот на СДС и ДУИ, Абази, правдата за модуларните не виде бел ден, а факт е дека Филипче сам си ги пишувал условите во тендерот, изјави Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Со непокренување на обвинение за 19 модуларни болници, правдата не виде бел ден. Ова е благодарение на обвинителот во заминување, Ислам Абази кој целиот свој мандат наместо да ја извршува функцијата обвинител за гонење организиран криминал, ...
Владата има целосно разбирање за македонските транспортери, преземаме активности за изнаоѓање решенија преку билатерални договори со земјите членки на Шенген зоната, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. Тој додаде дека Македонија наскоро ќе склучи нови договори со земји членки на Шенген зоната и на тој начин самостојно го решава проблемот. „Имаме целосно разбирање за транспортерите и се ...
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство на граничниот премин Блаце, минатата недела спречија увоз од Република Косово на две пратки УХТ млеко, со вкупна тежина од 27 520 килограми, поради утврдено присуство на афлатоксин над максимално дозволените концентрации дефинирани со позитивните законски прописи, извести АХВ. Небезбедните количини млеко кои биле наменети за пласман во синџир маркети во земјава, минатата недела под ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска порача дека обединувањето на опозицијата може да биде само околу јасни проевропски политики и Фронтот за вистина и правда, а Левица прво треба да се откаже од своите проруски политики и од Христијан Мицкоски. „Гледаме дека и прокси партијата на Христијан Мицкоски, тоа е Левица, се согласува за избори и повикува на некакво обединување на опозицијата. Обединувањето може да биде само со и зад ...
Автобус што превезувал ученици од Германија се судри со комбе, па се преврте, рано утрово во источна Холандија, при што осум лица беа повредени и однесени во болница, соопшти холандската полиција. „Неколку лица се здобиле со сериозни повреди и се однесени во болница“, соопшти полициската управа на покраината Гелдерланд на социјалните мрежи. Неколку други лица се здобиле со полесни повреди во несреќата. Повеќе од 50 лица во автобусот Во ...
Украина денес ја слави 35-годишнината од својата независност. Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, по повод ова изјави дека неговата земја е подготвена да ја заврши војната, но дека нема да се согласи со непроменетите услови на Москва. „Нема да им дозволиме да преземат иницијатива и да ја измамат Европа и целиот свет убедувајќи ги дека Украина само треба да се откаже од Донбас и дека сè наскоро ќе заврши. Немаме илузии. Не им ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски извести дека започнува голема акција за целосно уредување на кејот на Вардар, односно пешачката зона, на потегот од Лисиче до Влае. „Се заменуваат уништените подни плочки, се нивелираат нерамните површини и темелно се санира секое оштетување, со цел кејот повторно да биде безбеден, функционален и достоинствен простор за сите генерации“, соопшти градоначалникот. Градоначалникот на Град ...
Вчеравечер, стручните екипи од Центарот за јавно здравје во соработка со Град Скопје и Општина Карпош спроведоа дополнително теренско прскање против комарци и ларви, во насока на ефикасно справување со западнонилската треска. Ноќеска се изврши темелна дезинсекција на неколку критични точки низ општината, поточно на улица Ловќенска 4 во населбата Козле и на улицата Скупи 8 во Бардовци, извести Општината. „Стручните служби досега извршија ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска порача дека СДСМ е подготвен за избори кога и да се одржат, но нема да биде алиби за предвремени избори на Христијан Мицкоски, на кого му се потребни избори затоа што власта нема резултати, а државата е заглавена. „Кажавме дека нема да бидеме алиби за предвремени избори на премиерот Христијан Мицкоски. Очигледно е дека единствениот параметар којшто него го тера да бара избори е тоа што повеќе ...
Неделното карпошово културно лето, започна на плоштадот „Фонтана“, во Карпош 3, каде што во рамки на проектот „Нашето Маало-детска интерактивна просторна инсталација“, организирана од архитектот Ружица Ивановиќ, дечињата заедно со своите родители учествуваа во боење и цртање на претходно изработената макета од архитектката. На тој начин, на детската работилница најмладите карпошани освен што се дружеа помеѓу себе , тие и го развиваа својот ...
Академијата не е само институционална новина. Таа е инвестиција во квалитетот, интегритетот и ефикасноста на јавната администрација, а со тоа и во довербата на граѓаните во институциите, со овие зборови министерот за јавна администрација, Горан Минчев, ја отвори првата работна сесија со тимот кој ќе биде дел од Академијата за обука и стручно усовршување на јавните службеници, која треба да започне со работа на полетокот од 2027 година. Во ...
Денес времето претпладне ќе биде сончево и топло. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Послаби услови за краткотрајно невреме ќе има и утре попладне и кон крајот на денот, најави УХМР. Во Скопје, денес попладне и утре во вечерните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и ...
Еден од највпечатливите филмови во современата македонска кинематографија „Џган“ по сценарио и во режија на Вардан Тозија, годинава одбележува 10 години од светската премиера, кога филмот за првпат беше прикажан на најстариот филмски фестивал во Чикаго (Chicago International film festival). Утревечер, на 25 август, јубилејот ќе биде одбележан со проекција на филмот на „Rooftop Open Air Cinema“, на отворената катна гаража во Скопје Сити Мол, ...
На 29 август, Охрид ќе биде домаќин на концертна вечер што има сè за да стане едно од највпечатливите музички случувања на крајот од летото. На сцената на Античкиот театар пристигнува Нина Бадриќ, артист чиј глас, стил и музички идентитет повеќе од три децении имаат посебно место на регионалната сцена. Во време кога музичката индустрија постојано создава нови имиња и краткотрајни трендови, Нина Бадриќ останува ретка константа. Кариера ...
41-годишна француска државјанка почина вчера на Крит откако паднала во бессознание додека планинарела во услови на екстремна топлина. Несреќата се случила во близина на Балос, во регионот Ханија, а жената и нејзиниот партнер тргнале по тешка патека и покрај официјалните предупредувања за опасноста, објавува Euronews. Двојката го оставила својот автомобил на паркингот во Фаласарна попладнето и продолжила пеш кон плажата Балос. Тие тргнале по ...
Општина Ѓорче Петров продолжува со инвестициите во подобрување на условите за престој, воспитување и развој на најмладите. По цели 40 години, целосно се реконструирани три занимални во клонот „Детелинка“, со што децата и вработените добиваат значително подобри, побезбедни и посовремени услови. „Во рамки на реконструкцијата, поставени се околу 200 квадратни метри нов под, целосно се обновени ѕидните површини, а изведена е и нова електрична ...