Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Фудбалерите на Њукасл и Ливерпул одиграа возбудливи 2:2 во воведното коло од Премиер лигата. „Црвените“ се спасија буквално во последните секунди со голот на Доминик Собослај од пенал, во деветтата минута од судиското продолжение, триесет секунди пред судијата Стјуарт Атвел да пзначи крај на возбудливиот дуел. Покрај Собослај, голема заслуга за израмнувањето и бодот за тимот на Ираола има и Шпанецот Виктор Муњоз, кој изнуди пенал. Њукасл, ...
Голем шумски пожар попладнево избувна во борова шума во атарот на селото Црник, Општина Пехчево, во близина на границата со Бугарија. Пожарот зафатил голема површина, а во гаснењето биле ангажирани локални пожарникари, вработени во шумските претпријатија и доброволци. Градоначалникот на Пехчево, Александар Китански, информира дека во моментот кога била добиена информацијата за пожарот, дел од расположливите сили од Пехчево и Берово веќе биле ...
Силно невреме со обилни врнежи и силни налети на ветер ја погоди Полска, предизвикувајќи бројни проблеми низ земјата. Од полноќ полските пожарникари имале повеќе од 4.000 интервенции, соопшти Државната противпожарна служба. Најголем дел од интервенциите биле за отстранување паднати дрвја, обезбедување оштетени покриви и испумпување вода од поплавени улици, објекти и подруми. Поради најавеното влошување на временските услови, превентивно ...
Голем шумски пожар денеска избувна во селото Бигла, меѓу Македонска Каменица и Делчево. Според градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, огнот неколкупати бил ставен под контрола, но високите температури и силниот ветер повторно го разгорувале и го ширеле пожарот. Гоцевски, во изјава заедно со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, информираше дека на терен биле ангажирани околу 300 луѓе, меѓу кои пожарникари, ...
Возачот на Мекларен, Ландо Норис, триумфираше на Големата награда на Холандија, 12-та трка од овогодинешното првенство во Формула 1. Британецот, актуелен шампион, ја забележа 13-та победа во кариерата, втора оваа сезона. Норис беше 11,5 секунди пред Кими Антонели во Мерцедес на целта, додека вториот возач на германскиот тим, Џорџ Расел, го освои третото скалило на подиумот. Британецот беше помалку од секунда пред поранешниот тимски колега ...
Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Борнмут со 2:1 по пресврт во второто полувреме. Голот за победа, во 91 минута, го постигна Јошко Гвардиол, по интервенција на ВАР. Претходно, додавањето беше испратено низ срцето на одбраната од резервниот играч Рајан Шерки. Потребни беа минути или две за голот да биде потврден, бидејќи еден од играчите на гостите беше половина чекор предоцна за да „се извлече“, а откако хрватскиот фудбалер совлада ...
Нов силен шумски пожар избувнал во борова шума во близина на границата со Бугарија, на територијата на Општина Пехчево. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информира дека поради новото жариште трите ер-трактори биле пренасочени кон пожарот, со цел да се интервенира додека огнот сè уште може да се стави под контрола. „Ќе се обидеме да му зададеме почетен удар пред да се развие во тежок пожар, затоа што боровата ...
Пропаднаа трговските преговори меѓу САД и Канада, што отвора прашања за границите на агресивната трговска стратегија на американскиот претседател Доналд Трамп. Според анализа на „Вашингтон пост“, администрацијата на Трамп се обиде со силен притисок да ја натера Канада да направи отстапки, но наместо тоа, канадскиот премиер Марк Карни се повлече од преговорите. Како причина го наведе постојаното проширување на американските барања. ...
Нотингем Форест со пораз ја започна новата сезона. Вчера со 0:1 загуби дома од Лидс. На „Шумарите“ им е јасно дека им треба напаѓач. Пари имаат, ќе го трошат заработеното од трансферот на Елиот Андерсон во Манчестер Сити. Нотингем Форест испрати понуда од околу 82 милиони евра за напаѓачот на Брентфорд, Игор Тијаго. Бразилскиот напаѓач е под договор до 2031 година, но растечкиот интерес за него би можел да доведе до трансфер кон крајот на ...
Манчестер Сити постигна договор со Лил за трансфер на мароканскиот играч за врска Ајуб Буади. Договорот е вреден почетни 95 милиони евра, со дополнителни пет милиони преку потенцијални бонуси. Ова е третиот најскап трансфер во клупската историја. Пред Буади се само Џек Грилиш (117 милиони фунти) и Елиот Андерсон (116 милиони фунти). Буади треба да се пресели на „Етихад“ и да потпише договор до 2031 година, со можност за продолжување на ...
Голем шумски пожар беснее во борова шума во близина на селото Бигла во Делчевско, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. „Денес околу 10 часот неодговорно лице палело гуми во својот дом во село Бигла, кое што е село од разбиен тип, односно се наоѓа на неколку ридови. Притоа изгубил контрола врз огнот и огнот се проширил во блиската шума“, изјави Ангелов. Тој вели дека надлежните институции преземаат ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски смета дека најреалниот период за постигнување дипломатско решение и завршување на руската војна против Украина е од крајот на 2026 година до летото 2027 година. Зборувајќи во Киев на свеченоста по повод Денот на државното знаме, Зеленски рече дека Москва и Киев и натаму имаат спротивставени позиции, особено околу прашањето за повлекување на украинските сили од Донбас. „Веруваме дека ова е ...
Два американски авиони-цистерни ја напуштиле бугарската воздухопловна база Безмер, речиси еден месец откако нивното распоредување во Бугарија предизвика остри реакции од Иран. Информацијата ја потврдил бугарскиот министер за одбрана Атанас Стојанов. Американските авиони биле привремено распоредени во Бугарија на барање на САД, врз основа на договорот со кој се регулира заедничкото користење на воените објекти. Распоредувањето на авионите ...
„За Ислам Абази, обвинителот во заминување, морето од документи, вештачења за модуларната болница во Тетово не значеле ништо, не значел ништо ниту фактот што 14 лица живи изгореа во истата болница“ – ова денеска на прес-конференција го истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков. Тој оцени дека за случајот не била доволно испитана одговорноста на сите инволвирани. „Казни добија само поранешните директори на Клиничката болница во Тетово, ...
Македонските аеродроми бележат силен раст на патничкиот сообраќај, а во првите седум месеци од годинава преку аеродромите во Скопје и Охрид поминале повеќе од 2,4 милиони патници, кажа денеска на прес-конференција, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска. „Македонските аеродроми се најбрзо растечки во регионот, а цивилниот воздушен сообраќај бележи силен и континуиран раст. Резултатите во првите седум месеци од 2026 година се јасна ...
Федерален суд во САД ја поништи забраната за издавање имигрантски визи за државјани на 75 земји, меѓу кои беше и Македонија. Мерката ја воведе администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, а судијката Џенет Варгас оцени дека таа е „спротивна на законот“ и дека ги надминува законските овластувања на државниот секретар Марко Рубио. Забраната, која беше воведена во јануари, значеше суспендирање на издавањето визи за постојан ...
СДСМ обвини дека власта задоцнето реагира на здравствената криза со западнонилската треска и дека институциите немаат капацитет навреме да го заштитат здравјето на граѓаните. На прес-конференција, Симона Цветаноски, членка на Извршниот одбор на СДСМ, ги поврза актуелната епидемија од западнонилската треска со кризата со водата во Гостивар, оценувајќи дека заедничко за двата случаи е, како што рече, доцнењето на реакцијата на власта. ...
СДСМ обвини дека ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Мицкоски пет години ја користат трагедијата во модуларната болница во Тетово за политичка пресметка со претседателот на партијата, Венко Филипче. На прес-конференција, Кети Штерјова рече дека Филипче и СДСМ не се мешале во работата на Јавното обвинителство и не вршеле притисок врз институциите, бидејќи, како што посочи, постапките мора да се водат независно. „Модуларните болници беа набавени преку ...
Најмалку две лица загинаа, а стотици илјади домаќинства останаа без електрична енергија откако силно невреме проследено со поројни дождови го погоди Балтичкиот регион. Во Литванија, спасувачките екипи го извлекле телото на маж под паднато дрво во селото Мазионис. Втор маж загинал откако врз него паднале делови од зграда во латвискиот град Јелгава. Неколку лица се повредени и хоспитализирани. Sestdienas vakarā un naktī uz svētdienu Latviju ...
Драма се одвивала рано утрово над селото Бонче, каде што пожарот со голема брзина се движел по падината, со пламен висок и до четири метри. Благодарение на навремената реакција на доброволните пожарникари од Битола и Кочани, огнот не стигнал до селото. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кој беше на терен, изрази благодарност до пожарникарите, посочувајќи дека вчера превентивно биле испратени во Бонче поради ...
Хакери поврзани со иранските власти успеале да предизвикаат прекин на работата на британска електрана, што се смета за прв ваков случај во Велика Британија и најуспешен сајбер напад од овој тип поврзан со Техеран. Според „Дејли телеграф“, нападот се случил минатиот месец, во период кога биле регистрирани и серија сајбер напади врз американската водоводна инфраструктура во 12 сојузни држави. Британските власти не откриваат која електрана ...
Украинската полиција покрена кривична постапка против директорот на супермаркет кој се наоѓа во склоп на трговски центар во Криви Рих, по смртоносниот руски напад со дронови во кој загинаа најмалку 16 лица, а 130 беа повредени, меѓу кои и 23 деца. Украинскиот министер за внатрешни работи Иван Вихивски потврди дека директорот се истражува поради сомнение за немарност, бидејќи супермаркетот, наводно, останал отворен и откако била прогласена ...
Поминаа цели 6 недели, а документ со целосна, јавна и потпишана анализа за водата во Гостивар сè уште нема, велат од СДСМ. „Мицкоски и Клековски шират паника со тоа што не го објавуваат документот цели 6 недели. Зошто не се објавува целосен извештај? Што се крие од граѓаните? Неизвесноста и недовербата кај граѓаните така ја создаваат Мицкоски и Клековски. Еден месец даваа противречни изјави, прво за забрани, потоа дека може да се користи ...
Со новите авиолинии, Македонија станува полесно достапна и за граѓаните и за странските посетители. Вкупно се воведени 28 нови дестинации од аеродромите во Скопје и Охрид, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Најголема корист имаат граѓаните, кои сега имаат повеќе директни опции за патување низ Европа и пошироко. Од Скопје се воведени директни летови до Париз, Барселона, Лион, Амстердам, Љубљана, Мадрид, Стокхолм, Келн, Бари, Прага, Ларнака, Неапол, ...
Власта на Христијан Мицкоски повторно ги покажа своите приоритети – луксуз за функционерите, изговори за граѓаните, велат од СДСМ. „Директорот на СОЗР, Ивица Томовски, јавно кажа дека идејата за нов владин авион не е повлечена, парите се оставени. Се чека само купувањето. Тоа било за нив „сериозна држава“. За оваа криминална власт „сериозна“ држава не се мери со платите на работниците, со полни фрижидери, со функционално здравство, со ...
Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“ повторно објави мапа на Ормускиот теснец, на која стратешки важниот поморски премин е означен како „нова територија на САД“. На мапата е заокружено пошироко подрачје околу Ормускиот теснец, меѓу Иран и Оман. Објавата следува по претходните најави на Трамп дека САД би можеле да преземат контрола врз теснецот. Трамп претходно изјави дека САД имаат „целосна ...
Земјотрес со магнитуда 5,9 го погоди источниот дел на Јапонија, вклучително и поширокото подрачје на Токио, во 2 часот по полноќ по локално време. Најмалку 37 лица се повредени, главно полесно. Нема опасност од цунами. A 5.9-magnitude earthquake struck eastern Japan, including the Tokyo region, early Sunday, injuring at least five people and disrupting train services. A water pipe also ruptured in Tokyo’s Koto ward, while no tsunami warning ...
Вкупно 31 пожар на отворен простор се регистрирани во текот на изминатото деноноќие, од кои осум се активни, а 23 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во осум општини. Во Прилепско гори кај селото Бонче, каде што е зафатена ниска вегетација и нискостеблести растенија. Пожар е активен и на подрачјето меѓу селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, со крак кон Палиград, како и над селото Вражале во општина ...
Сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност ќе преовладува денеска. Попладне на места се очекува зголемена облачност со услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално е можно и невреме со силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21 степен, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од ...
Реал Мадрид го победи Еспањол со 2:1 на гостински терен во својот прв натпревар од новата сезона во Ла Лига. Ова беше првиот официјален натпревар на Жозе Мурињо по враќањето на клупата на Реал, 13 години по завршувањето на неговиот прв мандат. Херој на победата беше Карлос Еспи, кој постигна гол во 90-та минута за конечни 2:1. Реал поведе во деветтата минута, кога по нафрлувањето на Арда Гулер, Џуд Белингам со глава ја погоди топката за 1:0. ...