Демократската унија за интеграција денес повторно се обиде да произведе политички спектакл преку манипулации, неточни информации и намерно мешање на поими од катастарска документација, со единствена цел: да го префрли вниманието од сопствените имотни, финансиски и политички скандали, велат од ВЛЕН. Овој став е одговор на обвинувањето од ДУИ од каде денес објавија катастарски документи за седум викенд-објекти на иста парцела која ги поврзува ...

Турските медиуми објавија дека турскиот репрезентативец Хакан Чалханоглу би можел да стане ново засилување на Фенербахче, во случај претседателскиот кандидат Хакан Сафи да победи на претстојните клупски избори. Според извештаите од Турција, Сафи наводно постигнал принципиелен договор со играчот од средниот ред на Интер, но реализацијата на трансферот ќе зависи од исходот на изборите, како и од евентуалниот договор со италијанскиот клуб. Се ...

Бразилската фудбалска репрезентација го победи Египет со 2:1 во последниот тест пред почетокот на Светското првенство, но тренерот Карло Анчелоти доби причина за загриженост. Десниот бек Весли мораше да го напушти теренот во 17-та минута поради повреда на глуждот. Според бразилските медиуми, станува збор за истегнување, па затоа е избегната сериозна повреда, но конечната проценка ќе биде позната по дополнителните прегледи. Бразил нема многу ...

Победник на Големата награда на Унгарија, осмата трка во сезоната на Мото ГП, е возачот на Дукати, Марк Маркез. Маркез на „Балатон парк“, прослави голем јубилеј, ја забележа 100-та победа во кариерата, која ја чека од септември 2025 година и трката во Сан Марино. Ова е првата победа на Маркез од Сан Марино, пред 266 дена. Валентино Роси има најмногу победи во „кралската класа“, 89, додека Марк Маркез ја забележа 74-та. На второто место беше ...

Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимвски денес се прошета пред Општината и сними видео за социјалните мрежи во кое направи пресметка за боледувањето на актуелниот градоначалник Сотир Лукровски. Тој го повика Државниот инспекторат за труд да го провери боледувањето. „Градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски по користење на лажното боледување имаше обврска да се јави на работа на 30ти Мај. До денес тој не е појавен на своето ...

Полицијата од Дебар поднесе кривична против А.Љ.(29) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „безобѕирно управување моторно возило“ и „напад врз службено лице при вршење на работи од областа на безбедноста“. „Тој, на 29.05.2026 во 23 часот, на улицата ’Зеќир Чанка’ во Дебар бил лишен од слобода затоа што управувајќи моторно возило ’поло’ со дебарски регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна незгода и избегал, ...

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски денес, по обиколката на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ кажа дека реконструкцијата е во завршна фаза. Заедно со директорот на ТАВ, Неџат Курт, Николоски денес направи увид во градежните работи на аеродромот. Министерот Николоски вели дека реконструкцијата е во завршна фаза „За околу два месеци, ќе добиеме целосно нов модерен аеродром“, рече министерот Николоски по ...

Денес пред нас стои првиот Конгрес на новата одговорност, денес не ни треба нов партиски речник, туку ни треба нов морален завет, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешниот 32 програмски Конгрес на партијата „Твоја држава – твоја шанса“. Во обраќањето, Филипче посочи дека целта на овој Конгрес не е да биде само свечено усвојување на нова идеолошка платформа, туку враќање на СДСМ кон суштината на социјалдемократијата. ...

Утрово слета првиот авион од Вроцлав со што започнува новата авиолинија Охрид-Вроцлав (Полска), додека веќе во вторник ќе имаме уште една нова линија од Катовице исто од Полска, што значи повеќе полски туристи, значи нови можности за бизнис и за развој на локалната економија околу Охридското крајбрежје, истакна денеска од Охрид, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. Вицепремиерот Николоски кажа дека ...

Од тендер вреден 18 милиони денари, колку треба да земе мито Богац за тоа да биде криминал за Филипче и денес праша пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. Според него, аферата со Богоев не е обична афера од 2.000 евра мито туку е трагата која носи до многу поголем криминал. „Детето на Заев, несудениот негов наследник, Стефан Богоев заедно со Џемо од Прилеп ги искористиле своите влијанија и раководни позиции и си наместиле тендер од ...

Покрај сите пофалби и признанија на функционери од земји членки на ЕУ кон Македонија, само Филипче и Радев на иста линија бараат уставни измени, обвини денес портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. „Сите од ЕУ со внимание ги следат реформите на македонската влада и ги поздравуваат велејќи дека сме лидери во регионот, само Филипче и Радев велат единствена реформа се уставните измени. По долго време коленичење и лековерност од страна ...

Најавеното зголемување на банкарските провизии претставува уште еден удар врз животниот стандард на граѓаните и уште еден доказ дека банкарскиот сектор продолжува да ги става профитите пред интересите на населението, рече денес пратеникот Борислав Крмов. Иако банките според Крмов, веќе остваруваат рекордни добивки, наместо да ги намалуваат трошоците за своите корисници, тие најавуваат нови поскапувања на услуги за кои имаат минимални или ...

Демократската унија за интеграција (ДУИ) објави официјални документи за кои тврди дека се од Агенцијата за катастар кои отвораат сомнежи за имотно-правните и деловните односи меѓу поранешниот градоначалник на Општина Чаир, Висар Ганиу, и актуелниот директор на НОМАГАС, Недим Рама. „Според официјалните податоци од Катастарот: • Во Имотен лист бр. 730 за Катастарска општина Лисец-Вонград, како носители на правото се заведени Висар Ганиу и ...

Македонскиот атлетичар и член на АК „Скопски маратон“, Дарио Ивановски, победи на полумаратонот на 10. јубилејно издание на „Охрид трчат“ што се одржа денеска низ улиците на Охрид. Тој патеката од 21 километар ја мина за време од 1 час 10 минути и 46 секунди. Втор на целта на 21 километар пристигна Игор Трипуновски од Македонија со време 1:19:22 часа, а трет беше Томаш Суњог од Унгарија со време 1:21:52 часа. Во женска конкуренција на ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денес го презентираше системот СМАРТ лиценци, кој претставува уште еден практичен чекор во дигиталната трансформација на јавните услуги. Станува збор за целосно електронски систем за издавање, проверка и јавно следење на лиценци преку електронски регистар и QR код. Како што истакна министерот Андоновски, целта на овој систем е секоја лиценца издадена од институција да може да се ...

СДС и Венко Филипче не можат да ја скријат нервозата, па се претворија во бугарска испостава, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „СДС и Филипче не можат да го прифатат фактот што државата конечно има државничка Влада која ги штити државните интереси и забележува позитивни резултати, и на внатрешен и на меѓународен план. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека Македонија може да води европска политика без понижување, без тргување со идентитетот и ...

Управта за хидрометеорологија за денес прогнозира сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме со град. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе ...

Граѓаните на Косово денеска повторно излегуваат на парламентарни избори, третпат во последните 18 месеци, откога ниту една партија не успеа да обезбеди доволно силно мнозинство за да се стави крај на политичката криза во земјата. Косово е без функционална влада изминатата година, бидејќи парламентот не успеа да избере претседател. И на овие избори анализите покажуваат победа на Самоопределување на актуелниот премиер Албин Курти кој победи и ...

Преполна сала, долги овации и силни емоции ја одбележаа изведбата на современата танцова претстава „Ајде!“ во организација на македонскиот Културно-информативен центар во Загреб. Големиот интерес на публиката резултираше со целосно исполнета сала на Загрепскиот танцов центар, што претставува уште една потврда за растечкиот интерес за македонската современа уметност и култура во Хрватска. Публиката уживаше во впечатливата и моќна танцова ...

Охрид викендов е во знакот на трчањето и спортот. Јубилејното 10-то издание на атлетскиот викенд „Охрид трчат“ привлече повеќе од 2.700 учесници од над 30 држави. Организаторите оценуваат дека станува збор за најмасовното издание досега на една од најпрепознатливите спортско-туристички манифестации во земјата. Во 8:15 часот утрово стартува полумаратонот на 21 километар и штафетниот полумаратон, додека трката на 5 километри е од 9:00 часот. ...

Тенерифе ја приреди најголемата сензација во европската кошарка оваа сезона. Тимот од Канарските Острови го елиминираше Реал Мадрид, а конечниот резултат од третиот натпревар од четвртфиналната серија од плејофот на АЦБ лигата во „Висинк Центарот“ беше 95:107 (24:23, 21:26, 28:21, 22:37). Иронично е што тимот на италијанскиот тренер Серхио Скариоло стигна многу подалеку во Евролигата, односно до финалето, а последен пат „кралскиот клуб“ беше ...

Португалија го победи Чиле со 2:1, во пријателски меч одигра во Лисабон. Натпреварот го обележа она што се случи во финишот на првото полувреме, кога судијата подели два црвени картони. Физички се пресметаа чилеанскиот дефанзивец Иван Роман и португалската ѕвезда Рафаел Леао. Рамон заврши на земја откако Леао го турна во лицето со рака, по што другите играчи ја смирија ситуацијата. Судијата им покажа на Рамон и на Лео директни црвени ...

Плановите на Арсенал да доведе голема ѕвезда во летниот преоден рок, барем засега нема да се остварат. Хулијан Алварез, напаѓач означен како приоритет од страна на менаџерот, Микел Артета, одбил да се пресели во Лондон. Според, новинарот на „СЕР Депортивос“, Педро Фулана, Арсенал е единствениот клуб подготвен да даде конкретна понуда до Атлетико за 26-годишниот напаѓач. Сепак, договорот не е можен бидејќи Алварез немал намера да се враќа во ...

Мира Андреева е шампионка на Ролан Гарос. Русинката стигна до својата прва Гренд слем титула откако ја победи со 6:3, 6:2 плјачката Маја Хвалинска. На 19 години, Русинката стана најмладата шампионка на Роалан Гарос од Моника Селеш во 1992 година. До победата дојде на импресивен начин. Двете го започнаа натпреварот доста нервозно, и на двете им пречеше силниот ветер. Првите четири гема беа со ист број брејкови. Кога Хвалинска првпат го ...

Андреа Кими Антонели ја освои пол-позицијата пред утрешниот старт на Големата награда на Монако, поставувајќи време за 43 илјадитинки побрзо од Макс Ферстапен во последниот обид, кога истече времето предвидено за квалификациите. Додека лидерот во шампионатот, тинејџерот од на Мерцедес ја преминуваше целта, Шарл Леклер, домашниот миленик, возач на Ферари, заврши во ѕидот во близина на пристаништето и го оштети своето возило, откако минута ...

По 45. пат денеска во Кочани родителите на жртвите во пожарот во „Пулс“ маршираа барајќи правда и вистина за своите блиски. Од овој марш кој започна во 18:05 часот од Паркотна Револуцијата беше упатено прашање до институциите дали секој што имал должност ја извршувал совесно, професионално и во рамките на своите овластувања. -Со секоја должност доаѓаат обврски. Со секое овластување – одговорност. Со секоја униформа – очекувања дека ќе се ...

Се финализира еден од најзначајните инфраструктурни проекти во населбата Саат Кула, кој опфаќа реконструкција на водоводната мрежа, фекалната и атмосферската канализација. Со оваа инвестиција ќе се обезбеди поквалитетно водоснабдување, пофункционален канализациски систем и подобри услови за живот на жителите од ова населено место. -Инвестираме во основната инфраструктура која директно влијае врз квалитетот на животот на граѓаните. Со ...

Американски лекар, кој се заразил со ебола додека работел на хуманитарна мисија во Конго, е отпуштен од болница во Германија откако се опоравил од потенцијално фаталната болест, објавија денеска американските медиуми. Питер Стафорд работел со мисионерската група „Серж“ во Конго кога се заразил со вирусот, соопшти претходно групата. Тој бил евакуиран во болница во Берлин на 20. мај, а неговата сопруга, исто така лекарка која волонтира во ...

Во преполната сала на Домот на култура „Билјана Беличанец“ денес се одржа првиот детски фестивал „Киселко“, во организација на Општина Кисела Вода. На фестивалот премиерно беа изведени 12 нови детски песни. Покрај соло изведувачите, на сцената настапи и сопственото хорче на „Киселко“, додека за кореографијата беа задолжени членовите на балетското студио „Данса Латина“. Учесниците на фестивалот беа избрани преку процес на аудиции кои се ...

Полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров, денеска го лишиле од слобода Г.А. (43) од село Шишево, скопско, по пријава дека пукал со огнено оружје кон соселанец и му нанел повреда. Како што информираат од МВР, денеска околу 16:10 часот И.Ш. од село Шишево пријавил дека на влезот во селото бил пресретнат од Г.А. и С.А., по што Г.А. извадил пиштол и испукал кон него. Притоа, пријавителот се здобил со повреда во пределот на увото. ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.34
74%
1019
weather icon

Белград

16ᴼ / 16ᴼ
2.68
78%
1015
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
1.16
79%
1014
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.47
79%
1018
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.29
78%
1016
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
1.0
88%
1015
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
0.89
62%
1016
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.82
66%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.64
62%
1018
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 15ᴼ
1.34
89%
1014
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 18ᴼ
0.89
76%
1012
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 15ᴼ
1.39
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Злато

135639.33

Алуминиум

3.54

Платина

55170.68

Кобалт

45.39

Паладиум

40767.15

Бакар

13.01

Сребро

2186.28

Родиум

257205.97

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Калај

53.60

Иридиум

253540.09