Фудбалскиот клуб Олимпик Марсеј би можел да се соочи со драстични санкции од УЕФА, вклучително и исфрлање од Лига Европа следната сезона, поради сериозните финансиски проблеми што во моментов ги истражува УЕФА. Според првите информации, Марсеј се бори да ги исполни условите од договорот за спогодба што го потпиша со УЕФА во 2022 година. Клубот тогаш, откако ги прекрши правилата за финансиски фер-плеј, беше казнет со релативно благи два ...

Откако го кажаа судбоносното „Да“ во Лондон минатата недела, Дуа Липа и Калум Тарнер отпатуваа во Италија. За главната, тридневна свадбена прослава, тие ја избраа Сицилија и една од најпознатите вили на островот. Граѓанската венчавка на еден од најследените парови денес се одржа на 31 мај во лондонската Олд Мерилебон Градска сала, опкружена со семејство и најблиски пријатели. За таа пригода, британската пејачка носеше високомодна креација од ...

Претседателот на Русија, Владимир Путин, вчера изјави дека Русија ја лансирала балистичката ракета со среден дострел „Орешник“ на 24 мај во регионот на Киев за да ги набљудува нејзините ефекти за идните лансирања. Путин го изјави ова на прес-конференција, објави „Киев индепендент“. „Ќе откријам голема државна воена тајна. Едноставно пукавме таму каде што ни беше погодно да ги набљудуваме резултатите“, рече Путин, како што објави АП. ...

Федерален судија му нареди на Центарот за сценски уметности Кенеди да го отстрани името на претседателот Доналд Трамп од својот наслов, привремено запирајќи ги плановите за обемно реновирање и двегодишно затворање. Одлуката дојде откако демократската конгресменка и членка на Управниот одбор на Центарот, Џојс Бити, поднесе тужба со која ја оспорува промената на името и плановите за затворање, а судијата утврди дека одборот ги пречекорил своите ...

Ексклузивни снимки добиени од Си-Ен-Ен покажуваат обемна штета на најголемиот и најновиот американски носач на авиони, „УСС Џералд Р. Форд“, откако избувна пожар на него. Според извори, инцидентот се случил затоа што системот за сузбивање на пожар на бродот откажал. Кога избувнал пожар на најголемиот воен брод во светот во март, во средината на воените операции против Иран, американската морнарица ја увери јавноста со кратко соопштение. Тие ...

Рафаел Леао е се поблиску до заминување од Милан, а турскиот великан Галатасарај се појавува како главен кандидат за неговиот потпис. Португалскиот репрезентативец, кој минатата сезона на „Сан Сиро“ се мачеше со формата и физичката подготвеност, наводно добил исклучително профитабилна финансиска понуда. Според „Газета дело Спорт“, Галатасарај му нуди на крилниот напаѓач, двојно поголема плата од онаа што ја има во Милан. Турскиот гигант е ...

Мажот кој беше прогласен за херој за разоружување на еден од напаѓачите во смртоносната пукотница на плажата Бонди сега е обвинет за напад. Ахмед ал Ахмед е обвинет за напад на сопствениот татко во март, објавија австралиските медиуми, како што објави Би-Би-Си. Ал Ахмед доби статус на херој откако интервенираше за време на нападот на еврејски настан во декември минатата година, во кој беа убиени 15 лица, а десетици беа повредени. Снимките од ...

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста и граѓаните на град Скопје дека денес, 05.06.2026 година, е последен ден од акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата за задоцнето плаќање. „Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг за потрошена вода (тужен и редовен), да ја искористат можноста за плаќање на рати без пресметана камата. Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, учествува на дванаесеттиот состанок на високо ниво на Иницијативата за мали земји на Светската здравствена организација за Европа, што се одржува во Рига, Латвија. Дводневниот состанок е посветен на едно од најважните прашања за здравствените системи во Европа – како малите земји, во услови на ограничени ресурси, миграција на здравствен кадар, стареење на населението и растечки потреби на пациентите, можат ...

Шеесетото јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, ќе започне вечерва во 19 часот со изложба 60 години „Војдан Чернодрински“ – Прилеп. Станува збор за хибридна изложба на артефакти од долгогодишната традиција на фестивалот. Во неа ќе се следи приказната за фестивалот визуализирана со конкретни сведоштва за луѓето и настаните што ги обележале овие години фестивалски живот. Изложбата е поддржана од ...

Во Културно-информативниот центар – Скопје (КИЦ), во салонот „Империјал“, денес, со почеток во 19 часот ќе се одржи промоцијата на книгата „Од ’Црвенкапа’ до ’Џинџуџе’“ од универзитетската професорка и книжевна критичарка, Весна Мојсова-Чепишевска, во издание на „Панили“. Наместо класична промоција со формални обраќања, книгата ќе биде претставена преку разговор меѓу авторката и Елена Ѓорѓиовска, која под менторство на Мојсова-Чепишевска ...

Официјално Москва потврди дека добила отворено писмо од украинскиот претседател Володимир Зеленски во кое тој повикува на директна средба лице в лице со Владимир Путин за да се стави крај на војната. Првата реакција на Кремљ дојде – тие го потврдија приемот на писмото и рекоа дека Путин наскоро ќе биде информиран за неговата содржина. Кратко потоа, Кремљ ја повтори својата стара позиција и рече дека Зеленски е добредојден да се сретне со ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските региони ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната ...

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска ќе учествува на Самитот Европска Унија – Западен Балкан кој ќе се одржи во Тиват, во Црна Гора. Самитот, како што соопштуваат од Владата ќе се одржи во хотелот „Regent Porto Montenegro”, каде што лидерите ќе разговараат за актуелни прашања поврзани со европската интеграција на земјите од регионот и соработката со Европската Унија. По завршувањето на Самитот, е предвидена заедничка прес- конференција. ...

Без струја денеска ќе останат делови од општините Сопиште и Бутел. „Од ЕВН Македонија известени сме дека на ден 05.06.2026 година ( петок ) без електрична енергија ќе останат: во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од м.в. Рудина во село Добри Дол. (општина Сопиште ). Во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од ул. 1 и ул. 21 во населба Радишани. (општина Бутел). Во периодот од 10.00 до 14.00 часот, дел од ...

Веќе неколку недели во Франција се најавува нов голем кошаркарски проект, Асвел ќе биде тимот во кој ќе се инвестираат огромни пари, а вечерва започна реализацијата на тој проект. Еден од најдобрите кошаркари на Евролигата, Силван Франциско, ќе го напушти Жалгирис на крајот од сезоната и ќе потпише договор со Асвел, кој ќе биде историски. Францускиот плејмејкер ќе има плата од 4.000.000 евра по сезона, ќе потпише на три години, што значи ...

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, испрати отворено писмо до рускиот претседател, Владимир Путин, упатувајќи лична покана и нудејќи средба лице в лице за да се стави крај на војната. Писмото беше објавено еден ден откако Украина изврши голем напад врз Санкт Петербург, погодувајќи големо нафтено складиште и воени цели истото утро кога Путин беше домаќин на светските лидери во градот за неговиот клучен економски форум, објави The Kiev ...

Фудбалскиот клуб Ливерпул, официјално има нов тренер. Шпанецот Андони Ираола (43) го потпиша договорот по заминувањето на Арне Слот. Ливерпул одлучи да го смени тренерот, по лошата сезона, освоеното петто место во Премиер лигата и забележано 19 порази во сите натпреварувања. „Многу сум возбуден. Ливерпул е голем, огромен клуб, еден од најголемите во светот. Само кога ќе влезете внатре сфаќате каде сте дошле. Не ви треба ништо посебно за да ...

Мира Андреева и Маја Хавлинска ќе се борат за титулата на Ролан Гарос. Во полуфиналните мечеви, Андреева ја победи Марта Костјук, а Хавлинска беше подобра од Дијана Шнајдер. 19-годишната Андреева, ја декласира Украинакта Костјук. За само 77 минути, тенисерката од Русија победи со 6:1, 6:3. Во второто полуфинале, по повеќе од два часа игра, Хвалинска ја победи Дијана Шнајдер во два сета (7:6, 6:4). Хвалинска (моментално рангирана на 114-то ...

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, кој е во Тиват по повод учеството на самитот на Европската политичка унија, одговори на прашања од новинари за депортираните српски државјани. Во таа прилика, Вучиќ изјави дека меѓу нив нема ниту еден криминалец, пишува Nova.rs. „Денес би се појавил сосема поинаку и би рекол: „Се извинувам на нашите домаќини“. Тие немаа оружје, ништо грдо, ништо навредливо… Можеше да ме покани кој било. Тие дојдоа тука ...

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, ги осуди нападите на Иран врз Кувајт, нарекувајќи ги скандалозни и неприфатливи, објави американскиот Стејт департмент. За време на состанокот со кувајтскиот министер за надворешни работи, шеикот Џарах Џабер Ал-Ахмад Ал Сабах, Рубио изрази сочувство до семејствата на убиените и повредените и рече дека САД се со кувајтскиот народ во ова тешко време. Средбата во Вашингтон се одржа еден ден по нападите во ...

Разговорите меѓу Русија и САД за економски и енергетски прашања продолжуваат и покрај паузата во мировните преговори за Украина, изјави специјалниот претставник на рускиот претседател, Владимир Путин, Кирил Дмитриев, додавајќи дека трилатералните разговори со Украина се можни кога „ќе биде вистинско време“. На 18 мај, Кремљ изјави дека мировниот процес меѓу Русија и Украина е паузиран, но дека Москва очекува тој да продолжи. Контактите меѓу ...

Во пресрет на самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват, Црна Гора, Германија и Франција испратија нон-пејпер во кој предлагаат постепена интеграција на земјите од Југоисточна Европа и Молдавија и поедноставување на процесот на преговори, кој би продолжил да се базира на заслуги. Во овој неформален документ, Берлин и Париз ја повикуваат Комисијата да презентира предлози за олеснување на постепената интеграција на земјите-кандидатки на нивниот пат ...

Се очекува поранешниот советник за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Џон Болтон, кој стана еден од најгласните критичари на републиканскиот претседател, да се изјасни за виновен за злоупотреба на класифицирани документи, објави CNN, повикувајќи се на три извори запознаени со ова прашање. Болтон има намера да се изјасни за виновен по едно обвинение за нелегално задржување документи важни за националната ...

Европската унија ќе испрати дополнителни 100 милиони евра финансиска поддршка за либанската армија, која работи во рамките на кревко примирје, изјави шефицата за надворешна политика на Европа, Каја Калас. Таа рече дека новиот договор за примирје меѓу Израел и Либан нуди можност за спречување на целосен воен конфликт, но призна дека континуираниот оган покажува дека примирјето е нестабилно. „Најдобриот начин да се намали заканата што ја ...

Република Северна Македонија денеска беше избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации (ЕКОСОК) за мандатниот период 2027–2029 година, соопшти министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски. „На гласањето што се одржа во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, кандидатурата на Република Северна Македонија доби поддршка од 174 држави членки. Станува збор за историски успех на македонската дипломатија, бидејќи ...

Неколку лица се повредени откако предниот дел на авионот „боинг 787“ на авиокомпанијата „Луфтханза“ неочекувано падна додека паркираше на аеродромот во Франкфурт. „Патниците сè уште се немаа качено во тој момент“, изјави портпаролот на компанијата, додавајќи дека членовите на екипажот и аеродромскиот персонал биле во авионот во времето на инцидентот. Портпаролот соопшти дека се повредени неколкумина членови на персоналот. Портпарол на ...

Хезболах го отфрли планот за прекин на огнот договорен од либанската и израелската влада со посредство на САД, а Израел продолжи со нападите во јужен Либан и нагласи дека не се повлекува од југот на таа земја. Соединетите Американски Држави вчера објавија дека Либан и Израел се согласиле на примирје, под услов Хезболах, група поддржана од Иран, да прекине со огнот и да ги повлече своите борци од јужен Либан по границата со Израел. Водачот ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со Вељко Кајтази, претставник на 12 национални малцинства во Хрватскиот сабор и делегација на Сојузот на Ромите од Хрватска „Кали Сара“, предводена од претседателката Сузана Крчмар. Во фокусот на средбата беше положбата на Ромите, потребата од унапредување на нивните права и можностите за споделување добри практики. Сиљановска-Давкова посочи дека Ромите се важен дел од македонското ...

Премиерот, Христијан Мицкоски, утре ќе присуствува на Самитот Европска Унија- Западен Балкан кој ќе се одржи во Тиват, Република Црна Гора. Самитот ќе се одржи во хотелот „Regent Porto Montenegro”, каде што лидерите ќе разговараат за актуелни прашања поврзани со европската интеграција на земјите од регионот и соработката со Европската Унија. По завршувањето на Самитот, е предвидена заедничка прес- конференција. Самитот го води претседателот ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
33%
1014
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
0.89
46%
1012
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.78
46%
1011
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.52
40%
1015
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.21
35%
1013
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
0.45
49%
1011
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
1.79
44%
1015
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.54
40%
1016
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.4
38%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
3.13
44%
1012
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
4.02
48%
1011
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.17
65%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Платина

55170.68

Сребро

2186.28

Родиум

257205.97

Алуминиум

3.54

Злато

135639.33

Бакар

13.01

Паладиум

40767.15

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Калај

53.60