Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Поранешната министерка за надворешни работи на Австрија, Карин Кнејсл, оцени дека европската дипломатија е во длабок пад, бидејќи, како што изјави, престанала да биде трпелив и долгорочен процес и станала медиумски настан, фотографирајќи и објавувајќи на социјалните мрежи. Кнејсл го кажа ова за време на презентацијата на германското издание на нејзината книга „Реквием за Европа“, одржана на 2 јуни во руската амбасада во Виена. Поранешната ...
Министерството за надворешни работи на Црна Гора објави дека во пресрет на самитот во Тиват, ќе направи сè за да „ги пречека пријателите, сојузниците и партнерите на највисоко ниво и да обезбеди успешно и достоинствено одржување на овој важен меѓународен настан за нас“. „Низ целата своја историја, Црна Гора е препознаена како гостопримлива земја, каде што искрено се радуваме на секој добронамерен гостин. Како одговорна и кредибилна членка на ...
Ерлинг Халанд, против своја волја се најде во центарот на капањата за претседателските избори во Реал Мадрид. Противкандидатот на Флорентино Перез, Енрике Рикелме, гостувајќи на една шпанска телевизија, рече дека ќе го донесе Халанд и неговиот соиграч Родри во Реал, доколку биде избран за претседател. Рикелме, откри дека потпишал гаранција кај нотар и дека лично ќе плати 100 отсто од годишните членарини (социос) за сите 100.000 регистрирани ...
Марија Шарапова се појави на трибините на Ролан Гарос и ги шармираше сите присутни со својот аутфит. И, навистина, таа сè уште може да ја носи титулата најубава тенисерка на светот. Maria Sharapova Roland Garros JUNE 2, 2026 pic.twitter.com/ykoXnB9A6Z — HQ pics (@WomensSportsPic) June 2, 2026 Иако одамна го постигна статусот на пензионерка, познатата Марија Шарапова не пропушта можност да ужива во светските настани, дури и во натпреварите ...
Кајли Џенер е позната по својата љубов кон експериментирање со модни трендови, разни дезени и „луди“ кроеви. Таа е често активна на социјалните мрежи, особено на Инстаграм, кој го користи за лично да ги промовира своите идеи, а се чини дека еден од нив ја разбранува јавноста на социјалните мрежи. Имено, Кајли објави селфи на Инстаграм на кое го открива нејзиното тело во бикини. Kylie Jenner posed in a flirty pink bikini for a Kylie ...
Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против Ф.А.(63), Ѓ.К.(57), И.Ш.(35), Џ.Ш.(35), сите од Скопје, како и против С.Ј.(35) од Куманово и И.А.(38) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „трговија со дете“. Во текот на 2024 и 2025 година, Ф.А. и Ѓ.К. го ...
Минатата година, Луксембург забележа најбрз раст на бројот на милионери во Европа, според новиот Извештај за светското богатство на „Capgemini“. Според тој извештај, бројот на луѓе со средства достапни за инвестирање во земјата се зголемил за 13,5 проценти. Во оваа пресметка, вредноста на недвижниот имот во кој живее лицето не се зема предвид, туку само средствата што можат да се инвестираат. Луксембург на тој начин се најде пред Германија, ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не се плаши од закани откако Српската разузнавачка агенција (БИА) го советуваше да не патува во Црна Гора. БИА го издаде предупредувањето поради информациите дека Радоје Звицер, водачот на кавачкиот клан, наводно се наоѓа во Црна Гора. Вучиќ треба да учествува на самитот на Европската политичка заедница во Тиват. На својот Инстаграм профил, Вучиќ реагираше на заканите со објава со натпис ...
Со учество на над 130 претставници на компании, институции и организации од Северна Македонија и Грција, денеска во Скопје започна првиот „North Macedonia – Greece Digital Bridge & Business ICT Forum“, настан посветен на продлабочување на економската и технолошката соработка меѓу двете земји. Форумот, организиран од МАСИТ во соработка со грчката асоцијација SETPE, ги обедини претставниците на ИКТ индустријата, државните институции и ...
Напаѓачот на Ливерпул, Коди Гакпо, изразил желба да го напушти Ливерпул. Наводно би загрижен за своето место во тимот, откако тренерот Арне Слот доби отказ. Репрезентативецот на Холандија, во Ливерпул пристигна во 2023 година од ПСВ Ајндховен. „Црвените“ за неговиот трансфер издвоија 50 милиони евра. Гакпо, зад себе има лоша сезона и покрај тоа што играше многу под палката на сонародникот Слот. Напаѓачот сака да го напушти клубот, бидејќи ...
Дуа Липа и Калум Тарнер ќе се венчаат оваа недела во Италија, а тридневната прослава на Сицилија ќе следи по граѓанската церемонија одржана во недела во Лондон. Тоа е настан кој веќе се нарекува свадба на годината, а подготовките за доаѓањето на познатата двојка и нивните гости се во полн ек. Големи безбедносни мерки во Палермо Поради свадбата, два градски плоштади во Палермо наводно ќе бидат целосно затворени – Пјаца Санта Ана и Пјаца ...
Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс се сметаат за најхармоничниот пар во светот на филмската индустрија. Не е тајна дека Рајан беше голем поддржувач на својата сакана за време на судењето со Џастин Балдони, и дека тој постојано јавно изјавуваше дека е „многу горд на својата сопруга“. View this post on Instagram A post shared by Blake Lively (@blakelively) Се чини дека чувството е взаемно, бидејќи Блејк исто така сака да го покажува својот сопруг ...
Во зградата на амбасадата на Пакистан во белградската населба Дедиње, утрово избувна пожар. Фотографиите и снимките објавени на Инстаграм страницата „Мој Београд“ покажуваат густ чад како се издига од еден од горните катови на зградата на амбасадата. View this post on Instagram A post shared by MOJ BEOGRAD (@moj_beo_grad_) Сè уште не е познато што го предизвикало пожарот или како започнал, објавува „Нова.рс“. View this post on Instagram A ...
Финскиот претседател Александар Стуб предложи Европската Унија да размисли за проширување од сегашните 27 на дури 40 земји, објави „CNBC“. Стуб ги повика европските лидери да „размислуваат широко“ и да ја земат предвид географијата при обликувањето на иднината на Унијата. „Треба да прошириме или барем да создадеме механизми за членство кои се доволно флексибилни за да опфатат вкупно 40 европски земји или дури и неевропски“, рече финскиот ...
Стартува третата фаза од проектот е-Фактура, во рамки на која Управата за јавни приходи овозможува тестирање на системот е-Фактура преку веб апликација, со цел компаниите да добијат пристап до практична тест околина за електронска размена на фактури. Во првата фаза се тестираше интеграцијата на ЕРП системите на компаниите со системот е-Фактура. Во втората фаза се додадени API сервиси за преземање, прифаќање, одбивање и сторнирање на ...
Преспанскиот Регион претставува вистинска лабораторија на отворено, што јасно го потврдуваат и тековните теренски истражувања на биолошката разновидност кои Македонското еколошко друштво ги спроведува во соработка со локалните заштитени подрачја како дел од проектот „Иницијатива за зелена и сина Преспа“, финансиран од Европската Унија во рамки на програмата „ЕУ за Преспа“. Долж крајбрежјето на Преспанското Езеро е веќе отпочнат мониторингот ...
„ЗНАМ денеска излезе со соопштение во кое вели дека ЕУ интеграцијата мора да се темели на реформи, а не на „нови условувања“. Ова е класична манипулација. Нема нови условувања. Уставните измени се дел од европската преговарачка рамка уште од самиот почеток. Тоа не е „уцена“, туку основен услов за отворање на преговорите – што вчера јасно го потврди и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта“, велат од СДСМ. „Реформи оваа власт не ...
Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека Русија го охрабрила противењето на кандидатурата на Берлин за непостојано место во Советот за безбедност на Обединетите нации, бидејќи Германија не успеала да биде избрана во ова тело за прв пат. „Ја поддржуваме Украина. Русија не сака да види таков глас во Советот за безбедност“, рече Вадефул, објави Ројтерс. Тој изјави дека Москва влијаела на расположението на некои ...
Москва е подготвена да ги продолжи преговорите со Вашингтон што беа започнати на самитот во Анкориџ, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Според неа, двете страни ја имаат секоја можност да го интензивираат дијалогот. На прашањето дали сè уште има простор за руско-американски преговори речиси една година по самитот во Анкориџ, Захарова одговори позитивно, нагласувајќи дека никој, ниту од руска ...
Гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески учествуваше на Регионалниот семинар „Kриптосредства и дигитални пари“, којшто се одржа во Приштина, во организација на Централната банка на Косово, каде што гувернери, претставници на централни банки, регулатори и финансиски експерти од регионот разменија мислења за современите предизвици и можности поврзани со дигитализацијата на финансискиот систем. Во рамките на панел-дискусијата посветена ...
Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис Де ла Фуенте, истакна дека Ламин Јамал ќе биде подготвен за првиот натпревар на Светското првенство. Јамал го пропушти крајот на клупската сезона поради повреда на тетивата, но Де ла Фуенте сепак го вклучи во националниот тим, велејќи дека ќе биде подготвен за првенството. „Доколку, сè биде според планираното Јамал треба да биде подготвен за натпреварот на 15 јуни, но тоа не гарантира ...
Украинската премиерка Јулија Свириденко изјави дека сите земји-членки на ЕУ се согласиле да започнат разговори со Украина и Молдавија за првата група прашања во рамките на нивните преговори за пристапување. Свириденко изјави на мрежата Икс дека ова е важен чекор кон членството на Украина во Европската Унија и рече дека земјата се приближува кон својата стратешка цел. Кипар, кој моментално претседава со Советот на ЕУ, објави дека започнале ...
Четири странски земјоделски работници беа изгорени живи во автомобил во Амендолара вчера, а полицијата уапси двајца осомничени, двајцата Пакистанци. Три од жртвите се авганистански државјани, а четвртиот е од Пакистан. Единствениот преживеан, Авганистанец кој избегал кршејќи прозорец, е клучен сведок во истрагата фокусирана на конфликти околу земјоделски работни места, објавија италијанските медиуми. Пожарот избувнал вчера околу 13 часот во ...
Пораките на Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и најновиот извештај на Вајц усвоен од Европскиот парламент се две силни потврди за она што СДСМ го говори со месеци, велат од опозициската партија. Мицкоски, додаваат од таму, ги лаже граѓаните за европската иднина на Македонија, неговата криминална Влада не испорачува никакви реформи. „Кошта јасно и недвосмислено порача дека уставните измени се единствениот услов за формално ...
Ибрахима Конате (27), како слободен играч го напушти Ливерпул, потпиша четиригодишен договор со Реал. Трансферот, кој лично го реализирал Флорентино Перез, ќе биде потврден по претседателските избори во клубот. Конате, чија вредност е проценета од „Трансфермаркт“ на 45 милиони евра, по пет години реши да го напушти „Енфилд“. Тој им се придружи на „Црвените“ во летото 2021 година од Лајпциг со надомест од 40 милиони евра. Оттогаш, тој стана ...
Дуа Липа се омажи за Калум Тарнер на интимна церемонија во Лондон, што всушност беше само претходница за голема прослава на Сицилија. Пејачката Дуа Липа му рече „да“ на својот избраник, актерот Калум Тарнер, и како и обично, секогаш кога станува збор за неа, прашањето за модата е главна тема, што дури успеа да ја засени и самата свадба. Судејќи според нејзините објави, се очекуваше Дуа да биде контроверзна и доста провокативна, но сепак, ...
Американската воена операција во Иран наречена „Епски бес“ е завршена, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио. Зборувајќи пред Комитетот за надворешни работи на американскиот Сенат, Рубио реагираше на размената на оган меѓу силите на Соединетите Американски Држави и Иран во последните неколку часа, велејќи дека станува збор за „одбранбени даноци“ од американска страна, објавува „NBC News“. „Она што го гледате во извештаите, ...
„Посетата на Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, претставува значајна потврда дека Република Македонија успешно ја спроведува реформската агенда и испорачува конкретни резултати во процесот на европска интеграција“, велат од ЗНАМ. Движењето ЗНАМ за Наша Македонија ја поздравува пораката што произлегува од оваа посета, „дека реформите се препознаени, а напредокот на државата е видлив и признаен од европските институции“. „Тоа е ...
Филипче да престане да работи против македонските национални интереси. Венко Филипче не ги брани македонските позиции и македонските интереси, туку упорно ја застапува агендата која целосно им одговара на официјална Софија и на бугарските интереси, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „И покрај тоа што Македонија се соочува со постојани негирања на својот национален идентитет, јазик и историја, Филипче секојдневно настапува како портпарол на политиките на ...
„Градежништвото останува еден од најсилните двигатели на домашната економија, што јасно го потврдуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика за првиот квартал од 2026 година. Според државната статистика, градежниот сектор во првото тромесечје од оваа година бележи раст од 7,2 проценти во споредба со истиот период минатата година“, соопшти министерот за транспорт Александар Николоски. „Овие бројки претставуваат силен показател ...