Американскиот претседател Доналд Трамп призна дека го нарекол израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху луд во телефонски разговор. Во интервју емитувано денес, Трамп одговори на прашањето дали го нарекол долгогодишниот израелски лидер „едноставно луд“ и го обвини за неблагодарност, што претходно го објави порталот „Аксиос“. „Го направив тоа. Не би рекол дека бев лут. Бев малку вознемирен од неговите постојани конфликти со Либан, знаете“, рече ...

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков денес изјави дека Русија, како одговор на заканите за нејзиниот територијален интегритет, може да одговори на агресорот со употреба на нуклеарно оружје во најлош случај. Рјабков, на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург (СПИЕФ), рече дека ова би било најлошото можно сценарио за обид за закана на руска територија, пренесува ТАСС. „Што се однесува до нас, хипотетичките ...

Италијанската престолнина денес беше погодена од бура со обилни врнежи од дожд, а се појави и торнадо кое собори дрвја и тезги на пазарот во Рим. Обилните дождови доведоа до прелевање на атмосферската канализација и поплави во населбите Номентано, Саларио и Париоли, каде што сообраќајот беше запрен бидејќи нивото на водата речиси ги покри автомобилите, јавува „АНСА“. Многу други делови од Италија денес беа погодени од обилни дождови кои ...

Од денеска родителите и децата од Кавадарци и Вардарскиот регион ќе може да се обратат за бесплатна поддршка и советување во канцеларијата на СОС Детско село во Кавадарци. Свеченото отворање на просториите е дел од проектот „Право на семејство II -Подобрување на пристапноста, достапноста и квалитетот на згрижувањето и услугите во заедницата во Албанија, Ерменија, Белорусија, Северна Македонија и Украина“, кој има за цел да придонесе кон ...

Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денес присуствуваше на генералната проба на децата од општина Кисела Вода кои ќе бидат дел од „Киселко“, првиот детски фестивал во организација на општината. Настанот ќе се одржи на 6 јуни со почеток во 13 часот, во Домот на култура „Билјана Беличанец“, каде што премиерно ќе прозвучат 13 нови детски песнички. Со овој настан, Општина Кисела Вода отвора ново поглавје во културниот живот, сакајќи да ...

Во рамки на конференцијата „ReSPA Open Days“, која се одржа во Кишинев, Република Молдавија, делегација од Министерството за јавна администрација зема активно учество на панел дискусиите посветени на улогата на ReSPA во поддршката на реформите во јавната администрација во земјите од Западен Балкан, при што ги претставија и клучните приоритети и достигнувања на македонската реформска агенда. Во своите излагања, претставниците на ...

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), изрече драконска казна за Фудбалскиот клуб Шкендија, поради случувањата во финалето на Купот, кое тимот од Тетово го загуби од Силекс со 0:1. ФФМ парично ја казни Шкендија со 105.000 евра и ја исфрли од натпреварите во купот за следната сезона. Дисциплинската комисија при ФФМ донесе одлука со која ФК Шкендија се казнува со парична казна во висина од 15.000 евра поради ...

На две лица им се пресадени органи од донор, соопшти Министерството за здравство. „Во градите на 52-годишен пациент, кој од 2021 година со нетрпение и верба чекаше на националната листа за трансплантација – од денес чука ново срце. Симбол на нов живот, нов почеток и неизмерна благодарност. Истовремено, 23-годишно момче доби бубрег и со него, шанса за поквалитетен живот. Донирани се и коскени ткива, уште еден исклучителен дар, кој ќе помогне ...

Душан Влаховиќ ќе го напушти Јувентус кога ќе му истече договорот на последниот ден од јуни. Како што објави Џанлука Ди Марцио, ова е епилогот од денешниот состанок меѓу Душан Влаховиќ и неговиот татко Милош од една страна и раководството на Јувентус од друга страна. На состанокот одржан во спортскиот центар Ковинас, двете страни не постигнале никаков договор. Нов состанок нема да има. Српскиот централен напаѓач ќе го напушти клубот по ...

Претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта, јасно и недвосмислено кажа дека уставните измени се единствениот пат да се продолжи со европскиот пат на земјава и како што кажа ништо повеќе. Вистината излезе на виделина, нема дополнителни гаранции, нема дополнителни услови, постојат само уставни измени, се друго е само измислица и само една кампања. Христијан Мицкоски и ВМРО дојдоа на власт со лаги. Ветуваа подобрување на нашата ...

Постапувајќи по кривична пријава поднесена од Управата за финансиска полиција, предметен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица – поранешни директор и помошник директор на Царинската управа, управител на правен субјект и вработен во истиот субјект. На осомничените им се ставаат на товар кривичните дела Злоупотреба на ...

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.А.(58) од с.Брвеница, тетовско. Тој се сомничи за сторено кривично дело „полово вознемирување’’. Имено во декември 2024 година, во комбе со кое вршел превоз на патници, во момент кога немало никој друг во комбето, пријавениот извршил полови дејствија врз 15-годишна малолетничка од тетовско. СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.А.(58) од с.Брвеница, тетовско. Тој се сомничи за сторено ...

Катерина Костадинова, советник во Општина Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, на денешната прес-конференција рече дека СДС и Герасимовски спроведуваат легален рекет на центарци. Преку новите поскапувања на паркингот за жителите на Центар, според неa, тие направија граѓаните да бидат тугинци во своите маала, во сопствените домови. „Имено, според новиот правилник на ПОЦ, веќе не е важно колку автомобили поседува една личност, туку ...

Осврнувајќи се на најновите резултати објавени од Државниот завод за статистика, кои се однесуваат на растот на Бруто-домашниот производ, премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција истакна дека бројките покажуваат дека растот на БДП повторно е меѓу првите пет во Европа, како процент од бруто домашниот производ, што, според него, претставува исклучителен резултат. „Сакам да нагласам дека сум целосно свесен за сложеноста на ...

Светското првенство во фудбал во 2026 година во САД, Мексико и Канада започнува на 11 јуни,, а ќе заврши на 19 јули. Според студијата на бразилскиот весник „О Глобо“, која анализирала податоци за 1.248 поканети играчи, Манчестер Сити е на врвот на листата на клубови со најмногу претставници на турнирот. Победникот на два англиски купа испраќа дури 19 играчи од 12 различни национални селекции на првенството. Со ова, Сити го врати рекордот ...

Седумдесет и четиригодишна жена е тешко повредена во сообраќајка во Кочани откако во неа удрил мотоцикл. Според информациите на МВР, вчера во 11:00 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на ул.„Тодосија Паунов“ во Кочани, мотоцикл „хамачи“ со кочански регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од с.Грдовци, кочанско, удрил во 74-годишната П.Л. од Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила П.Л., а со телесни повреди се здобил ...

Жител на Дебар изградил објект без решение за градба на државно земјиште вредно скоро четири милиони денари. Според информациите на МВР, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Г.И.(64) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Во текот на 2026 година на катастарска парцела на место викано „Шпиље“, која е во државна сопственост, ...

Шест лица се пренесени во болница по пожар во средно училиште во Гостивар. Според информациите на МВР, вчера во СВР Тетово е пријавено дека околу 09:50 часот во Државно средно стручно училиште „Моша Пијаде“ во Тетово настанал пожар на една кабина во машки тоалет. Пожарот бил изгаснат од вработените со противпожарни апарати и хидранти. При гасењето, поради вдишување на чад, вработените Н.Р., И.П., М.С., А.З., Б.К. и Г.М. се пренесени во ...

Од Платформата за родова еднаквост реагираат на последните две судските одлуки кои, како што истакнуваат од таму, испраќаат опасна и нечовечна порака до жените жртви на насилство: ако системот не ве заштити, ќе ве казни кога ќе се обидете да преживеете. Во првиот случај, постетуваат, жена од Кратово, за која во текот на судската постапка беа презентирани наоди дека повеќе од десет години била изложена на континуирано физичко и психичко ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Иран се согласил да се откаже од својата програма за нуклеарно оружје. Говорејќи како гостин во подкастот „Pod Force One“ на „Њујорк пост“, Трамп тврди дека веќе е постигнат договор, пишува „Скај њуз“. „Не можеме да им дозволиме да имаат нуклеарно оружје. Тие веќе се согласија да не го имаат. Тоа е голема работа“, рече Трамп. Претседателот на САД ги отфрли тврдењата дека Иран има предност во ...

Во рамките на официјалната посета на Словачката Република, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Братислава ја посети мултимедијалната изложба „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“, посветена на духовното и културното наследство на светите браќа Кирил и Методиј и словенската писменост. Кураторот на изложбата, Кирил Пенушлиски, ги претстави делата на македонските уметници Александра Костадиновска, Ана ...

Сите 48 репрезентации ги објавија своите конечни списоци од 26 (или во ретки случаи 25) играчи кои патуваат на претстојното Светско првенство. Затоа, ова е вистинско време да се споредат голем број статистики, а една од најинтересните секогаш се однесува на вредностите на играчите. Според Transfermarkt, најпопуларната платформа за проценка на вредноста на играчите, листата ја предводи Франција со вкупна вредност што надминува 1,5 милијарди ...

Поранешниот потпретседател на СДС и поранешен директор на Царина, како и поранешен градоначалник на Карпош, Стефан Богоев е уапсен поради сомнение за местење на тендери за надворешно одржување хигиена на гранични премини и терминали, кажа на прес-конференција Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. На сајтот на јавни набавки се гледаат, вели тој, неколку тендери за оваа намена на кои потпис ставил Богоев. Повеќето, како што рече, ги добиле ...

Екипите на Јавното претпријатие „Улици и патишта“ – Скопје на 7 јуни, недела, со почеток во 08 часот ќе изведуваат активности за монтажа на нови семафори на булеварот „Александар Македонски“, на пешачкиот премин кај бензиската станица „Макпетрол“. На истоимениот пешачки премин ќе бидат воведени и нови светлосни сигнали, кои од неодамна беа оштетени од сообраќајна незгода. „Првата фаза на изведба на портална греда ќе биде од страната на влез ...

Манчестер Јунајтед го потврди заминувањето на данскиот напаѓач Расмус Хојлунд, кој се сели трајно во Наполи по едногодишна позајмица. Хојлунд пристигна на „Олд Трафорд“ во 2023 година од Аталанта за 83 милиони евра, но не успеа да ги оправда високите очекувања во англискиот клуб. Данецот не успеа да се наметне во Манчестер и падна во втор план под тренерот Рубен Аморим. Неговите услуги не му се потребни ниту на новиот тренер, Мајкл Карик, ...

Министерството за животна средина и просторно планирање останува доследно на определбата за поголема транспарентност и навремено информирање на јавноста за состојбите во животната средина, информираат од таму. Како што појаснуваат, редовното објавување на информациите за извршените инспекциски надзори претставува важен инструмент за информирање на граѓаните и за јакнење на довербата во институциите. „Оттука, неделните извештаи на Државниот ...

Специјалниот бугарски пратеник во Македонија, Венко Филипче, треба веднаш да престане со водење на потчинета политика, односно политика која одговара на Бугарија, а штети на Македонија во нашиот билатерален спор, кажа на прес-конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Од Бугарија, вели тој, се радуваат кога гледаат дека во Македонија има мала група на политичари, како што се СДС предводени токму од Венко Филипче, кои за ...

По повеќе од две децении во центарот на вниманието, Дејвид Бекам ќе добие голема чест – ѕвезда на Холивудската патека на славните. Поранешниот фудбалер ќе ја добие својата ѕвезда следната недела, а неговата сопруга Викторија Бекам ќе игра посебна улога на церемонијата, пишува Hello!. На 51-годишниот Бекам ќе му биде врачена ѕвездата на церемонија на Холивуд булевар на 12 јуни. Неговата сопруга Викторија, поранешна членка на Spice Girls и ...

Фото: Наградениот цртеж на Томо Поповски (12), Скопје: „Луѓе обединети низ различни култури кои се грижат за Земјата за здрава, одржлива храна и подобра заедничка иднина“. Дванаесетгодишниот Томо Поповски од Скопје е избран за еден од победниците на глобалниот ликовен конкурс по повод Светскиот ден на храната 2025, организиран од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), што претставува четврти пат млад уметник од ...

Новата унгарска влада го укина двегодишното замрзнување на средствата за оружје испорачано во Украина, дозволувајќи ѝ на Европската унија да ослободи 6,6 милијарди евра. Овој потег означува значаен пресврт во надворешната политика на Будимпешта откако претходната администрација на Виктор Орбан, користејќи го правилото за едногласност, го блокираше Европскиот мировен фонд (EPF) и создаде застој на плаќања што надминуваат 40 милијарди евра, ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
2.04
29%
1013
weather icon

Белград

33ᴼ / 30ᴼ
3.56
43%
1009
weather icon

Загреб

31ᴼ / 31ᴼ
5.23
42%
1009
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
2.33
38%
1013
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
3.02
32%
1011
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
3.58
55%
1009
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
4.02
53%
1014
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.94
48%
1015
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
3.43
40%
1014
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
3.58
38%
1010
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
1.79
79%
1010
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
1.08
56%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Паладиум

40767.15

Родиум

257205.97

Рутениум

48965.59

Сребро

2186.28

Бакар

13.01

Злато

135639.33

Цинк

0.00

Алуминиум

3.54

Калај

53.60

Платина

55170.68

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39