Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, денес изјави дека разузнавачките информации покажуваат дека блокадата на САД му нанесува голема штета на Иран. Иако САД ги суспендираа повеќето од своите клучни борбени операции поради примирјето со Иран, американските сили продолжуваат да го блокираат пристапот до иранските пристаништа во Персискиот Залив, објавува „Скај њуз“. „Воведовме блокада. Тие не беа во можност да внесат ништо во или надвор ...
Оман ќе се однесува како сите други или ќе мора да ги дигнеме во воздух, изјави денес претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, коментирајќи ги извештаите дека Иран и Оман постигнале договор за заедничка контрола на Ормускиот теснец. „Теснецот ќе биде отворен за сите. Никој нема да го контролира. Ние ќе го следиме. Но, никој нема да го контролира“, рече Трамп и додаде дека нема да прифати договор меѓу Иран и Оман за ...
Албанија ќе направи сè што е потребно за да стане членка на ЕУ, дури и ако цената на пристапувањето кон Унијата е привремено суспендирање на нашето право на вето за време на пробен период, изјави албанскиот премиер Еди Рама на средбата со комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос. „Ја поддржувам експанзијата и креативните и иновативните решенија затоа што Европа има војна што треба да ја води на своја почва“, рече Рама на средбата со Марта ...
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, вечерва ги прими и се обрати пред учесниците на 4. Форум за културна дипломатија Скопје 2026, којшто се одржува на тема „Од крстопати кон поврзувања: Културната дипломатија и иднината на глобалниот дијалог“. Според неа, во свет на конфликти, културната дипломатија успева да создаде многу потрајни и подлабоки мостови отколку конвенционалната, традиционална дипломатија. Таа оцени дека културата е ...
Силно невреме проследено со силни ветрови ги погоди источните делови на Словенија попладнево, а нови системи на бури се формираат над западните и централните делови на земјата и се движат кон југоисток. Бурата веќе предизвика штети, при што ветерот корнеше покриви и дрвја, што ги остави пожарникарите со полни раце работа. На некои места падна и град со големина на орев, кој дополнително ги оштети покривите, пишува „N1 Словенија“. Во ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Шангај изјави дека српската армија денес е многу посилна, и дека се очекуваат дополнителни засилувања од Франција, Русија, Израел и Кина. Вучиќ за РТС изјави дека сите знаат дека Србија не ја зајакнува својата армија затоа што има какви било агресивни намери кон некого, туку за да ја брани земјата, нагласувајќи дека Србија е воено неутрална земја. На прашањето дали за време на разговорите со ...
Поранешниот полски премиер Лешек Милер остро ја критикуваше одлуката на Володимир Зеленски да ѝ го додели на елитна единица на украинските вооружени сили почесното име „Херој на УПА“, оценувајќи дека Киев намерно ги навредил Полјаците и удрил во споменот на жртвите од масакрот во Волин. Со Уредба бр. 440/2026, Зеленски му го додели посебното име „Херој на УПА“ на Центарот за специјални операции „Север“ на Силите за специјални операции на ...
Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, изјави дека, во контекст на американските напади врз Иран, тој постојано ја преиспитува нивната оправданост и морална основа, нагласувајќи дека е обврзан да го стори тоа според христијанското разбирање на праведна војна. „Се прашувам: Дали е ова оправдано, дали е ова морално, дали е ова правилно нешто што треба да се направи“, рече Венс во интервју за „NBC“, од кое делови беа објавени од „ABC“. Тој изјави ...
Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е отворен за преговори за иднината на Европа, но во време кога „Европејците созреваат“. „Сè сфаќаме сериозно. На еден или друг начин, потребно е да се разговара за идната структура на Европа. Ова е невозможно без учество на Европејците. Затоа преговорите ќе бидат неопходни на еден или друг начин“, рече Песков во интервју за каналот „Известија“. ...
Белата куќа соопшти дека извештаите на иранските медиуми за можен меморандум за разбирање за завршување на војната се „неточни и целосна измислица“. „Овој извештај на медиумите контролирани од Иран не е вистинит, а Меморандумот за разбирање што го објавија е целосна измислица. Никој не треба да верува во она што го објавуваат иранските државни медиуми. Фактите се важни“, беше објавено на официјалниот профил на Белата куќа на мрежата Икс. ...
Времето утре, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 23 до 32 степена. Во Скопје, променливо облачно со сончеви ...
Министерството за внатрешни работи информира дека со цел одржување на професионалниот стандард, дигнитетот на институцијата и меѓусебната почит, се воведува Кодекс за облекување за сите вработени и странки кои ги посетуваат просториите на Одделот за граѓански работи при Министерството за внатрешни работи. „Како институција која е постојан сервис на граѓаните, веруваме дека соодветното облекување придонесува кон подобра работна атмосфера и ...
Албанија ги исполни преодните критериуми во првиот кластер во преговорите за пристапување со Европската Унија, што европската комесарка за проширување Марта Кос го оцени како голем чекор на патот кон членство. „Албанија ги достигна преодните критериуми и ги поставивме конечните критериуми за основите, како што се независно судство и мерки против корупција. Ова е важна пресвртница бидејќи ѝ овозможува на Албанија да започне со затворање на ...
„Да не трошиме време и пари на граѓаните. Ние сме за ЕУ и тоа е наша стратешка ориентација, што и го правиме на дело. Впрочем, укинувањето на оценската мисија од Советот на ЕУ, отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за европската ориентација на оваа Влада“, се нагласува во соопштението од оваа институција. Според Владата, како изгледа кога СДС се залага за референдум без гаранции за европската иднина, ...
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес го одбележа муслиманскиот празник Курбан Бајрам со остра критика кон израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, нарекувајќи го „тиранин“. Во изјава за медиумите по молитвата во џамијата „Чамлиџа“, Ердоган рече дека верува и дека „тиранинот познат како Нетанјаху“ ќе ја научи потребната лекција од муслиманите ширум светот, објави „Анадолија“. Вчера, Ердоган разговараше по телефон со претседателот на ...
Иранската државна телевизија соопшти дека Техеран добил нацрт на почетна, неофицијална рамка за меморандум за разбирање со Соединетите Американски Држави за завршување на нивниот конфликт. Според рамката, Иран ќе го врати комерцијалниот превоз низ Ормускиот теснец на нивоата пред војната во рок од еден месец, додека Соединетите Американски Држави ќе ги повлечат своите воени сили од близина на Иран и ќе ја укинат поморската блокада. Државната ...
Односите меѓу Европа и Соединетите Американски Држави нема да бидат исти дури ни по завршувањето на мандатот на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави холандскиот премиер Роб Јетен, пренесува холандскиот портал „Nu.nl“. „Би било наивно да се мисли дека со доаѓањето на нов претседател во Америка, ќе се вратиме на она што беше претходно“, рече Јетен. Холандскиот премиер оцени дека Соединетите Американски Држави постојано им ставале до ...
Министерството за внатрешни работи информира дека е донесен нов Правилник со кој се уредува задолжителната четиричасовна теоретска обука за управување со мотоцикл до 125 cm³ (категорија „А1“ со автоматски менувач, до 11 kW). „Напоменуваме дека не смее да се управува со мотоцикл до 125 см3 доколку не се помине теоретската обука и да се обезбеди потврда од автошкола. Обуката трае четири часа и опфаќа клучни теми за безбедноста: заштитна ...
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, испрати итно писмо до американскиот претседател, Доналд Трамп, во кое го предупредува за растечкиот недостаток на украински системи за воздушна одбрана, а особено на антибалистички одбранбени капацитети, пишува „Киев Индепендент“. Апелот доаѓа во време кога Русија ги засилува масовните воздушни напади врз Украина и јавно се заканува со нов бран напади со долг дострел врз Киев, вклучително и напади ...
По повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам, градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска денеска беше гостин во семејството Јетиш. Во топла, пријателска и празнична атмосфера, таа им го честиташе празникот и им посака здравје и бериќет, негувајќи ги традициите на меѓусебно почитување и соживот меѓу сограѓаните. Од општината велат дека бидејќи вистинската суштина на овој празник лежи во солидарноста и грижата за ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, присуствуваше на свеченото одбележување на денот на полуматурата и матурата на децата од ЈУ Детски дом „11 Октомври“ – Скопје, каде заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, беа дел од овој значаен ден за децата и младите од домот. На настанот присуствуваа и претседателот на Здружението на пензионери на ...
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, оствари работна средба со претседателот на Стопанската комора на Република Северна Македонија, Бранко Азески, на која се разговараше за унапредување на соработката помеѓу министерството и Комората, со посебен акцент на тековните активности кои во моментот се спроведуваат во делот на локалниот економски развој и инфраструктурните инвестиции кои се можност за подобрувањето на условите за работа ...
Во рамките на отворениот ден за граѓаните, утре, 28 мај, со почеток во 12:00 часот, на градскиот стадион во Штип, претседателката и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, придружувана од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, ќе ја посети презентацијата на воена опрема, возила и способности на единиците на Армијата. „На настанот кој е организиран по повод успешно реализираната вежба ...
Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници дека крајниот рок за проверка и потврда на Годишната даночна пријава за 2025 година истекува на 31 мај. Со оглед дека станува збор за неработен ден (недела), рокот за потврдување на годишната даночна пријава е 01 јуни. Ова значи дека граѓаните кои оствариле приходи во 2025 година треба најдоцна до 01 јуни 2026 година да извршат увид во своите даночни пријави преку системот „е-Даночни ...
Селекторот на аргентинската репрезентација, Лионел Скалони, призна дека капитенот Лионел Меси нема да биде целосно подготвен кога ќе му се приклучи на тимот за да ја одбрани титулата на Светското првенство во 2026 година. Ѕвездата на Интер Мајами го повреди тетивата на својот последен настап во МЛС, предизвикувајќи загриженост кај навивачите на Аргентина само неколку недели пред почетокот на турнирот во Северна Америка. Осумкратниот ...
Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје објави конкурс за запишување студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана и на Армијата на Република Северна Македонија и студенти за потребите за управување со кризи и заштита и спасување на прв циклус студии во учебната 2026/2027 година. Министерството за одбрана упатува повик до сите млади лица кои сакаат своето образование и работна кариера да ја продолжат како идни ...
Роамингот за Македонците кои ќе патуваат во земјите од Европската Унија најрано може да се укине од први јануари следната година. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вели земјава ги завршила сите подготовки па сега целиот процес зависи само од Европската Унија. „Ние сме подготвени кон тоа да влеземе веднаш, но роковите ќе зависат од Европската Унија. Едно оптимистичко сценарио е дека до крајот на годината би ја имале ...
Сојузот на здруженија на лица со дијабетес денес до Министерство за здравство и Фондот за здравство достави ново барање за итно зголемување на термините и подобра достапност до специјалистички прегледи. Од таму велат дека околу 40% од пацинетите не се во можност да извршат регуларни навремени прегледи за состојбата со дијабетесот и можни компликации од дијабетес. „Сојузот на здруженија на лица со дијабетес на Македонија, како заеднички ...
Еден од најголемите светски тенори на сите времиња, Хозе Карерас, ќе настапи во Скопје на 1 септември, на голем музички настан заедно со Влатко Стефановски, Каролина Гочева, Калиопи, Ана Дурловски, Игор Дурловски, Наум Петрески и Сузана Спасовска, во придружба на Македонската филхармонија, најавија од Авалон продукција. Настанот ќе се одржи на Плоштад „Македонија“ и ќе биде бесплатен и отворен за сите граѓани, како дел од програмата за ...
Скопјанец пријавил во полиција дека бил нападнат и ограбен додека возел велосипед на подрачје на Општина Аеродром. Според информациите на МВР, вчера во СВР Скопје, Б.А.(39) од Скопје пријавил дека на подрачјето на општина Аеродром, додека управувал велосипед, едно лице физички го нападнало со тврд предмет и му го одзело ранецот со пари и лични предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Скопјанец пријавил во полиција дека бил ...