Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Министерот за дигитална трансформација е дел од Владината делегација на Стратешкиот дијалог помеѓу Македонија и Соединетите Американски Држави во Вашингтон. Според Андоновски, ова претставува значаен чекор во унапредување на билатералната соработка, со посебен фокус на дигиталната трансформација и сајбер-безбедноста. Во рамки на дијалогот, Андоновски ја предводи сесијата која ќе се однесува на дополнително зајакнување на партнерството во ...
Снимки и фотографии од ирански државни медиуми, како што се наведува, прикажуваат луѓе кои протестираат пред електрани и мостови во земјата. Иранскиот функционер Алиреза Рахими претходно ги повика граѓаните, особено младите, да формираат „живи штитови“ околу електрани по заканите од американскиот претседател Доналд Трамп за нови напади врз инфраструктурата по истекот на ултиматумот. Рахими, претставен како секретар на Врховниот совет за ...
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, изјави дека на денешната седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, наместо сериозна и суштинска дебата за Националната стратегија за превенција и заштита од насилство врз жените, се случил „обид за евтин политички перформанс“. Според Пешевска, темата бара одговорност, зрелост и фокус, но наместо тоа, дел од колешките од опозицијата, кои како што наведува ретко учествуваат во ...
Министерот за здравство, Азир Алиу, им го честита 7 Април – Светскиот ден на здравјето на сите здравствени работници, на денешното традиционално свечено одбележување, во организација на Македонското лекарско друштво. -Годинешното мото „Науката ја прави здравствената заштита подостапна“ јасно говори дека научниот пристап во здравството претставува клучен двигател на иновации, напредок и унапредување на квалитетот на здравствените услуги. ...
Левица поднесе Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за одбрана, кој утре е на дневен ред на собраниска седница, информираат од оваа партија. Со предложените измени, појаснуваат, се воведува јасна рамка за учеството на Армијата надвор од територијата на државата да биде дозволено исклучиво во мисии одобрени од Советот за безбедност на Обединетите нации. „Со ова се елиминира можноста македонскиот војник да биде испраќан во ...
По спроведена темелна истражна постапка, јавен обвинител од ОЈО ГОКК до Основниот кривичен суд Скопје достави Обвинителен акт против 10 лица и Обвинителен предлог против уште 11 физички и 4 правни лица. Со Обвинителниот акт сите десет лица се обвинети за сторено кривично дело Злосторничко здружување, на тројцата организатори им се ставаат на товар дека сториле продолжено кривично дело Даночно затајување и кривично дело – Перење пари и други ...
Денес се случи пукање пред зградата каде што се наоѓа израелскиот конзулат во Истанбул и, според првичните информации, три лица се „неутрализирани“, а двајца осомничени се убиени. „Три лица се неутрализирани, а двајца осомничени се убиени. Двајца полицајци се повредени во пукањето“, објави Полициската управа во Истанбул, пренесува „Хуриет“. Според „НТВ“, пукањето во Бешикташ, делот од градот каде што се наоѓа конзулатот, траело околу пет ...
Тензиите меѓу САД и Иран ескалираа со размена на остри закани. Американскиот претседател се закани дека ќе ја нападне иранската инфраструктура, додека Иранската револуционерна гарда изјави дека нема да се двоуми да возврати. Американскиот претседател изјави дека ако Иран не се согласи да го отвори Ормускиот теснец, ќе нареди напади врз иранските електрани и мостови во рок од неколку часа. Од друга страна, иранските државни медиуми објавија ...
Американскиот „New York Times“ го потврди она што го говори СДСМ. Пријателот на Мицкоски – Орбан е скриена рака на Русија во Европа и во НАТО и дека руски структури и дезинформациски мрежи активно се вклучуваат во политичките процеси во Унгарија, со цел да го одржат Орбан на власт, кажа на прес-конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска. „Таква е последната лажна операциа (false-flag) случајот со лажните вести за „експлозиви во ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска на седница на Советот одговарајќи на советничко прашање посочи дека во изминатите неколку години наплатата на даноците била на многу ниско ниво, што довело до сериозни финансиски предизвици и последици. Тој информираше дека во текот на минатата година биле наплатени околу една милијарда денари по основ на даноци, при што дури 70 проценти од средствата се собрани во месеците по ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата платформа Truth Social порака за рокот што му го даде на Иран за повторно отворање на Ормускиот теснец. Во објава за време на викендот, Трамп му даде рок на Техеран до 1 часот наутро во среда по британско време. „Цела цивилизација ќе умре вечерва и никогаш нема да се врати“, рече тој. „Цела цивилизација ќе умре вечерва и никогаш нема да се врати. Не сакам тоа да се случи, но ...
42-годишен маж вчера во 13:00 часот во СВР Скопје 42 пријавил дека околу 08:20 часот на своето работно место како контролор на ЈСП за наплати и билети, во два наврати бил физички нападнат од О.А.(61) и од две други лица. Според пријавеното, тој го затекнал О.А. без билет, кој веднаш почнал да му се заканува, го извлекол од автобусот и физички го нападнал. Како што е пријавено, тој успеал да влезе во друг автобус, но на друга постојка ...
Ракометниот клуб Пелистер, на социјалните мрежи, го потврди трансферот на Мартин Серафимов. Македонскиот репрезентативец со клубот од Битола потпиша две годишен договор. Серафимов, во Пелистер доаѓа од редовите на Алкалоид, каде што играше во изминатите две сезони. Договорот ќе стави во сила по завршувањето на сезоната. „Нашиот клуб секогаш бил асоцијација за македонската репрезентација и во секој успех вградил многу свои членови и ...
Полициски службеници од ОВР Гостивар вчера во содејство со градежни инспектори од општина Гостивар, извршија увид во с.Форино, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на државно земјиште“ и „бесправно градење“. При контролата, констатирано е дека на местото викано „Рудина“ е започната градба на објект без соодветна документација на земјиште во државна сопственост, а инвеститор е Ш.С.(39) од ...
Вчера во 15:25 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Куманово, товарно возило „фолксваген транспортер“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Љ.Д.(34) од Куманово, удрило во 14-годишно девојче од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Општа болница Куманово. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово. ...
Во СВР Скопје вчера во 11:00 часот било пријавено дека во градски автобус на крстосница од ул.„Васил Ѓоргов“ и ул.„Франклин Рузвелт“ во Скопје, паднала 84-годишната патничка Е.Д. од Скопје. Жената се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. Во СВР Скопје вчера во 11:00 часот било пријавено дека во градски автобус на крстосница од ...
Вчера во 15:10 часот во СВР Тетово, 33-годишен маж од Тетово пријави дека бил измамен од С.Ѓ. од Охрид, вработена во приватна фирма за консталтинг. Според пријавеното, кон крајот на 2024 година стапил во контакт со пријавената за посредување за добивање германска работна виза, при што на 01.11.2024 на сметката на фирмата уплатил 24.520 денари. Како што е пријавено, иако му било ветено дека визата ќе биде готова во рок од три месеци, до ...
Апелационен суд Скопје ја укина првостепената пресуда против Лидија Димова, поранешна директорка на Еразмус, и предметот го врати на повторно судење пред Основниот кривичен суд Скопје. Од Судот наведуваат дека во првостепената пресуда нејасно е за кои дејствија е винова Димова, а за кои дејствија е ослободена. „Апелациониот суд Скопје информира дека, по одржана јавна седница на 11.03.2026 година, донесе одлука со која ги уважи жалбите на ...
Кошаркарот на Фенербахче и поранешен француски репрезентативец, Нандо де Коло, изјави дека ќе ја заврши кариерата на крајот од сезоната. „Не реков дека ќе се пензионирам ако ја освојам Евролигата со Фенербахче. Но, да бидам целосно искрен, ова ќе ми биде последна сезона. Размислувам за тоа веќе некое време. Од почетокот на сезоната имав идеја дека ова може да ми биде последна година“, изјави Де Коло за францускиот „Бебаскет“. Францускиот ...
Иранската новинска агенција „Мехр“ денес објави дека важниот остров Харг е погоден во неколку напади. Тој е една од најчувствителните цели во Иран бидејќи Харг е главен центар за извоз на нафта во Иран. Важноста на Харг за Иран е голема. Според Британика, речиси целиот извоз на нафта од Иран поминува низ островот, додека пазарните аналитичари во Аргус наведуваат дека околу 92 проценти од извозот на сурова нафта од Иран бил испратен од Харг ...
Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето денес изјави дека светот се соочува со „најтешката криза досега“ и предупреди дека нуклеарната закана и ескалацијата на конфликтот претставуваат ризик што тој го опишува како „лудило“. Крозето истакна дека ситуацијата во Иран и Украина ги покажува слабостите на мултилатерализмот и недостатокот на учење од минатите конфликти, вклучувајќи ги Хирошима и Нагасаки, пишува „Кориере дела Сера“. „Се ...
Словачкиот премиер Роберт Фицо денес изјави дека Словачка ќе се соочи со „исклучително сериозни меѓународни предизвици“ во наредниот период и дека Русија во моментов најмногу профитира од „намерно штетните украински дејствија и бесмислената војна на САД и Израел против Иран“ преку зголемувањето на цените на енергијата. Во видео порака на социјалните мрежи, Фицо оцени дека САД ја губат контролата врз војната во Иран, додека ситуацијата со ...
Светската атлетска федерација објави дека планира да го започне Светското првенство во маратон од 2030 година и дека тоа ќе бара големи промени во календарот кога станува збор за трчање на долги патеки. Маратонот ќе остане составен дел од Светското првенство во 2027 и 2029 година, но од 2030 година ќе биде независен настан. Маратонот нема да се трча на Светското првенство во атлетика во 2031 година. Планот е Светското првенство во маратон ...
Општина Кисела Вода организира бесплатна проекција на филмот „Тетовирање“ во Драчево. Општина Кисела Вода, во соработка со Кинотеката на Македонија, организира бесплатна проекција на македонскиот филм „Тетовирање“ во режија на Столе Попов. Проекцијата ќе се одржи на 9 април 2026 година (четврток), во новото кино „Киноверзум“ во Драчево, со почеток во 19:00 часот. Влезот за сите посетители е бесплатен, но поради ограничениот капацитет, ...
Општина Карпош преку Одделението за детска, социјална и здравствена заштита и оваа година, традиционално, по триесет и четврти пат по ред, во рамките на хуманитарната акција, им подели повеќе од 140 хуманитарни пакети на граѓани и семејства кои се во социјален ризик. Станува збор, појаснуваат од таму, за пакети со прехранбени продукти (зејтин, брашно, ориз, конзервирани и кондиторски производи) и хигиенски производи кои беа донирани од ...
Владата на Христијан Мицкоски задоцни со мерки и носи само делумни решенија без ефект. Холистичкиот пристап на македонскиот Далај Лама нема ефект, секогаш кога ќе најави мерки цената на дизелот поскапува, изјави Јована Тренчевска – потпретседателка на СДСМ. „Мерките на СДСМ не се воведени до крај, а цената на оваа неспособност ја плаќаат граѓаните кои се соочуваат со нов ценовен шок токму пред велигденските празници. Поскапени се: лебот, ...
Арон Ремзи, еден од најважните фудбалери во историјата на велшката репрезентација и човек кој остави трага играјќи во Арсенал, одлучи да ја заврши својата професионална кариера. Овој 35-годишен фудбалер ја завршува својата кариера како играч на фудбалскиот клуб од Мексико, Пумас. . Рамзи беше еден од клучните фудбалери во репрезентацијата на Европското првенство во 2016 година кога Велс играше во полуфиналето и кога беше избран во иделниот ...
Ирачката државна компанија за трговија со нафта SOMO ги информираше производителите на нафта дека сите терминали за товарење се оперативни и дека може да товари нафта без ограничувања според договорот, откако Техеран официјално го ослободи Ирак од сите ограничувања за премин низ Ормутскиот теснец. Иран го вклучи Ирак на списокот на „пријателски“ земји чии бродови имаат дозвола да поминуваат низ теснецот, заедно со Кина, Русија, Индија и ...
Јавниот обвинител Ненад Савески денеска оствари работна средба со Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски. На средбата беа разменети мислења и информации за состојбите во правосудниот систем и владеењето на правото, како и за улогата и одговорностите на двете институции во насока на нивно унапредување и градење функционална правна држава. Соговорниците ја истакнаа важноста од обезбедување максимална независност и самостојност на ...
Започна целосната реконструкција на една од најзначајните улици во Мичурин – „Симеон Кавракиров“ во населбата Мичурин во Општина Аеродром. Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, извршија увид во стартот на градежните активности, со што официјално започна реализацијата на проект кој, според Митески, долго време беше неопходен и очекуван. „Оваа интервенција претставува значајна ...