Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
На прес-конференција на СДСМ, портпаролката и членка на ИО Богданка Кузеска упати серија обвинувања кон новиот јавен обвинител Ненад Савески, тврдејќи дека работи под влијание на премиерот Христијан Мицкоски. „Наместо независно, имаме партизирано судство и обвинителство под контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ. Правдата во Македонија е целосно погребана“, рече Кузеска. Според Кузеска, Савески „за 24 часа ги исполнил задачите“ што му биле ...
Во населбата Козле, во општина Карпош, наскоро ќе биде отворен Центар за дневен престој на лица со попреченост, соопшти Општината. Станува збор за простор кој ќе обезбеди стручна грижа, психосоцијална поддршка, социјализација и развој на животни вештини за корисниците. Проектот е резултат на соработка меѓу Здружението за здрав раст и развој „Неуроклиник“, Министерството за социјална политика, демографија и млади, Светска банка и Општина ...
Францускиот репрезентативец и играч на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, откри дека сакал да ја напушти репрезентацијата по Европското првенство 2020. Пред почетокот на Светското првенство, вниманието повторно е насочено кон Килијан Мбапе, главната ѕвезда на актуелниот вицешампион на светот. Иако е клучен играч за Франција, Мбапе откри дека по неуспехот на Европското првенство во 2020 година, сериозно размислувал за повлекување од ...
Просторот пред спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода забрзано се трансформира во прекрасно и модерно урбано катче. Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денеска изврши увид во завршните работи од изградбата на новиот сквер, кој се протега на површина од 4.535 квадратни метри. Овој проект се реализира со средства обезбедени од Владата, како дел од инвестициите за капитални проекти во општините. Со врши поплочување со травертин, се ...
Венеција повторно воведе влезница за еднодневни посетители, која изнесува 10 евра, пренесе германската агенција ДПА. За вкупно 60 датуми до крајот на јули, туристите кои доаѓаат без ноќевање ќе мора да платат за влез во градот. Доколку билетот се резервира најмалку три дена однапред, цената е 5 евра. Гостите кои преноќуваат се ослободени од оваа такса, но плаќаат туристички данок за секоја ноќ. Минатата година повеќе од 720.000 еднодневни ...
Недостатокот на гориво се прошири низ цела Франција откако возачите побрзаа да наполнат гориво кога беа воведени ограничувања на цените, што ги оптовари залихите на стотици бензински пумпи, според извештаите од Министерството за енергетика и медиумите. Министерството за енергетика во средата соопшти дека околу 900 бензински пумпи останале без барем еден вид гориво, вклучувајќи околу 700 управувани од енергетскиот гигант „TotalEnergy“, ...
Градоначалникот на Општина Центар ,Горан Герасимовски, одржа средба со претставници на Здружението на пензионери на Општина Центар, на која се разговараше за тековните и претстојните проекти, како и за поголемо вклучување на пензионерите во активностите што ги спроведува општината. На состанокот, градоначалникот ги повика пензионерите да ја искористат можноста за бесплатни здравствени прегледи и консултации со тим специјалисти, што ќе се ...
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, денес изјави дека конфликтот во Иран и регионот влијае на обезбедувањето здравствени услуги и безбедноста на здравствените работници, пациентите и цивилите присутни во здравствените установи. „Во последните денови, во иранската престолнина Техеран, за време на ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, се пријавени повеќекратни напади врз ...
Цените на станбените објекти во Хрватска во 2025 година пораснале во просек за 14,1% во однос на претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, пренесе Хина. Новите станови поскапеле за 13,1%, додека постојните за 14,3%. Регионално, цените во Загреб пораснале за 14,2%, на Јадранот за 11,8%, а на останатите подрачја најмногу – за 19,3%. Растот продолжил и во последниот квартал од 2025 година, кога цените на ...
Контејнерски брод во француска сопственост помина низ Ормускиот теснец, веројатно првиот познат премин на брод насочен кон Западна Европа откако војната во Иран речиси ја затвори клучната бродска линија, објави „Блумберг“. „CMA CGM Kribi“ исплови од водите на Дубаи кон Иран во четвртокот попладне по локално време, сигнализирајќи француска сопственост, покажаа податоците за следење на бродовите. The French‑linked container ship CMA CGM Kribi ...
Германскиот стручњак Јоаким Лев е фаворит да го преземе кормилото на фудбалската репрезентација на Гана. Гана го отпушти селекторот Ото Адо 72 дена пред почетокот на овогодинешното Светско првенство. Како што објавија медиумите во земјата на „црните ѕвезди“, по интензивните преговори во последните 24 часа, постигнат е договор со Лев. Ова воедно го означува враќањето на светскиот шампион со Германија во 2014 година, кој не работел никаде од ...
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека Европската унија се трансформира од економска во потенцијален воен сојуз, кој би бил изразито непријателски настроен кон Русија, пренесе РИА Новости. Според него, поради внатрешните противречности во НАТО, Брисел сериозно разгледува воспоставување сопствена воена компонента, што ја менува глобалната безбедносна слика. Медведев оцени дека Русија треба да ...
Подготовките за деценискиот план на Мицкоски за изолација на земјата и грабеж на граѓаните се во тек. Јавното обвинителство и судството се под контрола на власта, со подобни обивнители и судии блиски до Мицкоски, следува брутална партизација и на МВР, вели Александар Димитријевиќ од СДСМ. Според него, додека криминалот и корупцијата царуваат насекаде, скандали со 5 тони дрога кои водат до врвот на власта, во МВР, како што додава, се случува ...
Вкупно 48 фудбалски репрезентации се квалификуваа за овогодинешното Светско првенство, кое за прв пат се одржува во три земји: Мексико, Канада и САД. Светското првенство ќе се игра од 11 јуни до 19 јули. Откако беше комплетиран списокот на учесници, специјализираниот портал „Трансфермаркт“ ја објави пазарната вредност на сите селекции. На врвот на таа листа е Англија, чија вредност се проценува на 1,62 милијарди евра. Следува Франција со ...
Иран се закани дека ќе гаѓа енергетска инфраструктура и телекомуникациски компании во регионот поврзани со американски капитал, доколку САД продолжи со закани за напади врз иранските електрани, пренесе „Прес ТВ“. Портпаролот на иранската војска, Ебрахим Золфагари, изјави дека Техеран ќе одговори на секој таков потег и дека потенцијални цели може да бидат клучни сектори во земји од Блискиот Исток каде што работат компании со американски ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за време на велигденскиот ручек во Белата куќа дека не му е грижа какви се луѓето, сè додека се добри кон него. Трамп ја даде изјавата за време на поширокиот, неповрзан дел од своето обраќање во кој зборуваше за војната со Иран и тврдеше дека Соединетите Држави постигнале промена на режимот, иако Иран сè уште е управуван од истиот исламистички режим што постоел пред војната. Осврнувајќи се на ...
Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, денес изјави дека во НАТО и ЕУ се забележуваат кризни услови. „Гледаме кризни феномени во Северноатлантската алијанса и во Европската унија“, рече Лавров на средбата со генералниот секретар на Шангајската организација за соработка (ШОС) Нурлан Јермекбаев во Москва, пренесува РИА Новости. Лавров додаде дека Русија гледа обиди за ослабување на ШОС, но ќе направи сè што е можно за да ги ...
Гоце од Долно Лисиче е првиот жител кој доби Одобрение за градење со комплетно ослободени комуналии, извести општина Аеродром. „Овој момент не е само административен чекор – туку симбол на нов почеток, сигурност и поддршка за младите кои храбро чекорат кон својот прв дом. Советот на Општина Аеродром ја усвои оваа мерка на својата прва седница, испраќајќи јасна порака дека младите се срцето и иднината на нашата заедница. Сите млади до 35 ...
Вчера во 09:00 часот, во село Скудриње, општина Маврово и Ростуше, полициски службеници од ПО Ростуше ја лишија од слобода, 45-годишната А.А. од село Скудриње, врз основа на потерница по судска наредба за издржување казна затвор во траење од пет години и шест месеци, за сторено кривично дело по член 190 и член 45 од Кривичниот законик. Таа е спроведена во казнено- поправна установа за издржување на казната. Вчера во 09:00 часот, во село ...
Вчера во 17:48 часот во ОВР Берово е пријавено дека на регионалниот пат Берово- село Дабиље, на место викано „Ширината“, во атар на Берово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со беровски регистарски ознаки, управувано од 37-годишниот Ѓ.А. од Берово и патничко возило „шкода“ со беровски регистарски ознаки, управувано од 40-годишниот А.Г. од Берово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од ...
Француската влада планира значително зголемување на залихите на ракети и беспилотни летала според новиот закон за воено планирање, со цел да се зголемат одредени видови муниција и беспилотни летала за до 400 проценти до 2030 година, пренесува „Политико“. Француската влада треба да го претстави ажурираниот план на 8 април, а во центарот на новиот циклус на вооружување е проценката дека војните во Украина и Блискиот Исток покажаа сериозни ...
Откако Италија не успеа да се квалификува на Светското првенство трет пат по ред, се очекува селекторот на репрезентацијата, Џенаро Гатузо, да се повлече од клупата на националниот тим. Легендарниот Фабио Капело го повика да почека до следните два натпревари пред да донесе конечна одлука, нагласувајќи дека неуспехот е резултат на индивидуална грешка. Откако претседателот на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) Габриеле Гравина и шефот ...
Дуото составено од Бојан и Марија продолжува сигурно да чекори по својот музички пат со авторски македонски песни, а најновото остварување во нивниот репертоар е „Мажена“. Текстот и аранжманот се целосно дело на Бојан, додека музиката ја создадоа заедно со Марија. „Мажена“ носи скокотлива и шармантна приказна, раскажана низ духовит и лесен пристап, што ѝ дава посебен карактер на песната. За истата е снимен и видеоспот во Лондон, во ...
Бројот на загинатите во американско-израелскиот напад врз иранскиот мост Б1 во северниот град Карај се искачи на осум, а 95 лица се повредени, соопштија властите во покраината Алборз. Најновиот број на жртви е резултат на вториот американско-израелски напад врз мостот претходно во текот на денот, кој го уништи неговиот централен дел. Властите го опишаа мостот Б1 како „највисок на Блискиот Исток“. Striking civilian structures, including ...
Специјалниот претставник на претседателот на Руската Федерација за инвестиции и економска соработка со странски земји и директор на Рускиот фонд за директни инвестиции Кирил Дмитриев денес изјави дека Европската Унија не успеала да ги диверзифицира своите енергетски текови поради „русофобична идеологија“. „ЕУ, со 15 години задоцнување, сега предупредува дека не е подготвена за „продолжен енергетски шок“. Нејзината неспособност да ги ...
Патнички воз во Русија излета од шините а најмалку 24 лица се повредени меѓу кои и четири деца, објави гувернерот на Чељабинската област Алексеј Текслер. „Нема жртви. Според прелиминарните податоци, двајца патници имаат фрактури, едната фрактура на ногата, другата на клучната коска. Има 20 лица со модринки, меѓу кои и едно дете со повреда на ногата“, напиша тој на платформата MAX. Инцидентот се случил во 06:26 часот по московско време, во ...
Во услови на растечка нееднаквост, пад на животниот стандард и хронична институционална неефикасност, најновите податоци за инфлацијата јасно ја потврдуваат реалноста дека Македонија се движи кон сериозна економска нестабилност, оценуваат од Левица. Владата, според оваа партија, наместо реални мерки води фискална политика базирана на статистички манипулации и политички маркетинг, целосно оддалечена од вистинските проблеми на граѓаните. ...
Белгискиот голман Симон Мињоле објави дека ќе ја заврши својата професионална кариера на крајот од сезоната, во која го носеше дресот на Ливерпул шест години. Мињоле (38), кој игра за Клуб Бриж од 2019 година, ќе го игра последниот натпревар во својата кариера на 24 мај дома против Гент, во последното коло од плејофот на белгиската лига. „Конечниот резултат не е целосно во мои раце, но мојата посветеност, волја и решителност ќе бидат ...
Мароканскиот фудбалер Ашраф Хакими го прекина молчењето по драмата што се случи по финалето на Африканскиот куп на нации. Десниот бек се појави во подкастот „The Bridge“ заедно со Орелијан Чуамени и Килијан Мбапе, каде што за прв пат зборуваше за финалето, кое Сенегал го доби со 1:0, но два месеци подоцна титулата, Африканската конфедерација му ја додели на Мароко. Без оглед на методот, Хакими го прифаќа таквиот исход. „Многу сме среќни. ...
Во среда, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи Велигденски концерт на кој ќе биде изведено монументалното вокално-инструментално дело „Ѕвона“ од Сергеј Рахмањинов. Диригент е маестро Најден Тодоров (Бугарија), а како солисти ќе настапат Катерина Стојановска, сопран, Исмет Вејсели, тенор, Иван Наумовски, баритон/бас и хорот „ПроАрс“. На програмата е и симфониската поема „Прелудии“ од Франц Лист. Во летото ...