Министерството за надворешни работи на Црна Гора ги отфрли како неосновани и несоодветни изјавите на претседателот на Србија Александар Вучиќ, со кои Црна Гора се обвинува за водење хибридна војна против Србија и за наводно загрозување на нејзините интереси. Од министерството порачуваат дека Црна Гора е суверена држава која самостојно ги донесува своите одлуки и ги отфрла сите тврдења дека ги загрозува интересите на Србија. Во соопштението ...
Министерството за надворешни работи на Србија доцна синоќа соопшти дека го примило соопштението на МНР на Црна Гора и оцениле дека тоа претставува „потврда за хибридната природа на постапките на одредени кругови во Црна Гора кон политичкиот живот на Србија“. „Наместо вакви груби и во суштина неиспровоцирани најави и јавни навреди и обиди за замолчување, јасно насочени кон идејата за прекумерно влијание врз политичкиот живот на Србија, ...

