Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Граѓаните добија уште едно јавно и многу јасно признание од организираната криминална група на Христијан и ВМРО, а тоа е дека во владата врие од луѓе со бугарски пасоши. Одбија да го прифатат предлог-законот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, со кој премиерот, вицепремиерите, министрите и членовите на Владата не би можеле да имаат двојни државјанства, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Тој вели дека не го поддржале предлогот ...
Со одржувањето на 11-от Форум на Јадранско-јонската иницијатива (AII) и Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион (EUSAIR), што се одржа во Скопје, државата успешно го заокружи своето едногодишно претседателство со AII/EUSAIR за периодот 2025–2026 година, информираат од МНР. Форумот, кој обедини високи претставници на владите, европските институции, регионалните организации, академската заедница, граѓанскиот сектор и младите, ...
Најостро реагирам на обидот, полагањето на правосудниот испит да се претвори во поле за политички притисок и етничка конфронтација. Правосудниот испит не е прашање на политика, туку прашање на стручност, професионалност и почитување на правниот поредок на државата. Обидите да се прикаже законската обврска за познавање на македонскиот јазик како дискриминација се опасна манипулација со јавноста и директен удар врз уставниот поредок, реагира ...
Тешка срамота е во што се претвори некогаш важната СДС. Од партија што барем глумеше сериозност, денес остана политичка група што држи прес-конференции како да е комбинација од театар на апсурд и ефтина претстава, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ, Венко Филипче. „Порелевантни се информациите за временска прогноза отколку пресовите на лидерот на СДС. Следно е да излезе со драматична конференција за ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање порача дека наместо креирање поделби и отворање вештачки теми, Мицкоски треба да одговори зошто не ги става Бугарите и другите малцинства во Уставот и зошто не ги продолжува преговорите со Европската Унија. „Зошто не ги става Бугарите во Уставот и другите малцинства и да ги почне преговорите со Европска Унија? Каков е ризикот од Уставните измени? Од што тој се плаши? ...
Изјавата на ВМРО- ДПМНЕ дека Владата бара „законско решение“ за полагањето на правосудниот испит, кое наводно ќе било во согласност со Уставот и препораките на Венецијанската комисија, претставува уште еден обид за заобиколување и саботирање на Законот за употреба на јазиците, оценуваат во ДУИ. Проблемот, како што велат, не е во недостаток на законско решение. Според ДУИ, решението веќе постои во самиот Закон за употреба на јазиците, ...
„Македонија предолго живееше со страв да не навреди некого ако се сака себеси“, рече министерот за култура и туризам Зоран Љутков на одбележувањето на 150-годишнината од Разловечкото востание во с. Разловци. На свеченоста по повод јубилејот, министерот истакна дека Разловци претставува „највисок пантеон на македонскиот опстој“ и симбол на непокорот што, како што рече, „никој не успеал да го замолчи“. Во своето обраќање, нагласи дека ...
Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска одржа седница со единствена точка на дневниот ред – Јавна расправа за претставување на кандидатите кои ги исполнуваат условите по Огласот за избор на член на Судскиот совет. Претседателот на Комисијата, Ѓорѓија Сајкоски, пред почетокот на претставувањето на кандидатите информираше дека седум од вкупно десет пријавени кандидати ги исполнуваат законските услови предвидени во огласот. На ...
Семејните и личните интереси на обвинителите Коларевиќ и Абази, ги амнестираше осомничените блиски до СДС и ДУИ за случајот „Мазут“ вреден 167 милиони евра, вели Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Не беа доволни извештаите на ДЗР, не беа доволни докази од МВР, не беше доволно тоа што се труеше народот, но доволно беше за Коларевиќ и Абази, некој од врхушките на СДС и ДУИ, да им соопшти дека треба да се прекине со обвинителската постапка. ...
Јувентус по натпреварот со Фиорентина (0:2), по кој „старата дама“ речиси остана без шанси да се пласира во Лигата на шампионите следната сезона, реши парично да ги казни капитенот Мануел Локатели и напаѓачот Душан Влаховиќ. Атмосферата во тимот од Торино ескалираше целосно, па нервозата од теренот се пренесе и на односите меѓу соиграчите. За време на натпреварот, имаше и вербален конфликт меѓу Душан Влаховиќ и Мануел Локатели, што ...
Командантот на највисоката воена оперативна команда на Иран, генерал-мајор Али Абдолахи, денес изјави дека секој нов чин на агресија од страна на Соединетите Американски Држави или нивните сојузници ќе биде пресретната од огромната воена сила на Иран, која ќе „ја отсече раката на секој агресор“. Иранскиот генерал рече дека „Исламската Република Иран е посилна и порешителна од кога било да го брани својот суверенитет“, објави иранската ...
Фински нуркачи ги пронајдоа телата на четворицата Италијанци кои загинаа во подводна пештера на Малдивите минатата недела. Оваа информација ја потврди портпаролот на претседателот Мохамед Хусеин Шариф. Извлечени се две тела, а извлекувањето наостанатите двајца е планирано за утре, објавува Euronews. Телата на починатите нуркачи беа пронајдени вчера, откако потрагата продолжи по трагичен прекин. Имено, локален воен нуркач го загуби животот во ...
Филипче и натаму не го осудува говорот на бугарската министерка која не нарече “северномакедонци”, напротив соработува со нашите негатори, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. „Венко Филипче скоро две недели наоѓа изговори и не го осудува недостоинствениот говор на бугарската министерка Петрова Чамова која не нарече “северномакедонци”, Филипче дури и се гордее на тие успеси со кои ја потчинија државата ...
По повод Меѓународниот ден на музеите, вчера во Националниот археолошки музеј се одржa свечено отворање на Нумизматичката збирка, како и инклузивниот моден настан „Модата низ минатото“. Нумизматичката збирка опфаќа повеќе од 31.000 примероци на монети ковани од злато, сребро и бронза, пронајдени како поединечни наоди или во остави, откриени на различни локалитети низ целата држава. Во постојаната нумизматичка поставка изложени се околу ...
Претседателот на СНС и советник на претседателот на Републиката, Милош Вучевиќ, по повод претстојната посета на претседателот Александар Вучиќ на Кина, изјави дека сите дипломатски активности на претседателот на државата и другите претставници на Србија се важни. Како што изјави, ова ја покажува отвореноста на Србија јасно да ги изрази своите ставови и да се бори за своите интереси. „Оваа посета на претседателот на Пекинг е извонредна. Ќе ...
Денеска во Скопје официјално беше отворен 11-тиот Форум на Стратегијата на Европската Унија за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР), во организација на Министерството за европски прашања и во рамки на претседавањето на Северна Македонија со ЕУСАИР и Јадранско-јонската иницијатива. Форумот, кој оваа година се одржува под мотото „Accelerating EUSAIR: From Commitment to Impact“, обедини министри, претставници на Европската комисија, регионални ...
Криминалната ВМРО удри и по студентите. Наместо подобрување на студентскиот стандард, власта најде начин како да скрати и од студентите, додека вртат милионски криминални тендери, изјави Стефанија Кузмановска од СДММ. Таа вели дека новите измени на Законот се директен удар врз студентскиот стандард. „Се намалуваат стипендиите за социјални категории, поскапува сместувањето во студентските домови. За прв пат се воведува категоризација на ...
Денес на дневен ред во Собранието се скандалозни измени на Законот за основање на јавно претпријатие Македонска радиодифузија, со кои власта на ДПМНЕ ги елиминира критериумите за професионалност и стручност при избор на директор, очигледно со цел да инсталира уште еден партиски послушник, истакнуваат од Левица. Со предложените измени, власта, како што оценуваат од оваа партија, го брише условот директорот да има претходно работно искуство во ...
Обилните дождови што ја погодија јужна и централна Кина предизвикаа поплави во кои загинаа најмалку десет лица, училиштата и бизнисите беа затворени во неколку провинции, а сообраќајот и снабдувањето со електрична енергија беа прекинати. Најмалку шест лица загинаа откако пикап со 15 патници падна во надојдена река во регионот Гуангси во југозападна Кина, а во одделни инциденти, три лица загинаа во ненадејни поплави во село во Хубеи, додека ...
Андреј Жерновски од СДСМ ја обвини власта за дволична политика. Тој вели дека за најавениот политички собир за поддршка на српскиот претседател, Александар Вучиќ, во Куманово, нема никаква реакција. „Замислете само што ќе се случеше ако утре во Македонија се организира, на пример, митинг за поддршка на Радев. Мицкоски, Муцунски и целата нивна орбановска медиумска мрежа ќе врескаше за „мешање во внатрешни работи“, „загрозен суверенитет“, ...
Оваа недела, Универзумот има посебно изненадување за три хороскопски знаци. Додека некои ќе ги поминат деновите во рутина и секојдневни обврски, одредени луѓе би можеле да добијат порака што ќе им го забрза пулсот и целосно ќе им го промени расположението. Неочекувано „хеј“, повик доцна во ноќта или долгоочекувано признание би можеле да пристигнат токму кога најмалку се надеваат. Астролозите тврдат дека планетарните аспекти ќе донесат ...
Рускиот претседател Владимир Путин ја започнува дводневната посета на Кина, каде што ќе разговара со кинескиот лидер Ши Џинпинг за проширување на билатералните врски и итни глобални прашања. Состав на руската делегација Путин ќе биде придружуван од делегација од министри, бизнис лидери и високи функционери, вклучувајќи ја гувернерката на централната банка Елвира Набиулина и раководители на големи енергетски компании како што се „Газпром“ и ...
Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) призна дека е длабоко загрижен за обемот и брзината на епидемијата на ебола, бидејќи бројот на случаи расте. „Од почетокот на новата епидемија, имало најмалку 500 случаи на инфекција и 130 смртни случаи за кои се сомнева дека се поврзани со ебола“, рече шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус. Исто така, еден смртен случај е потврден во главниот град на Уганда, Кампала, и случај на инфекција ...
Португалскиот репрезентативец Витиња откри, дека Кристијано Роналдо продолжува да го инспирира целиот тим пред Светското првенство во 2026 година. Тој рече дека се надеваат дека ќе го освојат турнирот заедно со нивниот капитен, но и за него, пишува „Goal.com“. Во интервју за ФИФА пред претстојното првенство, Витиња нагласи колку големо влијание има Роналдо во соблекувалната. Иако е близу до крајот на својата кариера и моментално игра за Ал ...
Fenwick нуди неколку корисни совети. Во видео објавено на TikTok во 2024 година, кое повторно стана вирално, Fenwick презентираше три стратегии за тоа како да се однесувате како најпаметната личност во просторијата, секоја поткрепена со истражувања што потврдуваат колку се ефикасни во очите на другите. Тие слушаат повеќе отколку што зборуваат Многу луѓе сакаат да зборуваат затоа што така се поврзуваат со другите и градат односи. Иако нема ...
Прекрасната Петра Немцова се појави на Канскиот филмски фестивал и ги остави сите присутни без здив. Може да се каже дека нејзината креација беше вистински рај за очите. View this post on Instagram A post shared by Cyrille Frenoy 📸 (@cfphotography06) Петра присуствуваше на премиерата на филмот „Гаранција“, а за таа пригода одлучи да облече нереална креација во бела боја. Станува збор за макси фустан украсен со долг дел, но и интересни ...
Вчера во 21:10 часот во село Неготино, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате, го привеле 52-годишниот В.А. од село Неготино. Тој бил баран со наредба од Основен суд Гостивар за издржување на затворска казна во траење од една година и шест месеци за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Тој е ...
Владата на Нов Зеланд ќе отпушти речиси 14 проценти од вработените во државната администрација до средината на 2029 година, како дел од стратегијата за масовно намалување на трошоците, изјави денес министерката за финансии на земјата, Никола Вилис. Вилис им рече на бизнисмените во Окленд, најголемиот град во Нов Зеланд, дека нејзината администрација ќе ги намали и буџетите на повеќето владини агенции во следните три години, ќе го намали ...
Кина ги отфрли обвинувањата на западните медиуми дека претседателот Шји Џјинпинг, во разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, изразил проценка дека рускиот претседател Владимир Путин на крајот би можел да зажали за одлуката за започнување воена операција во Украина. Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џакун, како одговор на прашањето на ТАСС за написот на „Фајненшл тајмс“, рече дека ваквите обвинувања ...
Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ) ја поздравува одлуката за усвојување на предлог-законот за игри на среќа и за забавните игри, кој влегува во Собраниска процедура, а со кој се предвидува Агенцијата за филм да добива 3% од уплатените давачки од игрите на среќа. „Ваквиот потег на Владата недвосмилено покажува голема поддршка и препознавање на успехот кој години наназад го постигнуваат македонските филмови и покажува силна ...