Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Регионално признатиот виртуоз, пијанист и композитор Васил Хаџиманов, заедно со неговиот бенд, ќе бидат специјални гости на големиот самостоен концерт на Архангел, насловен „Срцевина“, закажан за 13 јуни на стадионот на АРМ во Скопје. Ова концертно гостување е резултат на новата студиска соработка меѓу фронтменот на Архангел, Ристо Вртев и Хаџиманов. Отворајќи го сопствениот креативен процес кон други врвни музичари, Вртев истакнува дека ...
Златна плочка проценета на 4,5 милиони денари е запленета во акција на царински службеници на излез од државата на граничен премин Богородица. Случајот е откриен откако автобус кој сообраќал на релација Гостивар-Истанбул е издвоен за контрола, по што, поради основани сомневања, е извршена детална контрола на патник, македонски државјанин. При претресот, во едниот негов чевел е пронајдена златна плочка тешка 848 грама, обвиткана во бела ...
Додека партиите на власт пропагираат многудетни семејства и апели за зголемување на наталитетот, фактите укажуваат дека државата воопшто или многу малку се грижи за детскиот стандард. Фрапантни се податоците кои укажуваат на фактот дека секое трето дете во Македонија е сиромашно. Најсклони кон сиромаштија се повеќедетните семејства, децата на самохрани родители, децата со социјален ризик, велат од Левица. Од партијата наведуваат дека иако во ...
Вицепремиерот Александар Николоски на својот фејсбук профил објави дека во Хрватска е усвоен Закон со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи. „Во Хрватска е усвоен законот со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи. Тоа е чекор напред во решение на проблемот кој произлезе со воведување на ЕЕС системот во Шенген зоната. Овој закон многу ќе помогне на македонските професионални возачи. Ова е ...
Целосно е реконструирана и пуштена во употреба за сообраќај улицата „Џумајска“ во урбаната заедница „Кузман Јосифовски – Питу. Станува збор за отсечка на улицата која се протега од раскрсницата со ул. „Леринска“ до раскрсницата со ул. „Брадфорска“, во должина од 517 метри. Со вкупна инвестиција од околу 15 милиони денари, обезбедена од Министерството за транспорт, реконструиран е коловозот кој опфаќа ревитализација на асфалтната површина, ...
Еден Азар пристигна во Реал Мадрид во летото 2019 година како големо засилување во трансфер вреден околу 100 милиони евра. Белгиецот потпиша петгодишен договор со „кралскиот клуб“, откако го напушти Челзи, но неговиот престој во Мадрид не ги исполни очекувањата. Во неодамнешно интервју за францускиот „Канал+“, Азар откри неколку интересни детали од тој период, вклучувајќи ја и приказната за бројот на дресот што не го сакал. Азар раскажа ...
Русија денеска започна тридневни нуклеарни вежби, вклучувајќи лансирање балистички и крстосувачки ракети, соопшти Министерството за одбрана. Белорусија, исто така, учествува во вежбите, што ги опфаќаат и подморниците, воздухопловните сили и копнените сили, објави Ројтерс. Опсег и цел на вежбите Во вежбите учествуваат 64.000 војници и 7.800 парчиња воена опрема, а целта е да се вежба „подготовка и употреба на нуклеарни сили во случај на ...
На почетокот на врската, мажите обично се обидуваат да се претстават во најдобро светло. Сепак, со текот на времето, нивната вистинска личност се открива, со сите нејзини доблести и недостатоци, а една од тие недостатоци може да биде длабоко вкоренет проблем со довербата. Повеќето луѓе доживуваат проблеми со довербата во врската во одреден момент од својот живот, но понекогаш мажот бил повреден многу повеќе во минатото отколку што изгледа на ...
„По падот на Виктор Орбан, во Унгарија започна процес на нормализација – Унгарија и Украина сега разговараат за правата на унгарското малцинство. Со години Орбан намерно го блокираше овој процес за да ја чува тензијата, да ја држи Унгарија во конфронтација со ЕУ и да ги штити руските интереси“, велат од СДСМ. „Иста политика применува и Христијан Мицкоски. Тој намерно ја блокира уставната измена за малцинствата, не за да го „брани ...
Дани Карвахал, капитенот на Реал Мадрид, ќе го напушти „кралскиот клуб“ по 13 години. Десниот бек освои 27 трофеи со тимот од шпанската престолнина (четири титули во лигата, два Купа на кралот, четири Суперкупа на Шпанија, шест Лиги на шампиони, пет европски Суперкупа и шест светски првенства во клубот). Со заминувањето на карвахал, продолжува една необична традиција на „Сантијаго Бернабеу“. Шеста сезона по ред главниот капитен на Реал ...
Ако изминатиов викенд поминавте покрај Малата сала во СЦ „Борис Трајковски“, немаше шанси да го пропуштите звукот на чистата еуфорија. Втората сезона на Level UP Experience, која се одржа во саботата на 16 мај во организација на Анхоч, не беше само обичен гејминг настан, тоа беше моќен спектакл кој ги сруши сите претходни очекувања и покажа колку е бројна, гласна и жива македонската гејминг и поп-култура заедница. Салата беше преполна до ...
Демократски сојуз ги осуди вчерашните протести и, како што велат, обидите за политичка злоупотреба на прашањето за употребата на албанскиот јазик во правосудниот систем. Според партијата, особено загрижува фактот што на протестите биле присутни и граѓани од соседните држави Косово и Албанија, што, според ДС, претставува недозволив обид за надворешно влијание врз внатрешните политички и институционални прашања на Република Македонија. ...
Челниците на Манчестер Сити били подготвен за заминувањето на Пеп Гвардиола. Утрото по веста дека Каталонецот се повлекува од клупата на крајот од сезоната, медиумите на Островот го објавија името на неговиот наследник. Енцо Мареска очигледно ќе биде новиот менаџер на Сити. „Енцо Мареска има усмен договор со Манчестер Сити, тоа е тоа. Од самиот почеток, италијанскиот тренер се сметаше за идеален кандидат да го наследи Пеп Гвардиола. Сè е ...
Заменик-министерот за надворешни работи на Иран за правни и меѓународни работи, Казем Гарибабади, презентираше извештај за преговорите со САД и предлозите на Иран до Парламентарниот комитет за национална безбедност. Во извештајот, меѓу другото, се дискутираше за укинување на санкциите, поморската блокада на САД и повлекувањето на американските сили од регионот, според иранските државни новински агенции IRNA и ISNA. Според извештајот цитиран ...
Дел од мостот на граничниот премин Градишка, меѓу Хрватска и БиХ, се урна рано утрово околу 3 часот, објавија хрватските медиуми. Според босански „Кликс“, се урнал дел од оградата на мостот на стариот граничен премин Градишка, целосно спречувајќи го движењето на возила и пешаци. „Структурата на оградата попушти под непознати околности, што создаде огромен безбедносен ризик. Земајќи ја предвид фреквенцијата на товарниот и патничкиот ...
Децата заедно со воспитно-згрижувачкиот кадар од центарската градинка „13 Ноември“, вчера приредија вистинска музичка и сценска магија на првиот детски фестивал „Детелинки“, што се одржа во Паркот на Франкофонија, во организација на Општина Центар. Преку музика, танц, оригинални детски песни и многу насмевки, најмладите покажаа талент, креативност и искрена детска радост, додека публиката уживаше во вечер исполнета со емоции, аплаузи и ...
Сите сме сретнале „пријател“ кој е одличен кога им одговара, но исчезнува штом ќе стане непријатно. Лажното пријателство обично не е веднаш препознатливо: на почетокот сè изгледа топло, интимно и забавно, а дури подоцна малите знаци излегуваат на површина – озборувања, љубомора, конкуренција, пасивна агресија или интерес што трае само додека имате нешто да понудите. Астрологијата често споменува дека одредени хороскопски знаци може да бидат ...
Спротивно на популарното верување, студијата не откри значајна разлика помеѓу мажите и жените кога станува збор за проценка на сексуалната историја на некој друг. Прашањето што им прави на многу луѓе непријатност – „Колку сексуални партнери сте имале?“ – е повторно во фокусот благодарение на нова студија која даде некои интересни, па дури и донекаде изненадувачки сознанија. Додека повеќето луѓе автоматски претпоставуваат дека големиот број ...
Џенифер Лопез уште еднаш докажа дека е кралица на провокативните модни комбинации, а нејзиното најново издание можеше да предизвика скандал. View this post on Instagram A post shared by Fashion Bomb Daily (@fashionbombdaily) Позната по своите смели модни изданија, Џенифер Лопез повторно покажа како да носи ризични парчиња кои зрачат со тивок луксуз. View this post on Instagram A post shared by Mickey Blank 🗽 (@mickmicknyc) Неодамна ...
Барнли следната година ќе игра во Чемпионшип, но успеа да му пружи силен отпор на лидерот Арсенал. Синоќа, во претпоследното коло, Арсенал го победи Барнли со 1:0. Вршителот на должноста тренер на тимот, Мајк Џексон, ги пофали своите играчи и го критикуваше судијата Пол Тирни за одлуката што можеше да промени нешто во односот на силите на теренот. Тој рече дека неговите играчи покажале дека можат да се справат со ривалите на највисоко ниво ...
Ќерката на шампионот во бокс, Тајсон Фјури, 16-годишната Венецуела Фјури, го покажа својот нов дом неколку дена по свадбата, каде што ќе живее со сопругот Ноа Прајс. Младата инфлуенсерка и ќерка на познатиот боксер објави фотографии од нивниот дом на TikTok, а многумина беа изненадени што двојката се пресели во луксузна мобилна куќа, наместо во луксузната семејна вила прикажана во реалното шоу на Netflix „Дома со Фјури“. View this post on ...
Колумбиската музичка ѕвезда Шакира освои важна правна победа во спор против Шпанската даночна администрација. Националниот суд на Шпанија ја ослободи од обвинение за наводна даночна измама во 2011 година, поништувајќи ја претходната одлука на Централниот економски и административен суд во 2021 година. Судот утврди дека претходната одлука не била во согласност со законот, што значи дека на Шакира мора да ѝ бидат вратени сите пари што ...
Данската група Aqua ги одбележа деведесеттите години со хитот „Barby girl“, а сега членовите на бендот објавија дека по речиси 30 години ја завршуваат својата заедничка приказна како бенд во живо. Тие ја споделија веста на својот официјален Инстаграм, каде што се збогуваа со своите обожаватели кои ги следат од 1990-тите со емотивна порака. „По многу неверојатни години, решивме да го затвориме поглавјето на Aqua како бенд во живо“, напишаа ...
Истражувањата покажаа дека девојчињата кои биле сакани и поддржани од нивните татковци во детството станале силни, социјално активни жени со високо ниво на самодоверба. Улогата на таткото порано беше првенствено да обезбеди финансиска поддршка за детето. Но, денес веќе зборуваме за модерно татковство, во кое татковците ја нагласуваат желбата да поминуваат време со своите деца, како и активно да учествуваат во грижата и воспитувањето на ...
„Венко Филипче продолжува со политиките на понижување и распродавање на националните интереси. Филипче продолжува со поданоста и измеќарството на туѓите агенди, и уште еднаш се докажа како прв антимакедонец и побрза да ја слави победата на Бугарија на Евровизија. Еуфоријата на Венко Филипче за победата на Бугарија на Евровизија и слугувањето на бугарските интереси како послушен пиун на Румен Радев, се доказ дека Филипче е спремен на се само ...
Нејмар е меѓу 26-те играчи кои ќе го претставуваат Бразил на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, кое започнува на 11 јуни. Тоа е вест што ги воодушеви сите во земјата на петкратниот светски шампион. Сепак, некои навивачи беа шокирани од отсуството на голема ѕвезда. Жоао Педро, напаѓачот на Челзи, кој и покрај лошите резултати на тимот, има одлична сезона зад себе, не е на списокот. Тој постигна 20 гола и шест асистенции во Премиер ...
Џон Траволта ја откри приказната зад неговиот избор за беретка која ја носеше за време на Канскиот филмски фестивал. Актерот и режисер објасни дека постои посебна причина зошто ја носел елегантната шапка три пати за време на викендот во Франција за неговото режисерско деби. Во интервју за CNN, 72-годишниот Траволта ја објасни својата инспирација. „Режисерите од старата школа носеа беретки и очила. Помислив, токму тоа ќе го направам“, рече ...
Кинескиот претседател, Шји Џинпинг, му рекол на американскиот претседател, Доналд Трамп, за време на нивниот состанок минатата недела дека рускиот претседател, Владимир Путин, можеби ќе зажали за инвазијата врз Украина, објавува објавува „Фајненшнл тајмс“. Според повеќе извори запознаени со проценката на американската страна за самитот од минатата недела во Пекинг, кинескиот претседател ги дал коментарите за време на широки разговори што ја ...
Најмалку две лица се убиени, а четворица се повредени во пукање во јужниот шпански град Ел Ехидо во текот на ноќта, соопшти полицијата во вторник, додавајќи дека е уапсен еден осомничен. Двете лица кои загинаа се роднини на осомничениот за пукањето, изјави портпарол на полицијата на Цивилната гарда, без да даде дополнителни детали. Двајца од повредените се под 18 години, објави весникот „Ел Паис“. Најмалку две лица се убиени, а четворица ...
„Граѓаните добија уште едно признание од ВМРО-ОКГ – врие бугарски пасоши во Владата на Мицкоски. Одбија да го прифатат предлог-законот на СДСМ со кој министрите, вицепремиерите и членовите на Владата не би можеле да имаат двојни државјанства. Зошто? Затоа што тогаш пола Влада на Мицкоски ќе требаше да си замине“, велат од СДСМ. „Може целата Влада да биде составена од бугарски државјани, ама не може малцинствата да влезат во Уставот. Какво ...