Во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, откри дека и покрај политичките обврски, секојдневно работи со пациенти, а еднаш неделно влегува и во операциона сала. Филипче посочи дека никогаш не ја напуштил својата професија како неврохирург, а воедно нагласи дека како професор е активно вклучен и во наставниот процес на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” , каде што ...

Американскиот министер за финансии, Скот Бесент, изјави дека Вашингтон издава нова 30-дневна општа лиценца за да се обезбеди привремен пристап до руската нафта која во моментов е блокирана на море. „Ова продолжување ќе обезбеди дополнителна флексибилност и ќе работиме со засегнатите држави за да обезбедиме конкретни лиценци доколку е потребно“, напиша Бесент на социјалната мрежа Икс. Пред неколку дена Вашингтон одби да ја продолжи ...

ЗНАМ се распаѓа. Последната улога што ја има е да ја напаѓа СДСМ со учество во Латасовата кампања за обвинувања на СДСМ. Не помина со ЗНАМ, па сега е активиран уште еден „спијач“ на ВМРО и проект на Христијан Мицкоски – Левица. Партија креирана токму за вакви потреби, се вели во соопштението од СДСМ Анти-ЕУ партија во земја во која 77% од граѓаните се за ЕУ. Анти-НАТО партија во земја која е горда членка на НАТО и во која 72% од граѓаните се ...

Собранието на денешната седница го донесе Законот за младински додаток со кој се предвидува директна финансиска поддршка за дел од младите работници. Новото законско решение предвидува младите лица до 23 години, вработени во производствените дејности, да добиваат младински додаток во износ од 3 000 денари. Пратениците го поддржаа и Законот за изменување и дополнување на Законот за индустриски зелени зони. Со измените се врши усогласување со ...

Огромен рој пчели се појави на северниот тревник на Белата куќа во петокот и за неколку часа стана главна тема на разговор на социјалните мрежи. Фотографијата од необичната сцена ја објави дописникот на „Фокс бизнис“ од Белата куќа, Едвард Лоренс, кој напиша со видеото: „Овие точки се рој пчели на северниот тревник на Белата куќа. Таму моментално има илјадници.“ Фотографијата од ројот брзо се прошири низ интернет, а коментарите на корисниците ...

Ве молам, потпретседателе, стопирајте ми го времето. Ве молам да го почекаме да влезе во собраниската сала заменикот-претседател на Владата за добро владеење, Арбен Фетаи. Уредно најавив прашање и ми беше одговорено дека тој ќе дојде за да ми одговори, рече на денешната седница за пратенички прашања пратеничката од СДСМ, Даниела Николова, обраќајки му се на потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски. Притоа, Милошоски одговори дека ...

Денеска во 16:30 часот започна протестот на албански студенти, кои бараат да се полага правосудниот испит на албански јазик. „Обединете се со студентите – сите заедно“, гласи слоганот на протестот, кој е втор протест организиран од албански студенти како резултат на, како што велат, отфрлањето на нивното барање од страна на министерот за правда. На денешниот протест беа истакнати повеќе транспаренти со политички и националистички пораки и се ...

ВМРО-ДПМНЕ најавуваше измени на Законот за пратеници со кои пратениците би морале да имаат исклучиво македонско државјанство. Денес, кога во Собранието беше предложено истиот принцип да важи и за членовите на Владата, токму пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се повлекоа и не го поддржаа законот – паднаа на сопствениот тест! Пред јавноста се силеа дека избраните функционери треба да имаат исклучиво македонско државјанство. Говореа гласно и ...

Протестот на студентите во врска со полагањето на правосудниот испит на албански јазик беше една од темите на опозициските пратенички прашања во Собранието. Пратеничката Рина Ајдари од Европскиот фронт упати прашање до првиот вицепремиер Беким Сали за ставот на Владата и Министерството за правда, откако беше соопштено дека барањето за полагање на испитот на албански јазик не е прифатено. Ајдари во своето обраќање посочи дека, според неа, ...

– До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот. Утре, во петок и за време на викендот ќе има поинтензивни процеси со локален пообилен пороен дожд од над 20 литри на квадратен метар, грмежи и засилен ветер со брзина од над 70 километтри на час краткотрајно во форма на невреме. Во среда и во следните денови ќе дува засилен северен ветер со брзина од над 50 километри на час, информира ...

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ одби да даде согласност за предложениот израелски амбасадор Нисан Амдур поради „актуелната политика на израелските власти“, соопшти денеска неговиот кабинет. Милановиќ е остар критичар на израелската воена кампања во Појасот Газа, која ја нарече геноцид, како и на американско-израелските напади врз Иран, потсетува Хина. „Со оглед на постапувањето на израелската страна, Кабинетот на претседателот на ...

Студенти и граѓани од Косово денеска се приклучија на протестот во Скопје поврзан со барањата правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик, јавува „Порталалб“. Протестот се одржува кај Камениот мост, а учесниците носат албански знамиња и транспаренти со пораки „Prishtina nuk hesht“ („Приштина не молчи“), „Shqipja nuk hesht“ и „Kosova është me ju“. Од снимките, и на вториов протест нема македонски симболи, иако правата се бараат ...

Собранието на Република Македонија ја изгласа потребата за ново државно задолжување во износ од 260 милиони евра. Одлуката беше донесена да се спроведе по скратена постапка, на предлог на Министерството за финансии. Од страна на власта беше наведено дека станува збор за дел од веќе планирани финансиски активности и дека целта на задолжувањето е да се обезбеди стабилност и ликвидност на државниот Буџет. Заменик-министерот за финансии Николче ...

Лице на 41 година вчера (недела) приавило дека ја пронашол во стан својата почината 46-годишна сестра. Јавниот обвинител наредил да се направи обдукција на телото. „На 17.05.2026 во 11:00 часот во СВР Скопје, З.К.(41) од Скопје пријави дека околу 10:30 часот во стан на подрачјето на општина Аеродром во Скопје ја пронашол почината неговата 46-годишна сестра З.К. од Скопје. По насоки на јавен обвинител телото на починатата е предадено на ...

Вчера во 12:15 часот на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп, во круг на браварска работилница, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода В.Ј.(26) од Прилеп. Тој бил затекнат при извршување на кражба од објектот. Украденото било вратено на сопственикот, а по документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава. Вчера во 12:15 часот на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп, во круг на браварска работилница, ...

Денес пратениците на Левица гласаа за укинување на можноста членовите на Владата да поседуваат двојно државјанство, како принцип што треба да гарантира целосна политичка и институционална лојалност кон Македонија. „Срамно е што пратениците од владејачкото мнозинство одбија да го поддржат овој предлог и власта, предводена од Мицкоски, практично призна дека нема проблем највисоки функционери во извршната власт да имаат политички и деловни врски ...

Децата и младите не се во целост заштитени и има многу повеќе што да се направи и во однос на семејството и институциите во државата за што треба поголема будност, следење на состојбата на промените во однесувањето на децата и младите со цел рана детекција и превенција на насилството, покажува годишниот извештај на СОС-линијата +389 70 390 632 за деца и млади „Ало, бушавко“ за 2025 година – истакна денеска на прес-конференција Жарко Змијанац, ...

На 23-ти јули (четврток), на сцената на „Антички театар“ во Охрид, ново издание на NUMB – Tribute to Pink Floyd – проект зад кој стојат врвни музичари. Организаторите на овој интересен концертен настан и овој пат најавуваат музичко уживање кое веќе е потврдено дека ќе ги задоволи апетитите и на најпребирливите обожаватели на култниот светски бенд. И овој пат огромно внимание ќе биде посветено како на звукот, така и на комплетниот сценски ...

Сподели Пратеничката група на СДСМ, на денешната собраниска седница, поднесе два предлог закона од областа на образованието, Предлог на закон за изменување и дополнување на законот за основното образование и Предлог на закон за изменување и дополнување на законот за средното образование. И двата предлога се однесуваат на финансиска поддршка за учениците, учесници на меѓународни натпревари и нивните ментори и тоа преку покривање на ...

Заменик-претседателот на Собранието, Антонио Милошоски во реплика до пратеникот Халил Снопче му порача дека не одземал време на никого и дека седницата за опозициски пратенички прашања секогаш траела по два часа. Вели дека тоа што некој пратеник подоцна се пријавил за процедурално, не може да го регулира. -Секогаш кога имало можност, секогаш сте поставувале прашање. По однос на процедуралните, не може сега како кога играат Баерн Минхен ...

22-годишен возач од Охрид се здобил со тешки телесни повреди откако со автомобил излетал од патот на улицата „7 Ноември“ во Охрид. Од МВР информираат дека несреќата била пријавена рано утрово. „На 18.05.2026 во 05:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„7 Ноември“ во Охрид, патничко возило „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.Р.(22) од Охрид, изгубило контрола и излетало од патот“, велат од полицијата. Во несреќата ...

Овој викенд во водите на Охридското Езеро, со централна локација во Автокамп Градиште, успешно се реализираше голема регионална еколошка акција за чистење на подводниот свет, во организација на Нуркачкиот Центар Амфора. Во акцијата учествуваа вкупно 80 нуркачи од Македонија, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина, обединети со заедничка цел – заштита на едно од најстарите и највредните природни богатства во Европа. Во текот на акцијата беше ...

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, го поддржа денешниот протест на албанските студенти во Македонија, кои, како што вели, бараат почитување на нивниот идентитет. Тој истакна дека нивниот глас го претставува секој Албанец и дека албанскиот јазик е автохтон јазик на таа земја, загарантиран со Уставот. „Албанскиот јазик во Северна Македонија не е опција. Тоа е автохтон јазик, јазик на оваа земја, кој ниту кралевите ...

Поранешната затворска чуварка Това Ноел денеска ќе биде испрашувана во рамки на обновената истрага за смртта на осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн, јавуваат американските медиуми. Ноел била на должност во Градскиот поправен центар во Њујорк кога Епштајн починал во 2019 година, а се смета и за последната личност што го видела жив. Испрашувањето е организирано поради повторното отворање на прашањата околу околностите на неговата ...

Поранешната министерка и актуелна пратеничка Славјанка Петровска излезе со јавна реакција по денешните гласања во Собранието, обвинувајќи го владејачкото мнозинство за двојни аршини и лицемерие. Преку својот официјален профил, Петровска таксативно ги наведе предлозите кои, според неа, не ја добиле поддршката од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница. „Денес ВМРО-ДПМНЕ гласаше против: членовите на Владата да имаат само македонско, а ...

Словенечката претседателката Наташа Пирц Мусар денеска, по средбата со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, порача дека Словенија останува цврст поддржувач на европската интеграција на Северна Македонија, како и дека ќе продолжи активно да се залага за забрзување на пристапниот процес на земјите од Западен Балкан во ЕУ. На заедничка прес-конференција, Пирц Мусар одговори на новинарско прашање поврзано со иницијативата во ...

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши истакна дека со новите најавени измени на Предлог-законот за игри на среќа и за забавните игри се очекува да се стесни кругот на игрите на среќа. -За првпат носиме закон за предлог измени на Законот за игри на среќа со којшто се предвидува 500 метри оддалеченост (на казината) од основните и средните училишта. За првпат ќе има ред, поголема заштита на јавниот интерес, особено кога се работи за ...

Владата на Румен Радев става крај на автоматското зголемување на платите на вработените во јавниот сектор, кое во моментов е поврзано со растот на просечната или минималната плата во земјата. Ова го објави министерот за финансии Галаб Донев, кој денес ги објави приоритетите при изготвувањето на редовниот буџет за 2026 година. Од 1 септември, платите на премиерот, министрите и нивните заменици, раководителите на кабинети, регулаторите, ...

Соопштение на Левица: Пратеникот Амар Мециновиќ на денешната прес-конференција најави дека политичката партија Левица ќе поднесе предлог-закон за речиси целосна забрана на коцкањето и ограничување на рекламирањето на игрите на среќа. Со предложените измени на Левица, како што најави пратеникот, се воведуваат суштински ограничувања на дејноста за коцкање и приредување на игри на среќа, односно казината и автомат клубовите ќе можат да работат ...

Правосудниот испит и сите други испити кои се поврзани со него во иднина ќе се полагаат и на албански јазик, најави денеска првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали. Оваа информација тој ја соопшти одговарајќи на пратеничко прашање од пратеничката Рина Ајдари од Европскиот фронт. „Ова ќе го покажеме многу скоро пред јавноста“, изјави Сали, додавајќи: „За првпат централната власт го слушнала гласот на ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
66%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
2.06
91%
1013
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
2.25
77%
1014
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
0.85
69%
1014
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
3.7
91%
1012
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 15ᴼ
1.39
70%
1013
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
0.45
66%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.16
72%
1015
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.96
61%
1015
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
3.58
71%
1012
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
0.89
56%
1012
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
1.82
100%
1014
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Сребро

2186.28

Паладиум

40767.15

Калај

53.60

Бакар

13.01

Алуминиум

3.54

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Злато

135639.33

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Платина

55170.68

Родиум

257205.97