Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Куба ќе го искористи правото на самоодбрана во случај на воен напад од страна на Соединети Американски Држави- соопшти кубанското Министерство за надворешни работи. Заменик-министерот за надворешни работи, Карлос Фернандес де Косио, преку платформата „Икс“ оцени дека „антикубанската кампања“, која според него има цел да оправда евентуален воен напад врз Куба, се засилува со „сè поапсурдни обвинувања“. „САД се агресорот. Куба е земјата што е ...
Британскиот премиер Кир Стармер нема да објави временска рамка за негово повлекување од лидерската позиција во владејачката Лабуристичка партија, а со тоа и од премиерската функција, изјави неговиот заменик Дејвид Лами. Лами за „Скај њуз“ истакна дека „нема да има распоред за повлекување“, додавајќи дека во текот на вчерашниот ден двапати разговарал со премиерот. Изминатиот период во Обединето кралство се засилија шпекулациите за можна смена ...
Стопирањето на постапката за случајот „Мазут“ за криминал тежок 167 милиони евра, уште еднаш ги извади на површина конекциите на СДС и ДУИ со судско обвинителскиот систем. Кадрите поставени и унапредени во професионалната кариера лично од Зоран Заев и Али Ахмети, по потреба се активираат и одработуваат за да ги спасат од кривична одговорност луѓето од и блиски до СДС и ДУИ, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. И во случајот со ...
Земјотрес со интензитет од 5,2 степени рано изутринава ја потресе југозападната кинеска провинција Гуангси, при што загинаа две лица, а повеќе од седум илјади жители на градот Лиужоу се евакуирани, јавуваат државните медиуми. Според извештаите на „Си-Си-Тиви“ и агенцијата „Синхуа“, уште едно лице се води како исчезнато, а четири се хоспитализирани, но без повреди опасни по живот. Во потресот се урнале 13 згради, додека железничките власти ...
Скандалот со вработените во Центарот за социјални работи во Тетово со незаконски исплатени социјални пензии и додатоци за туѓа нега и тоа ретроактивно (кој беше откриен на почетокот од годинава), а во кој беа вмешани еден раководител и неколкумина вработени, продолжува со нов #скандал со исплата на социјална пензија на роднина на вработен во Центарот, се наведува во соопштението на Левица. И покрај тоа што вработените во Центарот кои ги ...
Илјадници граѓани на Чешката Република синоќа излегоа на масовни протести во повеќе градови, во знак на поддршка на независноста на јавниот сервис. Демонстрантите протестираа против плановите на владината коалиција, предводена од премиерот Андреј Бабиш, која има намера да ги укине таксите за радио и телевизиски лиценци и воведување модел на државно финансирање на Чешката телевизија и Чешкото радио. Критичарите предупредуваат дека таквиот ...
Без вода денеска од 9 часот ќе останат корисниците од улиците „Бајрам Шабани“, Челопек и „Ремзи Хоџа“, додека со намален притисок ќе бидат улиците „Ордан Чопела“ и Јајце. Од ЈП Водовод и канализација – Скопје соопштија дека прекинот со водоснабдување е поради изведување на водоводен приклучок на улицата „Бајрам Шабани“ бб и ќе трае се до завршување со работните активности. Без вода денеска од 9 часот ќе останат корисниците од улиците ...
Бројот егзекуции во светот минатата година достигнал највисоко ниво од 1981 година наваму, со најмалку 2707 извршени смртни казни во 17 држави, се посочува во најновиот извештај на „Амнести интернешнал“. Генералната секретарка на Организацијата, Ањес Каламар, изјави дека загрижувачкиот раст се должи на „мала, изолирана група држави“ кои продолжуваат да ја применуваат смртната казна и покрај глобалниот тренд кон нејзино укинување. Во ...
„Мицкоски и целата организирана криминална група ВМРО се најблиските партнери и пријатели на Орбан на Балканот. Еден од тие скапи и нетранспарентни договори владата на Кристијан Мицкоски го склучи со владата на Орбан, должејќи им на граѓаните милијарда евра“, рече лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија – Венко Филипче. Филипче тврди дека Скопје, Белград и Будимпешта се поврзани преку мрежа од политички, медиумски и бизнис ...
Француски суд би можел да побара налог за апсење на американскиот милијардер Елон Маск, изјави париската обвинителка Лор Беко. Според неа, ова ќе се случи како дел од истрагата за социјалната мрежа X, која е обвинета за дистрибуција на нелегална содржина, што доведе до разговори за нејзина забрана во различни европски земји. Беко верува дека налогот би можел да се побара ако сопственикот на X, Елон Маск, ги игнорира судските покани. „Ако, ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека државата обезбедила понуди од светски реномирани финансиски институции за финансирање на проектот за изградба на Клиничката болница, Медицинскиот факултет и студентскиот дом во Штип. „Собравме од светски реномирани финансиски институции понуди за финансирање на проектот на Клиничката болница, Медицинскиот факултет и студентскиот дом во Штип, така што следнава недела имам состанок со Министерката за ...
Париското обвинителство отвори истрага за вкупно 84 предучилишни установи, 20 основни училишта, како и десетина градинки, по бројните сведоштва и пријави за можно насилство за време на воннаставни активности во овие установи, објави денеска обвинителката Лор Беку. „Во моментов се покренати три истраги, а издадени се и пет покани“, рече таа, додавајќи дека еден наставник е приведен до почетокот на судењето. Беку нагласи дека овој случај е ...
Напад со дрон предизвикал пожар во нуклеарната електрана „Бараках“ во Обединетите Арапски Емирати, соопштија властите во Абу Даби. Според официјалните информации, дронот погодил електричен генератор надвор од внатрешниот безбедносен периметар на централата. Нема повредени лица, а нивото на радијација е нормално, соопшти Канцеларијата за медиуми на Абу Даби. Властите во Обединетите Арапски Емирати информираа дека се истражува од каде е ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран треба брзо да се придвижи кон договор, предупредувајќи дека „времето истекува“ додека мировните преговори за завршување на конфликтот стагнираат. Тој порача дека, доколку нема напредок, последиците би можеле да бидат сериозни. Во објава на неговата платформа „Truth Social“, Трамп наведе дека Иран мора да дејствува „брзо“ и дека „времето е клучно“, додавајќи дека ситуацијата може ...
Македонската ракометна репрезентација обезбеди пласман на Светското првенство 2027 година кое ќе се одржи во Германија. Македонските ракометари вечерва славеа со 38-23 во реваншот против Словачка во СЦ „Борис Трајковски“. Нашите ракометари славеа убедлив триумф пред седум дена и на гостински терен – 31:24. Македонија ја продолжи традицијата на редовни учества на Мундијалите, по 10-ти пат ќе настапи на Светско првенство. Капитенот Филип ...
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека целта на американско-израелските напади врз Иран беше „ширење несигурност во земјата преку поддршка на терористичките групи“, додавајќи дека тие не успеале во тоа. За време на состанокот со пакистанскиот министер за внатрешни работи, Мохсин Накви, Пезешкијан исто така рече дека овие планови не успеале благодарение на „соработката и одговорноста на соседите на Иран да спречат каква ...
Иран најави дека би можел да воведе наплата за користење на подморските интернет-кабли што минуваат низ Ормускиот Теснец, предупредувајќи дека во спротивно би можело да дојде и до прекин на сообраќајот на податоци. Според Си-Ен-Ен, иранските власти сакаат најголемите светски технолошки компании да плаќаат такси за каблите преку кои се пренесува огромен дел од интернет и финансискиот сообраќај меѓу Европа, Азија и Персискиот Залив. Иранскиот ...
Соопштение на СДСМ Наместо Мицкоски, Филков и Максим да ја дефокусираат јавноста од Реформската агенда со секојдневни бесмислени кампањи, подобро е да ги испратат документите за екстрадиција на Никола Груевски. Не можете повеќе да бегате од вистината. Време е, откако признавте дека НАТО е феноменален, дека Преспанскиот договор е „ремек-дело на дипломатијата“, дека јазикот, културата и македонскиот национален идентитет се апсолвирани и ...
Наместо Мицкоски, Филков и Максим да ја дефокусираат јавноста од Реформската агенда со секојдневни бесмислени кампањи, подобро е да ги испратат документите за екстрадиција на Никола Груевски, стои во соопштението на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Не можете повеќе да бегате од вистината. Време е, откако признавте дека НАТО е феноменален, дека Преспанскиот договор е „ремек-дело на дипломатијата“, дека јазикот, културата и македонскиот ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес свика состанок на безбедносниот кабинет, пред најавениот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, кој треба да се одржи до крајот на денот. – Нашите очи се отворени во врска со Иран – рече Нетанјаху за време на состанокот на кабинетот одржан во неговата канцеларија во Ерусалим, среде извештаите дека САД и Израел се подготвуваат да ја обноват војната со Иран, објавува The Times of ...
Откако премиерот Христијан Мицкоски ни кажа дека му се јавил на Државниот јавен обвинител Ненад Савески за да го праша за запирањето на едногодишната истрага за наводни незаконски јавни набавки на мазут за ТЕЦ Неготино, Савески кажа дека никого не може да спречи да го побара на телефон. Рече дека со Мицкоски првпат се слушаат и дека не разговарале за детали за конкретен предмет. А за што разговарале? Претседателката Гордана ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп не поддржува единствена Европска Унија, бидејќи ЕУ е геополитичка сила што Вашингтон не може да ја игнорира, изјави денеска високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, повикувајќи ги земјите-членки да не ја ослабуваат Унијата со билатерални договори со САД. „Тие не ја сакаат Европската Унија, тоа е многу јасно“, рече Калас на конференција во Талин, ...
Националното биро за борба против корупција на Украина (НАБУ) и Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата собраа бројни основи за апсење на сопругата на Володимир Зеленски – Олена, информираа за „Спутник“ членови на руските безбедносни агенции. „НАБУ и САП во моментов ја завршуваат истрагата против сопругата на лидерот на киевскиот режим, Олена Зеленска. Антикорупциските агенции имаат доволно основи да ја притворат ...
„Неразбирливо е како Владата по секоја цена се обидува да донесе закон што ќе има низа негативни последици врз граѓаните и општеството. Овој закон нема да реши ниту еден проблем, туку ќе создаде огромни нови проблеми. Со него, де факто, се затвораат легалните игри на среќа и широко се отвора вратата за нелегално обложување по подруми, со што државата се враќа во деведесеттите години. Со затворањето на легалните објекти ќе почне да царува ...
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ реагира на денешната прес-конференција на лидерот на опозицискиот Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) Венко Филипче, оценувајќи дека најавениот „фронт за виситина и правда“ е составен од негови блиски партиски соработници и лојалисти на експремиерот Зоран Заев. „Венко Филипче на прес-конференција објави некаков си фронт и го нарекол ‘за вистина и правда’. А, во таканаречениот фронт учесници се единствено самиот Филипче ...
Во нуклеарната централа Барака во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) денеска избувна пожар откако беше погодена од дрон, а засега нема радиолошки последици за животната средина, објавија властите. Не е познато кој го испратил дронот, иако највероајтно станува збор за Иран, кој во последните денови сè повеќе им се заканува на ОАЕ поради отстапувањето на просторот на земјата на израелската армија и нејзината противракетна одбрана за време на ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска призна дека Израел ја проширува територијата што ја контролира во Појасот Газа. „Во Газа, ние веќе контролираме не 50 проценти – туку 60 проценти од територијата“, рече тој, пренесен од „Тајмс оф Израел“. Нетанјаху истакна дека Израел „се повеќе го стегнува Хамас“. „Точно знаеме која е нивната мисија, а нашата мисија е само една – да се осигураме дека Газа повеќе не претставува закана за ...
Тигар кој избегал од приватен имот во близина на германскиот град Лајпциг нападнал и повредил едно лице, по што полицијата го усмртила. Инцидентот се случил во местото Шкојдиц, западно од Лајпциг, а животното ѝ припаѓало на дресерката Кармен Цандер, позната како „Кралица на тигрите“, пренесува DW. Според полицијата, тигарот избегал од приватно оградено подрачје, а подоцна бил пронајден и убиен во блиските градини. Нападнатиот маж се здобил ...
Под слоганот „Сите нека знаат / Let Everyone Know“, на 20 јуни во Скопје ќе се одржи овогодишната Парада на гордоста. Организаторите соопштија дека Скопје Прајд 2026 се одржува во период на сериозни политички и општествени предизвици, како и зголемена омраза и дискриминација кон ЛГБТИК+ заедницата. „Скопје Прајд останува потребен затоа што условите што ја создадоа потребата за јавно и гласно присуство сè уште постојат“, порача ...
Посетители на трговскиот центар „Ист гејт“ биле евакуирани по лажна тревога, а откако се вклучил противпожарен аларм. Согласно безбедносниот протокол, сите биле изнесени пред трговскиот, а откако се утврдило дека е алармот е лажен, објектот продолжил со работа. „Се вклучил аларм кај закупец, но по грешка, нема никаков пожар и трговскиот е безбеден“, велат од „Ист гејт“ за „Скопје1“. Посетители на трговскиот центар „Ист гејт“ биле ...