Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Златна плочка проценета на 4,5 милиони денари е запленета во акција на царински службеници на излез од државата на граничен премин Богородица. Случајот е откриен откако автобус кој сообраќал на релација Гостивар-Истанбул е издвоен за контрола, по што, поради основани сомневања, е извршена детална контрола на патник, македонски државјанин. При претресот, во едниот негов чевел е пронајдена златна плочка тешка 848 грама, обвиткана во бела ...
Од Левица преку соопштение обвинија дека државата не обезбедува доволна грижа за детскиот стандард, и покрај, како што велат, честите повици од власта за зголемување на наталитетот и поддршка на многудетните семејства. Од партијата посочуваат дека според достапните податоци секое трето дете во Македонија живее во сиромаштија, а најпогодени се повеќедетните семејства, децата на самохрани родители и децата во социјален ризик. Во соопштението ...
Потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, преку социјалните мрежи соопшти дека Хрватска официјално го усвои новиот закон кој носи олеснување за македонските транспортери. Новата регулатива доаѓа како директен одговор на предизвиците со кои се соочуваат возачите при влез во европските земји. „Во Хрватска е усвоен законот со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи“, објави Николоски. ...
Собранието по скратена постапка ги изгласа измените на Законот за студентски стандард, предложени од група пратенички на ВМРО-ДПМНЕ. Новите законски решенија воведуваат значителни промени во начинот на финансирање на студентското сместување и распределбата на стипендиите. Со новиот закон се воведува категоризација на студентските домови во два типа: Тип 1: Енергетски ефикасни и реконструирани објекти. Тип 2: Постојни, односно нереновирани ...
За вчерашниот протест на студентите Албанци по повод барањето за правосуден испит на албански јазик, лидерот на ГРОМ, Стевче Јакимовски смета дека е партиски, со оглед на, како што вели, декорот со вакви штампани натписи и дека очигледно зад него стои политичка партија. -Мене лично ми смета при секоја потреба, за било какво прашање да разговараме, веднаш се апострофира УЧК односно се апострофира воениот дел од политичкото крило на ДУИ. Ние ...
Американски државјанин, кој бил изложен на вирусот ебола додека работел со медицинска мисионерска група во Демократска Република Конго (ДРК), е позитивен на тестот за опасната болест. По појавата на првите симптоми во текот на изминатиот викенд, тој е итно евакуиран во Германија за специјализирано лекување, потврдија од американските Центри за контрола и превенција на болести (CDC). Хуманитарната организација „Серж“ потврди дека станува збор ...
На граѓаните им е доста од обвинителства под политичка команда на политичките партии СДС и ДУИ. Случајот „Мазут“ е доказ дека СДС и ДУИ со години го користат правосудниот систем за свој личен штит и заштита на криминалот и личните партиските интереси. Случајот Мазут е доказ дека тандемот Коларевиќ и Абази се коалиција во обвинителството, како што се СДС и ДУИ во политиката, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Катерина Коларевиќ, моминско ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека постои „многу добра шанса“ Соединетите Американски Држави да постигнат договор со Иран за да се спречи Техеран да дојде до нуклеарно оружје. Изјавата доаѓа само неколку часа откако Трамп соопшти дека го одложил планираниот воен напад врз Иран со цел да продолжат преговорите. Тој рече дека лидерите на клучните американски сојузници на Блискиот Исток побарале од него да го одложи нападот, кој ...
Новиот биометриски систем за влез и излез на Европската Унија – EES, од почетокот на примената во октомври 2025 година регистрирал повеќе од 66 милиони премини на надворешните шенгенски граници и блокирал околу 32.000 влезови на патници од трети земји. Податоците се објавени во петтиот извештај за состојбата во Шенген, што Европската комисија го презентираше во Брисел. Системот EES целосно стапи во функција на сите надворешни граници на ...
Граѓаните добија уште едно признание од ВМРО-ОКГ – врие бугарски пасоши во Владата на Мицкоски. Одбија да го прифатат предлог-законот на СДСМ со кој министрите, вицепремиерите и членовите на Владата не би можеленда имаат двојни државјанства. Зошто? Затоа што тогаш пола Влада на Мицкоски ќе требаше да си замине, се вели во соопштението до СДСМ. Може целата Влада да биде составена од бугарски државјани, ама не може малцинствата да влезат во ...
Белгискиот фламански јавен сервис VRT соопшти дека е можно да не испрати свој претставник на Изборот за песна на Евровизија следната година во Бугарија. Главната причина за ваквата најава е незадоволството од односот на Европската радиодифузна унија (EBU) кон учеството на Израел во натпреварувањето. Барања за јасна позиција и почитување на човековите права Портпаролката на VRT, Јасмин ван дер Боргт, истакна дека медиумската куќа очекува од ...
Луфтханза ја укинува авиолинијата меѓу Франкфурт и Скопје, која беше активна повеќе од три години. Во резервациониот систем на компанијата веќе нема достапни летови ниту за летната, ниту за зимската сезона, што започнува на 25 октомври. Наместо директна линија, патниците ќе можат да патуваат до Скопје преку Виена со „Австриан ерлајнс“, која е дел од групацијата Луфтханза. Германската авиокомпанија ја воведе рутата во април 2023 година, кога ...
Сообраќајот меѓу граничните премини Стара Градишка и Градишка е прекинат во двата правци, откако се оштетил дел од мостот на босанскохерцеговската страна, јави Klix.ba. Дел од мостот кон граничниот премин Градишка, на босанскохерцеговската страна од границата со Хрватска, се урна, поради што сообраќајот е целосно прекинат за сите возила. Хрватскиот автоклуб соопшти дека поради оштетување на мостот меѓу граничните премини Стара Градишка во ...
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел одби да биде главен посредник во мировните преговори меѓу Украина и Русија, оценувајќи дека само политичари кои моментално се на власт можат веродостојно да преговараат со рускиот претседател Владимир Путин. „Можевме да водиме такви преговори со претседателот Путин само затоа што имавме политичка моќ, затоа што бевме шефови на влади“, изјави Меркел, пренесува. „Потребна ви е таа моќ“, додаде таа. ...
Трифун Костовски -Ако политичарите не умеат да создадат иднина, барам: нека престанат да ја уништуваат надежта на граѓаните. -Македонија не бара чудо, бара зрелост, чесност и визија од оние што ја водат. -Не пропаѓаме од сиромаштија, туку од безидејност. Живееме во време на модерни иновации кои ни овозможуваат подобар, поквалитетен и побогат животот. Сепак, оваа констатација не важи за сите. Важи само за најсилните држави во светот кои имаат ...
Вистината мора да се каже јасно и гласно: студентите протестираа против неправда која потекнува токму од времето на владеењето на ДУИ. Сите Албанци знаат дека правосудниот испит никогаш не се одржувал на албански јазик. Протестот е демократско право и никој тоа не го оспорува. Но, ние реагираме против оние кои се обидуваат да го манипулираат истиот за политички цели, велат од „Вреди“. „На протестот, без ни малку срам, се појавија и двајцата ...
Охрид, Струга и Дојран и ова лето остануваат меѓу најбараните домашни дестинации, но цените за сместување покажуваат дека одморот во Македонија веќе не е толку „достапен“ како порано. Проверка на понудите на Booking и Airbnb за почетокот на јуни покажува дека една ноќ за две лица може да чини од околу 1.500 денари до над 13.000 денари, без дополнителните трошоци за превоз, храна, паркинг или лежалки. Истражувањето опфаќа различни типови ...
Владата на Гренланд соопшти дека е постигнат напредок во преговорите на високо ниво со САД за иднината на територијата, но нагласи дека огромниот остров, кој американскиот претседател Доналд Трамп сака да го добие, никогаш нема да биде продаден. Специјалниот пратеник на САД за Гренланд, Џеф Ландри, назначен од Трамп минатата година со цел да изврши притисок за американски контрола врз островот, завчера пристигна во Нук, каде што вчера се ...
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека засилените украински напади со дронови со долг дострел предизвикуваат се поголема штета врз руската економија и енергетскиот сектор. Во редовното вечерно видеообраќање тој рече дека Украина „ја враќа руската агресија дома – на единственото место од каде што и потекнала“, нагласувајќи дека интензивирани се операциите на украинската армија со дронови длабоко на руска територија. Зеленски ...
Од 1. јануари 2027 година ќе важи правилото за поседување на нов комплет за прва помош за возачите кои патуваат во Грција. Одлуката е објавена е во Службениот весник на Грција. Претходно беше најавено дека правилото ќе се применува од 18. јуни. Казната за непоседување на комплетот е 30 евра, а истиот содржи 16 специфични предмети. Од 1. јануари 2027 година ќе важи правилото за поседување на нов комплет за прва помош за возачите кои патуваат ...
Рускиот претседател, Владимир Путин, воочи дводневнате официјална посета на Кина, испрати порака до кинеските граѓани, изјавувајќи дека е „радосен што повторно го посетува Пекинг“ на покана на својот „долгогодишен пријател“, кинескиот претседател Шји Џјинпинг. Путин во видео-обраќањето нагласи дека односите меѓу Русија и Кина се на „неспоредливо високо ниво“, засновани врз взаемно разбирање, доверба и рамноправна соработка. Тој додаде дека ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, пообилен во западните и југозападните делови каде ќе наврнат над 20 литри на квадратен метар, грмежи и засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. ...
Најмалку петмина беа убиени денеска, а седум беа ранети, кога вооружен напаѓач отвори оган во близина на градот Мерсин на југот на Турција, објави Би-би-си. Осомничениот Метин О. (37) ја убил својата поранешна сопруга Арза О. (32) со огнено оружје, по што избегал со автомобил. После тоа, тој наводно дошол пред ресторан во населбата Кадели, каде што од возилото отворил оган врз објектот. Според извештаите, напаѓачот прво пукал во ресторан, ...
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната седница донесе повеќе кадровски решенија за претседатели на општинските комитети на партијата, а за нов портпарол е избран Валентин Манасиевски. Од партијата велат дека дел од избраните се нови лица кои треба да внесат „свежина“, а дел се актуелни претседатели кои, според ВМРО-ДПМНЕ, оствариле големи победи на претходните избори и резултати во локалните самоуправи. Во рамки на кадровските ...
Полицијата приведе три лица на протестот што попладнево се одржа пред Министерството за правда поради нарушување на јавниот ред и мир, соопштија вечерва од Министерството за внатрешни работи (МВР). „Во 17:45 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје приведоа три лица, македонски државјани, пред Министерството за правда поради нарушување на јавниот ред и мир“,се вели во полициското соопштение. Попладнево се одржа ...
Бившиот грчки премиер Алексис Ципрас потврди дека ќе формира нова политичка партија, која ќе биде промовирана на 26 мај. Претходно, Ципрас објави долг политички манифест за тоа како левицата би можела да се врати во грчката влада, повикувајќи на обединување на социјалдемократите, радикалната левица и зелените. Не можев да останам во удобна тишина, туку имам одговорност да помогнам во враќањето на стабилноста и нормалноста во Грција. ...
Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ), Ацо Ристов, најави дека се прави анализа на системот на блок тарифи со цел граѓаните да добијат пониска цена на електричната енергија. Во интервју за Телевизија 24, посочи дека актуелниот систем на блок тарифи е воведен за време на енергетската криза во 2021 и 2022 година, но оттогаш состојбите во енергетскиот сектор значително се промениле. Од гостувањето на претседателот на ...
На денешниот протест во Скопје, на кој албански студенти бараа право да полагаат правосуден испит на албански јазик, се случи тежок инцидент, кога групa млади луѓе, кои биле меѓу учесниците на протестот, започнаа меѓусебна физичка пресметка. Според она што се гледа од снимката што ја објавија повеќе медиуми, се чини дека едно момче е нападнато од група од пет-шест напаѓачи. Телевизијата „Алсат“ објави дека некои од учесниците во инцидентот ...
Власта нема слух да се работи заеднички за доброто на граѓаните, вели лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1 на прашањето колку е паметна одлуката на најголемата опозициска партија да ги напушти преговорите за носење нов Изборен законик. Според Филипче, власта имала можност за соработка со опозицијата за повеќе важни прашања за државата, но ја пропуштила бидејќи, како што вели, станува збор за „проформа“, додека ...
Срушен е кредибилитетот на државниот јавен обвинител Ненад Савески, оценува лидерот на СДСМ, Венко Филипче, по веста дека премиерот Христијан Мицкоски се слушнал со обвинителот на денот кога Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) ја запре истрагата за увозот на мазут за ТЕЦ „Неготино“. Правејќи паралела со европските обвинители, Филипче рече дека, на пример, кај европската главна обвинителка Лаура ...